Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    7.298
    Немаш деца,нели?
    Непланирани трошоци. И тоа да видиш како може.
     
    На Маја Т, Осе, Pixi5 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за споделеното мислење.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    И јас секогаш сум имала пари настрана така и од дома ме учеа, ама кога непланирано останав бремена, па корона, криза, па стан, отиде цела заштеда.
     
    На Skorpija25, anggell, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Не бараме 100че од мажот,заеднички сметки со посебни картички постојат,во брак нема мое, твое,или градиш се со тој човек или не влегувај во брак со луѓе кои мислат на 'црни денови' во кои очигледно треба да се справуваат сами.
     
    На Pixi5, Emy867, Anyshka и 13 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Чекајте чекајте :D
    Јас не викам да се крие од мажот туку ќе биде во ред секогаш да си имаш во себе.
    Тоа посебни картички бла бла во некои бракови го нема.
    Читајте ги проблемите малку.

    - Отидов во Германија со маж ми, ме остави без пари или ми дава малку.
    - Сите пари се кај маж ми, па ми е срам да му барам.
    И ред други вакви работи.
    Разлистајте малку.
    Нема ништо поубаво од независност.
    Јес да во брак треба да се дели но некои се толку многу себични што такво нешто не доаѓа у предвид.
    Познавам луѓе во брак, комшии ми се, толку се стиснат мажот тоа е страшна работа.
    Женава работи, ама едвај гледа нешто од платата.
    Не дека е болен некого, двете деца им работат, возрасни се, едниот се ожени скоро, во странство се ама жената си ќути и секогаш се тресе пред да му бара пари на мажот.

    У брак се може да се случи.:)
    Развод на пример ете.
    Другарка се омажи, роди дете, поради многубројни проблеми во кои дел од финансиите ( таа сакаше да работи, тој не и даваше, носеше стара облека, 5 денари немаше за себе, бараше од родителите) по некој период се оставија, таа на стартот живееше од алиментација и соц.помош, едвај извлекуваше крај со крај.
    Вакви случаеви еден куп има.
    Читајте ги малку темите и во развод - Немам каде да одам, не работам, немам засолниште, што ќе правам без пари?

    Ете, зошто е добро да си независен.
     
    На Kaja991, Skorpija25, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Јас знам пример каде само што направија свадба имаат детенце, мажот ги искоцка парите. Уште на самиот почеток од бракот.
    Мојот брак па на пример е заснован на доверба само маж ми работи (јас располагам со неговата заработувачка)
    Нема правила тука или го бива бракот или не се зависи од стабилноста на двајцата партнери во врска со буџет.
    Ако треба да прашуваш брачен другар за пари боље тргај си на страна (само за себе) тоа е брак од недоверба
    Како сакате гледајте на работите, парите се трошат
     
    На cresa-jagoda, Anyshka, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.009
    Допаѓања:
    130.735
    Пол:
    Женски
    Мажени се, ама некои не се свесни колку различни примери постојат. :D
    Тоа дека парите се заеднички важи само кај некои. Има такви кои не си ги делат парите, освен при итни ситуации или само кога треба нешто за детето.
    Скржав партнер и (тежок) развод се огромни проблеми. Тој/таа што не работи си ја удира главата во ѕид.
    Никој не знае што носи животот.
    Луѓе сме, смртни сме. Денес нè има, утре нè нема.
    Ја сака, нејќе да се мачи (аха, класична манипулација кај повеќето).
    А, утре он покренува развод или гине некаде и она останува без скршен денар ако нема нејзини пари.
    Баш ради непланирани трошоци е добро човек да има свои пари.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Значи 3 деца се одговорност и не е така лесно да најдеш кај да ги оставиш секој ден. Одат во градинка, се разболуваат, не можеш на секое да зимаш боледување, мораш на секое да имаш некој со кого да ги оставиш итн итн.
    Периоди се во прашање, што кога тогаш ќе поминат. Пак ќе си најде жената работа.
    Мисли малку како се изразуваш, утреден можеш во слична ситуација да се најдеш. Како така ќе дозволиш дете свое да си гледаш и растеш во 21ви век?
     
    На Oneo, Anyshka, anggell и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    А колку може да заштедат двајцата е знак прашалник. Развод е скапа работа секако пиши пропало на парите ако дојде до такво нешто.
     
    На Anyshka и Mnik им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Ехеее, колку ги има такви, не си свесна, слободно прочитај ги темите за развод и слични примери.
    Е, ова.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.958
    Пол:
    Женски
    Поголемиот дел од паровите живеат со (под)просечни плати, кои се тие пари што ќе ги тргаш на страна кога секој денар е броен? Еве и да тргаш 500-1000ден, колку заштеда ќе имаш? Ако мислите дека некогаш ќе се разделите, ќе ве избрка со децата на улица без скршен денар, подобро уште одма разведете се.
     
    На Emy867, Oneo, Anyshka и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Жената СЕКОГАШ треба да се бори да е независна, да има свои пари, но не секогаш животот го дозволува тоа.
    Дали болест, дали попреченост, дали се во прашање деца, губење на работа и сл.
    Го осетив на своја кожа за време на пандемијата тоа и не сакам никогаш да ми се повтори иако ден денес не ми е се како што беше.
    А и да се имаат свои пари, со деца одат како да не си ги заработил, не ги ни осеќаш, а не па на страна да двоиш, барем не со ваква економија.
     
    На Kaja991, Anyshka, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Еве на пример да заработува уште пред да се мажи?
    Или ќе биде тато носи мама меси, јас сум принцеза, другите работат за мене?
    Уште еден пример ќе напишам овде па вие како сакате

    Брак навидум убав, жената останува трудна и раѓа.
    Си работеше убаво у бутик, пристојна убава плата.
    Мажот инаку шофер ја тера жената да не работи туку да се грижи за детето, оваа мораше да напушти, па роди уште едно подоцна.
    Живееја од платата на мажот.
    По неколку години, мажот се пропи, почна да ја тепа, пред еден месец ја удрил на некоја прослава па и пред децата.
    Жената си ги собра парталите и си замина од дома, отиде кај нејзините.
    Едвај сврзува крај со крај.

    Тргнете ги розевите очила, не секогаш сите бракови се мед и млеко.

    Ако нема деца?
     
    На Skorpija25, cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Ако нема деца и ако работи, тогаш да, треба на страна пари да се ставаат ако има можност за тоа.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    15.595
    Пол:
    Женски
    Може се мешам онаму каде не треба, ама ваков заслужува сите три да му ги оставиш, а ти да си заминеш кај твоите. Зашто се научиле женско си, молчи и трај, па земаат сила. Многу голема грешка е што седиш дома. Работи ако треба и со скратено време, оди со пријателки, едноставно не се затварај. Ти пари имај си твои, да видиш како ќе ти се зголеми самодовербата. Да си кажеш на твоите, седни ги и со убаво истерај го цел разговор. Да не даваш да те вреѓа ни тебе, ни твоја фамилија. А за секс кажи му да си најми ороспија.

    Секогаш има излез.
     
    На Skorpija25 и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Епа крајот требало да го стави уште тогаш кога не и дозволувал да работи
     
    На cresa-jagoda и bicycle им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.739
    Допаѓања:
    38.477
    Пол:
    Женски
    Ако еднаш крене рака, ќе крене пак. Ако е агресивен, следен пат следува шлаканица. Така идат тие работи. Одма се става крај. После може да биде доцна. Сведоци сме на секакви случки на телевизија. Имам и пример за таков маж како на членката. Жената едвај се спаси од него.
     
    На cresa-jagoda, Malesia и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.105
    Ако сакаш да работиш, работи. Децата во градинка, ти на работа. Можеш така?
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.958
    Пол:
    Женски
    Па секоја нормална девојка е свесна дека мора да заработи без разлика дали ќе се мажи или не. Само што кога ќе стапиш во брак не размислуваш за црни денови туку гледаш да оствариш нешто. Најчесто се инвестира во стан, во бизнис и сл.
    Имам црн фонд, штедни книшки ама за да го постигнам тоа прво морав мојот црн фонд да си го дадам за инвестиција. Не е така во брак, нема мое твое кога сте во тешка ситуација.
     
    На Pixi5, Oneo, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Не збориме за мажи шо делат со жените.
    Збориме за себичните мажи кои на жените не им даваат ни денар па мора да се снаоѓа како знае и умее.
    Разлисти ја темата и ќе видеш колку жени се оставени во проблеми до гуша - насилен наж, развод, и слично.
    Пошо верувај колку ги има такви шо немаат ќор денар у себе, пишуваат во темите дека немаат пари, нема каде да одат.
    Ете за нив зборам.
    Посебно последниов проблем, жената една година си нема купено облека, се запустила, а еве, мажов без срам и вели да бара пари од нејзините иако ги смета за глупави.
    Жената си кажа нема кај да оди без пари а е психички уништена.

    Ете сега сфаќаш зошто би и помогмале тие малку пари на страна?
     
    На Skorpija25, cresa-jagoda, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.