Епа тогаш нека си се прости од парите. Или ако се отсели од таму, да си земе се што купила, сега ѕидови и подови не може, ама тоа што е подвижно може. А и не верувам дека на членката и е дојдено до парите толку, колку што и е поважен мирот.
@Boni.top.93 можам да те разберам како ти е. Сте имале планови не ви успеале, и тоа не еден повеќе планови. Истото ни се случи и нас. И знам дека секогаш не излегува како ние што планираме. И мене поради тоа ми е тешко кога план по план ти пропаднал. Со парите биднало што биднало назад не можеш да ги вратиш. Ако мислиш дека ќе можеш да држиш дистанца и да си живеете таму ок. Ама ако нон стоп те вознемирува кога ги гледаш надвор во двор јас би ти рекла да си одите под кирија ако треба, здравјето и нервите да си ги зачуваш ништо не е побитно од тоа. А и со маж ти еден добар муабет да си направите, кога веќе те сака толку многу треба да седи со тебе а не ти да седиш сама тој со нив. Ти веќе си му примарно семејство, нормално тие му се родители ќе застане со нив ама не може по цели денови тие да седат заедно и да се кикотат а ти сама дома да се нервираш и дробиш.
Знам како ти е кога едно планирате, ама друго ќе испадне, не секогаш е како што планираме. Си вложила твои пари, криво ти е, ама ако не можете под кирија нели има шанси барем да преградите да си имате посебно двор? Дали разговаравте со маж ти за ова?
@Boni.top.93 Немаш проблем што не е решлив. приказни дека е хорор да се живее во исти двор /куќа со неговите ќе се изначиташ. Јас живеам 20 гид на различен спрат и не ми се замешале за ништо. Мешањето ако се такви луѓе и преку океан ке ти се мешаат и ќе ти сметаат. Прво не се јадосувај кај си вложила пари. Си вложила во куќа каде сепак сами живеете, и не ви доааѓаат старите. Си вложила за да домот ти е убав каде живееш. И така и треба. Луѓе во секакви глупости вложуваат пари и ги губат. Ти бар ќе уживаш во убав дом. Е сеа старите ти сметаат во дворот. Немора ограда туку направи си “природна ограда”посади си некое растение ,можеш на пр.јасмин,ние имаме ем се шири ко ограда и ќе ти мириса убаво. За струјата ставете свој струјомер со барање во Евн. И малку се чувствува тага кај тебе,тоа што ти немаш никој близок во државава, а маж ти ги има неговите па можда и влијае на твојата перцепција.
@Boni.top.93 Секако ќе зборат и да шеташ и да не шеташ. И да чистиш и да не чистиш. И да переш и да не переш. Тој што збори секако ќе збори затоа прави како што ти сакаш еден живот имаш, во денешно време свашта се дешава така да уживај во животот и помалку стрес само здравје ќе си заебеш.
Од цела приказна јас заклучив дека ти смета што делите двор, маж ти што е поголемиот дел од времето со нив и приватноста. Вие сте ја средиле куќата, си вложила пари таму, всушност немаш и некој директен проблем со свекрвата и свекорот, туку ти смета што не се со модерни размислувања. Не треба да се замараш ако те гледаат кога испаѓаш, си доаѓаш и сл. тоа не треба да ги интересира. Си имате посебен влез. Дворот ако е изводливо напрајте си барем патека заградена со жива ограда за да минеш до вратата, останатиот дел од дворот не ни мора да го користиш ако не сакаш да комуницираш со нив. Другарките кога ти идат, доволно си блиска со нив да им кажеш дека мема потреба да ги титрат со муабет, културно добар ден и правец внатре. Јас не би се селела доколку немам сериозни проблеми со нив. Маж ти ако е мајкар, и на другата страна на светот да е нема да се смени. Ние живееме во странство па маж ми се слушаше минимум по еднаш на телефон, сега го управив фала богу. Исто како да живеевме заедно. Девер ми живее на другата страна од градот, па секој ден оди кај неговите. Така да ништо друго не ти помага освен разговор. Ако се разберете со него, магично ќе исчезнат и другите ситни проблеми.
Одам со конкретни одговори како што ти се подредени, само ќе речам да не бидеш престрога спрема себе. Ми стоиш за свесна личност, што значи размислуваш за проблемот. Ко пита-не скита. Затоа и да немаш постари луѓе за совет, секогаш ќе си бараш. Зашто никогаш не знаеш во што г*мна ќе те навлече животот. 1. Ни во своја не се вложува, а камоли во туѓа куќа. Освен ако не е целосно на твое име (оти триста проблеми излегуваат и со свои луѓе). 2. Кога се согласуваш да живееш во заедница, од почеток треба да ти е јасно дека ќе немаш целосна приватност или накратко речено ќе ти биде прилично намалена. 3. Преосаменоста ти е проблем, а коренот ти е во сопругот. Тој нешто решава воопшто или ти си мажот во куќа? Зашто имам таква претстава, дека сето е на тебе. Човек што нема хоби, се занимава со трач муабети. Скроз досадно. Делењето во заедница е нормално, тука не гледам некој проблем (од старт си знаела дека ќе сте повеќе луѓе). 4. Кога се сака - се може било што. Ќе стегнете заби, ако треба по две работи. Само слога ви треба, човек што е решен, ретко кој го спречува во тоа што го прави. Стегни го малку и излезете оттаму. 5. Децата носат среќа, ама во ваква ситуација тие не ти се потребни. Извини што ќе сум скроз отворена, но мора да го решиш сето погоре (секако, не очекувај во целост, зашто веќе добар дел од нив се такви какви што се). Ако ова сето го занемарам и тргнам со свој појасен совет би гласело вака: да не си ставаш трн во здрава нога, деца правење никако. Чим имаш позади родители да си стегнеш заби, барај си развод. Крајно нешто: ултиматум. Или вие или ништо. Па нека бира сопругот твој, има избор***. Исто како што и ти имаш избор и скроз легитимно е да им речеш не трпам. Оти не сме тука за да трпиме. ***ти изборот си го направила и правиш низ годините, како што гледам тој во ништо не е/не бил вклучен. Нека решава тој нешто битно, а не ти да се се ставаш во улогата на мажот. И најдобра комбинација ти е да пробаш со 4, а после со последниот совет (доколку нема ефект). Другарки не коментирам оти тие моментално ти се најмалку битни. Да фрлиш око на комуникација со твоите и да ги седнеш со еден убав муабет. Многу лесно ќе пресечеш, ќе имаш поддршка и ништо нема да ти се осети. А ние сме тука на фемина да те дооправиме.
Не знам дали си во брак или имаш искуство во брачен живот но не мора да ја напнувате со развод бидејки девојчево нема некој голем проблем. Да се разведува секој за секакви глупости нема воопшто во брак да бидат. 1. Исто како и во изнајмен стан, секој би требало да вложува и во куќа каде ќе живее со цел да му биде убаво. 2.Не живее во заедница, посебно живеат имаат посебен дом , тоа што делат заеднички двор може да го реши. 5.Зошто да не и се потребни деца?! Работа и станбено прашање решено. Нема некој проблем, освен што има малку самодоверба. (И е срам да вика другарки, или да се искара или д аповиши тон)
Точно напишано. Не се вложува во туѓо, ама па ете си сакала да си среди, да и е убаво таму каде што живее со мажот. Исто и тие што живеат под кирија си сакаат да си средат, па пари се за трошење, барем за нешто убаво, ако така гледаме не треба да вложуваме во ништо, зошто утре може да го изгубиме. Прееска пишав дека ја поддржувам членката што пиша да им каже да подигнат кредит и да и вратат што вложила, ама на членката изгледа и смета само што го делат дворот, може да си го преградат. Па има многу што живеат во исти куќи па по не се гледаат со свекрвите отколку тие што живеат посебно.
Не знам дали ме читаше внимателно, никаде не ѝ посочив прво развод (туку како крајна опција). Исто така, никаде не кажав дека е проблем да живее во заедница - секако, заедницата си носи свои предности и маани. Еве, деца не ѝ се потребни зашто наместо решавање на моменталните проблеми има да ѝ се дуплираат. Не ја терај да скока чекори во решавање и мислам дека е и повеќе од смело да ја охрабруваш за деца. Не дека ѝ се нерешливи, ама за тоа треба и волја од другата страна и да умее да ја поттикне таа желба за решавање. Едит. не знам како стално се фаќате за личен живот. Исто и за ова, така и јас имам мислење. Како и секоја индивидуа.
Обично сметам дека луѓето не треба да даваат мислење за брачните одлуки на другите и не коментирам тука ама ајде за првпат делумно ќе те анализирам тебе а ти врз основа на тоа ќе си разбереш шо сакам да ти поентирам. Уште пред да почнам ќе кажам дека ти си решена шо треба да направиш и сега само бараш потврда дека тоа е правилниот пат шо ќе го избереш, не верувам дека мислењето на некој од тука ќе ти влијае да се премислиш за да направиш тоа шо си решена да направиш. Имаш високо образование и работиш за минималец како и 80 посто од нас, не си задоволна со постигнатиот успех и стремеш на повеќе во кариерен план меѓутоа како шо можам да разберам сопругот ти преставува пречка ради тоа шо тој веќе се адаптирал на тоа што го има и човек е во комфорт зона а тогаш доаѓа момент во кој малку тешко е да го мрдне некој друг од таму ако самиот не сака. Мене лично не ми се свиѓа шо се огледуваш на другарки па така сите биле снајдени и возат скапи коли или нетизнам што па ти мислиш дека сите се среќни и кога и ти материјално би била како нив би била среќна, на овој начин на размислување доколку се споредуваш со некој никогаш нема да бидеш задоволна со самата себе и би ти препорачал ти да си ставиш твои цели во животот и да си ги постигнеш нив а кој што има и како има да не се замараш. У врска со комшиите без разлика дали се неговите или други, немаш потреба да се замараш, едно кафе некогаш ако свариш и едно добар ден добро утро доста е. Некако, незнам како ти е донесена одлуката, не ме чуди зашо ми се има случено да бидам оставен преку ноќ без разговор, ама немаш напишано дека си пробала да решиш нешто од напишаното, а по тоа можам да заклучам дека рацете ти се кренати ептен и дека немаш воопшто желба да се бориш за нештото што си го градела да опстои а не пк да расте. Мислам разбирам да дојде до разидување меѓутоа не гледам дека имало разговор за да се смени нешто па не се сменило ништо, па доаѓа до последната линија или па да оди по жени да коцка или да те малтретира некој такви реални проблеми. Реално 90 проценти од луѓето на балканот ги имаат истите проблеми како и ти. Еве мој предлог е да размислиш да поразговараш на пример до хрватска на 3-4 месеци двајцата да си изодите нема да изгубите ништо ќе тргнете по 2500 да речеме вкупно околу пет па кога ќе се вратите ќе можете да си барате некој стан и да бидеме реални за минималец секаде може да се најде работа. Значи ја неможам да ти кажам како да го решиш тоа шо те мачи, ти најдобро си знаеш, меѓутоа можам да ти кажам од лично искуство една работа. Некогаш мислеме дека ако се откажеме од нешто ќе најдеме нешто подобро и дај боже да е така, ама некогаш барајќи го подоброто сваќаме дека сме го изгубиле драгоценото. Јас лично не ти ја знам цела ситуација дома, и не сакам да бидам причина за донесената одлука затоа малку повеќе анализа направив на тебе и дадов делумно мислење па може и затоа нема да има смисла кога го читаш ама се надевам дека ќе те замислам барем малку. Крајната одлука си е твоја.
Ова звучи како кошмар, баш ми е жал што си во ситуацијава. Имам слушнато за вакви мажи кои дома не пипаат, мислат дека тоа што одат на работа е доволно. Ама тоа со кратките одговори и немањето желба за никаква емоционална интимност покажува дека тој те избегнува, дека е фрустриран поради нешто или пак има некоја друга причина не поврзана со ситуацијата дома. Свесна си за да успее една врска мора и двајцата да се трудат. Убаво ги пиша @Dentina да направиш список со се што ти пречи, сите аргументи и факти да ти се подредени и да разговарате. Ако и тоа не води никаде, би можеле да отидете на психолог (брачен, ако ги има кај нас) па таму да зборувате. Те разбирам дека си фрустрирана до бескрај, секоја на твое место би била. Но исто така, ти мора себе си да се заштитиш и ако нема разбирачка со него, сфати дека едноставно луѓето се менуваат и патиштата се разидуваат. Ова ти го пишува некоја која заврши 7 годишен брак и "најголема љубов" поради слични причини (само без дете во сликата). Разбрав дека не можам да бидам таа што ќе дава повеќе до недоглед.
Девојки сакам да ви се заблагодарам на сите, немате идеја колку ми помогнавте. Само тоа да си слушнат и разбран некогаш многу помага... Уште денес зборував со сопругот за преградување на дворот, му ја дадов таа задача него, веднаш се согласи. Со тоа што му реков да е повисока оградата за да има приватност и да не се гледаме кога ќе влегувам/излегувам/седам во дворот. Ова е сепак пробна мерка...ако видам дека се уште се чувствувам лошо и не се менува ништо ќе одиме под кирија. Си договорив и да ми дојдат гости, малку да се опуштам со луѓе таму. Сите сте во право, со самодовербата имам проблем, ова што дојдов во туѓа куќа ми е болна точка, како да им должам нешто нив чим сум на нивно место... И некако се срамам кога ќе кажам дека сме до нив, многу се чувствувам како лузер. Уште од мала со моите живеевме под кирија, па на факултет по кирија, конечно кога купивме наш стан се омажив. Значи никогаш немам живеено во мое место... Ме фаќа лутина кога ќе се сетам дека јас се согласив на ова... само да ми бевте тогаш тука некој да ме посоветуваше. Каква будала што им дозволив да ме изиграат..кога веќе сме традоционална држава и многу родители им обезбедуваат место на синовите, зошто неговите при високи плати барем еден добро среден спрат да му обезбедеа? Како не им беше срам да се вселиме во визбата? Воопшто неиспланирано. Ај тие себични ама јас наивна да се согласам? Инаку моментално само на прослави и родендени се гледам со нив, барем за тоа имам граница. Некогаш може и месец да помине да не ги видам воопшто. Понекогаш се чувствувам виновно како да треба повеќе труд да вложам, но си викам подобро дистанциран културен однос отколку близок па да ме нервираат и да се скарам. Во принцип сум многу срамежлива личност па тоа е повеќе причината. Се прашувам како да ја зајакнам самодовербата? Многу ми е мило што на Фемина најдпв толку самоуверени девојки, ми дадовте храброст. ❤️
Самодоверба е индивидуална работа, некои ја имаат изобилство без подлога, некои патат од немање.. Сеуште си млада релативно, прво : не се споредувај. Ќе си ги затруеш односите со другарките, а себе нема да си помогнеш. Кој, како, на никого не му знаеш точно. Ма луге во иста куќа не се познаваат еден со друг а не пак дека за другарка макар и најблиска ќе знаеш дали е супер задоволна или не. Јас ретко се жалам на другарки . Пробувам сама или со маж ми да решам проблем. Ако се решава. Совет прашувам од тој што има искуство, како викаат паталец, не гаталец. Не се ниту фалам на нив. Едноставно не се преправам, ни поарно ни полошо од што е. Мислам и они така со мене. Сум дознавала отпосле ми кажувале за тешкотии, кога поминало. Дека всушност далеку сум и што ако ми каже, ќе ја мислам. Така да, според мене не се мери. Мери се со себе си. Ти да бидеш поарна од вчера, лани и пред тоа. Ако работиш за минималец, барај друго, минимум не ти бега секако. Секогаш за криза има стручни лица ако ти треба консултација, со ова не сакам да те навредам. Не се нарекувај себе си крава или слугинка. Тоа не гребе во потсвест. Јас се зезам со маж ми за 'животинско царство' некогаш но ние многу се зезаме меѓу себе, се е ради смеење, го викам прасич пример он абер нема, цел е во форма со мускул стегнат и он мене прасенце и знам дека е зезање,иако не сум стегната ко него. Работи на подобрување на околности. Прости луге ќе бидат стално прости, па биле богати сиромаси, образувани, необразувани. Колку им дозволиш, толку ќе ти се качуваат на глава. Ова е вечно спорење во тема свекрви и снаи. Дали со мудрост, вештерство или ледено однесување, боље да си лошичок отколку арничок. Арните премногу страдаат. Отерај се у три пм културно ( постои и културно гонење во полови органи) или "игнорамус". Оние што се бафтаат со нарциси го викаат греј стоун, елем не е скроз шкртната особата туку строго службено. И на крај маж ти. Потсети го, кога сте двајцата смирени, дека ти фали присуство и како долгорочно гледа на вас да ти каже. Планови се менуваат, но целите дали ви се исти? Шанси ќе има уште, млади сте, па и постари имаат животни шанси. Прашање е како ќе се искористи. Важно ти да не се јадеш себе си со напнатост и бес или не дај боже љубомора. Од се' се лачи кортизол
Ти жено си вистинска мудрица. Како знаеш да го освестиш чоек, да го охрабриш, онака кога те читам, добивам повеќе самодоверба, позитива. Алал да ти е!
Поканети сме денес на свадба кај роднина на мм негов прв братучед мажи ќерка, вака близок род ама во пракса далечен, да ги сретнеме младенциве на улица нема да ги познаеме. Арно ама јас од вчера сум со стомачен вирус, никако не сум да одам дијареа, гадење,болки. И мојов запнал сам да оди, или со детево да одат сами, срамота било да не сме отишле. Дали претерувам што не ми е сеедно и се лутам што ме остава мене дома неарна а он на свадба ,башка тоа, при жена сам да оди ми е безвезе па уште лут ко ја да сакам да ми е неарно, ме тера да одам а гледа не сум добра, плус ќе заразам некој.
@desperate15 Пред некоја недела имавме свадба, поради некои здравствени работи исто до последно не знаев дали ќе одам јас, но реков ако не можам маж и дете нека одат сами. Исто кај на братучед син, едноставно луѓето не испочитуваа и поканија иако се гледаме еднаш на неколку години и сакав и ние да ги испочитуваме со присуство. На крај и јас отидов, но ќе одеа и сами да не можев. Сега ептен ако ти е лошо тебе и немаш некој друг да седи да ти се најде ок, ама инаку зошто да не одат, по мене нема причина.
Ако сте потврдиле присуство, зошто да не отиде на кратко со детето? Ние кога правевме свадба требаше две недели пред датумот да кажеме точна бројка во ресторанот, после тоа тие што нема да дојдат се плаќаше не се сеќавам дали беше цела порција или 50%. Башка многу е грдо празни столови во сала… Освен како што кажа Емилиана ако нешто многу не ти е лошо па да не можеш да поседиш сама. Инаку и јас не гледам пречка да не отиде на кратко барем. Ова при жена дома не ти држи вода, лани правев една интервенција и не можев да отидам на една свадба и тоа на моја братучедка, мм сам беше. Колку пати сами и не’ викале, голем колегиум, а сакаат да не’ испочитуваат, па не’ викнат сами без партнери. Немаш потреба според мене да ти е безвезе.