Сите овие работи што ги напиша кажи му ги него. Ти воопшто не си задоволена од никаков аспект а цело време се трудиш да му удоволуваш? Зошто ?
Што те плаши да бараш повеќе? Те блокира со навреди и игнорирање? Се плашиш да бидеш оставена? Сподели дека се чувствуваш отфрлено...плус осамено. Работи ти на тие чувства кај себе, на страна од него. Си нашол супер начин да не бараш повеќе од него со напад и игнорирање (спиење). Што ќе се случи ако ти едноставно одлучиш да си ги трошиш парите на себе? Да излегуваш почесто (без него) и да се дружиш за да не си осамена и отфрлена? Што ќе се случи ако ти веќе не се тресеш кога ќе те навреди, туку останеш цврсто на тоа што го бараш и најдеш твој начин да се справиш со стресот? Секако дека нема потреба од расправање, ова е твоја работа со себе, не е со него. Многу повеќе ќе ти дава тој тебе како партнер кога ќе го победиш стравот да си оставена и кога ќе почнеш да си даваш сама на себе повеќе работи кои ги сакаш и ти следуваат. П.С. Се вознемирува затоа што и тој се плаши дека ќе го оставиш. Не е едноставно да слушне некој дека многу работи кои ги прави не се доволно добри. Исто така, затоа што дел од работите навистина не може да ти ги даде (како втора партија за која ти кажал дека ќе може после еден час)... Провери и ти со себе со што ќе можеш да направиш компромис, а што нема да толерираш. Знаеш како велат, не те нашол на улица, па да зборува и прави со тебе што сака...
Односи 2 пати месечно за луѓе без деца и поголеми обврски не е во ред, според мене. Друга работа е навреда тоа ни во сон не смее да се случи , да навредиш и да те навреди. Што би било ако некогаш излезете и се начука пример, до тепање ќе дојде? Со ваков лик подобро и да не планираш деца. Причината е прво самиот е токсичен ќе те вреѓа пред деца, втора работа е себичен и не си крати ништо од свои задоволства што е приоритет да скратиш за да има дете, трета работа е тоа што ако имаш плачливо бебе и ти треба одмор да се држи во раце итн можеби и нема да биде тука за тебе, а дете да раѓаш и да немаш помош подобро не. Размисли си дали вреди, седни разговарај отворено со него ако не ја бива подобро сама барем знаеш дека парите за себе ќе ги трошиш нема да трпиш навреди и со кого сакаш ќе имаш секс и кога ќе посакаш додека го чекаш него имај на ум дека жените влегуваат во менопауза и после тоа се се суши внатре желба за секс ќе немаш додека кај мажите е поинаку.
@PinkPotato ти треба да си се сакаш себеси повеќе и да бараш повеќе. Машките се себични суштества и гледаат на секој можен начин да ти скратат (тек па што те нашол скромна и работлива). Другото нема да го коментирам воопшто, мајка му што починала не е никакво оправдување. Ако не ти е проблем, можеш да споделиш заради кои негови карактеристики ти се одлучи да влезеш во брак со ваква личност?
Јас да се обратам за совет или едноставно да се изјадам. Во недела на Велигден се скаравме.,детето болно со 40 тт не натера да одиме на гости не било ништо ќе сме поседеле малку. Отидовме и за 5 мин станавме прелошо и беше и од таму во болница. Нормално го окривив него во немоќ што и да е,дека е себичен и мисли на него прво. Во таа кавга ми реле да ти ја е..м фацата згужвана збрчкана како и да е исто значи. Ме погоди во слаба точка ,бидејќи сите околу мене знаат колку имам комплекси за брчки на лицето. Мислам да го видев со друга па немаше толку да ме погоди...
@No Makeup не си ставај на душа, така се научени ниско да удираат и секогаш по некое непишано правило се случува. Гледај си го детето да ти е добро. Брчките кога-тогаш се појавуваат и тоа е неизбежно. За сеедно верувам не ти е, ама мој совет ти е да си ја прифатиш таа конкретна брчка и следниот пат речи му дека таа е дел од тебе. Кога ќе си ги прифаќаш сите промени на тебе, никој никогаш нема да злоупотреби нешто против тебе.
Тоа не е реченица која се кажува на една жена, уште помалку на сопствената жена. Ти како реагираше на таа навреда? Јас би го оставила да размисли, може ќе си најде некоја вампирка што не старее и ќе размислам што понатака. Што ако имаш брчки, јас имам. Сите имаат. Мочко.
Исто му го кажав. Инаку помал е 5 год од мене и уште толку боли.Почнав да плачам како реагирам уште пред детето тоа го рече а голема е разбира 8 и пол год За детето и сум уште тука
@No Makeup тогаш утврди си ја јасно границата до каде може да оди и дај му до знаење. Жртва правиш за детето, што посекако секоја мајка би ја правела. Ама ако те навреди уште еднаш, стани во истиот миг и преземи одговорност барем заради тоа дете. Токму тоа треба уште повеќе да те охрабри за да расчистиш со него. Едит: ако сакаш да му вратиш, наоѓај му и ти недостатоци. Не готви некогаш, излези и шетај со детето. Не му давај секс, речи нели стара сум. Обично вака не советувам, ама кај 5 години помал кај устата отворена.
Па детето баш нема никакви бенефити од тоа што си ти таму. На твојот сопруг не му е гајле за детето, несозреан е, никој нормален нема да рече да одиме на гости со дете со тепература, ниту да те навредува на тој начин пред детето. Детето е големко и разбира што се случува. Јас на твое место би заминала баш поради детето. За да му ја зачувам психата и самодовербата, и твојата и на детето.
Меѓутоа баш дека имаш женско дете, не треба татко и да биде пример како треба да се однесува нејзиниот иден маж. Ако е лесно да се каже отиди си, барем спротистави се. Јас верувам дека те боли и мене би ме болело, ама јас нема да плачам. Ќе најдам друго решение, или ќе му покажам кај му е местото или ќе си покажам на себе дека местото не ми е со него. Настрана што те навредил, но бира да оди на гости, наспроти тоа што неговото дете има 40 температура. Што ли си мислеше во главата? Ќе пие ракија и ќе јаде салата, додека детево припаѓа. Пет години не се мала разлика, особено ако е обратна. Маж помлад и постар не е исто. Ми изгледа дека е несозреан.
Прво нема сила да ме натера дете болно да носам на гости, а болен на гости не би примила! Тоа е common sense, ем детето страда, ем ќе заразите некого, уште таму ако има друго дете или постари луѓе немам коментар. Нека вика, дома ќе седам, не одам и дете не носам. За зборовите, настрана брчките, ама пцовката. Ја пцуе сопствената жена. Ем шуто, ем боде. Ако не се лажам подолго време се жалеше од твојата состојба, ако не сум грешка. Каков совет да ти дадам не знам, ама за почеток направи си ретроспектива на се досега кажано и сторено, ако ова не е прво. И имај предвид дека нема да престане, ако било и претходно. Размисли дали и колку убави моменти имате заедно. Дететето не треба да сведок на вакви коментари. Исто така, имај предвид и дека на секоја твоја наредна забелешка, коментар, несогласување има голема веројатност дека ќе реагира вака или слично. Не можеш да опстоиш во заедница каде за привиден мир не смееш да си кажеш што мислиш, па по цена на нечие здравје?! За почеток, стани и заземи се за себе, отворено спротивстави се на ваков однос.
Знам отворено размислувам за развод. Веќе ништо не може да ме натера да го гледам како маж секогаш пред очи ќе ми излезе тоа. Фала за поддршката во секој случај. Срцето ми е скршено
Прво ти не треба да помислиш , па и нека си преврти на трепки, да извадиш болно дете од дома за по гости. Ем малтретираш дете, ем свесно носиш некоја вироза по куќи. Ако толку сака да иде, отворена врата нека не се враќа. Второ , маж што си ја вреѓа сопствената жена не е маж. И тоа знаејќи што ја погодува најмногу. Трето, имаш женско дете кое треба да учи од тебе. Ќе ја оставиш да мисли дека е во ред една жена да ќути? Дека е во ред да биде вреѓана и потчинета на некој си така наречен маж? Детето е дете уште, ама верувај дека секоја една реченица ќе и остане врежана во глава и може многу да и влијае на самодовербата еден ден, кога ќе биде поголема. Тоа што мислиш дека си таму за детето и поради детето е најголема грешка.
Скоро секогаш за нив не е ништо температура си требала да кажеш ти оди ние ќе седиме дома не е морално сегде сите топтан да одите, нели? Маж како маж повеќето гледаат за себе зошто има кој да размислува за сите милиони нешта дома,храна,финансии,деца,алишта,одмори итн. И маж ако сака да оди на одредено место ќе оди макар и дете да е болно ќе се прави дека не е само да отиде па после следат нервози зошто не сака да стане ако му стане полошо. Тоа што те навредил си ја кажал мислата и тоа во нервоза искористил момент. Совет: Цени си се и сакај таква каква што си, а за да бидеш родител и да мислиш за своето дете не го чувај во токсична средина.
Ne bese taka porano. Ne bese taka porano. No fakt e deka i porano prvo ne ziveevme zaedno cela vrska, a koga pocnavme da ziveeme pred da se verime i zememe, poveke izleguvavme, nekako i toj imase mozebi povekje zelba. Navistina bese pofin, nezen. Ne deka kupuval ili pravel iznenaduvanja, no bese celosno otvoren za se. Zelba za napredok, deca, naviki, se ni bilo ili isto ili sovrseno sme se nadopopnuvale, no ne e bash sega taka. Zavcera cistevme, mi pomogna navistina, iako pogolemiot del od toa go fativ jas. I dodeka se cistese, imase i losi komentari. Pretpostavuvam deka se ova e od nexadovolstvoto od sam sebe mozebi a i celata situacija sto se sluci so negovoto semejstvo, iako ne e nacin da se istura na mene. Porano sum menadzirala podobro, ama imalo i pomalku problemi, sega vekje nekogas mi e maka doma da dojdam zatoa sto znam deka nekoj ke vika po mene. A umorna sum mnogu, i fizicki i psihicki. Posledno vreme jas sum kamenot doma i se na mene stoi. Dodeka ne sum doma, i sum na rabota, mu falam.. a se vratam.. eden kup vikanja, a i jas sum prestimulirana koga doagam i sakam da se odmoram barem malku. Sakam da pomognam, no neznam kako. Jas poinaku se soocuvam so teski raboti i smrt za razlika od nego.
@PinkPotato пробај со уште еден разговор и можеби е подобро извесен период само немо да набљудуваш. Ако увидеш дека нема ни минимално подобрување, препушти во негови раце и само изјасни се дека останатото е негово. Толку. Значи никакво карање, ниту лошо, добро, терај си ти свои работи, сега времето е топло ќе потседнеш некаде. Мисли на себе, давај си одмор. Кога е на работа ти гледај тогаш да одмориш дома; кога ќе влезе, а тебе ти е мака да го слушаш ако е нерасположен излези, испешачи. Ветар в грб сама давај си. Немој премногу да се заморуваш да е пиц-пец и да се опсесираш секој ден со крпата в раце или пеглата. И да, пробувањето за деца стави го на подолга пауза. Не давај да те форсира и немој ни случајно да се излажеш да се деси баш сега, во моментов. За некој што е во брак, крајно нестабилно се однесува. Дури е и себичен, а себичноста и куќата не одат во иста реченица. Млада си, не е срамота ни да се разведеш. Не сакам да те наведувам на нешто, но земај предвид и таква опција. За 2 години брак, без деца сметам дека и те како треба да се размислува и имаш доволно проценето/искусено. Не дозволувај да ти набие грижа на совест дека не се трудиш доволно. А ќе се вади може на таа карта дека му е тешко. Не го оспорувам ич неговото тажење, да не ме сфатиш погрешно. Ама тој е во брак и има одговорност спрема тебе. Ти колку и да си трудољубива, факт е дека не можеш да се трудиш како двајца кога се трудат. Не изигравај маж, пушти го тој да биде маж. Ако не знае како, немаш потреба ти да преземаш улога зашто според кажаното ти си мажот во куќата. А за поддршка секогаш се наоѓаат луѓе без разлика на исходот. Се надевам дека ќе се среди, зашто ако те испушти среќен му пат.