Ти треба да му кажеш дека не е сакање тоа туку напнување и манијачење. Човек што сака наоѓа компромис и балансира во животот.
На кој да му каже? На суровина маж што има дома? Арно и интернет што има да пише на форумот. Ќе гасам Иснта за него да му угодам, аха важи нема проблем.
Па по муабетов кога се запозНале зар не знаела дека е љубоморен. Само сега е поизразито најверојатно што веќе преоѓа во здравствен проблем конкретно психички.
Овај тип на мажи циљаат на жени кои можат да ги модрлираат по нивно. Јас и никој друг. Дур се свестат нема другарки, нема фамилија, нема никој сам он и неговите.
што кога сопругот, ја омаловажува и вреѓа сопругата пред своите деца, личен напад за изнесени невистини за мајката, некултурна, ѓубре, без фамилија, ништо свое... иначе жената е посветена мајка, вработена, домажинка, нахранети облечени, прошетани деца , посветен е и сопругот, но при расправии и нетрпеливост ја понижува мјаката на веќе пораснати дечиња од 8 и 4 години, тие молчат и не завземаат страна, едноставно слушаат, мајката не ги испрашува потоа но велат дека им е жал што така се збори за неа... како да постапи жената?
Да се разведе. Како може таков човек да не и е одбивен и да дели кревет со него? Тој што те сака и ќе те почитува. Ни пред деца ни на само не е нормално.
Да си го седне мажот настрана (без деца) и да му објасни малку да си го контролира јазикот (и мозокот). Ако имаат девојче да го праша дали би било ок утре некој така да се однесува со ќерка му. А децата нема што да заземаат страна, само за грев со такви трауми.
седнат е многупати и разговарано е, едноставно човекот е поган на уста, последниве 2 до 3 години само е поголтанно и ајде демек ќе има мир, демек ќе се среди, имаше нешто проблеми човекот на работа, па сето го донесе и дома, иако се смета за стабилен. Женава сака да земе стан под наем и да се исели со децата,(тие се многу приврзани за таткото, добар татко лош сопруг) но што ако пријави во полиција дека му се одземени и сл? иначе и двајцата се вработени со редовни плати и кариери
ако мајката си замине со двете деца во друг стан, таткото не се согласува на тоа, а воедно ја вреќа и брка мајката од дома
Па нека снима она што се случува и нека си отиде од дома. Ако полиција дојде на врата нека си прикаже што се случува и нека седне одна да си разговара со децата дали ако би заминала би дошле со нејзе итн.
Љубомората за облеката верувам дека може и да ја надмине. Знам за мажи кои се отворени да се подобрат себе си, па со прави зборови, во прави моменти, примиле совет или критика и го надминале тоа љубоморење, го надраснале да кажам. Можно е да се обидат да созреат и да успеат во тој обид, во смисла да такви љубоморни забелешки станат реткост или скроз да ги снема. Но агресијата на твојот повишен тон не е прифатлива. Сега облеката го извлекла подебелиот крај, но што ако утре тоа си ти? Добро е што си заминала после тоа и што така си постапила кога те барал. Мора да сфати колку неговата реакција е неприфатлива, дека преку тоа нема да пројдеш и дека заради таквото однесување може да остане сам. А дали бракот ќе се одржи зависи од тоа што после ова тој ќе смени во своето однесување. Треба и тоа да му го кажеш многу јасно и да му побараш дела а не празни ветувања. Сега ти е приликата да расчистите и во однос на таа болна љубомора. Кажи му дека или ќе ги прележи тие детски болести и адолесцентните испади ќе ги остави зад себе или ќе си продолжите секој по свој пат. Реалноста е таа, ако едниот е позрел од другиот, подобро е да се разидете. Или заедно ќе созревате и ќе еволуирате или нема да можете да живеете заедно. Уствари топката е кај него, од него зависи и од тоа колку ќе сфати и ќе се промени...
Да ме заклучи дома и да ме остави без комуникација!? Жими се некој ова да ми го направи, во првата прилика кога ќе ми се укаже ќе си заминам, око нема да ми трепне. И детето со мене ќе си го земам и ќе го пријавам во полиција. Право на движење некој да ми ограничи?! Има да го добие дупло полошо од мене. Не е детско однесувањето, патолошко е! Деца не земаат за заложници жени и (сопствени) деца!
Oва секој маж треба во умот да си го стави... ама на некои затуцани не дека им значи овај муабет... уште кога им велат на ќерките, нека те тепа ќерко, срамота од комшиите е да се разведуваш, трпи.
Девојкава/женава најарно во Развод да го продолжи муабетов. Никакво заминување без деца, и никакво разговарање со деца, дали они би дошле и тн. За тоа повеќе практични совети во соодветната тема и консултација со адвокат.
Maž mi ima koleška što celo vreme mu se butka u društvo. Pred da bideme nie zaedno ona sakala da bidat par, ama maž mi ne idel u toj pravec. Ama mene ušte me nervira što rabotat zaedno, koj znae kolku mu se pika i mu se vrtka na rabota, baška proslavi, svadbi na koi jas ne sum viknata. Plus i trudna sum i ič ne mi e po kef situacijava, iako on vika takva e, ne ja doživljavam ko žena, nego ko drugarka. Ama. .
Најважно е, дали имаш доверба во сопругот и како тој постапува и се справува со такви ситуации, каде таа му се упикува и сл. Разговарајте убаво и отворено, објасни му дека и поради хормоните дополнително ти е непријатно. Тоа шо таа се уште работи со него и како таа се однесува, не можиш да смениш. И гола да се соблечи, не можиш да спречиш.
Имам у него, немам у неа хаха Иначе другово се точно, ама тоа влечкање сами по свадби и прослави, уф, чурам
Не е таков, барем ја така мислам, али дека му се натура таа, разведена е, не се замара многу, е тоа видливо е од авион, и што ја одбил, одбил, али ме живцира секако нејзиното однесување, особено неговото епа што да правам да ја убијам ли...