Жено ти не побара совет, ама не ни даде на членката шо бараше. Еве шо имаш напишано Апропо муабетов, можеш и ти да дознаеш дека маж ти има дете со друга жена. Ама не, маж ти нема, ама ти пак не му веруваш 100%. Милијарди приказни има на светов, не можеш да се споредуваш себеси или други со нечија приказна. Ако била комшивката твоја или колешката или не знам кој (не можам да ти ги читам трач муабетите, не ме интересираат) неверна или изневерена, не можиш да дојдиш тука и да кажиш дека заради нејзе никој не треба да му веруваа на партнерот. Отвори си ги очите шо имаш дома, ти си знаеш зошто имаш причини да бидеш сомничава.
A бе малце офф топик, ама ни родителите неможат да им веруваат на сопствените деца 100%, една велеше за син и "нее, син ми не е таков, син ми е мирен, тоа само муабети му вадат", за на крај да се предозира и умре, така да во ништо неможе да се има 100% доверба, во никој, јас воопшто не се сомневам во мм, кој си ја има мувата на капата си ја ишка, доволно го познавам да не го молам да ми каже дека ме сака, па да го прашувам дали сум му убава, секој може да ти каже "те сакам", ама јас сум повеќе за дела, не за зборови. Ако толку имате доверба во мажите, ќе знаете дали ве сака или не, а не да ги прашувате, значи сомнителни ви се штом ги прашувате, не се однесува ова на тебе, да не ме сфатиш погрешно, општо зборам. И да, нема да имам страв од напуштање ако имам 100% доверба, тоа се пишуваше во темата идеален брак, и повеќе се изјаснија дека не постои. Гледајте си вие дома што имате, јас си знам. Не ми вади муабети, ниту сум била неверна, ниту изневерена колку што знам, ама не велам дека тоа никогаш нема да се случи, па колку и да имам доверба во мм. Ако кажеме за некои наши блиски, веднаш извртувате муабет како нас тоа ни се случило. Не, не ми се случило. Кај пишав дека се сомневам во мм? Само на форумов изгледа има идеални мажи. Никој неможе да биде идеален, ниту јас, секој си има недостатоци. И не се трач муабети, секој си кажува примери за блиски, познаници. Јас не отидов низ маало на сите да им кажувам за нив.
И што треба според вас да правиме оние што им веруваме 100 посто,да ги проверуваме секој ден,да ги пратиме,да не им дадеме да дишат.Ако немам доверба нема да сум со него ако ја изневери довербата има начин и тоа да се среди,дали развод дали друга опција небитно.Да живеам со мислата што би било кога би било неможам.Ако решил тоа да го направи нека му е со среќа негов живот негова одлука.Ама додека ми е убаво да не уживам зошто таму постои некоја шанса да ме изневери не ми е во план.
Стварно ми е нон сенс да дискутирам со некој шо ми скока од тема на тема. Ми е гајле за комшивката твоја и за маж ѝ и детето. Проблемот ви е шо упорно ги проектирате вашите стравови и неуспеси дома шо си ги имате врз другите.
Мене гајле ми е за мажите ваши, и не, немаме проблеми, освен што не сме остварени како родители, па и тоа не го гледам како проблем, па убаво прочитај во идеален брак која членка пишала дека и е страв од оставање, јас ниту такво нешто сум пишала, ниту дека се сомневам во мм, не ми дал никаков повод, и не ме цитирај ако не ти се допаѓа мое мислење. И доверба и сомнителност е различно. Едно е да немам доверба во никој, не зборам само за мм, друго е да се сомневам. Не ми дал повод да се сомневам. А за доверба пишав, немам во никој целосна, па дури ни во себе. А ти направи како мм може имал дете со некоја друга ццц, па ќе си го чуваме хаха. А да уште и ова, ме праша што барам со него ако немам доверба, па еве мм како што пиша ти дека може има дете со друга, зошто е со мене во брак? Членката изгледа си го решила веќе проблемот со маж и, вие уште расправајте се.
Еве сега ќе седнам да листам тема по тема, страна по страна, која членка каков проблем има, оти така помалку мизерна ќе станам. Дај Боже да си се остварите како родители и тоа да ви е круна, а не столб на бракот. Ќе те цитирам колку сакам, ако не ти се допаѓа, пишувај си во ворд, не на форум.
Ако е навистина така, баш ми е жал. Сепак, можеби треба да поработиш на себе си, најдобронамерно. Прекинете со проектирање на личните незадоволства и фрустрации. Иако светот во последно е се посуров, тоа не значи дека не постојат добронамерни луѓе. Не е секој со намера да те повреди и да ти нанеси штета.
Форумов го читам одамна ама пред некој месец се зачленив и неможам да верувам колку вреѓања има од некои членки ,ејјј жени меѓусебно се напаѓаат и вреѓаат,да ти е страв совет да побараш,еднаш пишав не за совет туку да се испукам што родителите на сопругот идеа за викенди кај нас и одма каде е маж ти во ова па он нека им рече,дали мислите дека мажите ако им кажат нешто на родителите дека од утре магично ќе се сменат?Луѓе од 60 не се менуваат,нејсе во оваа тема пишувам затоа што гледам колку некои жени удираат со главата во зид да не ме сфатат погрешно ама и колешка моја така па заврши со развод ништо не е вечни ни ние не сме,сигурна беше во својот сопруг 100проценти,кога друга колешка се сомневаше во нејзиниот,испадна обратно,таа што се сомневаше сопругот си имал проблеми на работа и несакал да и каже,оваа одма си помисли дека имал друга и го следеше,другава што му веруваше толку самиот и побарал развод и рекол сака друга,а да ги видеше некој беа идеален пар излегувавме со нив сопругот со неа убаво се однесуваше,и купуваше подароци,на одмори сегде.Читам ако немаме 100процентна доверба нема да стапиме во брак,тоа е точно,ама зошто се разведуваат,ништо не е вечно па ни љубовта,кај некои трае кај некои не,некои трпат ради деца,некои се разведуваат,знам и жената што знае дека сопругот ја изневерува ама нема кај да оди,сите ја советуваат да се разведе,ама ете трпи ради децата. И не се споредувајте со другите никој не знае дома како му е . Ако не е за овде бришете и без вреѓања ви се молам .
Па не баш во буквална смисла дека немам доверба во мене, ама така е зборот. Како што кажа @Adidas888, ни во сенката своја доверба. Едното око не му верува на другото.
Анушке, ти од лошите искуства на другите, си заклучила дека никому не треба до крај да се верува... Еве пример...да не беше сo сопруг ти заедно, замисли само хипотетички, со Ставре Ставревски си во брак..и не му веруваш 100% нели логично... Како тоа ќе ти го направи поубав животот? Како ќе го спречи Ставре ако сака да изневерува, да го стори тоа? Како ти е денот повесел на тој начин? Само ке си ги крие подобро трагите ако знае дека припазуваш.. Тебе само тензија ќе ти се ствара, оти во секоја интеракција со друга oсоба, ќе мислиш: ахаааа, шо има сега да зборуваат, зошто во 19 часот. Онаа му се насмевна. А да не се сврtи по таа. Тој и најверен да е, ти ќе се мачиш.. Камо тоа да е маката. Јас одбирам да не се замарам. Маж ми знае што има дома. Јас ЗНАМ што е тој за мене и колку ми вреди односот со него. Ако еден ден се заљуби или богзнае што, ако се иссекса со некоја, јес, ќе патам ...ама боже мој...се е за луге..не планирам да се труеме превентивно од напред ... Јас го сакам, ама не сум љубоморна..ако решил тој дека со некоја друга ќе му биде подобро, широко му поле. И јас исто.... Дете имаме и тоа стално ќе не врзува.. Ама не сакам да мислам на варања, секако знам дека ги има, не сум од марс, не деца потајни, не швалери појавни, се на куп тутма и овде и таму и секаде.. Јас сум со маж ми во брак, не со цел машки род...другите причи 5 пари не се за мојот случај.. Sapientis sat.
Ех Дентина, со недоволна самодоверба влегуваат во врски/брак. Прв/втор и последен. И после имаат испади на љубомора. Замисли, во странство живеат и пак не научиле ништо. Мене еднаш истово ми се случи оти на еден не сум му одговориле доволно брзо на порака. Какви глупости се изнапиша ми се слоши, е сега сопругот на оваа нека му ја мисли. Ма да и самиот е крив.
Ама се сложувам и јас со ова, се е точно што напиша, исто и другите членки, сите влегуваме во брак зошто имаме 100% доверба во партнерот, ама ете кај некои со тек на време се губи и љубовта и довербата, и јас не го следам мм со тоа што напишав со едното око подотворено сум, таман работа, како што пиша и ти и другите членки, тој што си е таков и со синџири да го врзеш ќе изневери, тој што не е, и да е опкружен со 100 жени дневно и да му се пуштаат ќе ги одбие, и јас го мислам истото, ама ете само ги кажав ситуациите на мои блиски, што не значи дека сите мажи се такви.
Па тоа дека некои жени од толку многу што имаат верба во сопрузите на крај многу се изненадени .Читам некои упорно удираат со главата во зид ,затоа и ги пишав случките не за друго . Иначе што ми е гајле за другите ,нека си мислат самите на кого веруваат .
Пред да ја отворам темава не знаев дека луѓе во брак се толку љубоморни еден на друг. Мислев, станува позрел односот и нема потреба од тоа. Што знам, можи розево сум размислувала. Имам едно забележано кај Македонски жени, воглавно. Не сите, ама еден голем дел, дечкото/мажот го ставаат приоритет, дури и повеќето се во некој филм треба да се жртвувам, вау бау. Јас мислам дека приоритетот треба на себе да ти биди, не да бидиш себична ама другава опција делува многу субмисивна положба. Ама добро, за да станиш сигурна во себе треба стварно да се изгориш, или да си растена во здрава заедница. Твојов мајндсет е здрав и вака и треба да биди.
Денес маж ми ми кажува дека поднесол документи за виза за работа во Странство. Ме удри како гром од ведро небо. Никогаш претходно не спомнал дека планира нешто, дека планира да аплицира и сл. Ми ја уништи сета доверба што ја имав со тоа што не кажа не праша или не се консултира со мене. Разочарана сум искрено. Сега останува јас тие 3 месеци да се снаоѓам сама како знам и умеам. Сама со две деца. И како јас да го чекам тие 3 месеци кога не помислил на нас и сам за себе си испланирал? Советувајте ме, пишувајте карајте ме само да најдам некое чаре да се извлечам прво од шокот а потоа другото
Многу неубава ситуација. И да оди на 3 дена некаде прво со тебе би требало да се консултира, а не пак вака на 3 месеци да ти ги префрли сите обврски без воопшто да те праша. Ако нешто малку го оправдува, зависи од целата ситуација што само ти ја знаеш. Дали сте во долгови, дали ви се неопходни плус пари, дали претходно барал екстра работа за повеќе приход па ова да дошло како еве најдов начин за излез од ситуацијата. Ако немало ништо од ова неопростливо е.