Проблемот е во неа затоа што не покажала заби на време. Како е можно јас да сакам на еден факултет, а сопругот да ми каже на кој да се запишам затоа што на тој повеќе се заработувало? Па ако не ми иде тој факултет нема со сила, ќе се запишам на кој сакам. И ако го откажала што ќе кажел народот, значи нема самодоверба, побитно е е што ќе каже сопругот и другите. Се и е сопругот ова, сопругот она, па тој така сакаше, тој ми рече. Па за во градинка наоѓа изговори како детето немало вакцина, па одам да го вакцинирам и го запишувам во градинка. Требало порано да го направи тоа, изгледа и таа не сака да го заврши факултетот, не само сопругот. За се има изговор, тој што наоѓа изговори ќе си тапка во место. Бабите и дедовците можат само да го причуваат саат два, а не по цели денови.
Запиши го детето во градинка и прави како ти мислиш и сакаш. Ниту еден не мора да останува без работа иако ќе биде потешко со дете, ради разболувања на пример, ќе мора да имате договор и компромис.
@blue9 Работите дошле до тука, лоши одлуки или нееднаквост во бракот, небитно, поминало ама мораш малку ред да направиш дома. Прво околу детето зашто неговото здравје е најважно. Воведи ред на рано заспивање, на пример околу 20h и можеш да учиш до кај 23h. Сабајле доручек и правец надвор да се истрча убаво, дремката може да ја прави кај една од бабите додека ти пак можеш да потфатиш книга. Ручекот исто можете да го поминете таму за да се заштедиш малку од готвење и средување кујна после тоа. Дома, додека детето си игра можеш да си завршиш некоја обврска и припрема за спиење. Не е идеално и не е нешто што јас би го направила ама кога веќе имаш притисоци од маж ти тогаш мораш да се снаоѓаш и да ги искористиш сите ресурси. Нема што он да ти кажува кој да ти помага, како да го чуваш детето кога тоа е твоја обврска 24/7. Ако знае подобро нека си даде отказ и нека изволи. Втората опција која јас би ја одиграла, детето во градинка од 8 до 16. Знаеш кој раат е ова? Има време и за дома, за учење, за кафе со другарка, буквално за се. Имам две деца и ги носам во градинка од нивниот прв роденден. Работам од дома, дома се завршувам, еднаш на ден обавезно јадам надвор со другарка или маж ми, уживам. Ги зимаме од градинка и имам уште пола ден со децата да го поминам. Порелаксирана не сум била. Така да, сериозно размисли за оваа опција, вакцинирај го детето, на маж ти убаво објасни му како се осеќаш и зошто си за градинка. Па не мора повеќе, земи отвори еден профил на фб на било која градинка и покажи му какви активности имаат, приредби, работилници, куклени претстави. Зошто детето да седи дома или со баби, кога може секој ден различна игра да игра со другарчиња? На маж ти однесувањето нема да го коментирам ама време е да почнеш животот сама да си го живееш и да си го организираш. Факултетот смени го ако мислиш дека ти е пречка.
За некои работи маж ти е во право.На пример ,вие да одлучивате за детето и да бидете авторитет.Ама доколку немате проблем со бабите ,зошто да не поседи саат два?Внуче им е .Се разбира ако можат и сакат. А за ова другото ...место да ти биде подршка, запиши го во градинка и се супер.Он нејќе ни вака ни така.Седни и види си дали за секое е он како ќе каже ...Оти постои веројатност ,да сака да те контролира.Буквално...
@blue9 дали ти се гледаш вработена по струка од тој факултет? Според мене не мора и по секоја цена да се заврши факултетот особено ако и не ти е баш прв избор. Не знам каков ви бил договорот со сопругот кога си останала бремена за тоа што и како ќе биде со факултет кога ќе се роди бебето, ама единствена опција е да му покажеш за викенди пример дека не можеш со детето дома да учиш. Јад на твое место попрво би си нашла работа и би го оставила факултетот на одреден период. Ем ќе смениш динамика ем детето ќе почне во градинка. Ти секако си се оддалечила од учењето во овие 2 и повеќе години.
Еве мајка ми сака да го почува за викенди не работи ми вика донеси го ќе го чувам,ти дома учи на ова сопругот се противи.Живееме во Скопје а мајка ми е родена во друг град и збори по нејзин дијалект и во саботата сопругот ми вика не сакам да го чува зошто ќе збори како неа а не како овде што збоореле.И јас му реков а во школо коа ке тргне ако наставничката е од друг град и ако збори по нејзин дијалект и тогаш нема у школо да иде? На ова одговор добив дека до тогаш ќе било од дома научено.
Кај го најде овој тиквар, жити се? Земи го детето, оди кај твоите и поседи некое време. Па нека се слика после мулево.
Моите живеат 2,5км од нас и обично за викенд идеме на ручек или на кафе заедно.Во текот на неделата еднаш одам со детето на 2,3 саати и си одиме дома за да сменам и јас малце, и да потрча низ двор.Тука у зградава на наша возраст не ни има станари,повеќето се пензионери а нема ни деца. Во овие две години кога била мајак ми на одмор не сум ни рекла да поседам таму зошто он цело време збори дека тие што имале далеку родители иделе да спијат кај нив а јас сум била на 5 мин сум идела секој втор ден и сум можела кога ќе посакам да појдам.
Ај не се жали не барај шроблем каде што го нема. Штом немаш мака од мажот во друг поглед ова е ситница и чувај си го бракот
Se chitash li shto pishuvash??? Ona saka da uchi, da ne e robinka samo za domot, mazhot i deteto, da ima malki vreme za sebe i ti vaka i odgovarash?! Ona nema poddrshka od soprugot voopshto, ochigledno e deka soprugot saka da ja kontrolira i da zavisi finansiski od nego.
Ти баба некоја да не си вклучена на форумов од 90 години или маж си?Има проблем како ова не е проблем!? Кој е тој да и одредува дали она ќе оди на спиење кај нејзините и да поседи подолго.И да не може раат да учи и да го причуваат детето кога веќе има кој да го причува.Само он ли се прашува за се, она како ништо да не знае.Тој па кој дијалект го има бе да не дошол случајно од Белград.Ајде и ти @blue9 не му преќутувај кога нешто не ти одговара.Како кукла на далечински те управува контролор.Што чуден човек Боже мили!Овој бе ќе те оболи вака како прави.Ќе ти пукне трпението еден ден ќе се чуди што го снајде.Ова е психичко малтретирање.Во бракот одлучуваат двајца, се договараат.Некогаш едниот ќе попушти, некогаш другиот мислам за мали ситници не за нешто лошо.Ама овој вака 3 во 1 и маж, свекрва и свекор ти е .
Абе не се криви мулињата од мажи, туку што трчате да се мажите на 20 да не случајно избега возот! Кој бе ќе ми забрани да одам кај мајка ми?
Може грешам ама не знам зошто ми изгледа како да се подјебава со нас. Како да трола. За се и сешто најде изговор од негова страна а изговориве... ај може и грешка сум. Ама така ми делува
Ако добро разбрав... Проблем му е што одиш кај твоите? Од инает оди и седи таму неколку дена. Па нека се слика будалата. На мене маж ми ќе ми кажува дали да одам кај моите. Како па да не.
Уф, овој голем гражданин бил од метрополата. Ти пребери парталите и замини неколку дена кај мајка ти без да знае он. Да видиш како ќе почне да плаче. Оти такви се тие, ќе ти се качуват на глава се додека заби не покажеш.
@blue9 глупости, колоритни. Очигледно ти не зборуваш на дијалект покрај мајка ти, детето ќе зборувало ако поседи со неа 2ч неделно.