Здраво девојки….. Оххх претешко ми е што морам да пишувам вака и да барам совет, не знам ни од каде да почнам, ама морам кога очигледно не зборуваме со сопругот на ист јазик. Вака, проблемиве не се сеќавам дали ги имавме пред да бидам бремена, ама со сигурност имаме сериозен проблем сега откако се роди бебето. Бебето има 5 месеци, и во овие 5 месеци се расправаме тридупло повеќе од колку во сите 6 години заедно. Додека бев бремена, да бидам реална и фер, маана не можев да му најдам. Буквално, да сакав да се скарам, немав за што. Помагаше дома, поминуваше време со мене, гледавме серии, се гушкавме и си разговаравме за бебето, си ги споделувавме сите фантазии и желби за животот. Ама сега…. Помош по дома јас лично не гледам никаква, разбудена сум најчесто од 7 (бебето преку ноќ фала Богу спие), и додека да легнам навечер сум активна нонстоп. Кога ќе го заспијам најдувам пола саат за во тоалет, да се истуширам или набрзина да јадам. Неговите помагаат многу, го чуваат кога морам да завршам нешто, поседуваат со мене, ама тоа време за мене, кое тој тврди дека јас го имам, не постои. Сѐ му е средено навреме, јадење, чистење, перење, сушење, и кога ќе му речам дека се правам буквално сама, почнува кавга од невидени размери, како јас тоа ѓу го вадам низ нос, па тоа не било голема работа, тоа било дел од моите обврски дома, па тој одел на работа и времето дома што го имал сакал да одмори, да игра видео игри, да седи на телефон, многу често седнувам со него и пробувам да почнам муабет било каков ама добивам кратки одговори или само “хахаха да, добро, аха, те слушам…..” дури си игра игри на телефон или се допишува со колегите. Постојано ми префрла дека поради мене не оди никаде, ни со другари ни со колеги, бидејќи јас ќе фатам кавга и за тоа. Вистината е дека да, фаќам кавга за тоа понекогаш и тоа е така бидејќи се чувствувам невидлива. Си мислам, ако може да пишува со колегите или да излегува со нив, зошто не може да помини време со нас дома?! Интимниот живот ни е сведен на минимум, и тоа го има само кога не се караме. А тоа е навистина многу ретко. Во последно време го оставив да прави што сака, и да излегува каде сака. Само саботата да ја помини со мене. За денес да ми префрла како него не му се излегува кога јас сакам, жешко му е, мака му е, се му е. Го прашав дали му е така кога треба да излегува со било кој друг, ете, пак му вадам низ нос. Кога се кара зборува се и сешто и никогаш тој не е виновен за ништо, секогаш наоѓа начин фа бидам јас крива. Целиот изговор му е дека тој оди на работа, а јас сум по цели денови дома, кога го шетам бебето сум излезена, ете и јас сум излегувала, да бил тој на мое место ќе уживал, него времето со бебето му било задоволство, а не како мене - обврска и терет. Реално, го обожавам бебето, нормално, и ни ми е обврска ни терет, само сакам малце помош и заинтересираност од негова страна. Според него, муабетите ми се празни, оти тој додека бил дома седел со детето, и тоа била работа, не било легачење (работа е кога се работи за него, а за мене е легачење и “јака работа!” како што знае да каже многу често. Постојани кавги за овие работи, разочарана сум, нервозна и фрустрирана, разбирачка нема. Капак ми е тоа што сум сама тука, СИТЕ ми се странство. До сеа се каравме како најголеми душмани, се почесто муабетот оди накај “прави што сакаш, секој по свој пат” и “веќе губам интерес”. Премногу го сакам, тој беше* љубовта на мојот живот, ама сега чувствувам само одбивност, далечина и разочарување. Пробувам да го најдам човекот што го сакам во него, ама не можам….. а не би сакала да бидам без него, не сме деца, а имаме и дете мме… се извинувам за романов, морав да се истишам.
Во принцип кога се раѓа бебе, се тоа е нешто ново и за двајцата партнери, нова улога, нов живот што би се рекло, и доста често доаѓа до кавги да, на таткото му треба доста повеќе време за да сфати и увиди дека е татко, мајката е спремна уште пред да се породи (има ислчучоци секако), сиот тој нов стадиум на живот ствара доста стрес и кај тебе и кај сопругот, со тоа што не го оправдувам тоа излегувањр постојано, а ти дома да си со бебето, едноатавно не е излегување ако одиш со бебето негде, нека проба тој така со бебето нека седи па искочи ти, и прашај го после дали е исто!?!?!? Ако имате помош од неговите, остај го бебето ете еднаш неделно, па излезете навечер негде заедно, што се однесува до домашно обврски остај му да со завршува и сам некои, па да видиш како ќе му е кога нема да е испеглана маицата или сл. Мораш да го оставиш да види како е, за да воочи дека е виновен. Мислам дека сето ова е минлив период, кој нели не треба да го толерираш, земи повторно и со убаво замоли да се направи отворен разговор, не се карај, не викај, едноставно нормален разговор без драми и навреди, па види како ќе биде. Се надевам ќе го решите проблемот за брзо.
@Chris0203, испитај го ова што ќе ти го кажам... оти со мои очи видов нешто слично, и кога зборав со мм, ми потврди дека често така функционира кај мажи со послаб карактер. Тука во маало често децата кај што играат се собираат и родителите... мажи, жени, кој е слободен. Е сега факт е дека мажите се исмеваат еден на друг и си викаат папучар, онака без причина, ама овај едниов се најде пошутко така, и за да докажи дека не е, секој ден се глупира со жена му... не и крева на телефон ако му звони, мангупски и се понаша и сл. Баш зборавме со мажот ми и ми вика дека секаде било така, и на работа и секаде ќе се заебаваат на таа тема - во смисла, ех бе папучар еден, и лабилните попуштаат на тоа. Да не го дупчат колегите, папучар еден, само папучари дома седат, жена ти не те пушта да излезеш итн итн, знае да мани на психа тоа кај некои.... па да проба да си докаже и себе, и нив дека не е уствари... и тоа после оди во обратна насока, и така испаѓаат тешки кретени мажите. Види некако пробај да дознаеш дали имаат такви мајтапи меѓу себе, оти ако има и ако го научиле дека кај него делува, има бетер да го дупчат, и бетер работата ќе се влошува.
Можеби колегите толку не колку едем другар што го има, кога и да го види обавезно некои такви коментари има. Само не мислев дека така би паднал под такво влијание баш тој, кој дома сила покажува и бардиња раздава. Ме нервира и непомагањето дома, и тоа што ми вели дека тоа што сум го сработила не е голема работа, ништо не било тоа, секојдневие.. чудни се маживе….
Седни го заедно со неговите, претходно напиши си на лист се што сакаш да му кажеш, инаку ќе те збуни или ќе се раскарате. Тивко, јасно. Без кавга. Нека си размисли после. Ако неговите се разумни, ќе го вразумат и него. Ако не се, размислувај за други решенија, подраматични. Со среќа. Ќе помине бебештвото, тогаш е најтешко, и сите се уморни и нервозни.
@Chris0203 Мислам дека е минливо, особено поради тоа што претходно бил поинаков. Многу мажи не сфаќаат колку напорен е периодот од породилното, особено со првото дете. Во нивната глава замислуваат дека бебето спие, а ти си лежиш по цел ден и дека тој е тој што работи и е уморен, па кога ќе се врати од работа му треба време за одмор и релаксација. Неговото време поминато со бебето не е исто со твоето. Ти си со него 24/7 тој повремено во денот, тука нема споредба. Затоа и не може да сфати. Договори се еден викенд ти да правиш работи само за свое задоволство (лежиш, гледаш серии, читаш книга, шеташ), а тој тие два дена да се грижи за бебето, да направи ручек, да чисти, пегла, да прави се што би правела ти па да видиме дали е лесно. Штом неговите можат и сакаат да го причуваат бебето (па уште ако не е на доење уште полесно), договорете се на вечер пример кога бебето сврзува барем 2ч спиење да излезете некаде и тоа правете го почесто. И шетањето сама со количка не е излегување. И тебе ти треба дружење и социјален живот со возрасни особи. Во многу бракови првите проблеми и поголеми кавги започнуваат по раѓањето на детето, но обично скоро секогаш се минливи. Само ви треба период и двата да се навикнете на новата ситуација. Кај мајките нормално тоа оди побрзо, а кај татковците треба повеќе време.
Нормално е да имате кавги скоро па кај сите е исто. Прво досека си била трудна сте седеле до кога сакате, сте правеле се и сешто, кога сакате ќе одморите. Е сега сите обврски се сведуваат на бебето. Не е да те обвинувам ама сама си ги натоваруваш обврските. Не чистам купатило, не пазарам тоа што он сака и тоа што му треба, не перам нека нема што да облече цела недела нека биде како бомба да е падната и нека не те боли уво. Кога ќе дојде сабта или недела остави му го бебето нека го чува цел ден да види дека е тешко и дека нема игрици на телефон дека бебето треба да јаде,да се анимира,пелени да му се сменат итн. Кога ќе го направиш сето ова тогаш ќе сфати што е дома мајка сама и кога ќе дојдеш дома кажи му па добро бе цел ден дома си и не е средено. Маж ми не ми веруваше додека не зема одмор 2 недели и вика добро бе таман ќе средиш пак растурено што е ова. Таман ќе исчистам пак лом направено. Сам си увиде иако никогаш не ми префрлил за ништо ама сам си сфати што е дома сам.
Мислење за живеење до неговите? Здраво девојки, се надевам дека вашето мислење ќе ми даде некоја нова перспектива за мојата ситуација. Во брак сум 3 години, пред тоа верени и живеевме заедно 3 години, пред тоа 5 години врска. High school love, и денес исто се сакаме. Кога ме запроси имав 25 години, немав некоја другарка веќе мажена да ме посоветува, а и бевме со скоро реализиран план за во странство за 2 месеци, па се согласив да се преселам на долниот спрат од куќата на неговите. Се работеше за визба од 35 квадрати, стара 30 години, стар под, без дограма, немаше ни туш само црево во ѕид. Да напоменам дека неговите се прилично обезбедени, и нивниот спрат си е реновиран и голем, исто и куќата на сестра му која живее до нас лепенка во ист двор. Свекрва ми како да мислеше дека дури и повеќе добив, бидејќи таа дошла во истата куќа и морала да живее со свекрва и и да чисти. Јас со моите живеев во нов убав стан претходно. Но се вселив со тоа што мислев дека за 1-2 месеци си заминуваме. Но почна пандемијата, и сите граници се затворија, немаше шанса за преселба. Цела пандемија ја поминавме живеејќи таму. Секој млад пар нели кога ќе се всели заедно сака гости во новото место. Јас толку се срамев од каде живеам... настрана свекор ми и свекрва ми се многу себични и не ги интересира јас дали сум среќна се дури син им е до нив. Не се луѓе за дружење, имаат стари размислувања. Помина пандемијата, моите ми дадоа пари(неговите се преправаа дека на лотарија ми паднаа парите и не вложија ни денар), за да направиме свој дом. Плановите за странство повеќе не се во игра, пробавме после пандемијата на 3 месеци но не ни се допадна. Почнавме да бараме станови, но не удри реалноста за цените на квадрат, за заглавување со кредити...во истиот момент сестрата на сопругот ни ја нуди нејзината куќа во замена за спратот на неговите(кога видоа дека бараме стан магично го понудија спратот а тие да се преселат во визбата, и кога ги одбив беа како погодени од гром. Не сакав затоа што повеќе не сакав да сум во иста куќа со нив, да не можам да го повишам гласоти 0 слобода).Куќата не е лоша, стара е 60 години, но е во строг центар, и е 120 квадрати. Проблемот? Ист двор со неговите. Сопругот остави на мене да одлучам за да сум среќна. Водена од глупавата желба да немам кредит, ги инвестирав парите од моите за досредување на куќата и смена, очекувајќи среќа. Ја направивме по наш вкус, и е многу убава внатре иако е стара. И сега, 2 години после живеењето така, сфаќам дека мене не требало да ми се даде моќ на одлучување. Се чувствивам длабоко несреќно и безнадежно. Направив голема грешка...зошто? 1. Ги вложив моите пари за реновација на туѓа куќа, која не е ни на име на сопругот, туку на неговиот дедо, што тешко дека некогаш ќе е на негово име од легални причини. Настрана од тоа, свекор ми нон стоп се мешаше за тоа како да ги искористиме парите од моите спрема тоа тој што мисли треба да се реновира. 2. Мислев дека би имале повеќе приватност. Но секој пат кога ќе излезам од дома се чувствувам како пред инспекцијата во дворот. Дома касно да си дојдам од излегување ми е срам. Не можам да викнам другарки оти ми е срам од свекорот кој седи без маица гол во дворот, и сака да зборува со нив глупости. 3. Се чувствувам преосамено. Сопругот си води двоен живот: со неговото семејство цел ден си се заедно, јас сум сама. Не ме викаат мене со нив(искрено не ни сакам да одам). Тој се има потрудено да ме земе, но ми е пренепријатно: никој не ме прашува ништо за мене, сакаат само да ти зборуваат за себе. Единствениот интерес во мене им е за внуци, бидејќи немаат никаков свој интерес/хоби. Настрана од ова, неговите и сестрата се позајмуваат пари од нас секој втор месец, иако ние двата работиме минималец, а тие се со добри плати но не знаат да ги испланираат. Двете куќи се на ист приклучок за струја, па неговите не плаќаат сметки, туку ги делиме со неговата сестра. 4. Работиме минималец, така да купување нешто сега и преселба е многу тешко. 5. Најголемата причина што не сакам деца се тие. Сега барем држам малку дистанца и кај нас не доаѓаат. Но и сестра му држеше таква дистанца за приватност со сопругот додека не доби дете, и сега се цело време на гости. Не може сама да излезе бидеќи седат во дворот и чекаат. Разбирам дека некогаш е добро да имаш помош, но свекрва ми се бори со неа за надвласт над детето, за да се слушаат нејзините идеи за одгледување како да и е дете не внук. Истото ме чека и мене. Многу ми е жал што премногу го сакам но заради оваа ситуација не гледам решение освен да си заминам. Станата сум дух од среќната личност која порано бев. Ниту една другарка не живее со in-laws, сите си купија станови, а јас како лузер. Се споредувам и си мислам колку ќе бевме посреќни ако бевме сами. Сега дури и да имавме пари за преселба, неговите ќе сфатат дека бегаме од нив, а и како толку пари да фрлив во вода. Ми се одмили и идејата за брак. Ова е брак? Губење на себеси и депресија? 0 приватност да си свое семејство? Посреќна бев на факултет кога живеев сама. Се омажив од љубов, но како да ме искористија да им ја реновирам куќата, син им да си добие чистачка а тие крава за раѓање. Јас немам вредност. Комплетно се откажав од можноста да сум среќна. Се извинувам за долгиот пост, немам со кој да разговарам за ова а да ме разбере....
@Boni.top.93 , најпрво мораш да поработиш на себе и твојата самодоверба. Почни некој курс или на вежбање доколку не одиш, посвети се на твое хоби. Тргни ги мислите од свекорите најпрво. Јас сум во иста куќа со стари и ден денес тврдам дека тоа ми е најголема грешка. И покрај фактот што имам каде да оставам дете кога е болно и не може да оди во градинка, за се останато само негативностите ги гледам. Кога веќе имате посебна куќа слободно викај си другарки. Тие ти ја знаат состојбата и биди комплетно отворена со нив. Во смисла на добредојдени сте секогаш кај мене. Знаете дека свекорите, золвата се во близина, може да ни се придружат. Или пак од друга страна на сопругот и свекорите им викаш си излегувам со Х на кафе, дома немам доволно приватност. Или тие и тие не сакаат да доаѓаат, не се чувствуваат доволно опуштено за тука да пиеме кафе. Дали има опција и дворот да се подели/загради? Што би се рекло 20кв да имате ама да се само од вашиот дел? И да си настрана, сигурно ќе ти е многу поубаво од аспект на приватност меѓутоа пак ќе ти смета тоа што свекорите би доаѓале кај вас или мажот оди постојано кај нив.
Извини вака ама јас проблем овде не гледам во свекорите, ти имаш со себе и својата самодоверба проблем, со тоа да викнеш другарки, да излезеш, да се вратиш... Да не ти кажат нешто, абе ај, ми е гајле. И да, немаш проблем со нив пак, со мажот имаш проблем што си седи со нив место со тебе. Крени глава ако сакаш да го спасиш бракот и почни да се однесуваш така, да го вратиш мажот до себе, да си створиш живот каков што сакаш и да го правиш тоа што сакаш. Појачај си ја самодовербата, ако има можност направи дистанца во двор, ограда не мора, ама влез направете си нов да не мора да се проаѓа покрај нив или да не мора да седите со нив, организирај се така да бидете самостојни. Сево ова објасни му го на сопругот, само он и треба да те разбере. Грешката што сопствените пари си ги вложила во нешто што не е твое е веќе направена, сега гледај да си го направиш животот како што ти сакаш.
@Boni.top.93, не разбирам зошто не си прифатила куќата на сестра му, ако се посебни, си имаш свои причини веројатно. Ако си несреќна, никаква куќа нема да ти одговара. Не дозволувај мешање. Не мора со другарките во двор да седите, или одете на кафе некаде. За деца, секако ќе родиш кога ти ќе сакаш а не некој друг. Потрошените пари нема магично да се вратат, ама.. Ако сакате под кирија, петко трајко што мислел, ИЧ ИЧ да не ти е гајле. Да, ќе бегате, вистина е, оти се нападни простаци. Баш те брига што мислеле и што велеле. Земи си ја иднината во свои раце. Каква крава, каква слугинка. Тоа тебе ти е во глава оти си напната и разочарана. Ако имаат по 60 години, дали си спремна уште 20години да ги трпиш? Мислам го знаеш одговорот. Јас не живеам и не сум живеела со свекрва. Мене мајка ми ми велеше : ќе ти ги скршат рокчињата кога ќе се мажиш.. Јас уште тинејџер и велев: ЈАС нивните ќе ги скршам. Фала богу разумни се погодија, никој никому ништоне кршеше, чак свекрва многу ми помогна со бебе. Но никогаш не би живеела со нив, макар во хостел да морам да живеам. Види си што можеш а што не можеш да трпиш и според тоа одлучи си.
Жено, и јас истата грешка ја направив, моите пари го вложив во туѓа куќа. И ми беше многу мака пошо секој ден трпев понижувања, е шо викаш од среќна девојка се претворив во дух. Но еден ден кажав доста беше, и пари и вложување и се нека оде у курац, побитно ми е здравјето и аклот да ми стое на место. Се пакував и заминав. Милион шанси ми се отворија, и за пари и за се, само се каам шо си го изгубив живците тамо. Значи, не се мисли, зимај маж ти и одете под ќирија. Дете не прави додека не биде тоа. Ич да не ти е гајле шо ќе мислат они, ама ич. Под ќирија ќе си имаш мир и спокој. Ако сте сложни со маж ти, куќата тамо не ти бега, ќе умрат они и ќе можете да си се вратите. Ама мисли на здравјето, ќе се оболиш така. Најискрено ти кажувам. Може сега не ти е ништо, но ќе почнеш да осеќаш понатаму. Не ти требат стари, маж ти ако сака пак нека им оде на гости, битно ти нема да ги гледаш и ќе бидиш среќна.
Терај си го животот како си сакаш. Ако маж ти сакал цело време да седи со мама и тато зошто сте се земале. Среќа сеуште шѕо немате деца иначе тогаш поголем проблем. Седни и разговарај со мажот ти дека ти смета тоа разговарајте за проблемите. Ако не разговарате само ќе ви тоне бракот ако може да се нарече со оглед на тоа дека он си брка негова работа. Тоа дали ќе живееш на различен спрат од куќа или доградба се што е во исти двор ќе има мешање. Без разлика дали со негови или твои да живеете. Кога би имала бебе не знаеш какво ќе ти се погоди може ќе ти треба помош но едно е да ти доаѓа помошта, а друго е вечно да ти е тука и да ти го џапа од раце бебето, а мажот ти нема да каже ништо. И ете ти кавги.
Со кој памет си давала пари од товите во туѓа куќа. Сега не е касно. Фино ќе му кажеш на маж ти да си дигнат неговите кредит, да ти ги вратат парите и да си идете под кирија или учество за стан. Прво мал па поголем. Животот е пред вас. Крени горе главата. Не ти е касно. Немаш деца мисли разумно а не го сакам, бла бла.. Џабе ти љубовта ако се поболиш од таа љубов.
Леле поштеди ја од тие муабети " со кој памет си давала во туѓа куќа". Како да не и е доволно тешко на неа, па уште и на глава да и се качувате вие. Уште толку сол на рана да и ставате. Биде веќе шо биде, сега нека мисли како да се спаси од таму.
Па ете и дадов совет. Ултимаум на мажето Или мама и тато или јас. Ако не може без мама суќната нека си седи со нив а девојкава нека се спасува додека нема дете да ја врзува за цел живот си нив ако нема излез. Не вреди за никој да се поболуваш. Не е тоа брак, не е тоа љубов не е тоа живот. Од искуство. Пред брак раскинав врска зашто веќе не бев јас, заборавив да се смеам, да се радувам како дух бев.
Се сложувам со членката со тоа да им кажат да си подигнат кредит неговите и да и ги вратат парите што ги вложила. Да, точно е дека не требала да вложи во туѓо, ама млада, не размислувала, си сакала да си среди, сега и таа се кае, ама од сопствените грешки учиме.
Леле аманте бе луѓе што ако им речат, овие одма ќе подигнат кредит како да не. Нели гледате со какви луѓе има работа.
Па така де, демек ако им кажат они одма ќе кажат Ај снашке на ти ги парите не се лути.... Нема ништо од тоа, може само повеќе огнот да го загори. Нека си фате мажот под рака и нека бега од тамо.
@Boni.top.93 Сѐ убаво те разбирам и потполно си во право. Но, мораш да заборавиш на парите ако сакаш да се смириш. Ова го кажувам за твој личен мир. Си направила грешка, но тоа е што е, назад нема. Си пробала и стан да купиш, си пробала и странство, ете не дека не си пробала. Тоа си го гледала како единствена опција, не се обвинувај сега. Реално и на мажот ти да беше куќата, таа е наследство, пак лично тебе немаше да ти следува дел (во случај на развод пример). Единствено, само тогаш би постоела можност за продажба. Сопственикот на куќата кај е, наследниците други кај се, толку ли не може да среди тоа да биде на негово име? И каков срам, за што да ти биде срам. Излегувај и враќај се кога сакаш, прави што сакаш, што се замараш што ќе помислат. Едноставно помини-замини покрај нив, без објаснувања. И зошто се срамиш од свекорот, и татко да ти е нема што ти да се срамиш, не па свекор. Ете сега викаш куќата е многу убава внатре. Па викни си другарки, абе за инает викај нон стоп другарки. Вака испаѓа тие таму сите на куп, а ти сама ко намерно да си го правиш тоа на себе си. Друго... Секој си го живее неговиот живот, не се споредувај кој каде и како живее. Имаш сопруг кој викаш дека те сака и го сакаш, тоа е најбитно, имате куќа на располагање, никој не ве брка, а не прочитав дека по дома ви се шетаат. Значи приватност имаш. Почни малку да ги гледаш позитивните работи. И дај малку пробај опушти се и уживај. Не гледам причина да си заминеш, најискрено.