Fala ti na sovetite, ke se obidam Razgovorite se dosta teski, retko razgovori iskreni koi ke rodat pozitiven plod. Vo poslednava godina ednas sme razgovarale najiskreno, dvajcata so placenje, resivme nesto, no poleka se vrakja na staro. Mi e mnogu krivo sto ja nema taa griza za mene, ili da me razbere. Dali mi e loso/dobro, menstruacija, srekjna.. a nitu pak pomaga po doma, osven zaedno so karanje i vregjanja dodeka se cisti, se e na mene. Samo sum istostena, i slabo dopira do nego. Samo sakam da sum taken care of, ama ke vidime.. Fala vi na site devojki za komentarite i sovetite.
@PinkPotato не давај да те вреѓа, ако се обиде можеш да преспиеш на друго место. Олабави со преголемата грижа, ти твоето си го правиш (а го правиш како што треба).
Како прво само глуп маж може да запне да оди со болно дете на гости, да не пропушти случајно ѓезме и пиење. Со чест на исклучоци ама себични се до срж, и да решила она да не оди он сам ќе отишол. Од што не знаел каде да ги извади фрустрациите зошто морал гзот од столче да го стане и му пропаднала пијанката удрил во слаба точка. Нема оправдување ама никакво, нормално дека ќе погоди во срце и тоа како. Заслужува друг пат пред цело друштво ти во слаба некоја точка да го мавнеш да не знае каде да погледне, вол
Јас иако имам 30+ едвај на 20годишна личам. И искрено да ти кажам кога те прочитав мене ме “пецна” таа навреда што била упатена кон тебе. Веројатно зашто имам некој смешен страв од стареење и од брчки, ама се ставив за момент на твое место и искрено после таков муабет нема да сакам да му зборам долго долго време. Тоа се ниски удари, со цел да понижат, јас не би преминала преку тоа. Како се однесува сега кон тебе? Дали правевте муабет?
И за мене велат дека сум младолика но си ги гледам мимичните брчки. Физички нема разлика меѓу нас во смисла разлика во год, но ментално далеку се разликуваме . Не можам сега засега да преминам преку тоа не сме разговарале ,само ми кажа не го мислел тоа вистински. Замина во Герм на раб.
И мене мм ме навреди викендов и не планирам да му го простам тоа, ама ќе го седнам на разговор зошто не сакам да страда моето психичко здравје за понатака.
Премногу си ставаш товар на тебе за се ти да правиш, а он не. Има вишок време и наоѓа рчки. Зошто ти не можеш да најдеш зошто си зафатена со, болно дете,дали јадело пиело, бочовање од работа па те масираат само зошто земаш боловање или на криво те гледаат, дома чистиш переш готвиш да не фатите бактерии како во штала да живеете. Но мислам дека треба да го оставиш и него он да се замара за се тоа. Гледај го детето не мора секогаш сите да одите кажи дека ти дома ќе оатанеш не му е добро и толку нема филозофија нека си оди сам ако толку сака за што ќе си му ти таму или детето? Затоа не се оптеретувај. Малце восхитувај им се на оние жени што уво не ги боли за ништо во смисла на тоа се да се става на нивни грб излези прошетај однеси дете во игроотека седи сама пиј кафе олабави. Во многу бракови се менуваат доста работи после дете највеќе кај жената зошто носи дете гледа да го износи до крај, па после да порасне нормално итн детето не е 1 обрска туку 1001. Следен пат ако ти префрли нешто случајно слободно кажи му кога поачеден пат отишол да: Испазари Исчисти тоалет Исчисти се низ дома Да пере и пружа алишта Ручек да има Да му купи витамини на дете и да му даде Кога било болно да го чува и носи на лекар Да му даде на детето да јаде и пие Да дојде тебе да те гушне и да посвети внимание Да те поднесе ти да се дереш да урлаш и да вреѓаш ,а он да ќути. Верувам дека не отишол 1 пар гаќи да си купи, а не се ова од набројаново. Биди паметна.
После долги размислувања и колебања се одлучив да напишам за мојот проблем во бракот... Во брак сум со сопруга што е постара од мене, односно јас 38 год а таа 47 години... Пред неколку недели наеднаш се смени спрема мене, беше одлучена за да се разведуваме со напомена дека сум и бил досаден,одвратен не сум и давал мира. И пречеле моите бакнежи, прегратки и ретко сака да комуницира со мене. Ајде покрај све тоа си дадовме шанса за да не дојде до развод да си се смириме и да се обидеме пак. Но овојпат е све полошо и полошо. Не работе ништо ( тоа јас не и го дозволувам да иде да работе да рмба за плата од 20.ххх. ) и давам пари јас,бидеќи сиве овие години тоа и правев не сакам да гледа жена да работе, освен јас. Имам доста големи приходи, доста слободно време преку цела ден дома сме заедно со сопругата. И во последниве месец почна и тоа да и прече дека сме заедно цело време и дека сакала сама да шета. да искача со нејзината сестра, да иде кај нејзините почесто ( иако идеме заедно често ) ама не сака овојпат со мене. Иако знам дека тоа е период во менопауза кај жениве и веќе имам читано за таа состојба и све ми е јасно... Али покрај таква состојба сеуште не знам како да реагирам и да се однесувам бидеќи првпат се соочувам со ваква ситуација покрај све. Бидеќи со нејзе сум во брак околу 8 години и претходно ништо не и пречело све тоа што сме биле цело време заедно и сме шетале секаде заедно. Ми е потребен совет бидеќи ситуацијава станува неиздржана и се повеќе се осеќам осамен и потребите за секс се сведени на месеци еднаш. А другари скоро сите што ги знам веќе одамна се оддалечени од мене и знам само со сопругата да си разговарам и дискутираме и кроиме планови и све тоа, коешто периодов го има све помалце. Се обидов и со тоа да се поддалечиме малце едни со други и да се сведе комуникацијата на што помалце ама бадијала е,све полошо е. Со сигурно знам дека нема некој друг барем досега не сум ја начекал да пишува со други. Не сакам да ја изгубам нејзе бидеќи станува збор за долги години брак а и не сакам више да се осеќам осамен и да и бидам одбивен, одвратен, досаден и свашта што ми има изнаречено во последниве периоди. Сакам да ми дадете ваш совет бидеќи веќе ни самиот не знам што да правам и како да реагирам. Сакам да ми кажете од ваша женска страна што треба да направам? Патем немаме деца, освен јас моја ќеркичка од претходен брак и она ќерка и син од претходен брак коишто не живеат со нас туку со нивните родители.
Прво, би ти рекла да си ја смениш профилната слика, не мора сите да ти ги знаат проблемите дома. Никогаш не знаеш кој те чита тука. Второ, мислам дека сооругата е презаситена од тебе, едноставно не си фалите повеќе, нит па имате што да разговарате повеќе, оти немате живот надвор од дома. Исто така, таа нема цел и сврха во животот, едноставно досадно и е, и смета дека ако се разведете, животот магично ќе и се подобри. Сметам дека треба работа да си најде, да излезе од дома, да се дружи, да има контакт со нови луѓе, па кога ќе дојде дома да имате што да си кажете. Исто и ти, најди си хоби, поврати контакт со пријатели, излези со нив, па искачајте и во парови, дружете се. Децата носете ги на викенди, правете нешто ново. Околу сексот, почнете да имате дејт еднаш неделно, вечера, кино, прошетка, викенд... Дотерај се, стави парфем, организирај нешто, кажи и одиме викендов, дотерај се и толку. На почеток немој ни да и посочиш дека сакаш секс, едноставно нека биде се природно и спонтано, па и да се мазите само и да заспиете. Остави ја првите неколку пати, потоа сметам дека и сама ќе земе иницијатива, оти не и бараш директно и нападно. Сепак, треба со неа да разговараш, па не е и на одмет брачен советник. Ако и тоа не бива, тогаш најдобро е да се разведете. Ако таа смета дека и е подобро без тебе, нека и биде. Моѓеби и тебе би ти било подобро, никогаш не се знае.
@pance24 Според мене, потребна ви е социјализација. Во смисла, подинечно да се дружите со други луѓе. Па така да си оставите простор за убава промена и простор да си недостигате еден на друг во текот на денот. Штом финансиите не се проблем, секој од вас може да се запише на некоја активност што го интересира. Па така да запознаете нови луѓе. Или ако сопруга има веќе пријателки, пример, може да отидат некаде на girl's trip. Или да се запише пример, на пилатес и сл.
Обично не делеам совет но бидејќи имам нешто слично поминато сакам да споделам до тебе може и ќе има некаква корист. За почеток она нека оди со сестра и или пријателки кај нејзините викенд одмор или едноставно на кафе.Ти со пријатели.Намалете го поминатото време заедно ова после долги години станува монотоно.Од искуство ти кажувам го имавме и ние овој проблем и бевме пред развод.Ние сме 21 г во брак.Исто јас не работев бев постојано дома па со него секаде и дојдовме до развод но седнавме и разговаравме и нсправивме промени.Јас отворив сопсвен бизнис почнав да одам на работа па по роба надвор од Мк така запознав женско друштво на кафе викенд.Се препородивме и двајцата он со машко друштво јас со женско повторно поминуваме доста време заедно но ги имаме и овие излегивање по неколку во месецот. Не ја сопирајте комуникацијата зборувајте отворено и двајцата за се што ви смета слушајте се вниматрлно разговарајте кога сте смирени не лути и ќе го најдете коренот на проблемот.А тогаш и решение за истиот.
Кој си ти да одлучуваш дали на некого ЌЕ МУ ДОЗВОЛИШ да работи или не? Ти си во брак со неа, не ја поседуваш! Ако сака да работи, има потполно право да работи.
Благодарам на советот. Нема она пријателки. Бидеќи некако не ги поднесува. Имав јас мои пријателки со коишто бев близок и почнаа да и пречаат од претходно и ме тераше да ги блокирам од фб и да прекинам секаков контакт со нив. Повеќето и годе друштвото со нејзината фамилија или машко друштво ( пријатели ). А и јас не сум подобар од нејзе исто така на мене ми смета нејзиното машко друштво. Али тоа беше до пред години уназад. Сега све тоа е ок и расчистено.Иако ќе разговарам на таа тема со нејзе за почесто да се друже со нејзините и да бидеме одреден период со обврски. Патем мојата работа е работа од дома и поголемиот дел сум дома заради работата што ми е таква.. Работеше претходно првите неколку години али после тоа што го увидов дека си има здравствени проблеми од работата, отечени нозе, тахикардии, притисоци. Цело време ми се жалеше како некој и наредувал па нервози и стварале. Имаше сменето неколку работи последоватено и сите и пречеа па на крај јас одлучив дека најдобро е да не работе и да си биде дома а јас да и помагам околу тоа. Последниов период и помагам за да си започне свој бизнис и да насоче енергијата во тоа и да си ги отргне мислите од секојдневието.
Ваква нагла промена и вака тешки зборови искажани од брачен другар со кој си поминал заедно 8 години освен ако и претходно сте немале некакви караници и ниски ударци и од твоја страна е чист безобразлук и непочитување од нејзина страна. Според ова сопругата воошто не те почитува штом ти ги изнакажала вака грубо сите овие работи, а веројатно има и изгубено емоции кон тебе, не ве врзува ништо, заеднички деца немате, се има заситено од бракот и сака развод тоа што сте се обидувале да го спасите бракот не вродува со плод бидејќи во сопругата твоја има отпор и длабоко во себе не ни сака помирување, тоа со наводно помирување и да си дадете шанса и служи само како параван да си ја опере совеста кога ќе одлучи дефенитивно да стави крај на бракот и да напушти терен. Според мене гледајте некако ако можете да го спасите бракот ако има нешто и од твоја страна што можеш да придонесеш направи го тоа ама како што опиша се ми делува дека сопругата твоја веќе има одлучено да стави крај така да биди спремен и очекувај дека можеби нема да има никакво помирување и ќе се разведете на крај. Среќно другар
При кавги најчесто и обајцата си задаваме ниски удари тоа не ми е ништо ново од нејзина страна. Иако кавгите и проблемите ретко ни беа односно во првите 6-7 години скоро и 1-2 пати годишно да се скараме. Али овојпат се се почести. Пред 3 недели си дадовме шанса за уште еднаш да се проба, од моја страна некои работи и навики почнав да ги менувам. Али од нејзина страна се поголем притисок трпам и навреди и понижувања а и се поголем број на барања и услови. Знам само дека оваа не е таа што ја познавам сиве овие години наеднаш да се промене и да биде секојдневно нервозна и со нагло менување на расположение (го имам у предвид земено и периодот на менопауза) И претпоставувам дека овој резултат е баш ради таквата состојба и напнатост. Заради тоа и пишав бидеќи ми е навистина тешко и не сум баш навикнат да бидам сам и покрај тоа за да се разведам од нејзе. Не ми е прв брак овоа со нејзе и сум имал доста девојки и 1 брак пропаднат позади све тоа. Али и не сум некој тип што што сака да менува партнери. Секогаш некоја разделба/развод ми паѓа ептен тешко и си имам трауми од све тоа и грижа на совеста..
Тоа и јас мислам, али некако влијае и на мене таквата нагла промена и ме плаше да не трае премногу долго ваквата ситуација и да доведе до некоја поголема ескалација. Заради тоа и пишав погоре за тие што поминале низ истово да ми дадаат некој совет како да се реше ситуацијава. Добив некои добри совети и без некакви исмевања од ваша страна. Благодарен сум ви на сите вас што одвоивте време за да ми станаат јасни работиве колку толку
Ти одговорија жени, и Гош и Милобебенце ти дадоа одлични совети. Почитување, непочитување, остали его трипови можеш од мажи да добиеш. Јас истото ко колешките ќе го кажам- на човек (или еве, на жена) му треба време да биде сам и нешто да прави за да има чувство на смисла во животот. Не знам какви услови и барања има, ама ако бара простор да прави работи сама, дај и го. Ако решила дека веќе не сака таков живот, можеби направени промени да не биде животот таков ќе помогнат. Ако решила дека веќе не сака живот со тебе, никој ништо не може да направи.