Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    @Konstrakta јас те разбирам и те поддржувам за развод, ако не се смени.
    Мислам дека побрзо би преминала преку неверство отколку непосветен татко и сопруг на домот и семејството.
    Мајка си била ти, а тој шо е? Комшија на детето? На крајот на денот, мајка му си на детето, не него и не си должна за возрасна, психофизички здрава личност да изиграваш слугинка. Не му прави ни јадење, ни перење, ни пеглање, ни чистење. На работа, надвор со детето и чао. Па да видиш дали и тогаш ќе паразитира.

    Сериозно, јас би седнала уште еднаш да разговарам, смирено, со отворени карти и доколку има желба за промени ќе му дадам шанса и рок, ако не, ќе си ги соберам парталите и ќе си одам. Нека е горд пак после.

    @marchi-cool мислам дека мораш да најдеш начин за да разговарате. Дали викенд, дали ќе станиш рано пред да оди тој на работа или вечер кога ќе се вратиш ти и децата ќе спијаат, ама мора да разговарате.
    Неразговарање мене ми е еднакво на одобрување. А штом не реагираш, пак ќе го направи истото.
     
    На cresa-jagoda, MissChievous, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  2. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Па ко сака да гледаш дете, готвиш и чистиш нека носи само господинот пари дома нека работи две работи
     
    На cresa-jagoda, Malesia, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    @Konstrakta како што читнав наназад низ постови, овој твојот ближи 40, ако не грешам, се извинувам..
    Ако да, ова неговото е како некоја криза на средни години, нека не се занесува многу. Мисли дека си му родила 2 деца и дека нема каде да бегаш..одвратно..па уште тебе ќе те критикува што си била нервозна. Кога тој е како паразит кон сака само ти да носиш товар и на деца и на домакинство..
    Не знам со какви се дружи или комуницира на работа, но ова неговото е претерување до даска. Секој од нас има лоши периоди, и можеби периоди кога му е доста од се. Но да остави се на тебе , е газење на она базичното нели " и во добро и во зло"
    Приватници секако не толерираат многу боледување, посебно во мк.
    Но запоставување на детето е нон сенс..
    Ако не се освести, тешки одлуки ќе те чекаат.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, Konstrakta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.060
    Пол:
    Женски
    Еве јас да го пишам својот проблем. Имам 3 деца. На работа не одам зашто морам да се грижам за нив, маж ми оди на работа редовно и плус има свој бизнис. Ако сакам да одам на работа треба да е само прва смена зошто тој не сака да си губи време со чување на деца и да си го запостави бизнисот. Пари не ни стигаат па мора нашите да ни помагаат финансиски ( што многу негативно ми делува на самодоверба). Помина повеќе од 1 година откако си имам купено гардероба. Буквално се чувствувам како партал. Лицето ми е сменето од грижи, од несигурност финансиска, а се трудам максимално на децата да им пружам. Пробав со работа од дома ама не ме примија за жал. Мислам дека тонам, дека го губам разумот. Обврски имам преку глава со домашните работи (тој не помага иако мисли дека помага). Пред некој ден му кажав да купи леб и се скара со мене дека тоа било моја работа, а јас во моментот готвев. Децата ни се мали и не се за сами да можат да бидат оставени. И така јас станав многу несреќна (а тој тврди дека сум најсреќната жена на светот поради се што имам). Друг исто така ГОЛЕМ проблем е неговиот карактер на самобендисаност што многу почна да ми смета и тоа што сите (а особено мојата фамилија) за него се глупави, се мешаат каде не му е местото.... а луѓето едвај 3 пати годишно да ни доаѓаат на гости, се јас сама одам таму. Плус ме тера пари да им барам. И така мојот живот стана една трагедија која е се повидлива од надвор. А згора на се ми бара секс секој ден, а јас воопшто не ни помислувам на тоа. Секој ден сум преморена, тон обврски на мене, а и сето ова погоре ме убива психички. Излез од ова не знам дали ќе има. Да се разведам не можам, каде ќе одам со 3 деца. А на моите 1% од ова не им кажувам. Пред нив глумам среќна и насмеана, а секој ден тонам се подлабоко. Многу би сакала да одам на работа и 8 часа да сум меѓу други луѓе, а не само во овие 4 ѕида со милион проблеми. Сакав само да пишам да ми олесни.
     
    На tanjita, marlonbrando69, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Можеш онлајн да работиш или на пола раб време .За се има решение,можеби треба да кажеш на твоите што се случува и ќе ти помогнат.Мој совет разведи се не трпи не вреди за таков маж кој те малтретира.Децата судот ќе ти ги додели веројатно .
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    44.360
    Пол:
    Женски
    Не сум родител, ама... поради сопственото дете кое патем свесно го направил не сака да му страда бизнисот што исто така гледам нешто "многу цвета" до степен што те тера да бараш пари токму од луѓето кои ги смета за глупави?
    Дали точно опишав?

    Истото што го пиша ти, го кажав/прашав и јас. И кога вака ќе си го повторам сфаќам колку е ова одвратно.

    Ако приоритет му е бизнисот, зошто има не едно, туку дури три деца? Ако тоа е пречка.
    Кој треба да се грижи за децата?

    Грижа за деца и дом кои заедно сте ги створиле треба да е и негова должност. И не, не е помагање ако тој пофатил некоја играчка од детето, сменил пелена или го заиграл да не плаче додека ти правиш нешто друго околу домот. Не е тоа туѓо, па да помогне. Дел од него е, така што е и негова должност и обврска.

    За твое добро, проблемот треба да се обидеш да го продискутираш убаво со овој, ако воопшто се може поради самобендисаниов карактер, а не е океј и што криеш од твоите. Особено не што толку ви помагаат и пак некому не чинат. Мислам дека треба да се свесни што се случува со нивното дете и нивните внуци.

    Несреќна мајка-несреќни деца.
    Немој да дозволиш животот да ти мине со некој што те цеди и физички и психички до степен да немаш волја за ништо.

    Не ми се верува што се човек не ќе прочита, прежално.
    Се надевам дека ќе се реши ова, ама најдобронамерно- зборувај со твоите, ќе добиеш можеби и некоја друга перспектива и совет, и разгледај ги сите опции кои ги имаш за да го решиш ова.
     
    На sparklie, cresa-jagoda, st-el и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    Многу мајки на 3 деца работат.
    Не е нуклеарна физика во прашање.
    Можам да замислам дека ти е претешко и дека не сакаш да глават во градинка, но изборот е или ти мизерна ( а децата секако ќе ја почувствуваат мизеријата вака или онака) или да се вработиш, и да ти се врати бар дел од независност и самодоверба.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    мене ова повеќе ме шокира одколку тоа дека планирал да замине. За семејството тој одлучувал нема кого да праша (facepalm) за семејството ако се одлучува мислам поправилно одлука е да седи тука со семејството. За семејството не е одлука да замине. И тоа одлука без разговор.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.381
    Допаѓања:
    31.641
    Пол:
    Женски
    Малку брутално
    Ако тој одлучува, за што си му ти тогаш? Да му се врткаш по дома и деца да чуваш? Глупости. Нека прави што знае тогаш, нели он одлучува.

    Многу инает како да гледам во неговиот муабет. Правевте нормален муабет деновиве?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    нормален сеуште не. Го прашав само кога планираш да одиш вика не знам не се знае да видиме документите... уствари испаѓа дека само планира а не дека има поднесено. Плус тој додека е дома а јас на работа децава се со него. Ќе ми кажеа да бил некаде. Проверив по компјутер да не нешто онлајн пратил ама нема. Кај него во телефон само тој разговорот со другар му дека можел да му среди за 2 месеци за повеќе тешко . И дека би работел со струј нешто поврзано со електро а мојов одговорил дека нема завршено школо ниту нешто што би поткрепило за да го примат. А дека сакал тоа да го работи.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Да, ама со нормални брачни партнери. Овој нејзиниов не ми личи на нормален. А, сама, тешко дека би успеала работа и деца во градинка / школо (не дека не може, ама без помош е скоро невозможно)
    Јас чаре гледам да бара помош од родителите. И би се развела од дибеков по брза постапка :envy:
     
    На JustBeautiful, cresa-jagoda, bicycle и 5 други им се допаѓа ова.
  12. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Со сопругот сме во брак 3 години, на почетокот имав еден спонтан абортус кој тешко го поминав, во тешка психичка состојба паднав и долго време не можев ни да зборувам за деца и слично. Од сам старт бидејќи сакавме да живееме сами, со станбен кредит купивме наш дом, па корона, реновирање, едно друго трошоци, кредитната картичка и таа е во минус, башка тоа и потрошувачки од 3000 евра кој го земав јас за заеднички потреби а ги враќам сама јас. Во тоа време јас имав приватен бизнис кој тешко одеше тој период, тој седеше дома и земаше 70% плата зошто неговата фирма немаше работа. Се на се тешко поминавме тој период. Сега фала Богу веќе застанавме некако на нозе, имам работа земам околу 50000 ден а маж ми околу 40000 ден ама кредитите уште ги враќаме. Е сега проблемот е во тоа што правевме муабет да имаме дете ама јас морам да направам операција на матката без која не можам да родам која чини околу 2000 евра на приватно. Мм има толку пари на сметка што му останаа од неговиот покоен татко кој почина пред 2 години и ми вети дека со тие пари ќе ја правам операцијата. Јас веќе почнав да се распрашувам по болници закажав преглед со доктор, а сега испаѓа дека се премислил односно тие пари да стоеле на сметка за секој случај а да сме заштеделе други пари и да почекаме со операцијата. Ова некако многу ме повреди зошто мене долго време ми требаше да се решам и сега ми вели уште да чекам. А нема да заштедиме сигурно зошто плаќаме и други кредити како што спомнав претходно. Не знам дали претерувам ама не му зборувам веќе 2 дена немам сила ни желба, ми дојде премногу себично како да јас ги барам парите за луксуз а не за потреба па ај ќе почекаме. Што мислите вие?
     
  13. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    4.609
    Пол:
    Женски
    Те разбирам зошто се чувствуваш луто и разочарано. Некогаш мажите се чудни и незнаат да ги комуницираат своите стравови и мисли, зошто мислат дека така покажуваат слабост, а они нели мора да се столбот. Дали можеби му е страв поради тешкиот период што го поминавте и не сака да дојде пак до тоа, па затоа сака да има одредена заштеда која ви дава до негде финансиска сигурност? Сепак ако размислувате за ширење на семејството тоа само по себе си носи куп дополнителни трошици. Незнам каква точно операција на матка треба да правиш, но доколку сте свежо излезени од финански предизвици и уште отплаќате кредити, дали можеби си размислувала да ја направиш операцијата во државна болница? Има и таму одлични доктори и некогаш нема потреба финансиски да се исцрпуваме и да не го искористуваме државното здравство за кое плаќаме, а и е неспоредливо поевтино од приватното. Како и да е, најбитно е ти да одлучиш и да одбереш што ти мислиш дека е најправилно во овој случај, зошто сепак на тебе ќе ти прават операција. Комуникацијата е најбитна и ништо не се решава со не правење муабет. Јас би те советувала да разговараш со сопругот и да го сослушаш што му се врти во глава. Да му објасниш дека ти требало голема храброст и време да поминеш низ стравот и ете да се одлучиш да пробувате повторно и дека во овој процес сте заедно и поддршката значи се. Можеш да му кажеш дека мислиш дека доволно време помина и не сакаш повеќе да чекате, сакаш да работите на случајот за да се средат што побрзо. Ако сепак се одлучиш за приватно, објасни му зошто си решена за таму. Незнам кое годиште сте, ама ако сте спремни за проширување на фамилијата, тоа треба да ви биде приоритет. Зборете ако треба повеќе пати, се дур не дојдете до заеднички план за следните чекори. Дај боже се брзо да се среди и што побрзо да се радувате на бебче. За жал се случува некогаш животот да ни приреди некои негативни изненадувања, а кај нас жените биолошкиот часовник си куца. На крај на денот тие заштеди ги собираме и чуваме за недај боже, а и оваа ваша ситуација е на некој начин таков случај зошто операцијата е неопходна за успех на прашањето за потомство. Ти пуштам среќа да ги надминете недоразбирањата што побрзо, останатиот дел да помине како песна и да си гушкаш бебе наскоро!
     
    На cresa-jagoda, kelly.r, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  14. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на поддршката. Баш сето ова веќе му го имам кажано. Имам 31 год и не ми се чека веќе сега кога веќе се одлучив. За на државна ни он сам не сака зошто имал некое лошо искуство порано, всушност тој беше иницијатор на приватно да се оди.
     
  15. Ruzi3

    Ruzi3 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас и мојот сопруг сме 5 год во брак, живееме во странство и имаме мало бебе. Во последно време многу често се расправаме и тогаш ме навредува, ме пцуе. Цело време ми наога мани како сум била нервозна само сум се жалела. Само јас сум имала дете бла бла а да сум имала 3 како би.
    Пред некое време имав мала операција и тие нелолку дена мн тешко ми паднаа во болница без бебето. Тука сме сами и јас сум по цел ден сама со бебето и понекогаш немам време да се истуширам, сега сме во некоја фаза само плаче и бара нон стоп вмимание. Неколку пати му се развикав на бебето и се плашам стварно да не ги изгубам нервите. Имам чувство како да не се разбираме повеќе со сопругот, како повеќе да не ме сака, имам пробано да разговараме и он секогаш викс ти се расправаш ти виксш, јас само ќе пропцујам и толку. Му требало мир и така… незнам веќе што да правам
     
    На Irenasirena и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.986
    Пол:
    Женски
    Сите сме во иста каша, со мали деца, татковците реално го немаат товарот на мајките, колку год да партиципираат во домот, особено мајките на породилно. Ако бебето е доволно големо за градинка ќе го дадеш во градинка и ќе се препородиш. 9м бев дома, се осеќав ко 9 години. Тешко ми беше дури се навикнам на идеата дека мало бебе дома ќе оставам, ама се препородив за 1 недела. И мене ми изгледаше опасно по бракот наш колку се каравме, ама за 1 недела се смени се.
     
    На Mnik, Осе, Ruzi3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Како сакаш сфати ме, јас го поддржувам маж ти. Не се троши цела заштеда, па после пак без денар на страна да сте. Ете останеш трудна, после операцијата (Дај Боже), пак си требаат пари. А викаш имате кредити, реално 90.000 прилив не е лошо, ама чим викаш имате кредити и тешко е да заштедите, не ви остануваат многу. Јас би почекала да присоберам некој денар, бар уште 500 евра да ги имам. Вака со мм избрзавме пред неколку години за некои избори и првиот месец кога ми се роди малиот, бевме ептен тенки со пари, си рековме што направивме. Среќа брзо се среди, ама сепак стресови се. Од тогаш не сме биле под 500 еур на страна, а не сме некој парајлии. Чим можам јас да штедам, можеш и ти. Верувај. Стрпи се некој месец, присобери нешто, па после оди на операција.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst* и tigrica92 им се допаѓа ова.
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Ваков беше и претходно? Не сакам да ме сфатиш погрешно, ама ако маж ми ни со првото не е ангажиран, ни второ не раѓам. Ебате ставот. И мм дур беше бебе малиов не земаше големи обврски околу него, ама сега сегде кај што може да го земе, си го носи со него,ја слободна сум на пример што сакам да правам.
    Имаш избор или да се стрпиш дур потпораснат или жена за чување на пример и да си бараш работа. Можеш и градинка, ама со оглед на разболувања, повеќе ќе си потребна дома и не ти е баш за почеток изводливо. Најпаметно ти е жена да си најдеш за чување, па и со вторс смена да си, со договор све се решава.
     
    На Гладиоли и tigrica92 им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Како можете жените да останете без пари настрана, само свои за црни дани?
    Распнете ме ако сакате но не ми е воопшто јасно.
    Не можам да си дозволам да останам без денар и да се молам на сопругот за 100че за влошки еве да кажеме или некои други потреби.

    Од тинејџерка сум учена секогаш ама баш секогаш да имам на страна пари во секакви ситуации.
     
    На christinnn, Skorpija25, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Нека живи и здрави дечињата, ама мене тој ми изгледа по ова што го читам како пумпање его, те смета за негова територија и тоа што ти направил деца знае дека нема каде да бегаш и се иживува врз тебе, никој не заслужува да е несреќен, незнам како си дозволила во 21 век да останеш само на деца чување и слугување а овој да нема ти тронка совест, треба да си независна силна, за да не може никој да те манипулира
     
    На Skorpija25 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.