1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Ако досега го немаш запознаено во такво светло, ако сега со доаѓањето на бебето се смени, значи од таму потекнува проблем.
    Во ниеден случај не го оправдувам, таквото просто однесување, ама некако ми личи дека тој не може да сфати и да те гледа во улогата на мајката. Кога си мајка се менуваш, посебно во тој прв период. Целото внимание го насочуваш кон бебето, го доиш, пресоблекуваш, се запоставуваш... Можеби од таму потекнуваат тие изјави дека не може да те поднесе. Можеби е љубоморен бидејќи не го има твоето внимание сега, мисли дека сега ете бебето е центарот на светот (што и е во тие првите месеци), можеби и самата ти му праќаше такви сигнали.
    Бракот останува брак и треба да се негува без разлика дали имаш деца или не. Вие сте семејство и сега и тогаш кога немавте деца. Обично жените тука, приметувам, дека прават таа грешка. Добијат дете и како да е завршена работа. Очекуваат и мажите да се посветат целосно на бебето и сите да го заборават својот живот. Да не ме разберете погрешно, бебето е на прво место, посебно во овие први месеци, ама и двајцата не треба да се заборавате. Ама ова функционира само кога и двајцата, и маж и жена, се разумни и одговорни личности.
    Јас би те посоветувала да размислиш. Дади си време тогаш, и на себе и на него. Не избрзувај со одлуката, не притискај и немај очекувања. Можеби едноставно на маж премногу одговорности му се гледат, па не знае како да се носи. Друго не знам што да ти кажам. Јас би останала кај родителите некое време, и би почекала да видам како ќе се развиваат работите понатаму. Може да му кажеш дека не сакаш да вршиш притисок на него и ќе почекаш да се стабилизира тој за да може да разговарате како нормални, разумни луѓе, за помирување или пак за развод. Ама сталожен, зрел разговор е најпотребен и најбитен сега.
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас би отишла кај родителите, може тогаш ќе свати што имал а што нема. Мислам дека ако го оставиш сам или ќе се врати по старо или ќе се разделите. Наеднаш никој не се менува, ама детето да не сака да си го види и да те избрка со се него.....извини душо ама не ми личи дека е асален во паметот.....со среќа
     
  3. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Незнам стварно што да правам,моите ме подржуваат што и да одлучам,и за нив ова е шок место сега најсреќни сите да бидиме со бебето,ние вакви нервози.Тој на моите им рекол ако сум сакала да се вратам,ама со мене само службено за бебето да сме разговарале,еве неколку дена сум дома.Тој треба со мене да направи муабет да разговараме ама не сака да прави муабет,па тој не е со моите во брак па со нив да ги решаваат проблемите,треба со мене.Вчера требаше да се вратам,но каде да се вратам,тој мене ниту ми рече ниту ме побара да се вратам,освен на моите тоа што му го рекол.

    И кога моите му рекле зошто го нема да дојди детето да си го видел,изговор му бил демек тој што барал кај нас се знае кај му било на детето местото.Еве да се вратам сепак ми е за детето најмногу но како јас да постапувам со него,да не му правам муабет,да не викам кога ќе шета од сабајле до сабајле???Кој би останал рамнодушен на ова,ме чуди што премногу ме замрази ме гледа со злоба а зошто само?

    И да се вратам пак по старо ке биди ми е страв повторно да не ме удри и да ме избрка
     
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Јас не би се вратила ни под разно, ма не би ни помислила ако така се однесува. Чуј да се вратам, а тој јасно кажува дека не ме поднесува, па имај малку достоинство.
    И тие приказни, да се вратиш само ради бебето, зошто? Само да се води дека бебето има татко покрај него (кој патем и не е до него).
    Па ако веќе го гледаш на бебето само да му угодиш, остани си кај своите, таму ќе е посреќно и оно и ти!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Мое мислење, колку се разбирам од патерн на однесување, ова на маж ти не му е од вчера, од преку ноќ, или пред една недела. Тој што уште треба да сака цел свет да частева дека станал татко не брка од дома жена со ќотек и штотуку си роденото дете. Нормално е ти како родилка да реагираш надвор од тоа што си, за кое не се зборува многу, ама се случува доволно често, рушум од хормони да родилката го одбива детето, не сака да го види, се да и смета и да мрази цел свет почнувајќи од таткото. Нема кај таткото ништо биолошки да го смени одеднаш, а за психолошки, освен ако е тежок психопат со тапија, ваква промена во однесување е практично невозможна. Да, промена е голема доаѓање рожба на свет. Се тоа што спомна феминката погоре, во смисла да ја мажот гледа жената со други очи, мајка е, па и љубомора за делење со уште едно човечко суштество или запоставување изглед и се тоа да се појавува, во ред е и тоа и најнормално е, ама не е од ден еден, тоа се создава со време од месеци и месеци поминати во нови услови на адаптација.

    Најверојатно, по тоа што сте толку малку време во брак, а во поголемото време ти си била бремена, е дека се има поколебано што се женил, дали со тебе, дали воопшто со било која да се `зезнал`, не му одговара да е врзан он си знае зошто, и едноставно чекал да се породиш за да не ти ги ствара овие нервози додека си била бремена. Си се породила, му олеснило, веќе не мора да те пази, и истура се одеднаш што стискал со месеци.

    Совет не давам, зошто се што реков е моја претпоставка зошто сте стигнале таму каде што сте. Единствено доколку стигнете до степен да можете да поразговарате како возрасни е да го самата прашаш зошто и од каде ваквото однесување, и ако сака да ти објасни и од него зависи дали ќе си каже или ќе трае. Како понатаму само ти можеш да одлучиш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Mожи да е така да се чувствува како заробен,бидејќи кога ќе се врати дома јас му викам каде беше цела вечер,и при секоја кавга ми напоменува дека тој дома нема да седел дека тој филм нема да го гледам јас нема да сум му забранела да шета.Незнам што да мислам каква и да има заабава по дискотеките,самиот треба да биде свесен дека најголема радост му е детето,не јас да му велам зошто шета до касно.

    Дома неможи да седи како да се гуши,да се кае што се оженил можи незнам,ама зар мене ми е лесно?И за мене е сето ново,непознато,но јас не се откажувам како него.Што треба и јас да речам неможам,да си излезам и јас,и детето кој ке го гледа/.

    Тој ми вели ти си мајка ти треба детето да си го гледаш,а тој да си шета.Му велам зошто ме земаше,зошто ми правеше дете кога ниту мене ниту пак детето го гледаш.Јас не сум знаела да си поќутам маж бил што имало врска ако си шетал,демек јас сум се поставувала како маж во бракот не сум знаела кај ми е местото.

    А уствари што му правам јас?Цел ден сама дома тој си шета и на крајот јас виновна,преморена сум немам спиено со денови бидејки тој 5 мин нема седнато дома да ми помогни или детето да го види.

    Мислам да не си одам додека не ме побара,а еве деновите поминуваат а од него ни трага ни глас.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не да те бара, да те мооли, да коленичи пред тебе, после се` ова низ коешто поминувате ти и твоето дете, толку време не се интересира за вас, ако се вратиш, исто е како да му викаш „слободно праи што сакаш со нас“. Размисли за првото враќање, тоа е најважно, затоа што ако се вратиш, кога ќе избие проблем (а за тоа шансите се големи), мнооооооооооогу потешко ќе се решиш повторно да се вратиш кај твоите.

    Абе ти треба да се разгалуваш сега поради хормоните и да те толерираат, а не ова да го преживуваш.
     
    На De-lovely, Glasna, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Денес повторно се јави кај моите бидејќи вчера требаше да си појдам,и праша дали денеска ќе сум одам моите му рекоа не дека утре ќе дојдам.
    А мене не можи да ми се јави да праша кога мислам да се вратам.Уффф не ми се оди ич,бидејќи ми е страв од тоа што би ме очекувало кога ќе се вратам,искрено не се надевам на подобро.
     
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    леле не оди бре! па како можеш да дозволиш такво потценување, понижување :worried:
    нема ништо да ви се смени, ќе се испотепате после два дена. Тоа така не се решава, ееееј ни да разговара со тебе... ниту да проба да ја среди ситуацијата.
    Ти не си негов роб, слугинка, зошто му дозволуваш да ти прави од животот пекол?
    Каков живот ќе имаш зависи само од тебе да знаеш. Размисли добро и после немој да се жалиш.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ништо друго да не седнете муабет да направите и да средите пред да отидеш, барем заслужуваш лично да те побара да се вратиш. Како човек да те побара како човек да му се вратиш. Не како договарање меѓу луѓе за животина кога некој каде треба да ја води.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Така е во право сте,ни мене не ми се оди,од дома моите ми велат да одам иако и нив не им се пуштам таму бидејќи знаат што ме чека.Ете тој преку моите договара кога да појдам бидејќи со мене само службено ќе разговарал.А што сум јас службеничка или негова жена и мајка на неговото дете.
    Ако не појдам тој еве неколку дена ниту ме побара ниту дојде да го види детето,познавајќи го гордоста му е на прво место мислам ако не појдам утре тој нема ни да ме побара.

    А ако се вратам јас стварно незнам како да постапам со него,не сакал ни муабет да му правам ни ништо,ако пак го игнорирам знам ќе речи нешто за кавга да фати,ќе си биди по старо ќе си шета јас дома.

    Денес мислев јас да му се јавам да дојди да разговараме ама се предомислив,бидејќи тој треба да го направи тоа.И што е најважно од се тој си мисли дека е праведен и дека јас сум таа која е крива.
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Катерина , како службено да појдеш ? Не разговара со тебе како маж , ти праќа пораки по твоите .
    Па искрено моите да се , ќе му заклопат телефон и нема да дозволат некој да ме понижува па и пред сопствените родители , ни крива ни должна .

    На што ќе се вратиш ? На сопруг? На дом ? На семејство ?
    Тоа го нема кај вас , човек кој ќе испуди тазе породена жена згора на тоа ќе ја удри , па и не сака да разговара со тебе за вашите брачни проблеми и те уценува преку родителите , не може да се нарече маж а ни татко .
    Биди силна , не одиш на арно па и со мало дете .

    Викни го сами да разговарате , ти постави ултиматум тој да се смени или развод . Па тогаш може службено тој да си го гледа детето . :^)
    Човекот ми личи како мрднат од акалот , најсериозно . Дај не си играј расипан телефон , превземи одговорност ,мајка си , застани цврсто и бори се за твојата среќа и на твоето бебе.
    Верувај не правиш услуга никому ако се вратиш на ваков нестабилен човек , најмалку на твоето дете кое треба да расте во здрава средина .

    Мораш да бидеш посилна за твоето дете .
    Ова не е нормално што ти се случува , ама самата себе ќе се осудиш ако се вратиш под тие услови.
     
    На bibiiii, senza.parole, De-lovely и 6 други им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ако му е до гордоста голема што не те бара лично, нека му биде, голема работа, дај му ја нека ја ужива кога му е важна, ништо не те кошта во споредба што би те коштало ако не застанеш и да се браниш(не физички, туку да си го земеш правото да збориш сама за себе). Ти јави му се и повикај го на раговор. Доаѓа или не доаѓа. Тогаш според неговата реакција барем ќе знаеш на што си. А и твоите ќе знаат исто така.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    целосно се сложувам со мими а посебно делот кај што тој службено ке си го гледа детето, да да ако се работи за било какво насилство, ке може да го гледа само два пати месечно по два часа и тоа во присуство на социјален работник
    Но за ова треба посебно барање да поднесеш


    слепец, кретен, идиот
    ете така да си се испразнам, уф ама се изнервирав битнага
     
  15. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Во право сте девојки,ако појдам така без разговор ништо не сум направила само му давам за право повторно да ми го направи истото,и пак да ме избрка.
    Му пратив порака да дојди да разговараме како луѓе,сега чекам да ми одговори иако мислам дека нема да дојди.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    ако и да не дојде не се нервирај
    тој губи секако
     
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Kатерина,овој твојов ко да нема три чисти во главата(извини на изразов),многу ме потсеќа на типичен сељак,кој едвај чекал да порасне,да се ожени,да склепа дете и од тој момент да изиграва голем маж ..поточно да лечи фрустрации на тебе,можеби оваа слика во главата му била создадена уште од најрана возраст(на некој се огледал) или некој од страна во овој момент го под буцнува (друштво,фамилија и итн).Tака брак не функционира,со шетања од јутра до сутра,со лепење шамари по некој што одлучил за заеднички живот да делат во иднина,па да ти дозволува тој колку ти смееш збора да изустиш од твојата уста,па на твоите такво понашање по телефон,можеш самата да процениш дека сељачизмот колку искача од него,сигурна сум до пред да се земете тој по дома бил без гласна буква.
    Mој совет назад не ...и вака и така си без маж,само што кога би се вратила назад,би била психички и физички малтретирана ,а вака бар кај твоите си по спокојна и по смирено можеш да спиеш без да доживуваш икакви трауми ни ти ни детето.
    A инаку по колку години сте со партнерот???
     
    На mimiiiii, Sky-butterfly, anina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.553
    Допаѓања:
    151.173
    Катерина никакво вракање назад додека не седнете како двајца возрасни да разговарате,сака да остане у брак со тебе или не сака немој изговори заради детето ,детето ке си порасне вие двајца ке треба да останете во брак за цел живот
    И да не дојде и да не сака да разговарате седи си кај твоите ,закрепни од пораѓајот па после со господ напред ке си го средиш животот
    Жена што туку породена каде хормоните и се лудило ,каде што рана ја боли ,крвари,дои ,гради ја болат аместо да и се тресе да ја понудува со вода храна да и помага он па сељак еден знаел шамар да лепе па и ке се прашуваш дали да му се вратиш никако ако си луда само повели Наместо жената да паѓа у депресија неа да не и се сите овци на број тука мажот е жртвено јагне зошто ?Шо он да не бил напрчен на боксот да раѓа Да си се цениш сама себе и да не си пуштила нога таму додека не ти се извини и да обека пред твоите дека ова е последно биди цврста не попуштај
     
  19. katerina-katerina

    katerina-katerina Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Не ми е јасно мене од каде тој толку омраза кон мене,дури и моите ми рекоа кога правеа муабет.Демек неможел тој да ме поднеси,јас сум била разгалена се сум сакала по мое да биди.

    Кога се расправаме сите жените од другарите вредат а само јас не сум вредела.А повеќето од жените на другарите се само по шопинг,нон-стоп излезени и тие за него вредат а јас не бидејќи место да трошам пари јас гледам се да биди дома погодено.

    Тој за банални работи ми вика,имаше случка кога тој беше така подзамислен и јас нормално го прашав што му е кога почна да вика која сум била јас да го прашувам,демек да неможело човек да се замисли не сум знаела кај ми било местото..

    Како не му се здосади да шета,да е 18 години ајде интересно му е ,ама возрасен човек ова да го прави...

    И сеуште ме нема побарано,знаев.
     
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    мила подобро ке ти биде сама
    тоју што еднаш успеал да подигне фамилија пак ке го направи тоа, а ваквите ко маж ти незадоволните, никогаш нема да бидат задоволни и 5 пати да се женат
    да тешко ке ти биде на почетокот, ама ке помине
    каков ужасен човек
    незнам што да ти кажам, има феминки кои поминале низ ова и подобро те разбираат, ама јас многу се нервирам во делот кај што кажува дека сите останати жени се подобри од тебе