За децата е полошо да го трпат ова. Кажи им на твоите. Не смеат да те одбијат кога доживуваш насилство. Ако ти е страв, обрати се кај други од твоето семејство. Брат/сестра/братучеди или вујко/чичко/тетка. Било кој. Кој би можел да ве засолни тебе и децата. Или барем да ги убеди твоите родители да ве примат.
Не. Ниту едното го сакам ниту другото. Да не беа децата одамна ќе сакав да сум мртва, но заради нив морам да живеам.
Да живееш да ама не таков живот Ако имаш услов зошто сакаш во таква средина да си ? Не ти е жал за децата да гледаат насилство дома и пијаница татко и дедо ?
Ај те молам.. каков е овој муабет. Да не биле децата ќе сакала мртва. Прво жено дали мислиш дека вреди некој повеќе од тебе, посебно онаков вол да ми простиш од маж. Ја не знам што уште чекаш и зашто уште си со него. Имаш подршка од децата и таа ти е најбитна. Не знам колкави ти се децата. Ама пакувај куферите и оди си од тој. Ене му ги мама и тато нека си седи со нив. Бегај од таков, немој да се плашиш. Верувај коа ќе се тргнеш ќе си речеш која будала сум била што сум чекала до сега.
Нема полошо од деца кои растат во семејства каде е присутно насилство. И вербално и физичко. Само полошо им правиш нив. Од секоја ситуација има излез. Вработена си ? Најди адвокат ,земи стан под кирија....сигурно е претешко ама работите сами ке ти се редат кога ке направиш промена.
Подобро собери ја зошто детската психа не е како нашата верувај. Подобро со здрава психа тргни ги од таму не знаеш утре нив кога ќе ги удри. Траума е и тоа што виделе дека ти тече крв за нив а следуваат и уште пострашни епизоди понатака. Мисли пред се за децата и нивното здравје. На нив им е побитно мирен и спокоен живот одколку некоја фенси играчка да им се купи.
Зарем не ти дава ова храброст... Свесни се дека не е убаво таму да се живее, дека не е нормална таква средина... Тоа треба да ти даде сила.
@Eli311 A како имаш храброст ова да го трпиш? Страв ме фаќа само што те читам. Вчера ова, денес друго, утре трето...Ова не е средина каде треба да живееш ти, ниту средина каде треба да растеш дете. И ова... Ако свекрва ти упорно го брани син и кој претходно неа ја напаѓал сосе татко му, а ти се притрчала да ја заштитиш, јасно ти е кој шаблон на однесување следи и ќе следи, дека жената слободно може да се кара, тепа, навредува, дека тој е маж и го личи да е пијан и има полно право што сака да си прави. Мајка му го поддржува во тоа и тоа е доволно.
Здраво Сакам да споделам со вас моја случка од бракот ,верувам ќе ми дадете совет што понатаму да направам. Во брак сум неколку месеци. Мојот сопруг по природа е нервозен и брз човек. Цело ова време имавме мали караници околу облека, знае да ми каже не ми се допаѓа тоа. Караници околу трошење, иако не сум многу луксузна по природа. Караници околу излегување и се тоа, на кратко е нервозен и љубоморен тип. Некако смирувавме се до последната голема караница пред неколку дека кога дојдовме до момент и јас да му повишам тон и тој да ми покаже сила и да ми искине облека од шлафот која не сака да ја носам. Два дена не правевме муабет, се чувствував лошо и си заминав. дојде ме побара но му кажав дека имам потрба од време, размислувам што понатаму. Дали вреди да се заврши бракот или вреди да се даде уште една шанса…
Паметно си постапила што си заминала. Сама размисли дали ќе дадеш друга шанса под услов да си го смени карактерот, а човек тешко се менува. Можеби извесно време ќе се смири и пак ќе почне исто. Љубомората е болест и многу жени психички западнале од такви мажи. Незнам како се облекуваш ама маж ти пред да се земете не гледаше? Љубомората е и врста на недоверба небитно дали е облека или трошиш или други работи. Во ваков случај најдобро сама размисли си што понатаму зошто со ваков човек треба да живееш години и години
Љубомората е болест и не иде на подобро со тек на време. Денес ти ја искинал облеката, утре ќе направи полошо. Тој веќе почнал да ја преминува границата. Види, никој нема право пред се да ти забранува ништо. Денес е облека, утре е шминка, задутре ќе се забранети контакти со колеги/ пријатели/ семејство итд... Ако си спремна да живееш под туѓи правила или во константна расправија и токсична средина, тогаш прости му...но реално, не вреди. @Eli311 верувај дека и на децата им го загорчува животот оваа ситуација. А тоа што тебе ти се умира ради клошар, тоа е посебна тема, ти треба психолошка помош, да се освестиш дека никој не е вреден во животот за умирачка.
НЕ. Цени се малку повеќе себеси. Љубомората е болест која не се лечи. Пушти го будалата. Ќе ти биде малку тешко на почеток, ако си уште заљубена, ама не е тоа најлоша работа на свет. Ќе помине. Мажи има тон. Крај краева подобро цел живот сама, отколку со живчано и љубоморно говедо на секое. Од искуство ти кажувам.
Дали работиш ти нешто ? Мене ми изгледа ( не дека љубомори) туку зошто му ги трошиш парите а он работел. НЕ ОПРАВДУВАМ ИЧ и ова е многу лошо исто како љубомората ама не вреди за тоа брак да се расипува... Сега сте тазе во брак сите сме имале таков период и јас имав на почетокот не стигнало до кинење на облека ама се караше со мене.
@Eli311 Не ми е јасно. Во првиот пост ги претстави твоите како модерни луѓе и дека поинаку те растеле и те воспитување. Зошто не сакаат да ти помогнат? Какви модерни луѓе се тие кога се грижат што ќе кажат другите, а не се грижат за среќата на сопственото дете? Не знам зошто немаш храброст, си пишала вработена си. Најди нешто под кирија што можеш да го плаќаш, една соба ти е доволна за мир и замини си најбрзо што можеш, можеби тогаш твоите ќе видат дека е сериозна ситуацијата. Децата сакаат да си заминат, мажот ти ти вика замини си јас не идам, што чекаш? Што уште бараш во таа куќа, што те држи таму? @Canay Да не му даваш шанса дури не ти покаже дека навистина би се променил и дека се кае за тоа што го правел. Инаку ако прифатиш сега да се вратиш само полошо би станало. Иако ваквите тешко се менуваат. А и многу ме интересира каква е таа облека што му смета, дали е навистина нешто толку провокативно или само тој така си замислува. Веројатно така си се облекувала и претходно, ако толку му сметало како бил со тебе во врска па и се решил на брак. Околу трошењето и излегувањето не знаеме дали работиш и колку имате финансии и колку често излегуваш без него можеби и во право е тој.
Затоа што му ги троши парите, и ја искинал облеката? Не, не сме имале сите таков период. Особено не на почеток, и особено не за облека, излегување. Дали е љубомора, дали е контрол фрик, дали е Кање Вест, не ме занима- нема хепиенд за таков брак.
Според мене НЕ за друга шанса. Ова е само почеток, уште ги испитува границите до каде ти толерираш и после малку по малку ќе ескалира работата. На вакви работи се сече од одма, не се дава шанса, има многу примери каде крајот е фатален. Биди среќна што сте тазе во брак и без деца, побезболно можеш да го напуштиш.
Работам да, па не излегувам сама без него И кога би излегле се вмешува ова не тоа не и се вмешува околу тоа кога одам на пауза колку би потрошила