@desperate15 Според мене т.е мене лично не би ми сметало сопругот и детето да отидат сами. Мислам дека дури би инсистирала. Убаво е да се испочитуваат младенците кога веќе ве поканиле. Воедно, мислам дека едно два часа ако отидат да поседат, не би било крај на светот. Исто како да отидат да прошетаат малку во парк, додека ти се одмараш. Сепак ако не е премногу сериозна ситуацијата со здравјето, и онака е подобро да одмориш сама дома, а тие нека идат
Ima prostor za nekolku brojki t.e porcii da ne se platat ako ne dojdat gostite, moze zavisi od restoranot no kaj nas taka bese. Jas ne bi idela sama na svadba, otposle bi otisla kaj mladencite na cestito i gotovo, ali dobro sekoj razlicno. Znaejki go nasiov mentalitet odma vadat muabeti ene ja/go bez maz/zena se razveduvaat sigurno
И јас сум одела сама на свадба и маж ми од работа, ова ми е подруго, роднинска свадба што знам. Му реков нека оди сам, малото дома да остане и така не сака да оди. Срам му било сам таму на слика сам ко да нема фамилија бла бла, епа ја со пролив да идам не можам. Тоа е. Фала на сите за одвоеното време.
Епа сега не си ти крива што си се разболела. Ако не му се оди така, нека си седи. Или нека не се слика.
Јас кај другарка на свадба бев без сопруг оти дента тој се разболи. Не гледам ништо страшно во тоа. А и убаво е со малото да оди, ќе си поминат заедно време, поарно отколку ти со проливи да го чуваш дома.
На мене не би ми било проблем маж ми сам да оди. А знам дека не би отишол. Срамота било при жена дома, сам да се појави. Нормално, и децата ќе одат со него. Кај газдата на фирмата сам беше на свадба. Беа канети без партнерки. Јас му кажав - Ако те покани со мене, јас не одам. Што барам кај твојот газда кој не го познавам.
Мене ми е поглупо да не појди отколку сам да појди. Болест, работа, обврски, други приоритети, мал милион причини има зошто некој не би можел/сакал да оди, па не сметам дека треба и партнерот да не оди. Скоро бевме поканети на свадба кај прва братучеда на мм, младоженците сакаа свадба без деца. Бидејќи свадбата беше во друг град, никако не ми беше изводливо доенче да оставам на некој да го чува, па затоа тој појде сам. Сме биле и јас сама и тој сам кога во иста вечер сме биле поканети на различни свадби од различни страни.
Пушти го да оди штом сака да оди, ако сака и со дете и со него нека оди. Разбирам како се осеќаш, никој не сака да е болен кога може да се забавува, ама пак зошто да го задржуваш него и детето? Немаш причина за љубомора. Јас на покана за свадба гледам како на нешто што треба да се испочитува, зошто некој сакал тој момент да го прослави со вас и ве поканил. Можеби низ годините се намалиле контактите, ама свадбите се одличен повод тоа да се смени, да се види човек повторно со пошироката фамилија и да ги обнови тие контакти. Вашите деца (иако мали) ќе запознаат роднини кои претходно не ги знаеле и може утре ако се сретнат на улица нема да им се случи да не се препознаат. Во секој случај и да го прашаат зошто е сам, нема зошто да му е срам, зошто е заради болест и обзирност кон другите. Никој нема да ви замери.
Ако не си на смртна постела, и ако ги земе децата со него, нема шо да се лутиш... Земи напрај си какао и пуканки, глеј си серија.
Ние бевме поканети на свадба кај девер, јас само што се породив со бебе дома седевме, маж ми и поголемото детенце беа на свадба и супер си поминале заедно.
Девојки update на ситуацијата: Ние сме всушност куќа лепенка со неговите со заеднички двор со тоа што сме на втор спрат. На првиот спрат од нашата лепенка не живее никој и не е наш, тој има влез од другата страна, со посебен, свој двор. Моментално двата спрата не се поврзани, туку се како мини зграда. Е сега дознавме дека тој спрат го продаваат. Ако го купиме, тој би бил на мое име, со тоа што ќе имаме цела куќа со наш двор. Што мислите? Дали вреди да се купи? Јас мислам на тој начин и би добила приватност и вложените пари досега ќе се исплатат, што мислите вие? Дали би ми сметале неговите? Моментално кај нас никогаш не се качиле без прашање. Ви благодарам!
Мое мислење е дека ќе се пишманиш, ама само мое мислење. Како сакаш така, ама ова ти е преголем влог за пак да ти е на мисла за некое време. Ако мислиш дека ќе имаш приватност ок, ама тоа пак не ти го решава прашањето дека мти седи со нив не со тебе.
Јас ништо не те разбрав искрено. Па нели сестра му живееше во лепенка до вас. А вие живеевте на долниот спрат (визба). Од каде сега дека тој спрат не е ваш? И дека вие сте на втор спрат, и како влегувате дома ако двата спрата не се поврзани и ако долниот спрат си има друг(туѓ) двор?
Ќе ги жалиш и повеќе парите што на кредит ќе ги земеш или твоите ќе ти дадат и ќе ти бидат налет. Ти си знаеш на крај на денот, мој совет е НЕ. Ниту еден од твоите проблеми не е врзан со имотниот лист.
И мој совет е не! Штом го продаваат, продајте го и вашиот спрат, ете нека се продаде цела куќа, купете си стан некаде, и уживајте!
Здраво на сите Веќе подолго време сум жртва на психичко и физичко насилство од страна на маж ми. А во последно време стана ептен често. Секој ден се враќа дома пијан. Не го интересира ни деца ни куќа. Воопшто ништо. Ме вреѓа, ме гледа како секс играчка, ќе си најдел друга, јас сум била ненормална, не сум вредела за ништо. Знам дека треба да го оставам но ми треба храброст. Ве молам кажете ми како да соберам храброст.
@Beznadezna32 храброста мора сама да ја изнајдеш..ти реши се само, другото ќе се истера. Немаш некој од дома, братучеда, постара роднина, евентуално другарка? Чисто да те поткрене дури го решаваш. Да не придаваш значење на навредите - ова најмал проблем е моментално
Баш ова што го миниш е храброст. Ама за жал оваа храброст што ја имаш не ти носи ништо добро, те уништува, и тебе и децата. Работиш? Имаш поддршка од твоите?