Стварно се чудни, и веднаш тролаш. Не, него си правам муабет, ете дознав и други имало во таа или слична ситуација. Некој ме разбира, тие што не го разбираат проблемот, не го разбрале, тоа е.
Jas nekogas kazuvam sto se slucuvalo, nekogas ne, zavisi. A i mm ne mora da mi kazuva sto se slucuva, ama ova e loso da go skries, doaga nepokaneta na proslava i se pika i cereka na sve zivo, i na maz ti, i jas kako treba da sfatam, koga prv pat bi go videla toa, a MM ne me izvestil? Ne mora detalen izvestaj da mi dava, nitu pa jas na nego, ama vakvi raboti se dosta seriozno zabegani, bilo da se rab za masko ili zhensko. Ima sekakvi pacienti navistina, i jas od licno iskustvo zboruvam. Ja da sum na tvoe mesto @Stela Maris sleden pat koga kje mi dojse nepomanera na proslava, ako nejke MM, ti izbrkaj ja na najkulturen nachin. Ednostavno ne moze bilo koj da se pika vo nasi privatni proslavi, i gotovo. Ako saka direktor na firmata neka bide, ne me interesira voopsto.
Аууу што си била ти опседната со мене .. полека бре. Тоа беше кажано како моја глупост која верувај ден денес не можам да си ја простам како сум била глупава.. Сега продолжи да ме аналиизраш.. кога веќе немаш попаметна работа.
Тоа само ти кажува дека некои не се искрени за битни работи во брак. После се чудат што ги снашло. Ја му викам сега кога ќе се роди второво бебче, ич не викај никого од работа, почасти ги и толку. Барем тој момент да ја избегнеме. Лето ќе биде, крај јули почеток на август, па кој на одмор, кој не е, демек накнадно собиранка и така.
@Stela Maris од мува правиш слон. И непотребно се нервираш. Аман жено ја надува работава мислиш во кревет ти влегла. Со самото тоа што пишуваш за неа по форуми ти толку и даваш до значење што ете она успеала во тоа што сакала.. ако тоа и била намерата. А за тоа дека работи во HR и знае се за секого и го користи за вакви работи има начин, си има директор, фино лепо кај него/неа и крај. Не смее да злоупотребува податоци на вработени и да се тура кај не и е место. Инаку не се плаши од таа за која ти кажува, со таа нема ништо.. плаши се од тие за кои не ти кажува, кои не му се јавуваат и кои му ср блокирани ( ако не дај боже има такво нешто). Ос искуство на блиска ти зборувам. Додрка и она се замараше со слична ситуација како тебе, и мажето изиграваше жртвено јагне и финоќа, си направи дете на друга колешка која не беше баш толку бучна, и да ја видиш ќе мислиш оваа не знае што е секс.
Двојни аршини... Ако не ти кажал зошто не ти кажал, виновен е, ако ти кажал што има да ти кажува, чудно... Па ако некои мажи кријат нешто од жената, некои не кријат, зошто е бракот ако треба да криеме нешто. Еве пример јас да работам во некоја фирма, и некој нешто сакал со мене уште пред да се омажам, и откако сум се омажила ако продолжува а јас го одбивам, би му кажала на маж ми, зошто утре да слушне од други, па да си помисли сешто. Мене некоја да ми дојде непоканета, не би ја примила, и еве не мора жена да е, и некој колега што не е поканет што бара.
Епа еден ден и членката ќе се смее можеби на ова. Ете си била помлада и си направила глупост како што викаш, и членката е млада и трудна, хормони до плафон, а ја осудувате, па мажот го направивте крив, па ваков бил, онаков бил. Изгледа не познавате вакви напорни жени што се упикуваат каде што не треба, па осудувате. Никогаш не велете никогаш, не знаете што носи утрешниот ден. Па како му верувала на сопругот, епа вие како им верувате на вашите, така и членката пиша дека му верува. Верувај има многу вакви жени, и да се одбиени, немаат ни срам ни перде. Мажите толку не се понижуваат, еднаш, два пати ќе го одбијат и толку.
Не ја осудуваме туку ја советуваме да бе се нервира за џабе да си прави од мравка слон. Место да ужива во бременоста она со што се замара..
Па да, ама затоа сите сме различни и си имаме различни критериуми и си бараме некој, кој ни одговара нам. Јас па баш сакам да знам и да знае мм се што е потребно и доволно да знае. Доволно е да знае дека тој и тој ми е бивши, не мора да знае каде и што сме правеле, нормално. Исто и за него важи. Јас многу глупо би се осетила еве утреден да се здружам со некоја бивша негова, а според ова ти што го кажуваш да не знам и да е ептен фина и да ми иде дома и обратно. Не, не, фала. Ептен како мајмун ќе се осеќам во таа ситуација. Тој гола ја видел, што све не правеле, јас и она да си се дружиме и да ги седнувам после на маса заедно, а појма да немам. Ептен, ептен глупо. Имав еден бивши, што после неколку месеци заедно, дознав дека му е бивша една моја добра другарка (тогаш), а сеуште се дружевме итоа во парови. Ептен неубаво се осетив, зошто толку пати сме седеле заедно, овие никогаш не им текнало да кажат.
Не викај 2 пати им луѓе што кажуваат се само колку да не се примети ништо и тоа во очи ќе те гледа и ќе ти кажува еј комшикава/јава ја/го видов таму и те поздрави, а уствари се работеле они двајца. Тој што е глуп само може да крие нешто од партнерот, а тој што не сака да е фатен кажува све.
Охоохооо, и тоа како има... На една школска порано што се дружев со неа, на комшиката нејзина мајка и имаше афера со еден пријател нивен, а цел живот куќни пријатели. Никој ништо не приметил. Многу познавам вакви случаи, не само еден, исто на еден жена му со две деца, си роди дете од нивен куќен пријател што се дружеа со години, и овој не приметил ништо, на крај нешто сестра му му спомнала, детево ептен личело на пријателов. А најчуден случај ми беше што една одеше со еден дечко, и откако раскинаа се омажи за зет му (мажот на сестра му), кои имаа две деца, сега имаат заедничко. Тие си имале афера од пред тоа. Затоа колку и да им веруваме на мажите, треба малку и околу нас да си погледнеме, секакви има. Не за џабе велат:швалерката/швалерот дома доаѓа без мажот/жената да приметат, ова се однесува и за мажите, не само за жените, како што има мажи, така има и жени што изневеруваат.
Е да си ми жива.. а бе на маса ќе те седне со неа, и нема да знаеш дека се рендале два саата претходно.
Точно дека сите изневеруваат и мажи и жени, но ако некој не сака нешто пдма во старт пресекува некој/а треба да е луд/а да продолжи и по одбивање и за тоа има лек блок на социјални мрежи, а за на работа мобинг може да пријави но тоа е само до човекот, а ретко кој одбива секој сака внимание што после доведува до нешто поголемо и ќе си ја чука главата.
Ми треба совет. Како би изреагирале доколку со сопругот разговарате за купување на нов дом каде што би живееле посебно (моментално живееме во заедница со неговите родители), притоа еднаш им е кажано дека сме во план да имаме свое живеалиште, реакцијата беше позитивна од нивна страна. Е сега они начнуваат тема и прават планови дека треба да се реновира дома и ние да учествуваме во тоа и на тоа сопругот ќути пред нив, а потоа мене ме напаѓа како он бил на средина не можел на никој да угоди, а на мене ми збори дека сака свој дом.
Прај шо ќе прајш ама во таа куќа ни вазна да не си купила. Ќе им кажеш оти нема да вложуваш во нешто шо не е на твое име.
Ма какво вложување во нешто што не е мое. Свекрвата се удираше во гради дека во куќата кај нив треба и ние да помогнеме во реновирањето. Ни вика на мене и на маж ми Ова е ваша куќа. Јас и реков Препиши ја на наше име и тогаш ќе реновираме. Она Додека сме живи нема препишување.
Кажи им они да учествуваат во купување/уредување на вашето живеалиште, тоа прво да се среди, приоритетно е, па после ќе видите и за нив што понатака Епа ако не е на ваше име, не е ваша. Нивна е. Ако е нивна нек си мислат они.Ако вие сакате со нив, тоа е друго, ама ако идете на варијанта сами да живеете, зошто би реновирале таму
Не, фала. Со нив не живеам. Си имаме свој стан. А и во странство сме. Си реновиравме во нашиот стан во Мк. Е па... Ќе си имаш проблем. Како што имав со маж ми.