Не би се согласила со тебе,он спомна дека не го поднесува неговото дете и као небитно.Битно е и те како,можеби тука менопаузата нема врска него си е подлабок проблемот.
Децата се секогаш фактор. На форумот и има и нема анонимност. Не знаеме ние тука дали е само до менопауза. Ако жена со деца што не работи имала избор, маж со многу пари има исто избор. Ако не те поднесува, како што не го поднесува ни твоето дете, а бога ми ни работа не поднесува, за жал никој на форум не може да даде совет што ке ја реши ситуацијата. Затоа што не сме психолози психијатри плус не знаеме дали е депресија, климакс, или некоја друга дијагноза. А и да знаеме, таа треба да побара помош. На човек со сила можеш да му земеш а не да му дадеш.
Од незрел човек само незрели мисли имаш. Секако дека тоа не е лесно да си го чуеш од сопругот, ама колку што можеш не држи на срце, пред се тоа ѓубре со тоа за него опишува какво ѓубре е, неговите дела го опишуваат каква личност е, и што е можно подобро да се отарасиш на време, сѐ е минливо, не вреди да го поминуваш животот со такво ѓубре, човек штом почна да те навредува секогаш тоа ќе го прави, знам дека ти е тешко, и нормално е, ама како што кажав бегај од него, ќе помине со тек на време болката ќе се стабилизираш
Полнолетни се нејзините? @Stark верувај дека има многу фактори кои влијаат и менопаузата може да е само 2% во игра.
Со нас живее детето, јас сум сум му поддршка во текот на целиот живот. Секогаш што и да му треба сум тука за него, морална, финансиска поддршка. Нејзините деца исто така се у близина. Поентава на дискусијава ми беше со нејзините ненајдени испади, ден е ок, ден нервозна и напната иако е во контакт и со нејзините преку социјални мрежи, телефонски повици, исто така редовно се гледаат 2-3 пати неделно. А тоа што не го поднесува не ми е баш ок и сеедно али ипак јас како маж имам у предвид дека не знам да готвам,чистам, средувам куќа или пак некои други женски обврски. Од моја машка страна како што кажав погоре е многу тешко да се најде жена што би сакала твое дете...
@pance24 Извини вака, јас мислев менопаузата на сопругата е најголем проблем ама тебе изгледа најголем проблем ти е сам да останеш. Млад си, а и нема ништо страшно човек да остане сам, плус дете имаш. Во брак си ама изгледа како сега поосамен да си отколку без жена да си. И јас не сум друштвен тип, ама ова вашето многу изолација ми изгледа. И јас не сакам постојано во друштво, кога ми одговара тогаш, ама на мм не му бранам затоа што тој е спротива од мене. А ако е за чистење, готвење барем сега се наога жена за чистење. Инаку знам повеќе парови кои имаат деца од претходните бракови, и тоа прилично многу. Не е како некогаш на времето со поинакви размислувања. Е точно е дека секој не сака да биде во брак со некој што има дете од претходниот брак. Ама зарем вие не бевте во врска, ќе си приметил. Извини што ќе вмешам дете ама ако не и е од хормоните за кои првично мислев, ако нервозата и е од твоето дете, не ти ни треба. Децата се секогаш на прво место и тоа требало на почеток да ти го каже дека ќе и смета. Се надевам ќе најдете решение.
И само поради тоа што не знаеш "женски" обврски си со женава? Немам коментар... Па таа или било која друга жена не е слугинка, и нема машки и женски обврски, кога сте во брак заеднички се обврските. Тебе изгледа страв ти е од самотија.
Чистење, перење... Женски обврски... Браво бе, каде пишува така. Најголем проблем во бракови мислам дека си ти, туку ајде.
Браво. Се изјаснувам за виновен за сите женски проблеми. Линчувајте ме сега. Јас отворив дискусија за една работа а вие ја свртевте со сосема друга насока. Дајте да ги укинеме гинеколозите или да ги натераме да даваат дијагнози: Имате еден вол по дома заради коишто пиздете цело време. Отарасете го!
Никоја од членките не ти даде совет или критика со лоша намера. Луѓето сме многу комплексни, па така и проблемите и нивниот корен не се секогаш црно-бели. Ако сакаш да поработиш на наоѓање на коренот на проблемот во односот со жена ти земи еден чекор наназад и погледни на сѐ од малку поинаква перспектива. Сите погоре набројани работи држат вода, може само досега не си гледал на нив така. Ама спреми се за тоа дека ако и таа не сака да го реши проблемот што го имате, џабе е. Мора да сакате и да се потрудите двајцата.
Каква врска имаат гинеколозите со заедничките обврски по дома? Кој век сме мажите да чекаат се од жената? Тоа може останало во минатото, па и тогаш имало исклучоци каде што мажите си ги завршувале обврските по дома, вака кога читам од помлади мажи дека не знаат "женски" обврски гледам дека уште сме останале во 19 век. Жално, но вистинито. Исто како свекрвите што очекуваат кога ќе дојде снаа дека се таа треба да превземе, а она сите 4 во вис, исто и некои мажи така си мислат, ќе земат жена и очекуваат се од жената да прави.
Па тоа и се обидувам да го согледам проблемот од сите можни агли. Еве вчера и денеска муабетот ни течеше добро, се беше ок. Беше смирена и шеговита. Разговаравме и за нејзината состојба и ми кажа само дека некои периоди ја фаќа нервоза и дека има топли напливи и се препотува. Сфатив дека во тој период најдобро е и обајцата да се занимаваме со нешто и да не бидеме во непосредна близина. Со цел да не и бидам мета за стрелање...
@pance24 не си ти крив што не знаеш основни потреби како хигиена и исхрана да си удоволиш, така родителите ве учат од мали, а и цела околина. Се надевам ако ти е детето машко, ќе го научиш дека основните потреби за живот треба да знае да си ги извршува, а не да се жени за да јаде или чиста блуза да може да облече. По после да треба да трпи и шуто и рогато заради манџа што не знае да си зготви. Цели генерации мажи сте загрешени заради безвезни социјални норми, и се надевам ќе се смени тоа. Порано мажите се женеа за домаќинка дома да имаат, а жените се мажеа за да имаат некој пари да носи дома. Сега и жените работат, и мажите треба да готват, да чистат.... и така барем партнер од љубов ќе бирате, не за задоволување основни потреби за преживување.
Затоа велам, на грешна основа се бирале... тој барал жена да му зготви, таа маж со пари... е сега не оди бракот... е не оди. Да не брзал тој да се прежени заради некоја да му готви/чисти, ќе си ја најдел раат вистинската, ќе си проживееле убаво. Вака таа не може да го поднесе, ни него ни детето, ама битно пере, чисти, готви... тоа е!