Тогаш да си ги гледаш како сакаш, на маж ти да му чистиш и готвиш и да му миеш нозе, он корнизи да штрафи, да не им прдиш на другите за родителство и какви им се децата.
Извини ама не знаеш што е родителство така ми изгледа. По што кажуваш нешто за што и сама немаш појма што е. Некој ако одлучил да стане родител тогаш тој сам треба да биде подготвен на сите предизвици, a ако не е спремен тогаш нека ги реши прво другите проблеми со факултетот па после нека се прца разбираш и нека прди колку сака!
Да знаеш дека и најверојатно така живее. Нека си седат дома со децата додека мажите им шетаат, бидејќи нели така е правилно.На жени кои не знаат да се вреднуваат себеси, нема поента да им објаснуваш. За нив е бесмислено некој да сака да вложи во себе, да се надоградува. А за дружење, средување, излегување, веќе да не ни зборуваме.
Точно. Јас би надополнила и дека ми е жал за тие деца што се воспитувани од такви родители, посебно ако е женско ќе биде од мала учена дека кога ќе роди готово до тука е животот, само слугинка на мажот и децата и тоа е. Нема што ти друго да мислиш!
Гледано според претходните негови објави, t.a.m. е машко. Џабе му објаснувате, се гледа неговиот став.
Шо трескате и живи останувате, абе човек да ви позавиди жими мајка. @blue9 да седнеш да си направиш муабет со маж ти. За воспитување вие сте одговорни, за разгалување баба и дедо. Мешање во брак ќе има доколку дозволите, нормално. Ќерка ми е исто 2 години, од 5 месеци оди кај моите во друг град. Сметам дека доколку станува збор за нормални и разбрани луѓе, нема потреба од вакви стравови на маж ти. Детето ти е запишано во градинка, објасни на убав начин дека не е џабе запишано, дека имаш потреба од таа градинка за да се посветиш на себе. Ти си дома ама не си октопод и не можеш да се поделиш на сите страни за се да завршиш. Со самото тоа што си дома, претпоставувам дека се од домашни обврски е на тебе. Јас прво би објаснила дека тееба да почнете да го носите детето во градинка за да не го влечеш и плаќаш факултетот уште 10 години, и за да можеш да си направиш нешто со факултетот. @t.a.m. брат/сестро шо и да си, олабави. Ако повеќето не се согласуваат со тебе, не е до нив
Ја имам отварано оваа тема 100 пати со него,на крај завршува со кавга и се по старо.Пишував точно дека не сакам да ми го воспитуват баби и дедовци детето и сеуште не сакам,јас само сакам да поседи со нив некогаш макар 3 саати во месецот. Студирам на технички факултет имам и вежби кои се задолжителни за потпис со физичко присуство,тие морам да ги правам кога сопругот ќе си дојде (има и подоцна термини) за да го чува детето а можев да го однесам во градинка и да ги завршам порано вежбите.Ова и не е толку голем проблем, него само пример. Знам за опцијата дека може да седи до 12 во градинка ама детево уште цица и слабо јаде ,ми вика дека во градинка ќе седи гладно, не ги чувале како дома,кога ќе кажам дека сакам да се социјализира ми вика дека другарството почнува од основно школо а од градинка ретко кои понатака останале да се дружат. Исто така заспива касно,некогаш и 12 не фаќа а и станува касно ми вика да не ја будам зошто била гревота,цел живот ќе станувала вака кога ќе се наспие тогаш.Затоа и ред не можам да и фатам,ајде преку лето ја носев секој ден во парк да се измори за да спие порано ама сега не знам веќе што да правам.Се осеќам виновна дека поради мене што сум не вработена тоа страда и не се дружи со деца. И јас сакав прво да дипломирам па потоа да имам фамилија ама со факултетот заглавив и пред да го родам детето,имам презапишувано предмети и тогаш.Сопругот сметаше дека веќе годините поминуваат и треба да се земеме,дека може паралелно да се студира и да се чува фамилија па јас попуштив.Многу ретко одам на кафе и кога и да одам секогаш го носам детето а сопругот ретко е слободен за на кафе со другари и кога оди оди сам.Тоа ме иритира многу зошто он на раат седи и го пие кафето а јас неможам.Секогаш се вади со тоа дека јас кога идам на кафе он бил на работа, а како да се договоарам да идам кога е он дома за да го чува кога треба да комбинирам другарките да се прва смена и он да нема приватно работа.
Каде се слуша твоето мислење? Многу е лесно да кажуваш како треба, ако друг ја врши цела работа. Извини ама работата тргнала низ брдо од реченицта "сопругот сметаше дека може и во брак со дете да се студира". Правиш се како ќе каже он, нека заработува и 200К месечно, кога не се грижи за дете и диктира на тебе како е најдобро а ти организираш цел живот според него, нема да бидеш среќна, туку изморена, незадоволна и исфрустрирана. Не е касно да се смени, ако не сака да смени он распоред или не прифаќа помош и градинка, запостави се дома, освен храна и грижа за дете. Мене ова ми е несфатливо како го трпиш, ова е класичен gaslightining. Бори се за тебе, да имаш ти издувен вентил, одмор, време за учење. Па уште и ти сама си наметнуваш грижа на совест индиректно од неговите глупости....
Читаш ли дека пишав и за учење, барање работа и се по ред? Или, нема потреба ни да работи, нека си седи дома, а факултетот бе здва испита да го батали, нели? И никој не спомена забава, купување гаќи и хулахопки, намирници за домот, работи за домаќинството шопинг се нели? Да платиш сметки, да направиш заби, луда журка, така?
Мораш малце да мислош и на ссбе,лесно е маж да каже што ти фали дома уживаш со детето.....сменете се на еден ден да види како е.Градинката е мајка за децата на крај краева стани си и однесисиго детето во градинка,ем дома средено ем на раат кафенце книгичка.На крај од денот кај си ти твоите потреби и желби.Заземи си став сепак си мајка сигурно лошо не му мислиш на детето ако го пратиш во градинка или кај баба дедо
И тоа ми го има кажано, ако ми е тешко дома да го чувам, јас да идам на работа он да седи дома да го чува.Само што никад нема тоа да биде бидејќи има кредит земено плус вика платата ќе ми била помала од неговата и нема да стига за ништо.Јас додека сум дома не играм по цел ден само со детето,истовремено и готвам и перам и чистам ,пазарувам плус се обидувам да научам нешто додека спие а ако седи он дома да го чува ќе игра само со него, ако појдат до маркет и толку. Размислував и за у градинка ама нема примено МРП вакцина и без неа нема да го примат.Му кажувам дека не сум среќна,дека не иде вака ми вика сама си се правиш ака јас не ти правам.Не можам да се докажам.Кога се запишував на факултет сакав некој од (педагошки,филозофски) ама сопругот ми рече да пробам технички зошто повеќе се заработува. Уште првата година имав потешкотии знев дека не ме влече и не сакав да се откажувам зошто веќе сум почнала. Уште после прв семестар ми викаше да го сменам ако не ми иде ама јас продолжив зошто овие два се многу полесни и по не вреднувани од него, а и не сакав да ме зборат дека сум се откажала.Сега ми вика ти живееш за другите не сакаше да го смениш ,луѓе по 5 менуваат додека не се пронајдат а јас бев свесна уште пред да се запишам дека не сум за таму.
Како тоа тој да седи ти да работиш, а двајцата нели можете да работите, детето во градинка? Па повеќето работиме и двајцата па ете се снаоѓаме, тој сопругот твој ептен затупен. За баби и дедовци и јас не сакам да ги чуваат, освен во некои ситуации кога нема избор, ама еве да нема баби и дедовци? Сепак ќе мора да разговарате, не те сфаќа сериозно. Најди си работа и детето во градинка.
Колку години е постар сопругот? Претпоставувам повеќе од пет години. Те смета за незрела и неспособна да носиш одлуки. Од старт си требала да пресечеш, да се запишеш на тоа што сакаш, а не на технички факултет. Мој предлог ти е да го оставиш малку факултетот на страна, да му направиш ред на детето со рано легнување и станување, ќе го носиш во градинка, не е дека нема да јаде таму, баш напротив, и убаво ќе му дојде дружба со деца. Ќе си најдеш работа, ќе имаш време за себе и тогаш ако сакаш смени факултет, не мора да се мачиш со ова што не ти лежи само за да докажеш нешто на мажот ти или на околината. Детето ќе си го носиш да го гледаат и бабите и дедовците, сепак внуче им е, се радуваат со него, не по цел ден, ама по некој саат. Подигни си ја самодовербата, што може мажот ти да направи ако не го послушаш? Во бракот се двајца рамноправни партнери, а не еден господар, еден слуга. Твое е да си кажеш мислење и став и цврсто да стоиш на тоа.
@blue9 Ниедна причина не ми изгледа на валидна зошто не би можела да го запишеш во градинка. - Детето има 2 години, може да прими МРП вакцина. Освен ако не си решена никогаш да не ја прими. - Тоа што касно легнува е затоа што касно станува и се средува лесно, а и не е некоја причина тоа поради која детето не може да оди во градинка. - Тоа што слабо јади, не значи дека во градинка нема да јади, а и ако добро јади исто не значи и дека и во градинка ќе јади. Дури не пробаш не можеш да знаеш. Можеш и наутро да му дадеш да јади, па да го однесеш в градинка. Четири часа во денот ништо не менуваат. Верувај ако гладува ќе јади таму. Не знам зошто не пробаш да го носиш, по пола час, па по еден час, на адаптација. Пробај еве. Ако мислиш дека му е лошо таму ете да речеме, престани да го носиш. Можеш да си ја смениш одлуката кога сакаш. Се што прочитав од твоите постови е: сопругот сака вака, сопругот вика така, сопругот не сака ова, сака она. Како што гледаш и сама, тој си го живее животот, а твојот живот е заглавен веќе 2 години и ако продолжиш да тераш по негово ќе биде кој знае уште колку, детето ќе тргни на училиште па ќе нема кој да го зема и пак ти ќе бидеш таа што ќе седи дома поради тоа, натаму ми оди работата. Ти вака никогаш нема да бидеш среќна и исполнета. Како безгласна буква да си. Или заврши го факултетот или барај си работа. Остави тоа што мисли и сака сопругот. Помисли што сакаш ти и направи го тоа.