Јас ќе се јавам неповикана. Не се однесува коментаров на мажи кои им оди умот на швалерај, јок. Зборувам за мажи кои се верни, кои си го чуваат бракот, жената, ама нели ви пречи или пречело да речеме во минатото, кога околу него има девојки згодни па и згора на тоа желни за внимание? Понекогаш си велам, јас на мојов му верувам, имаме комуникација, отворени сме еден кон друг, и покрај тоа што има некојаси таму околу него, колешка пример која се труди врти со опашот, мојов може комотно да е лабав, ама сепак ако ме прашаш, не ми е сеедно, ама не верувам на девојки кои се желни за погледи, па ќе искористат сѐ што имаат, за да им се билда его. Без разлика дали колегата е женет или не. И некогаш сум си велела што ли му се мотка низ глава... Тој ми има велено дека не ги гледа така другите жени, сме правеле муабет, од машка страна ме интересираше, е сега можеби и ендемски тип на маж имам... Е сега дали тоа чувство поминува со брачниот стаж или не, живи били па видели. А можда и до хороскопот е, што да правам, обележувам граница до каде е "моето". Инаку, мојов е баш од тој ков како што опиша Кукличка, нормален со своите, заштитнички кон мене и фамилијата, домаќин, комуникативен, човек од доверба.
Vie samo tesite se .... Ne ste svesni kolku samo ne znaat deka se iznevereni ... A sve im cveta vo brakot. Inace VAGITE se najpokvareni u ova (moj primer licen) vi davam ....
Ам ти од твој личен пример и сега овде сите бракови гнасни ги направи. Што да се тешам, ти ли ми го знаеш маж ми или јас?
Не знам, не ми смета, зашо би ми сметало ако некоја го гледа? Нека го гледа, нека се фрцка, има очи...ако никоја не го забележува, ваљда не е никому ни привлечен . И јас знам да погледнам згоден маж. Зашто маж ми да не смее. Е сега, дали ќе ми го преземе, не знам баш тоа ќе видиме Не обележувам територии. Териториите сами ме преферираат
Закон ми си! Затоа и на твојот коментар се надоврзав. Ме интересираше дека имаш своја самодоверба. Браво за коментарот
Ја и ти мора во исто школо да сме учеле, можда и кај ист професор Териториите ја преферираат бе Така, ами како. Никако поинаку не би функционирало- Пепе ги сака бисерите, бисерите го сакаат Пепе
Дечкото многу реално кажа, и не зборуваше дирекно за вас. Многу од мажите дома се праат светци, а надвор се најголемите курвари шо постојат. Исто и добри манипулатори и лажговци, па нема ни да сетиш дека бил/е со друга. За жал и јас познавам мнооогу такви примери, пред жена му другачие се понаша а надвор е сосема трет човек. И нивните жени никогаш не дознаа за швалерките.
Хахах, благодарам Доаѓа со искуството самодовербата. Убавото искуство пред се. Иако и од лошите учиме. Мнооогу одамна, со дечковци, бев љубоморна и јас понекогаш. Оваа рекла ова , онаа бивша, таа била таму , се виделе онаму. После сфатив дека оној што е таков тип, не постојат синџири што нема да ги скине..џабе цела контрола, замарање џабе, љубомора исто.. Ако си среќен со некој, секако има и успони и падови, дали Митра му фрлила "ишарет" , дали тој и дал комплимент на Стојна за новата фризура/фустан, многу малку игра улога во големата слика за мене и за мојот брак. Мене и него да ни е добро, па нека танцуваат "самовили" колку сакаат наоколу...
Остави ги нека си имаат доверба. Комшија на мајка ми дури после 2 години дозна дека детето е на негов куќен пријател, сите му збореле дека имаат нешто, тој, "нее во жена ми имам доверба, од работа нон стоп си е дома, аха да", и тоа ова се случило пред неколку години, детето веќе е пораснато, а комшијата со сега бившата жена имаат 2 возрасни ќерки, ова третово од пријателот машко е.
Значи може и маж ти да има дете негде настрана, така? И пак остануваш во брак со човек во кој немаш доверба? Зошто?
А кој рече дека немам доверба? Неможам да имам целосна ни самата во себе, колку и да имам доверба, секогаш едното око ми е подотворено, исто и една членка ја читав одамна така се удираше во гради за маж и, па на крај ја изневерил со некоја во кого никогаш не се посомневала, така да немам целосна доверба во никој, не зборам само за мм, ви објасни и погоре @Аdidas888. Мм не ми дал никаков повод да се посомневам во него, ама не се удирам во гради дека никогаш не би ме изневерил. Работи само со мажи, што и нема врска тоа, ама за тоа што негирате дека нема шанси со колешка да изневери, еее колку знам такви, школска моја се вработи во една фирма, и со менаџерот, тој женет со 2 деца, и се разведе се земаа со колешката, ова е само еден пример.
Ама значи маж ти можеби има дете со некоја друга жена и ти пак си со него. Како можите да бидите во таков брак јас еве ви се чудам. Каква е таа половична доверба? Или се давам себеси 100% или ич не влегувам во било каква врска со човек во кој имам било какви сомнежи. И каква поврзаност има немањето колешки со изневерувањето? Тој шо сака да изневери и со рандом жена на улица ќе те изневери, сам ќе создаде прилика и таму каде шо не можеш да замислиш, ама тој шо знае шо сака и шо има и со најубавите жени во светот да работи ќе си го држи патлакот в гаќи.
Можеш пораките да ги вратиш, но зависи од тоа каков телефон има маж ти. Ако те интересира дали разговарале претходно, изгуглај, ќе најдеш начин.
Ave šo se budalesate site i maži i ženi, i šo se mažete/ženete ako mislite da se kriete i švalerisuvate na strana i izneveruvate vi ebam nesposobnite. Ako misles u brakot da izneveruvas ni se ženi/maži ni imaj deca ni ništo koa ne te biva. I ne praj problemi kaj tie so gi biduva
Ама јас не побарав совет за мм, членката си побара, дај и совет на неа, јас пишав за познаници што ги познавам, што многу им веруваа на брачните партнери, па на крај неможеа да поверуваат. Затоа никогаш не велете никогаш. Пишав за комшијата што жена му го изневерила со пријателот, и било која членка ако има поразлично мислење од вас, одма скокате, и веднаш го споредувате нашиот партнер со примерот што ќе го пишеме за познаници, има многу примери што знам каде и дечко/маж ги изневериле со сестрата, ама за вас и тоа е невозможно, не ви се верува, да не пишувам уште колку знам, одма ќе се фатите дека мм тоа ми го направил, не, немам сестра за да ме изневери со неа. И, не, нема дете со друга, тоа за комшијата не го измислив, точно е. Жена му негова го изневерила, не тој неа. Нема врска што нема колешки, и пишав дека нема врска, ама вие велите "нее, таа му е колешка, нема шанси со неа". И како го поврза мм со имање дете со друга со примерот што го кажав за комшијата што го изневерила жена му со пријателот и има дете со него? Е стварно не ми е јасно...
Може сака да праша нешто во врска со работата надвор од работно време. Ако си заминува од тоа работно место може ќе го менува и е потребен за консултации. И кај нас некој кога ќе замине знаат да го побраат и по година дена да прашаат каде е нешто, дали се сеќава и слично.Нормално приватен број ќе и даде, не службен, службениот го зема фирмата.