@Eli311 ..зашто немаш поддршка од блиски? А може и се плашиш да не бидеш осудувана од околината..работиш ли со психолог?
Ќе ти биде од корист да разговараш. Вака ништо не правиш, само го потиснуваш во себе. Ако некоја членка има предлог психолог за ваква тематика нека те насочи.
Мила верувај секогаш првиот чекор е најтежок потоа сами си се редат коцките, а ние жените сме посилни од што сме свесни.
Инаку денес ситуацијата ескалираше. Дојде од работа, се истушира јадеше и му викам барем собери ја масата кај што јадеше не можам да фаќам по сите. И почна да ми се понаша. А тука беше и внук му од брат. И нешто ме праша детето ама јас нервозна не му одговорив и ми се пуши ми вика што не му зборуваш на детето ќе видиш дали и јас ќе зборувам со твои внуци. И му одговорив јас на детето тоа што ме праша и "маж ми" ми вика ќе му одговориш убаво а не со викање. И почна да ми се дере да си одиш од куќава,со тебе ова не е живот, јас тебе не те сакам не сакам веќе да те гледам не можам да те поднесам. Ти си чудовиште ти си вештерка. Му вика на детето од брат му стрина ти е лоша вештерка. Поради мајка му ме има погазено, поради татко му ме има погазено, но дека ќе ме погази поради мало дете и ќе се изживува со мене тоа не очекував. И кажав на мајка ми вика не знам одлучи сама како мислиш така. Децава гледаат и се плашат. Трауми имаат. Ме фати за коса ме кубеше. Тргни ми се од пред очи вика зошто при крај сум со нервиве ќе те убијам.
Жено, и сам он те брка, не седи повеќе таму. Почекај да излезе, пакувај се себе и детето и бегај. Оди кај твоите и викни полиција социјално, сите викни ги, нека знаат шо ѓубре е.
Gnasa gnasosana, citam i se nerviram, a seushte ne sum stasan do brak. Dzubre, gnasno manipulatorsko na deca da mu zbiruva taka..
Ги прочитав твоите мислења и навистина ми е жал што поминуваш низ сето тоа. Доколку би си одела, имаш ли каде да одиш? Работиш ли? Имаш ли нешто заштедено на страна? Доколку одговорот на овие прашања е да, би ти било полесно да го направиш првиот чекор, но не знам во каква ситуација се наоѓаш. Велиш дека жалиш за изгубеното време, што е многу нормално доколку со години живееш живот во кој не си среќна. Не знам на која возраст си, но знај дека никогаш не е доцна за ништо. Секогаш можеш да го ставиш минатото зад себе и да почнеш одново. Почетокот секогаш е најтежок, но потоа ќе видиш како твојот живот се менува. Ти посакувам многу сила и да ги пребродиш сите потешкотии што побрзо.
Ја па ги прочитав твоите мислења од пред година и кусур, и само за децата ми е жал... Шо не го плеснеш муж ти со една мотика по газе? Шо, он не те скренал со сеа шо те млати и понижува? Децата ти сметаат што се производ од нездравиот живот што ТИ и МАЖ ТИ сте им го создале?! Од кого видела она па вака да се однесува - си се запрашала некад?! Чим глеаш дека си се земала со дебил не значи дека не моеш и да се разведеш. Па уште и проблемот маж и масата не ја раскренал, па и за некој мочко и се истурил на неа... Нема везе шо ја зарогал, па и пред децата... Дојди си тука, пожали се, ќе ти речат пар членки ти не си крива, бу ху, и животот иде даље... А децата роди ги и фрли ги на буниште.
ЗОШТО ТРПИТЕ НЕДОНОСЕНИ МАЖИ НАПРАВЕНИ ВО ГАЗ ?! Морам со големи букви, пошто кога и да прочитам вакви приказни, ме спобудалувате. После се чудите зошто децата ви се насилни, истрауматизирани, разговараат со вулгарен речник, се трескаат од земја... Можда пошто тоа им е секојдневие по дома, па мислат дека е нормално понашање, пошто подобро не виделе. Да те млати маж, особено пред дете е ЦРВЕНА ЛИНИЈА ! Си се пакувате и ти и детето па и светот да се преврти, за детето ќе загризеш и ќе заминеш. Само кутри деца што лапаат трауми од родители...
@Eli311 детето ќе си го носиш на психолог од кога ќе го оставиш психопатот. Пошто џабе ќе го носиш на психолог ако после сесија се млатите и се пцуете по дома. Тоа ти е исто ко да фарбаш ѕид а внатре пун бубачки.
Не знам више кој пат да го фатам, цела работа со детето, со куќата оставена на мене ( не работам и околу 6 месеци немам никакви примања претходно имав ) сега му смета изгледа тоа ( јас не сум трошаџика значи не се занесувам не купувам алишта или глупости туку само за јадење трошам пари ) и од време на време знае да ми се испораздере да ме извреѓа како тоа јас сите пари него сум му ги трошела не можел он да тргне на страна пари на што личело тоа јас сум била мрза за ништо не ме бивало, ни домаќинка од мене не бидувало не било чисто ( а секогаш е чисто освен ако во тој момент детето си играло со играчките и да се оставени доле) кај ме нашол знаел дека вака ќе биде поубаво да сме се разделеле. Да напоменам секогаш за се му помагам што и да прави и за себе си има он пари си купува што сака секој месец не е спречен во ништо и пак вака се однесува.
Каков клошар!! Дали за храна се зборува ?? За леб??!! Жал ми е многу што не работиш моментално инаку бегај од таму кај твоите и нека си го средува замокот на Хенри 8ми сам. По по по...
Или можеш да си одиш па кога ќе се вработиш барај развод, сега да не го гледаш. Психички да си дојдеш на себе.
Не можам стварно више да поднесам што треба да направи човек ? да му го тргнам детето за да му е се под конец? па дете е нормално ќњ прави неред. Невоспитан. По 3 пати кафиња им правам на сите низ куќа, палам оган, трева косам, им пружам алишта, собирам алишта. На него со неговите глупости секогаш му помагам и машки работи правам секогаш ми било жал и сум гледала скроз да го отргнам пд секаква обврска спрема детето зошто работи да не го мачам и он така ми враќа. Нема поиграно со детето еднаш од кога е родено он седи на телефон кога ќе дојде дома испружен бесрамник
Па ти со дефиниција за домаќинка, сон. Најсериозно, јас како што сум слаба со нерви едно кафе не варам ко ќе го треснам со ѓезвето ќе го робијам... Тој треба да те чува како капка на дланка со ваков карактер. Не е ова живот верувај ми заслужуваш некој што ќе го цени се ова, што ќе те осипува со љубов. Нека остани овај клошар минато, бегај од таму.
Леле значи како се нервирам вака кога ќе видам некоја со чиста душа да се изживува психопат. Ич да не го жалаш нека ринта таму ко кобила неухранета во поодминати години.
Стај му еден лексилиум од најјаките во кафето нека заспие и да не го гледаш. И така не е за живот тој ..