И мојот совет е: Не. Секако сама ти ќе си одлучиш. Јас бев во ситуација да имаме шанса за живот во куќа. Но тоа би било во пакет со свекрва ми (плус уште некој член можеби од фамилијата на маж ми). За мене лично ова е Хорор филм. И затоа радо би живеела под кирија како што впрочем и живееме. А и наскоро се селиме во друга земја. И стануваме комплетно независни од мајката на сопругот која што знае да биде control freak. Генерално овој начин на живот, живот во заедница, не функционира добро. Ние луѓето сме комплицирани и комплексни суштества, лесно се доаѓа до дуел, проблем, кавга. Што повеќе луѓе во една куќа, стан; поголеми шанси за хаос. Јас, сопругот и синот живееме одвоено од неговите и од моите. Моите се во Мк, а ние (сега за сега) сме во родната земја на сопругот. Поради многу фактори и причини се селиме и од овде бидејќи за нас барем е потребна дистанца од неговите. Секако тоа е повеќе како мотивација за побрзо да заминеме. Имаме многу фактори и причини зашто така сме одлучиле. Но ете колку и да ми изгледаше привлечна таа идеја, таа понуда за живот во куќа, се свестив дека тоа само би ги влошило односите и нема да имам никаков мир. Си сакам слобода и независност. Би зажалила доколку живеам во заедница. Во иднина секогаш има шанса да си заработиме за наш стан, наша куќа. Тој живот во заедница скоро секогаш носи негативни последици, со сиот тој tribe mentality.
Мој совет е ни под разно да не го купуваш спратот,ако толку сакаш да купиш нешто инвестирај во стан ама да е подалеку од родителите на маж ти и сестра му.Раат ќе си.Си згрешила многу што не сте купиле стан на некоја сосем десетта локација од неговите,вака цело време под надзор ќе сте.Попрво би живеела и во 30 квадрати ама да сум што подалеку од свекор,свекрва,золви,девер.И палата да ми дадат не живеам во заедница.Ако се делите во друга земја можеш да ги чуваш парите и понатака да ги инвестираш во нешто.Секако овде ќе идете на две недели на одмор не е морално да инвестираш во нешто.
@Boni.top.93 тој се нуди нешто да подели со тебе или тешко? Ако купуваш само заеднички и чувај си дел од парите. Но во ваков случај не би те советувала да купуваш, делам мислење како и другите членки.
Не знам повеќе како да реагирам што да правам зборено 1000 пати два дена ќе се среди и пак по исто се тера. Значи маж ми ич не се врти во куќата нити да си игра со малото. И кога не работи надвор нешто ќе се шлае ќе си најде некоја занимација само да не го почува. Еве ситуација од вчера го оставам во двор таму беа свекорот и маж ми и се качив горе си средував некои работи и слушам се дере од доле свекор ми: каде е оваа, што сум правела, јас да сум работела они да го чувале чим им го оставам а маж ми ни збор не прозборува. Се изнервирав и им се изнавикав ни дедо ни татко не му треба што сакаат нека прават од сеа.
Оваа?Ти за него си оваа така може на ќерка му и на жена му да и се обраќа тебе не.Која е таа оваа речи му ,јас бе не сум ти некоја слугинка или така некоја,ЈАС имам ИМЕ ИМАМ ИМЕ,моја обврска и што најмногу ме интересира е детето и тоа да е среќно и задоволно за друго не ми е гајле ич.Детето си има татко,овај овде син ти му е татко не го донесов јас од некаде па да не е заслужено ни за 15 минути внимание од татко му,така да му речеш ако ти рече уште еднаш.А маж ти седување на маса и убаво пеење,па каков татко е тој,на детето свое да не му посветиш внимание.Сепак маж ти е најголемиот виновник во ситуацијава.И уште си ќутел и си гледал сеир.Не требало да се жени ако не можел од мама и тато да се одели.
Ова не е за мене, туку за другарка. Збориме сега, а бе што да праам, е и велам што е.. А бе знаеш како, се на мене се чека, он расфрла се по дома, се бања седнува и одма ми вели, ајде да ми дадеш алишта да се облечам ( еднаш му реков, ете сам зимај си, мајка му ме слушна и леле, сине, мама да ти даде одма се што треба) и ништо не си средува и алишта расфрла , од мене се чека јадење, перење, спружиеање алишта, дур ни една лубеница сам не сечи. Исто е и со син ми, а он е мал, на есен ќе е прваче. И он е како него, се фрла и алишта и книги, и ај мама ова да ми напраиш, ај мама она.... Е што да праам? Детево е дете. Поарно се ќе праам, метании за мажот , кај ќе расфрла, јас ќе фаќам... Не ќе се разведувам?! Нз искрено, секој ден, се нешто ново ми кажува, како и е преку глава од него.... Нз што да и речам.
Ќе се надоврзам на твојов пост. Ништо лично спрема тебе да не ме сфатиш погрешно. Јас читам овде на форумот и скоро сите излегува дека се современи мажи работат се низ дома. Ама моево опкружување баш е спротивно. Мм фала богу не е таков. Ама речиси сите што ги познавам такви се бе. почнувајќи еве од мм другари, фамилија. Па и жените пошто го трпат тоа нели им се со такви сфаќања дека маж е, тоа е женска работа. Или за односот со свекрвата ја викаат мамо и сл. И само јас не сум со тие сфаќања и нормално за нив јас сум чудната. Од мм братучедите, другарите, кумот, старосватот деверот и колегите такви му се бе. Знам бидејќи со жениве нивни некогаш во друштво кога сме и ги трпат. Му викам на мм сигурно си велиш кај ја најдов оваа за жена, требаше да најдам некоја ваква се што ќе трпи Зборот ми е дека иако не има и многу со посовремени сфаќања сепак има и голем дел иако се работи за млади ете 30+ што уште имаат застарени сфаќања.
И мајка му на маж ми така го учела, па морав да го ресетирам Рака на срце, брзопотезно се научи. Два вечери ги оставаше тренерките на кревет во дневна ама онака една ногавица доле една горе, како што ги соблекол. Две утра станував и ми се спојуваа жичките уште од отварање очи. Му се јавував, мајки шајки све по ред и добро нема више. Аха. И третото сабајле тренерките беа на кревет. Земав ножици и ги парчосав Ги колев тренерките и чурев од нервоза. Од тогаш више никад не остави парталче. Ден денес се смее, прва лекција му било и си ја памти. Алишта за перење оставаше покрај плакар, покрај спална, во ходник пред wc, во шпајз , покрај корпата за алишта и слични интересни места. Кај ќе ги оставеше таму си ги наоѓаше, се додека една вечер пред да излеземе немаше ниедна перена блуза. Е јебига другарче мое брачно, јас перам алишта од корпа. Кога јадевме си го носев само мојот тањир во машина, виде дека секој сам си крева и тоа е. Така постепено се научи како живее нормален човек на 30 години. Усисува-само тоа што гледа(крупни трошки пример), јадење прави-после кујната е за реновирање ама важно ќе јадеме, раскрева-секогаш се става на различни места ама нема врска, пушта машини-некад шарени на 90 ама и тоа нема врска Важно нема да го изедат глувци ако отидам една недела на одмор со другарки и не се осеќам врзана дека 'тие работи се моја обврска'. Тоа е наш дом, наши алишта, наша прашина и наша обврска. Јас дефинитивно би се развела да е се на мене како што го учела мамица му. Кога внук ми од година и пол знае да си го фрли памперсот...
Мене ми е чудно што жениве го делат тоа мислење, дека тој бил маж. А тоа било женска работа Иначе зависи и до самиот човек. Еве девер ми пример ништо не фаќа. Со мм различни се ко небо и земја, а иста мајка имаат. Свеки е со тоа мислење зошто мм миел садови имало жени дома. Или срамота пруживал алишта, што ќе речеле комшиите. На мм му е гајле што збори таа, не го дели истото мислење.
Тоа синчето да не им се мачи, ама зетот кога прави се по дома, тогаш тоа е добро, не е срамота што ќе кажат комшиите.
Како тој вицот Блазе си и на таа снаата по нивите цел ден, ќе и дувне ветре ќе се разлади.... ама греота за ќерката, ќе изгори тамо на плажата
Тоа е тоа, не е виц, вистине е. Секој го боли за своето, за туѓото што му е гајле. Или имаше свекрвата како се жали на пријателка: "а бе син ми што зема една жена, ништо не работи, само лежи и му троши пари, а еден зет што се погоди, на ќерката и носи јадење во кревет, и купува гардероба, ја носи по одмори".
Имам и јас една таква што вика ааа како не, не ќе ми мие садови. И исто така она му дава после бањање облека. Не, тоа не е маж, тоа е резил, зошто е неспособен сам да се облече. Сам си се пакува за на одмор. Знае и да си зашие нешто, не дека е баш ко што треба ама бар се потрудил. Готви, основни работи. Усисува, мие садови, не гледам тука што е чудно или лошо. Еве и јас имам кажано дека да не е ваков ќе се разведам.
Ќе се самоцитирам тука, за тука беше мислењето. Инаку пред некој ден доаѓа свекор, маж мие садови, јас бањам дете и само слушам кај што свекор вика кон ќерка ми, браво бе дедо, ти имаш две мајки. Во смисла демек и маж ми се претвора во женско со тоа што мие садови.
Бог да чува од вакви мислења. Ама штом мажите учествуваат во секојдневните обврски не треба да не замараат вакви мислења, ама мене сепак ме нервираат кога ќе кажат вакво нешто. Мм сака сам да се пакува, а свекор ми уште да го наранат, ама така го научила свекрва ми, и кога одат на одмор се таа го пакува, се уште му дава облека кога се бања.
Не знам за колкава сума на пари вложени се работи, но и да одевте под кирија ќе плаќате за киријата. Вака си имате спрат како шо треба но прво треба секој да си плаќа сметки за себе, односно разделете се во поглед на се. Претпоставувам тие наместија струја и вода да имате тоа сето кошта пари ако сакате наместете си одделно, така нема шо за нив да плаќате струја вода, сметки секој посебно да си плаќа. Следно е да си наместите посебен влез ако е возможно да не си сметате секојдневно, заградите некако. Спратот нека се препише на име на сопругот зошто тоа не е решено. Па и прво нека се препише тоа што за него се планира, па потоа ќе се делите. Оти ова оди натака во животот во се да ви се мешаат, а ти тоа не го сакаш сакаш да си своја. Ова ако сакаш да живееш тука ако не одете на друго место. Спомна и дека многу време поминува со нив ќе кажеш дека си осамена, кажи му го тоа, дека секој треба најпрвин домот свој да си го гледа. Не знам како те навлекоа или сама се согласи на нешто шо ќе ти биди потоа криво. Но не очајувај мислам дека треба да реагираш баш вака како шо ти пишав ред по ред, не се наеднаш нормално но ти треба план да се одделите од нив,прво нека препишат потоа сметките, потоа дворот, после секој посебно. Тоа мора да го направат ако ви мислат за ваше добро а не само за нив, за тие да не се осамени и стално синот со нив, како шо гледам и ќерката е заведена да биде во нивна близина но верувај најдобро е шо подалеку.
Ако има ќерка свекор ти кога ќе си дојдат на гости кај вас и ако нешто зет му од свекор ти и помогне на ќерка му ти рече му на свекор ти леле види ×××× си има две мајки исто како ќерка ми.Само сечење во корен иако не вреди да се занимаваш со вакви заостанати во 10 век,ама да си знае малку кога ќе коментира следен пат тој едно ти рече , ти три речи му.
Ни се замарам со неговото мислење, ни нешто коментарот ме погоди. Инаку има ќерка, зетот и тројно повеќе помага по дома од маж ми.
И мајка ми ова истото со брат ми го праи а и со татко ми правеше. Кога дојдов гледам мм сам си зима. Еднаш два пати се понудив после си викам чекај бе шо праам јас. Си има убави навики зошто да му ги упропастам. И престанав сеа му редам плакар тука ти е ова тука ти е она и крај. И ќерка ми ја учам сама да си одбира за во градинка , за дома.