И јас минувам низ истото сега… Хормони, неспиење се ни влијае. Ќе се среди најверојатно, ќе си дојдеме при себе. Само искрено и отворено зборење со партнерот и трпение.
Во брак сме три години. На почеток бевме во заедница се додека бебето не направи 5-6 месеци. Мајка му и татко му се во друг град (во нашата нова куќа), ние во нивната. 300км оддалечени. Кога одиме, а често одиме како да ги сожалува, како да чека од нив нешто (се однесува како мамино синче ) дозволува све и свашта а на почеток и не беше така (затоа што не трпеше, на убав начин ги оддели од нас). Таму се расправаме, затоа што мене не ми е сеедно што мајка му не почитува ништо што ќе кажам иако он вели остај стари се. Ама сепак им оди по ќејф Почна и дома да се понаша како мрзелив, иако вака се е во ред не се караме, нема расправии. (Можеби има малку има проблеми на работа како разочаран е) И си планира живот во новата куќа, некој пат и се чувствувам како изиграно како да ми мести работи кои и му ги кажувам дека не сакам. Често зборуваме на оваа тема и како да испуштам нешто да му кажам. Како не ми се замара затоа што не капира Многу често размислувам и се оптеретувам а бремена сум не сакам за глупости да се нервирам. Некој совет за мојава каша попара
Бремена си па не би ти пишувала многу да не ти додавам стрес, можам да ти кажам што од твоите хормони не можеш да трпиш, маж ти можеби е уплашен од второ дете. Гледај да си уживаш во бремњноста и понастрана од остали.
Јаоо уплашен бил, дај бе ви се молам и она ако е уплашена шо правиме ке седнат ке плачат и двајцата ке се понашаат ко мали деца. Пораснете веке еднаш и доста оправдувате мамини синчиња и не созреани индивидуи кои патем градат фамилии.
Искрено многу ми помогнавте пошто реално и малку бев уплашена да не се налути , да не загледа друга , да не помисли дека ми е станат одбивен едноставно немам желба и си реков дали е тоа нормално и си реков каде да прашам ако не тука ...
Членката а и секоја жена, се согласувам за независност од имбецил, ама секоја жена треба да избира. Да не избере имбецил, да избере добар умен и амбициозен човек. Читав деновиве на форумот дека таквите се тн најс гајс и манипулатори епа океј, ете им јужни веПар стил фраери, нека се чудат цел живот после
Точно така се согласувам и јас со твоето мислење денешните девојки сакаат од тие фраерите и тепачите а еден куп во нашиот град ги има после тоа цел живот упропастен му е .. Затоа јас си зедов маженце домаќинче си гледа фамилијата , работата , не излегува често со пријатели и кога ќе излезе многу сака да пешачи со пријатели реално имам маж како што секоја жена би сакала да биде третирана,почитувана и сакана, а за разлика имав другарка која сакаше такви типови и на крај проба да ми расипе брак од љубомора ....
Zdravo, ve molam za mislenje kazete mi podobro e bracen sovernik ili psihoterapevt sakam da odime so soprugot zosto procitav deka I psihotera. Rabotat so bracni krizi
Сериозен си? Верувам дека убаво ке ви дојде разговор со семеен психотерапевт, дефинитивно сум за психолошка поддршка, јер може да испешалите и 300км со маж ти и пак ко ке се вратите дома нешто да фали.
Во брак сме 2 години и имаме дете од 2 години.Сопругот е вработен а јас го чувам дома детето.Запишана сум на факултет пред да бидам во брак неколку години и имам уште малку испити,па поради тоа и сум дома за да го завршам факултетот.Живееме сами моите и неговите родители живеат во близина и сакаат да го почуваат детето или да преспие кај нив.Сопругот тоа не го дозволлува зошто ќе го воспитувале по нивно,нас немало да не слуша и ќе ни правеле проблеми во бракот. До сега никогаш не сум ја оставила сама ни кај едните ни кај другите повеќе од 3 саати и тоа било 3,4 пати во овие две години.Јас повеќе не можам да ја издржам оваа моотонија еве сега сакам да накитам елка и планирав да ја носам кај мајка ми да ја почува додека ја накитам но ми вика ако седи таму и ти ќе седиш. Детето не сака да јаде многу и кога и да отидме кај едните или другите го тераат цело време да јаде нешто или пак имаат спротиставени мислења едните му даваат телефон и ќе го остават цел ден да седи а другите не му ни даваат ич.Јас разбирам дека им е внуче и дека им е мерак и сакаат да го почуваат но сопругот вика ни таму ни таму за да нема кавги. Станав пре нервозна зошто ги имам исто како да ги немам,по цел ден сум со детето,за да учам треба да чекам да заспие за да фатам нешто но тоа ми е пре малку време и на крај залудно седам дома кога не можам ни еден предмет да научам.Исто така детето е запишано и примео во градинка но и таму не дозволува да оди зошто јас см била дома и сум можела јас да ја чувам доколку убаво с организирам. Кога сопругот е слободен го шта детето после работа но тоа е 1,2 во неделата бидеќи после работа некогаш работи и приватно.Незнам веќе што да направам ве молам просветлете ме.
Па искрено и не треба да седи кај овие. Е сега прашањето ми е чии родители се тоа? Во најдобар случај ми изгледа ко да ти тера инает за нешто, од друга страна може не сака да го завршиш факултетот. Може баш сака да те заглави да седиш дома, да зависиш од него и да не можеш ништо да правиш. Размисли си, ти го познаваш подобро. Ама чим и во градинка не дава да оди детето, очигледно е која опција од овие 2 е. Сопругот твој не сака да успееш во животот.
@blue9 , мене ова ми личи на љубомора и начин да те врзи дома со детето. Дали е таков карактер или има причина за тоа, не знам. И јас сум со мало бебе и комплетно те сфаќам дека ти треба и одмор и простор за тебе, па и да излезеш и се дружиш. Во врска со детето, ако има опција за почеток било кој од бабите/дедовците нека доаѓа кај вас, да чува дете пример додека ти редиш елка. Или додека учиш и слично. Па потоа веќе со оставање кај нив. Или да го чуваат додека вие сте излезени заедно. Факт е дека бабите и дедовците си прават што сакаат и јас бев против оставање дете со нив, ама во моменти кога ќерка ми е настината, не може во градинка, а јас немам опција за отсуството од работа, сакам или не, морам да ја оставам. За градинката, не е само фактот што ти си дома, туку и фактот на социјализација на дете. Сметај дека и на почеток ќе настинува, па повеќе ќе е дома од таму ама секако поубаво е да оди. Инаку за решение, освен сериозен разговор со сопругот, на што се должи неговото такво однесување, не знам друго.
Па убаво ти вика мажот. Ако сакаш да те почитува и слуша детето најубаво е вие како родители да гонсоветувате .Зошто баба и дедо можат многу дс го разгалат. А и овде не гледам некој проблем тоа што ти мора да учиш,учи кога детето ќе спие а и зошто да оди во градинка на 2 год кога ти си слонодна и не работиш па можеш сама да го чуваш. Мислиш дека градинката е решение за 2 год дете с ти не рабитиш. И на мало дете телефон не смее да се дава лошо ќе му влијае има еден куп играчки кои може да му се купат и детето да се занимава ок. Значи проблемот е кај тебе не кај мажот.