Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    5.999
    Пол:
    Женски
    Другите како дознаваат? Давате покани на одредени луѓе или се кажува на сите дека тогаш и тогаш ќе има прослава, кој може нека дојде.

    Знам дека прашувам многу, ама пробувам да дојдам до информацијата како некој непоканет се јавува на нечиви семејни собири.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.155
    Допаѓања:
    12.880
    Пол:
    Женски
    @Stela Maris што ми текна сега, фати си ја работата малку подипломатски, седни го мажот ти и речи ние сме маж и жена, а тоа значи дека треба да сме едно. Вака и вака е, нема што да ја должиме се знае како треба понатака. Остави го малку, ќе видиш како ќе ја мисли. Мора да буткаш и ти како жена тактички (ако не поттурниш од маж нема аир). И смирено.

    Ваквите "колегијални собиранки" се баш причина за секој од работа да ти ѕирне в куќа и еве да не е оваа, буквално друга ќе ја замени. Затоа работа, колегијално седење и дружење - да, ама претерана близина не е секогаш добра.
     
    На *Amethyst*, Mumoftwo30, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.368
    Пол:
    Женски
    А зашто мислиш дека ти е закана за бракот?
    Ајде отворено кажи си.
    Она го сакала он ја одбил и сега уште му се лепи.. не проаѓа.
    Па не му е бре на мажот ти залтен па само твојот да го брка.
    Има тука нешто трето што или не ти е кажано или не сакаш да си признаеш.
     
    На Lady D ❤️ и Didi87 им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.939
    Допаѓања:
    35.017
    Пол:
    Женски
    Има многу напорни жени, се упикуваат со сила каде што не им е местото.
    Да, мажот е тој кој што треба да го зачува бракот, ама познавам жени што се многу упикливи, што бара да му се упикува на женет човек?
    Ја разбирам членката што така реагира, а и трудна плус, хормони работат, можеби еден ден за ова ќе се смее.
    И нигде не пиша дека и сметало што одел сам на прослави, прочитав дека пиша не иде да не оди, и смета што колешката ете го влечела да играат, да се сликаат...
    Ок е да се сликаат колегијално, ама вака со сила, не знам, очигледно си сака нешто.
    Ова е мое мислење, без негативни коментари "мажот е виновен итн".
    Да, виновен е доколку го дозволи тоа, ама па некоја толку да му се упикува...
     
    На Gosh, Amelia., Stela Maris и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.232
    Допаѓања:
    7.795
    Пол:
    Женски
    Види ваму се те разбирам што пишуваш знам дека има многу вакви напорни жени. Дури и се чудам како малку немаат гордост и достоинство.
    Кај маж ми имаше една во фирма зборувала по другите колеги како во фирма мм бил најубав. И дека да може би имала нешто со него. Тогаш нова беше. И кажале дека е женет има ќерка. Кажала дека не и е гајле за жена му(читај за мене).
    После се распрашувала која му е жена сакала да ме види на слика и слични глупости.
    Ама таа што е таква не и се свиѓа само маж ти на таквите им се свиѓаат повеќе особи ако не е тој ќе биде друг.
    Оваа пробала преку колега од мм , му кажала на колегата дека и се бендисал бла бла и колегата пошто ме познава и мене и кажал дека и гола да му се соблече ќе помине и нема ни да ја погледне дека си ја сака жена му. И ете ја сега била во врска со некој оженет со деца плус албанец некој со пари. Брзо си наоѓаат други жртви таквите жени.
    Само маж ти треба подиректно да и каже да се откачи. И оваа на мм му звонеше за работа ван работно време. Мм и кажа више да не му звони ако си има нешто за работата постојат шефови менаџери со нив нека реши.
    Јас пошто имам работено со мм уште не бевме ни во врска тогаш знам он како се однесува на работно место особено со жените. Не е таков да дава некого повод секогаш си ја гледал својата работа и обично не бил многу многу да коментира особено не со колешките.
    Така да ако маж ти не ја рецка џабе и е. Знам те нервира што се упикува ама маж ти мора подрско ако треба да и даде до знаење. Тука он е крив.
     
    На Трагедијаупмм, butterfly_91, *Amethyst* и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.023
    Пол:
    Женски
    Се кажува на сите од негов сектор тогаш и тогаш, и има блиска во тој сектор, претпоставувам таа пренесува, а може и грешам душа. Едноставно жени си прават муабет, а пошто маж ми е на позиција повисока, си кажуваат
     
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    Во било каква ситуација со трета страна, било свекрва или некоја нападна, мажот е изворот/ виновникот.

    Едноставно не може да дојде непоканета на мекици во некоја кафана. Како поинаку би ја знаела локацијата? Не може да му е незгодно да ја одбие за сликање, оти колегите биле таму.

    Не мора да значи дека твојот маж крие нешто со неа. Туку како и секој втор, валјда му годи на егото.

    Но, тоа не е во ред, бидејќи ти се стреснуваш. Затоа решението е или да му поставиш ултиматум или комплетен игнор да ставиш на ситуацијата, за твое добро.
     
    На eliesaab и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  8. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.023
    Пол:
    Женски
    Ја истото му го кажувам. Супер е да имаш коректни колеги, ама не да знаат се. Има секакви, е ко улавава.
    Ама се дознава, фирма, сакаш не сакаш се се знае, и тоа ај, ама малце дистанца му викам и од другите ако треба

    И се може, на позиција добра е. Додуша и маж ми, ама овде за неа е муабетот.
    Се си кажува, вака било, така било. Не морал ни да каже дека му се гурала, нели? Можел да каже таква си е, да не кажам нешто просто сега, епитет за таквите и толку.
    Не знам

    Воопшто не ми смета што иде на прослави. Колективна слика исто, али од кадар каде и да видам он да се сликал со некој колега/ги, она е бре у позадина
    Можел пред мена да биде со неа, не бил, знам, имал и други врски долги, и тие се сега мажени жени, али оваа забегава. Наводно била шарена и со бившиот, таква си е, ама смета

    Се точно напишано. Му викам и јас дај малку поагресивно, ми вика жено се расправам со неа, и наоѓам мани у работата, намерно, ненамерно, ама си доаѓа на пауза тука и се вртка, не можам да ја избркам.
    И така е, што да и прави, не го бранам

    На последната свадба, заедно бевме, така испадна да се познаваме поблиску и со колегите негови седев и јас со него. Ти се верува ли, му вика, ПРЕД МЕНЕ, ај да играме, он вика не бе какво играње, не игра жена ми, сега не смее, таа одговара па што има врска...
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    Последна измена од модератор: 15 мај 2024
    На Anyshka, eliesaab и Polyincognito им се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.284
    @Stela Maris Тогаш штом е ептен таков пациент, не се нервирај. Значи може само да и се смееш, валјда тоа повеќе ќе ја изнервира и ќе се оддалечи :D

    Ако се спушташ на нејзино ниво и и придаваш значење, само уште толку ќе ве замара :D

    Кулирај, уживај во бременоста и не им давај внимание на такви :hug:
     
    На Трагедијаупмм, Amelia., LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.023
    Пол:
    Женски
    Е морам да кажам, дури и свекрва ми знаеше за проблематичнава, сега е веќе почината. Ми кажа еднаш кога веќе бил со мене, дека оваа дошла дома кај нив, кога он живеел уште таму, као да донесе колачи на стари луѓе, свекрва ми и рекла, ааа убави ти се, ама на идната снајка немаат цена, чекај да ти донесам да пробаш.
    И стварно вака ако гледам малку олабави периодот, ама кога умре свекрва ми, после пак турбо
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.489
    Сега сериозно : стварно е за смеење женава:D
    Ама и свекрва ти одлично и кажала8)
    Јас за ваква "обожавателка" би го зезала маж ми до небо и назад. Мајтапи ќе си правевме, а не тензии...
    Уживај си.
     
    На smooch, Pixi5, butterfly6223 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.023
    Пол:
    Женски
    Па не е нормална, ок, другарка си му, колешка си му, пред мене се знаете, сте иделе колективно, знаете кој каде живее, ама сестро, ја сум сопругата, нема натпревар и да имало, ако она така мисли, завршил. Мада ја не знам дека сум се такмичела со неа хаха

    Не се расправаме, не ме сфаќајте погрешно, покушавам да се извлечам само од женава. Ко вегета е
     
    Последна измена од модератор: 15 мај 2024
    На Pixi5, Amelia., Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.489
    Вегета, со поише вода плискање, се раствара:devil:
    Уживај , те сфатив. Трагикомично е . Иритатно, апсолутно, но трагикомично...
    Ко бев во основно си велевме " уживај и пливај" (fingers)
     
    На Pixi5, M&M, Amelia. и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.939
    Допаѓања:
    35.017
    Пол:
    Женски
    А бе ние што сме им сопруги, па ако се сликаат машко друштво се тргаме на страна, не некоја си ќе се прчи.
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.023
    Пол:
    Женски
    Да де стварно, се сликаат сега на свадбава и ја тргнав на страна да се тргам, ми вика колегата ај сега и ти со нас, ја викам не, ова е она е, со маж ми ми е незгодно да се сликам со колега негов
     
    На Amelia. и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    11.009
    Пол:
    Женски
    Јас членката не ја сфаќам дека се осеќа како да и е загрозен бракот, туку дека и смета оваа што се пика кај што не и е место. Плус хормони кога се во прашање во бременост, се однесуваме како да не сме ние. Ова по мене си знам, во бременост плачев за банални работи а јас не сум воопшто плачка. Или на пример кога бев бремена рикав 2 часа оти мм ми рече оди понатаму да седнам, нема место овде. Сакам да кажам дека хормоните ептен во ваква состојба човек и не може да расудува, како побеснети сме :drunk:

    Ама па и колешката што е без осет е. И не се чудете за вакви жени, ги има не сте свесни колку. Овие се нападни, без граници, што немаат осет, како оперирани од чувства, дури мислам и да ја изврега маж и оваа ќе си тера по нејно. Тоа се посебни врста на жени. Во живот не сум сретнала мажи без осет вака нападни, маж да игнорираш нема да му текне да ти се упикува, ама жени ги има многу.
     
    На Skorpija25, *Amethyst*, BlackNight и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    Дали сериозно немаш чуено за нападни мажи?
    Можда затоа што, кога би била обратна ситуација, колега да ја ,,опседнува,, жената, поверојатно е жената да крене раце и да даде отказ, отколку да биде постојано мета на ... сексуално вознемирување ли се викаше? :?: За маж не постои тој предмет, нормално, од причини икс, ипсилон. Со други зборови, не можеш баш да силуваш маж, така што, ако некоја не го интересира, мир во куќа и никому ништо.
     
    На Gosh, M&M, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    2.023
    Пол:
    Женски
    Може и хормоните се, ама и без бременост ме нервира.
    Би ме нервирало и на моја другарка некоја така да и прави, камо ли па на мене, кај се најде...
    Бракот ни з од загрозен, него баш понашањето нејзино и безизлезноста, се што напиша за тој тип жени е така.
    И отказ да даде, таа ко поплава ќе најде пат
     
    На Anyshka и anggell им се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    11.009
    Пол:
    Женски
    Па искрено и не мислев во таа смисла, сексуално вознемирување.
    Има да мажи такви, не сум имала искуство со такви фала богу. Мислев во смисла да се напикува некој сам да се поканува, да и пишува постојано за излегување. Не мислев на таа тема, тоа веќе е друга тема сексуално вознемирување. Повеќе ми беше муабетот за нападни, досадни..
    Ете од пола другарки што имам во младоста ако сакаа некој да добијат, и бивши кои ги имаше откачено беа упорни, се јавуваа, се појавуваа таму кај што е, па го викаа на кафе, и покрај тоа што веќе беа во врска.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.368
    Пол:
    Женски
    Е ова е веќе патологија..