Не не оди на работа односно чека да го викнат за на работа.. Инаку не излегува секоја вечер туку таа вечер кога излезе ми беше криво зошто и мене ми се испагаше ми се шета ама неможам веќе 3 месеци сум само дома и тогаш се испокарвме од кога се врати и од тогаш не правиме муабет и се понаша така спрема мене...а инаку гледам на фб му пишувале после таа вечер за да се собереме негде друштво да испаднеме ама он им пишал дека неможеме дека ја морам да одмарам... ама ме нервира што тоа ова дете е на двајцата и он се понаша така како да му е гајле дали мене ми треба нешо дали сум јадела или не дали имам потреба од нешо знае дека неможам ни до маркет да отидам и не ме ни праша ... и незнам до кога ќе издржам вака со оглед на цела ситуација дека ми е тешка и ова ми требаше
Никој не рече 24/7 ама ако 8 часа е на работа мислам дека е во ред со неа да помине 5-6 часа во денот. Нејзе и треба поддршка ,и не е раб јави и се на мама или на другарка да дојде , затоа имаш сопруг она негово дете носи. Во ред е да излезе еднаш ама нон стоп плус ни ја прашува дали сака нешто да и купи само за него си купувал. Што му е она него?
Poveke od sigurno vlinaat kavgite na negovoto odnesuvanje. Sepak mislel na nea deka nemoze da izleguva zatoa ja odbil pokanata. Zatoa i pisav tenzijata ne se namaluva so dopolnitelni kavgi.
@Miiaa Мене според ова што го пишуваш ме загрижува неговиот однос кон тебе и не мислам дека ти е само до хормоните, седни и рзговарај со тм, прашај го што го мачи и зошто е променет кон тебе? Во период кога треба да е до тебе и да ти пружи поддршка, да те разбере, да уживате заедно тој свесно се оддалечува од тебе и те повредува. Инсистирај на разговор и потруди се да е без кавга и нервоза. Кажи му дека ти е потребен и те погодува што не е до тебе во моменти кога си толку исплашена и ранлива, гледај да допреш до него и да ја дознаеш причината за неговото однесување
Нормално дека има потреба од него и разбирање, ама и самата ситуација што мора да мирува малку психички влијае, затоа и пишав јас друштво малку да си најде + некоја занимација, дури и да излезе на саат,два да не се осети како запоставена од негова страна. А тоа што само за него си пазари ич не го оправдувам или тоа пак што рекол треба човек да мисли што бира, па ич. Ако може прво да ја смири топката...да не му префрла извесно време, па после да разговараат..најубаво. Прво нервозата малку настрана да ја тргне, добро би било...за да можат смирено муабет да направат.
Фала ви на советите ќе чекам да помине малце време да се смири нервозата па ќе разговарам со него... ќе видам утре како ќе се понаша спрема мене .денеака цел ден у спиење го поминав денов само така не мислев толку и гледам шо помалце да се нервурам бидејќи нервоза и стрес е нешо шо најмалце ми треба сеа ама он некако не го сваќа тоа.
Пред се мисли на тебе и на бебето, немој да си правиш нервози со црни мисли, гледај си филмови, опушти се со некоја серија, а кога ќе имаш прилика разговарај смирено без нервоза со тм и кажи му дека пред се да се стави на твое место врзан за кревет и дека тоа не ти е проблем како ни тоа што излегол без тебе, туку дека си чувствителна и ти е потребно внимание и поддршка од него, дека ти е битно да ти покаже дека се грижи за тебе со тоа што ќе ти подаде чаша вода или чинија со храна, што ќе те праша како се чуствуваш и ќе разговара за да ти олесни. Не смее да си дозволи да те нервира во ваква состојба, па и ако некогаш се однесуваш несоодветно не треба да те ''казнува'' со тоа што ќе те игнорира или ќе се однесува како детиште па ќе ти префрла преку муабети пред други
Се мислам денеска да разговарам иако нишо не е сменето ама неможам да издржам вака веќе премногу се нервирам и многу плачам се плашам нешо на бебуш да не му се случи само ради бебуш сакам да се обидам ама многу ми е страв од реакцијата и шо ќе ми рече ако ме нападне повеќе незнам шо да правам зш е нервозен. А како минат деновиве ниш не се мења само мислам полошо се случува
Извини, ама маж ти, уште не му дошло во глава што значи да си сопруг и татко. Тоа 'не зборуваме со денови', ич не ми се бендисва, како и целото негово однесување кое го опиша. Точно е дека се ти е г*з преку глава, не од бременоста, туку што си затворена дома, а реално не се чувствуваш болна. Како затвор е тоа. Ич не е хумано. Господинот, треба да има малку разбирање. Имаш родители? Живи се? Услови кај да те приберат има? Ако има, спаковај се и оди кај нив. Откако ќе се потсмириш, тогаш ќе разговараш со него... по телефон, не во живо првиот сериозен разговор. Во живо само ќе се расправате.
Биди смирена и да ти изреагира бурно прашај го од што му произлегува нервозата, кажи му дека додека не ти каже што е проблемот неможе да го решите зошто ти не читаш мисли, прашај зошто е груб кон тебе дали со нешто си го повредила фати го со убаво, не се расправај на почетокот на разговорот може да ти реагира бурно мислејќи дека сакаш да започнеш кавга, посочи му дека не сакаш да се караш и дека мора на мирен начин да го решите проблемот кој ве оддалечува зошто следбено на тоа ти секој ден се гушиш во солзи и нервози а тоа не влијае добро на бебето. Кажи му дека сега заради тоа бебе вие треба да сте единствени да се поддржувате, а не да го правите токму спротивното. Откако ќе се смири кажи му дека тебе ти паѓа уште потешко лежењето и затворањето по дома но таа е жртвата која мора да ја направите сега, ви доаѓаат убави денови кога со бебуш ќе шетате и се ова ќе го заборавите но сега треба да сте сплотени, истрајни и полни со разбирање еден кон друг. Разговарај не одложувај, колку побрзо расчистите ќе ви олесни и ти ќе се смириш, ти држам среќа и чекам да пишеш убави вести
Нема да се смири. 3 месеци да не му текни што му се случува дома, нема шанси да се оправи, дури таа не му покаже дека може и без него. Гарантирам дека ако пак проба да разговараат, пак само кавга ќе биди. Со глава гарантирам.
Нека проба уште еднаш да разговара ако не успее тоа нека оди кај нејзините и мене не ми се допаѓа неговото однесување и тоа што таа сега е ''немоќна'' па како тој тоа да го злоупотребува. Ама пред да преземам така поголем чекор јас уште еднаш би разговарала, а ако не бидне нешто би собрала парталите и да ме нема и незнам дали ќе решам уште еднаш да разговарам ќе треба богами силно да се потруди за да разговараме а за враќање на старо ќе почека. @Miiaa мое мислење пробај уште еднаш ако не оди си и остави го па нека се преиспита што направил најважно е сега да си мирна во нормална околина а ако тој продолжи лошо да се однесува кон тебе ти само ќе се нервираш. Мисли на бебето во тебе тоа нека ти даде сила
Сигурно во 3 месеци повеќе пати разговарале... Ако вродувало со плод, ќе вродело. Сепак, тоа е нејзина одлука. Јас кажав што мислам а @Miiaa , ќе мора сама да одлучи што и како ќе прави.
Жено обожавам да те читам. Дефинитивно си ми идол на форумот и најреални коментари пишуваш, опуштено, без правење лице (као демек за поддршка бе ахам ) , знаеш точно да ја реализираш ситуацијата , додека некои се убедуваат дека живеат во розов свет, ти ги прифаќаш работите како што се па макар на некои им се допаѓало твоето мислење или не. Продолжи така во секоја тема. Биди ми поздравена која и да си
Моја роднина имаше проблем со мажот и со неговото семејство, три години пробуваа за дете и две неуспешни инвитра, остана бремена природно. Свекрва и му переше мозок на мажот и дека детето не е негово бидејќи до него беше и проблемот, тој три месеци и вршел терор психички ја малтретирал како и неговите и конечно сега е петти месец па се реши да го напушти и побара развод, со тоа што неговите и рекле дека и со днк тест да докаже дека детето е од нивниот син тој нема да го признае. Муабетот ми е дека таа толку време го трпеше со помислата дека е трудна од него па е обврзана да седи со него, кога им кажа на нејзините одма си ја зедоа и и дадоа поддршка. Можеби и девојчето се плаши дека нема да има поддршка од нејзините па седи и го трпи, сепак не ја знаеме целата слика. Може се чувствува дека никој нема да ја поддржи зошто нели носи негово дете па местото и е до него. Во коментарите нејзини осеќам како да се плаши да се соочи со мажот. Мене пола саат да ме игнорира мм по дома има да го седнам да каже што е сега и одма а не па со денови да ме игнорира а ист кров делиме.
Затоа уште во првиот пост ја прашав дали има родители и услови да отиде кај нив. Не и' предлагам развод. Разводот е последен, чекор. И' предлагам малку да се тргни од него, за тој да има можност да размисли, што и како сака... исто и таа да се одмори од стресовите со него.
Значи ако ја решам да заминам повеќе нема ни да се вратам бидејќи за мене тоа одење и враќање е најголема глупост. Ако си одам значи ќе биде крајно а за да заминеш треба да постои бар некоја јака причина. Мене у 3 години брак ова прв пат ми се случуе т.е не дека не сме се карале предходно ама во умерени граници и кавгата сега ни беше за глупост и не ја гледам како причина да си го растурам бракот и конечно кога видпв светлина да имаме дете баш сега за глупост да си заминам. Предходно сме немале кавги само последниов месец се расправаме за глупости ја не викам дека само он е крив и ја сум бидејќи мн сум нервозна и мн мразам да зависам од некој да неможам едно јадење да направам или да неможам да отидам до маркет да купам нешто се тоа ме нервира
Нормално дека ќе те нервира, кога тој што треба да се грижи за тебе, те игнорира. Јас што кажав, ти не мораш да ме послушаш. Ви посакувам што побрзо да си ги решите проблемите.
Znaci se mislev dali da pisam ali moram negde da se isturam Ima periodi kaj mm koa ke e na pat,da izbuvne zaso ne me dobil odma,zaso mu se javil sin mu rekol mama e do prodavnica...sum go zaboravila telefonot doma... Nz nema pricina od ljubomora ... Nz ni zaso pravi vaka ,so mislite vie ?