Зашто вакви прашања се разговараат пред брак. Било кој што останува без работа, другиот има одговорност да придонесува повеќе и нели, да не вреѓа. А тоа мое-твое е коректно во врска, понатака не. Секако, со осет за трошење од двете страни и без манипулации. Ако маж не може да ти обезбеди (ќе речам најосновна) заштита кога си без примања и тоа не по своја вина, тоа кажува многу за него. И не е маж во права смисла на зборот.
Жени hello. Имам проблем со маж ми па би сакала да слушнам и ваши мислења. Значи проблемот е секако со неговата мајка. Жената пред брак беше ок, супер, никогаш се немаше напиено кафе со мене ама нејсе, не и замерував пошо ајде да кажам изгледаше како поладен тип на жена што не сакаше да има блискост со девојката на син и и мене ми беше тоа ок. Од кога ме побара за жена маж ми, значи уште вториот месец она се беше нерасположена, се и сметаше, живеевме во ист град ама одделно, па зашо не сме иделе кај нив често, требало ние да одиме оти сме биле помали да сме покажеле почит па драми правеше на ќерка и и плачеше па ќерка и ни се јавуваше како сме можеле да ја нервираме ние неа и маж ми на сето тоа гледаше со сожалување за мајка му. Еден ден се испокаравме толку многу што маж ми се изнервира зема чаша што стоеше на масата и ја удри чашата од земја и срча ме пресече на грбот од што и ден денес имам лузна. Бев лута спремна да заминам ама попуштив, разговаравме помина тоа. Следно беше пред свадба, жената очигледно не сакаше да правиме свадба и до последно не се замараше ниту да помогне околу свадбата, кога ќе ја прашав нешто во врска со обичаите едноставно ми одговараше ладно, што навистина ми сметаше тоа бидејќи се гледаше дека не сакаше да правиме свадба туку само мала прослава. Нема врска помина тоа јас и маж ми супер си поминавме на нашата свадба. Останав бремена па во 9 месец почна да пререкува за името на детето НАШЕ, морало да се вика како свекор ми . Јас и маж ми си одбравме име што нас ни се допаѓа. Се лутеа, ретко идеа кај нас да го видат внук им, помош никаква од нив иако знам дека не се должни пак како баба и дедо мислам дека можеа нешто да помогнат ама и преку тоа поминав. Почна свекор ми детето да го нарекува со сосема друго име, од цртан филм лик. И тука веќе не можев да издржам во тој постпартум период кога требаше да уживам со моето дете и да ми се смират хормоните они ме нервираа со таквите испади. Е сега мене повеќе ме нервираше маж ми што не реагира на тоа па да му покаже кај е вратата и да ги заќути да престанат детето да ми го нарекуваат така. Се испокаравме со маж ми, се свести тој колку е часот и почна да им се спротиставува. Се налутија па 5 месеци немаа дојдено да го видат внук им. Во тој период од 5 месеци јас маж ми и детето наше бевме супер, иако на маж ми не му беше сеедно какви родители има, како семејство имавме мир. Кога тргнав на работа го чуваа еден ден во неделата детето и приметив дека ме лажат во смисла дали детето спиело, дали јадел и што јадел. Ги фатив во лага кај шо свекрва ми на телефон ми вели аа еве спие детето уште а тие излезени со детето значи случајно ги видов и му ја раскажав на маж ми ситуацијата. Ајде пак се спротистави маж ми зашо ме лажеа за сопственото дете, не можеш да ми кажеш дека моето дете сеуште спие а да си излезена со него да шеташ по маркети и во парк, Се лутеа пак, дури за роденденот на син ми дојдоа, поканети беа нормално пошо му се баба и дедо. Сега последно што ја прелеа чашата една бевме јас, детето наше и моите родители во град, тие двајца не видеа и НЕ ОДМИНАА значи ајде што не дојдоа да се поздрават со моите родители нема врска, не зборуваат од кога ме излажаа за син ми, АМА НЕ ОДМИНАА МЕНЕ И НИВНИОТ ВНУК, буквално на 100 метри од нас поминаа, не видоа и завртија глава дури и сменија насока за да не поминат ептен до нас. Јас глупава поминав преку тоа и маж ми не изреагира ништо се испокаравме со него. И на крај пред неколку недели свекор ми и свекрва ми се сретнавме во град, ме видоа и ми завртија глава, ме одминаа по втор пат. Јас веќе не можев да издржам таков однос и таква не почит спрема мене и кажав на маж ми кога ќе сакат да дојдат на гости кај нас прво да се извинат па после, оти не може да ме познаваат дома пред него а кога ќе ме сретнат на само да не ме познаваат. Маж ми упорно демек му кажува преку телефон и два пати имаат дојдено и никако да се извинат а он не реагира ништо... односот со него ми е сведен на цимерство, значи функционираме како цимери, оти не се издржува повеќе искрено, не можам да дозволам да ме погазуваат повеќе а маж ми да дреми и да не превзема ништо околу тоа, има и уште мн други работи што направиле ама не сакам да пишувам уште... Не ми е битно за нив мене ме иритира што маж ми нема храброст да им се спротистави и да им даде до знаење дека треба да ја почитуваат неговата жена. Не можам повеќе да функционирам со него и не знам како да го натерам да се свести дека мајка му пред се е лоша жена и тежок манипулатор, дека сака се да држи во раце и како таа свири сите да играме така... Мислам дека бракот поради неа ни е пред тотален колапс. Извинете за долгиот пост.
Да ти кажам само дека многу им се замараш . Абе уште поубаво шо ве одминуваат бре, уопште не им збори. И не му кажувај на маж ти за тоа, не се карајте. Ти потребале па да ти кажат здраво такви ретардирани луѓе. Незнам зошто се караш со маж ти за тоа, стварно не разбирам. Ем не живеете со нив, ем не ти зборат. Па бомба е тоа, подобро здравје. Терај си твојот филм, не му кажувај на него, не се карај заради нив. Уште поарно ако не доаѓаат. И мојата мајка така го одминуваше моето дете. Ама не се замарав јас, за мене тоа е благослов, детето да ми нема контакт со такви личности.
Јас би ти кажала како они со тебе така и ти со нив. Не те познаваат? Не ги познаваш ни ти! Крај. Нека ти каже мт нешто па испеј му песма. Слична свекрва имам, не може со неа никој на крај да излезе, мм за да не се кара секој ден со неа ми дава поддршка да постапувам исто како она со мене. У дел од секунда ке и текне дека ми е лута и нема да ми прави муабет, исто и враќам. Па свекор ми ко се жали на мм (пошто мене не смее) тогаш тој му кажува дека едноставно исто правам што и она со мене ама ти и да немаш поддршка од мт, слободно терај со по свое како они со тебе така и ти.
Многу ми е жал што минуваш низ ова. Сигурно ти е многу тешко и си повредена, но размисли малку со ладна глава. Со сила да те засака некој не може, не? Да се покорат и извинат не чекај, тоа нема да се случи, а ако се случи само ќе се влоши односот. Не може маж ти да ги присилува да те сакаат. Едноставно сте многу различни, тие до свој филм, си имаат некои други сфаќања и тоа е тоа. Му даваш причина и на маж ти да гледа во тебе како лоша жена со тоа што ради тоа што они те одбегнувале ти него го одбегнуваш. Епа види ја сега ти оваа манипулација, т.е. пасивна агресија - ако не ме засакаат твоите не те сакам ни јас. Секако, не ти е намерна, го минував истово и затоа ти ја споделувам зошто можеби порано ќе се освестиш дека бракот, љубовта ваша и детето сте си најважни. Со нив на улица фала не мора да се знаете, дома за мир пред детето можеш да си поголем човек и да се турка еден саат. Греота е маж ти, ќе го пукнете и полудите. Мајка си, знаеш колку ќе те боли и тебе и имаш мајка колку ја сакаш. Каква е таква е, мајка е. Не мора ти да имаш контакт со неа, тој нека има. Ако видиш нешто го врти против тебе - тогаш реагирај. Вака само си правиш штета на себе и бракот, најмногу на детето. Ти е гајле како го викале детето, не сфатив само дали намерно или како сладок прекар. Не се тие негови родители. Знам дека те боли ама ако можеш најди начин да ја пренасочиш лутината и извадиш преку некоја здрава активност, а не преку кавга со маж ти кој верувам те сакал и сака многу.
Прво благодарам за советот. Не мора да ме сакаат ама да ме лажат за мое дете, да поминам преку тоа и да продолжат да газат по мене не дозволувам. Маж ми беше океј им се спротистави навистина кога беше бебе детето наше, потоа го викнаа насамо кај нив дома да зборуваат и од тогаш не е тој тој, не знам што му имаат зборувано а искрено веќе и не ме интересира, знам дека мајка му многу манипулира и се служи со емоции, т.е го фаќа на емоции па мн лесно го манипулира. Јас не барам он да не зборува со нив, не сакам да ме сакаат само сакам да ме почитуваат, т.е маж ми да им даде до знаење дека со негова жена не може така, ете толку. А во однос на името на детето го викаа како еден лик од цртан филм или му се обраќаа со еј оти му било мноооогу тешко дека не го носи името на свекор ми. Ова инаку трае скоро 4 години, реално нон стоп се караме поради неговите особено мајка му. И не, не ме боли веќе оти јас буквално него го молев само да им каже до кај им е границата, и веќе ми здосади. едит: мајка му е да ама мноооогу грдо се понаша со него, секако дека го сака како негова мајка ама дали е нормално мајка да удри 25 годишен маж само затоа што и кажал дека не требало нешто да каже? Дали е нормално кога пред некоја година вежбаше маж ми само за да ги симне малкуте вишок килограми да го нарече што си ослабнал вака како некој сељак?
Многу детски размислуваш У право си не дека не ама верувај небитни се сите овие работи Терај си животот ти маж ти детето и ич патката нека не те боли кој што како И тој ден шо го чуваат скрати го Гледање само од потреба и куртоазија слава роденден празник Толку
Се согласувам дека треба да ги игнорира, луѓето си имаат проблем, како и повеќе стари во нашето застарено општество. Но последното ме буни кај што кажуваш дека ја сака. Не знам, ако ја сака зошто би ја сечел со стакло од чаша. Мене само овој момент ме плаши. Ова не е за да го раниш и чуваш дома. Не знам.
Мене па баш ми се свиѓа што ти сево ова си го пишала, и си го ставила во соодветната тема, а не проблем со свекрвата као 90 посто од жениве, оти ова Е брачен проблем. Маж ти ќути коа мајка му и татко му на улица покрај тебе и внукот како покрај турски гробишта да проаѓат, али со цел памет ги пушта после тоа дома да ви доаѓаат и да се прават ко ништо да не се десило... Ја би збранила да ми доаѓаат у куќа повеќе, нит па би одела икад кај нив. Ако запнат, детето за рака и у парк, у дуќан, чао пријатно. На маж ми ако му чини, исто супер, ако не нека собере муда да си го заштити семејството, или нека си фати патот под нозе.
Епа вака размислувам слично. Реално и премногу мислам дека поминував преку секакви глупости на мајка му. П.с веќе не го чуваат детето ниту еден ден во неделата, од тогаш кога ме излажаа пресеков. Сега си оди во градинка.
Мислиш тој не знае за мајка му каква е? Убаво ти пишаа погоре каква и да е мајка му е, ама ти велиш ништо не прави тој во врска со тебе и твоите желби кон нив, да ти се извинат и да те почитуваат. Е како не прави кога упорно им кажувал на телефон? Тој треба да си ја чукне главата да си се запраша како може родителиве да го третираат како дете, а е возрасна персона? Ај не дете и дете се слуша што зборува и бара, туку не знам како што. Тој треба тоа да си подразмисли и да си собере мислите и донесе одлука и се држи до таа одлука. Ти не му се сипај и не го обвинувај туку укажи му на ова како неговите го гледаат, сметаат и третираат. Инаку си пишала погоре во мислењето дека не сакаш да пишуваш уште и нема потреба, јасно е како бел ден дека се нелуѓе. Види како си го третираат сопствениот син, па ти бараш почит и извињење кон тебе и внукот, за што си тотално во право, но го бараш и очекуваш тоа од погрешни луѓе. Мажот под рака, пополека ќе му ги отвораш очи како го третираат луѓето, макар биле иродители и останати така и тој кон нив. Во ситуацијава малку да се насмееме ти имаш до тебе мало детенце и бебенце и сега понашај се соодветно на тоа.
Se gleda deka deteto raste vo nenormalna sredina kade gi slusa tie zborovi . Ne znam kolkavo e deteto am treba vednas da se nosi na psiholog,a majkata da go ostavi mazot za da pocnat taa i decata da se vratat so strucna pomos vo normala. Ovoj post se odnesuva na @Eli311
Пробај да му објасниш дека семејство сте ти маж ти идетето, сите други се небитни. Не бараш да те сакаат како снаа, туку почитуваат како мајка на нивниот внук. Јас не го разбирам однесувањето на маж ти, непочитувањето кон тебе е непочитување и кон него. Според мене сосема легитимно што се лутиш во ситуацијава.
Мислам дека многу среќа имаат маживе,на кои не сум им паднала јас како жена. Мислам оти на живо ќе ги одерам,физички и психички. Жени бегајте од такви,мажите не се менуваат ни под разно. Ниту со разговор,ниту со ќотек. Ама баш со ништо. Карактерот на човекот не се мени,џабе се залажувате. Снајдете се на било кој начин и одете си. Од такви аир нема. Само комшиите можат сеир да си гледаат. Одете си,и втора шанса никад давање оти наебавте. Имате сигурно родители,колку толку ќе помогнат за почеток. Оставете ѓи тие гниди да скапат сами,и да се товар на грбот на мајкичка,да ги перат,пеглат,готват па после ќе видите како ќе си ја барат лошата снаа со свеќа. Оставете нека си најдат после вас некоја иста таква папучарка КАКО НИВ и едвај за живот да преживеат. Сероњи
Нема баш проблем, сите машки се мајкари. Само она многу се замара, треба политиката да ја врти. Не ја познава негде, супер. И она не ја познава. Друг пат ѝ збори? И она нека збори. Трет пат кога се кара старата, она треба со ,,ај ела кафето го ставам“. Замерка за мажот со лузната. Преку тоа воопшто не требала да помине. Тоа е поалармантно отколку ова, класични женски ти реков-ми рече работи.
Ако добро сфатив, во кавга и бес скршил чаша и случајно се случило тоа. Не ја удрил неа. Можеби грешно сфатив
Тоа да и јас така сфатив Ама...... Ако место грбот страдало око,глава? Шо ке направел тогаш Секој потег има последици