Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Ист ваков си бил сигурно и пред да се земете, тогаш не ти сметаше?
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Canay

    Canay Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Не во толкава мера, имав разбирање
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.825
    Допаѓања:
    80.744
    Пол:
    Женски
    Точно е дека во брак кога си нема одма да се нафатиш на развод и ќе подразмислиш, ама за ваков случај, не треба давање шанса. Љубомора до степен да искине облека? Утре од љубомора ќе му текне да те удри, да те нападне. Бегај од агресија. Не сте многу време во брак и немате деца, подобро за да се тргнеш од него.
     
    На Трагедијаупмм, Dust, Ajronmen и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.316
    Допаѓања:
    189.971
    Батали го девојко, спаси се со време.
    Се се тоа финти на контрола и опсесивна љубомора и синдром дека те поседува. После ќе биде него да му ги даваш парите (ако веќе не му ги даваш), па да не одиш на работа, итн. Никаква втора шанса и никакви деца со ваков.
    Жал ми е што постојат вакви примери, ама знам дека не е нормално и дека не се сите мажи такви. Наредниот пат бегај на првото црвено знаменце.
     
    На Mumoftwo30, Skorpija25, Canay и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Тука ти е грешката, не требало да имаш разбирање, зошто разбирање за неговата болест? Не требало да склучуваш брак со ваков туку да раскинеш.
    Е сега, да точно дека не се разведуваш туку така ама твоево за жал нема да биде подобро, напротив. Немаш деца, работиш, бегај и не се врти назад никогаш!
     
    На eliesaab, *Amethyst*, Canay и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    27.610
    Пол:
    Женски
    Не вреди, немој да се вратиш оти многу ќе се каеш. Сега он ќе проба да те манипулира со извинувања, плачење, ветувања дека нема веќе така да прави.... немој да паѓаш на тие финти, не се менуваат таквите. Денеска е облеката, утре тебе ќе те содере, нема да ти дава ни родителите да си ги видиш и другарките.
    Арно на време си заминала.
     
    На Mumoftwo30, Skorpija25, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Како си имала разбирање, за што?

    Мене љубомората не ми е нормална ни во врска, ни во брак. Најверојатно самиот си има проблем со самодоверба и врз тебе ја истакнува. Караница за нешто да имаш е во ред, но кога таа се претвора во посесивност и агресивност, тогаш работите може само кон полошо да одат.

    Верувам дека полесно е да се каже да се разведеш, отколку самиот чин, но самата гледаш дека неговата љубомора еволуира кон полошо. Така да, и да се вратиш со него, самата запрашај се, дали вистински и длабоко веруваш дека тој ќе се промени.

    Имаш опција да предложиш брачно советување, но ако се противи и на тоа, мислам дека и самата знаеш што ти преостанува.

    Не смее никој да ти забранува начин на облекување, излегување, шминкање, работење, било каква активност која ја прави една нормална индивидуа. Уште помалку да ти кине облека. Што сакал да ти покаже со тоа? Доминација? Сакаш да живееш со посесивна доминација?

    Одговорот во тебе лежи.

    Дека мораш да останеш со некој, само затоа што си се венчала, не мораш. Учи од грешките, но биди мудра и поправи ги. Не оставај на времето да ги залечи, затоа што времето не е лек, туку твојот избор да направиш нешто подобро за себе.
     
    На Kaja991, Skorpija25, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Не знам поеќе шо да правам... Се скаравме нешто и ме заклучи дома со детето и телефонот ми го зема и еве гп неколку дена од тогаш само ми се понаша. Детско понашање на што личи ова не ми е ич јасно
     
    На Mumoftwo30 и mira.mira им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    27.610
    Пол:
    Женски
    Испонашај му се и ти, заклучи го кога ќе спие и бегај од таму. Развод одма.
     
    На Biljarkata, Mumoftwo30, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.899
    Допаѓања:
    24.171
    Пол:
    Женски
    На темава некои идат за тапшање по рамо.
    Ќе биде добро, ќе се смени, нервозен е, остави го малце, те сака. :inlove:
     
    На nena2010, Mumoftwo30, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Што ако се случи нешто опасно додека си ти заклучена во домот со детето и немаш ни телефон при себе?
    Што повеќе можеш да направиш. Многу повеќе од останување во брак со таков човек.

    Претходно имаш пишувано и можам да кажам дека само наоѓаш оправдување за неговото однесување. На кого се правдаш, на анонимен член на форум? Но, што си велиш на себе и како се правдаш на себе што уште седиш со тој човек. Никој не може од нас да ти каже магично решение дека со разговор вашето ќе се среди. Колку пати до сега си разговарала и не вродило успех? Што те држи уште во тој дом со него? Добар сопруг е? Добар татко е? Ништо од тоа не е. Тој е мивка од човек што не заслужува ни една шанса.

    Наместо да се вложуваш себе во наоѓање на решение за како да ти функционира бракот, почни да работиш на трајно решение како да се тргнеш од него. Еден живот ти е даден, ти бираш дали ќе останеш во него како жртва или победник.

    Те молам најди ја некаде храброста и самодовербата во себе. Ако не ја наоѓаш за себе, најди ја за детето. Запрашај се, дали ти би сакала таков татко каков што е твојот маж? Ако кажеш не, тогаш не знам зошто би мислела дека твоето дете заслужува таков живот и таков татко.

    Бегај од таму. Полошо сигурно нема да ти биде. Ниедна пара на свет не е послатка од слободата.
     
    На Skorpija25, Nausicaa, SummerGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.290
    Допаѓања:
    124.861
    Пол:
    Женски
    Мајко мила овој како мојот бивши.. Бегај дури дете не ти направил. Нема да се смири , нема да се смени, секој денар ќе ти го мери ќе те уништи ќе те контролира. Бегај со време како не си го оставила уште во врска јас не знам како си се излажала да го земеш. Сега ќе скине облека, утре кармин од уста ќе ти избрише зашто е премногу црвен, па шамар ќе ти плесне зашто си погледнала налево.. Бегај!!!
     
    На Joanna28, Mumoftwo30, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Buttermilk

    Buttermilk Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    И мојот проблем е сличен како на претходната членка.. 6год во брак а претерана љубомора од негова страна, бидејќи "многу ме сакал". Му сметаше инста бидејќи повеќе таму седев, и цела ноќ ме приверуваше за да најде нешто и најде тогаш на некои анкети што сум гласала за брак ама јас се полошата страна сум ја бирала и се налути смирено со солзи зошто така зошто вака ајде избришав инста помина некако тоа "заборавивме". Јас од тогаш не сум укл инста ми беше одјавен и оневозможен. Кога некни ми стигна известување, си велам пак ме проверувал го прашав негира вели дека ќе се заколнел дека не го чепнал тој, и почна да вели дека јас сум го укл негирав и само кажа ти мене ме лажиш и толку се налутивме. Еве 4ти ден како не збориме, проба на прочка да ми зборува ама не попуштив овој пат. Сега како понатаму? Ми здосади се јас да сум лажга и да ме прави како најрасипана жена на цел свет.. Уште нема да му зборувам ама џабе кај него нема нипто тоа да смени, освен што не спиеме и двајцата по цела ноќ.. Како е можно до тој степен да е не ми е јасно... Заборавив да кажам можеби малку и јас сум виновна оти инста користев за да пишам со другарка и разговпрпт го бришев оти на неа маките ги кажував, после пробав преку ватсап да комуницираме ама и тоа го откри пак кавга и сега не комуницираме а не се ни гкедаме воопшто. Да дозволуваше да се гледам еднаш во годината барњм со неа не би било вака, како во кафез се осеќам. Знам дека ништо од ова не е нормално, да имав каде да се вратам можеби би побегнала одамна одовде, ама како велат угоре високо удолу длабоко....
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.290
    Допаѓања:
    124.861
    Пол:
    Женски
    Никој, ама никој нема што тебе да ти дозволува или забранува!! Како бе да не смееш да се видиш со другарка? Кај ги наоѓате психопативе не ми е јасно.
     
    На Stressed Out, Bixi, Lady D ❤️ и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Buttermilk

    Buttermilk Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Не директна забрана ама пример немало за што да збориме, бившите ли ќе сме ги оговарале.. Од различен град сме и таа е мажена велам ајде на гости да и одиме ама не немало што тој муабет да прави со ми на другарката...
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.290
    Допаѓања:
    124.861
    Пол:
    Женски
    Па иди сама ти.. што е проблем. 2024 година сме зар уште без мажи никаде не мрдате. И што го боли кој ќе оговарате. Бивши, сегашни идни. Кожа ми се ежи кога ве читам. Тоа не е брак тоа е ропоство.
     
    На Stressed Out, SanMichel, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Buttermilk

    Buttermilk Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Оо сама никогаш не би ме оставил да одам. Се е со мене не паметам некаде сама да сум била. И тоа за бего е нормално
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.290
    Допаѓања:
    124.861
    Пол:
    Женски
    Тешко тебе жено. Два дена не би издржала со таков.
     
    На Stressed Out и Buttermilk им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    17.963
    Леле зарем е можно ?
    Извини на дирекност ама ова твоево не е живот. Кој е он да ти го контролира животот? Предмет си ти што го поседува? Боже Господе. Јас, а верувам и сите во нормални бракови, не го прашувам дали да одам. Кажувам чисто да се организираме дома околу децата , палам кола и идам. Никогаш не ме прашал што муабет имам со колегите во кафана, а замисли повеќето се мажи, а камо ли со другарки.
    Не е нормално ова што го преживуваш ...
     
    На Mumoftwo30, Stressed Out, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.709
    Допаѓања:
    10.450
    Пол:
    Женски
    И како издржа 6 год со ваква будала?
    Што има да ми забранува? Јас не сум ничива сопстврност, а и одма си одам од таков, па после ако сака и пред врата нека ме моли и чека.
    Не смеам да одам кај другарка? Мало сутра! Имам 2 деца и одам кај што сакам, ниту ми пререкол некогаш, ниту ќе дозволам!
    Зошто ова го дозволувате како жени? Затворени дома? Па и да ме манипулира да избришам инстаграм или да не комуницирам со другарка? Па дал' сте бре нормални што трпите?
     
    На Stressed Out, Lady D ❤️, minne992 и 5 други им се допаѓа ова.