Ти кажале веќе некои членови што треба да направиш колку и да сакаш некого по цел ден да си заедно не е возможно да не се скараш треба да ви фали нешто . Верувај блиска особа мајка и кога влезе во менопауза ја држеше неколку години се беше проблем ако денес излезе зошто излегла ифрит љута ако наредниот ден не излезе зошто не излегла и се така се тераше со години и на крај се смири да напоменам дека жената беше од тој тип што се трпеше во нејзе на мравка не газеше од кога почна да ја дрма менопауза се се смени. така да комбинацијата од по цел ден дома заедно и менопауза е многу лоша комбинација.
Можеби и недостигаат децата оти на тие години се повеќе фалат, работиш за нив, живееш за нив да бидеш дел од сето тоа, можеби и е криво за многу работи шо пропуштила а тие се како настрана од нејзиниот живот. Разговарајте шо ја мачи, нека поминува повеќе време со нив. Контактот со луѓе е битен, но најбитен е контактот со децата. Можеби и недостигаат децата оти на тие години се повеќе фалат, работиш за нив, живееш за нив да бидеш дел од сето тоа, можеби и е криво за многу работи шо пропуштила а тие се како настрана од нејзиниот живот. Разговарајте шо ја мачи, нека поминува повеќе време со нив. Контактот со луѓе е битен, но најбитен е контактот со децата.
Овоа е све точно наведено низ све што минувам... Одлучив дека треба поретко да бидам у нејзина близина и обајцата да си најдеме некоја занимација. Ух пеколот е ќе ми се заарне покрај све овоа
Човеку златен не е лесно да си жена. И она не сака ама се издржува ќе го памтиш периодов за цел живот
@pance24, глеам си врзал у торба дека е до менопаузата, и дека нема друг проблем кај неа, а па кај тебе уште помалце... Кога жена има ПМС, менопауза, или е бремена, и кога хормоните вријат, не значи дека магично измислува проблеми, туку дека нема капацитет да ги трпи и толерира сите срања, па и оние најситните... Стај си прст на глава, оти вака ко шо ми изгледа, она без тебе може, али ти без неа не.
Ќе се среди, хормони се тоа, ама па не ја ни напуштај, биди и подршка од далеку Јас на пример имам лоши симптоми во ПМС е сега само што не врегам ама сум нервозна и се ми смета. Мм знае дека сум таква тој период и не влегува во кавга, после тоа секогаш му се извинувам и да ти кажам не е воопшто лесно и за нејзе. Како некоја внатрешна сила да те тера да бидеш,, вампир "
Како бре така одма менопауза и дијагностициравте на женава? А он па ангелот.. ајде бе да ми е до мене цел ден ќе ми скисне нема да можам да го гледам више. 38 годише суртук земал седи дома и само со жена му рака за рака како залепени. Најдете си двајцата друштво излезете малку сами аман не е пропаст ако имате засебни друштва.
Во години е жената и гинеколг и го кажа тоа дека е влезена во тој период и имаат препишано хормонска терапија.. А никаде не наведов ни јас дека сум совршен и дека не сакам да се карам. Напротив секој си има своја слаба страна. И претходните години уназад сме се карале али никад не сме ги земале здраво за готово работиве, со едно искачање во ресторан,кафана све се заборавало. Овојпат работиве се поинакви и таа негативна енергија што ја опкружува нејзе влијае и на мене и не ми е баш угодно да ја гледам во таква состојба, се обидувам на сите можни начини да и помогнам али од нејзина страна секогаш сум погрешно сфаќан и тука наставуваат проблемите и жолчните кавги. Од друга страна пак јас сум одлучен да бидам настрана и да бидам малце прибран се додека трае военава операција и да бирам зборови пред да кажам нешто. Патем погоре имам наведено дека работата ми е претежно од дома и носам приходи на тој начин, односно remote ми е работната позиција.
Е па тогаш може хормонската терапија не и одговара. Ако си remote од време на време оди во некое кафуле или hub работи таму да не ате нон стоп заедно.
Човеков напомена дека нема она пријателки за да се дружи и да излегува. Сега се и е собрано кој не видел како се претвара жена во сатана кога е во менопауза подобро и да не збори. Како беше оноа тест за брак е кога ќе добиеш дете, кога одиш на одмор со дете и жена кога е во менопауза. И да и е се супер и тоа ќе биде проблем патем се е проблем тогаш и да и кажеш дека е убава ќе збесне и да и кажеш дека е грда истото ќе се случи.
И јас не сакам да коментирам многу, посебно на вакви теми, ама мене нешто друго ми падна во очи. Ок тука е она претставена со негоби зборови, каква е во реалност никој не знаеме, но ја преставува како терсене личност која ни своите пријателки не ги поднесува а неговите го тера да ги блокира на социјални мрежи . Уствари друго ми беше мислата, кажува човекот дека е она дома и нема никакви обврски а спомна дека она има 2 деца од претходен брак. Може е деликатна тема и од некои х причини тие деца останале со другиот родител, но сепак да нема никави обврски кон децата и он кон неговото , доволно да ги извади од дома и да им го одвлече вниманието еден од друг.
Моето не го поднесува баш, нејзините си ги гледа редовно. Али децата не сакам да бидаат тука предмет на дискусија и не би сакал да коментирам за тоа.
И јас тоа сакав да прашам, како може бе? А нејзините си ги гледа значи. Ок, а он своето го гледа? Да ми је знати....
Од женска страна е лесно да си најде партнер иако е со деца, барем си има голем избор жената. А од машка страна изборот е сведен на минимум особено тие што имаат деца. Сега се надевам дека до некаде е јасно. А и мислам дека се забегува од контекстот на темава. Патем моето дете живее со нас.
Ова кажува многу за неа како особа.Може да не ги сака како своите што ги сака ама да не поднесува дете твое а со него живее не е во ред.Тоа во старт не си требал да го дозволиш.И колку и да не сакаш да ги вклучиш децата во приказнава тоа е невозможно зошто се дел од вашите животи.
Па попрво би била доживотно сама со детето, отколку да му донесам некој што не го поднесува. Се слушаш ли што зборуваш? Па детето ке ми е на прво место засекогаш и јас и оно сме пакет, ако некој сака заеднички живот со мене ке мора да го сака и моето дете. Во спротивно, со таква личност ништо не би имала. Не сакаш децата да ти се засегнати од вакви теми, али немаш проблем да живеат со години со жена ти која не ги поднесува.