Јас како сватив, скршил чаша, земал парче и ја повредил и сега има рана. Ако е вака е лудо, и треба да се бега одма. А за сопругот треба психолог, има тој трауми ама тоа само стручњаци може да решат.
Случајно беше, се одби самото парченце од подот, инаку слободно можам да кажам дека тој не е воопшто насилен, никогаш ама баш никогаш немало никаков испад, ниту со навреди ниту пак физички. Не знам ама дека имал цело детство недостаток од мајчина љубов и нежност тоа го знам. Не барам проблеми кај што ги нема ама нема да дозволам да ме погазува никој вклучувајќи го и него со тоа што не поставува јасни граници со неговата мајка, и тоа е мојот став, ако му се свиѓа ок ако не, не е ниту прв ниту последен.
Штом не е насилен тоа е супер. Но и мојот дома е неспособен да постави граници и не знае да избалансира со родителите, за кои имам чувство дека има некоја празнина од нељубов па душава бара начин да ја добие а е скоро до 40та година. Исто се однесуваат, дури мајка му замалку и ќе ме тепаше, почна да ми се сили и рва, ама јас не реагирам на провокации. Само разговарав со сопругот, секако јас бев крива. И тука му кажав, ок, ако сум јас крива нека доаѓа само кога си ти дома па нека се сили пред тебе. И дотичната не се појави повеќе. Така да, не знам дали секогаш треба да се откажеш од таткото на твоето дете ради нив. Тебе најбитно треба да ти биде односот со него. Нив да ги ставиш на најголем можен игнор. Никаде и во никое окружување не е лесно. Важно е да излагаме посилни и помудри од вакви уназадени и замрзнати во времето карактери.
Не е ради нив во нејзиниот случај и слични случаи како овој туку заради него, неговата реакција или отсуство на одговор на нивната нереакција на неговиот труд (бидејќи во нејзиниов случај тој на телефон им кажал што таа го смета за омаловажување, што и е такво.) Омаловажување е кон неа и внукот во живо кога ќе ги видат да им вртат глава, а на гости кога им идат да ги приметуваат. Иако ова е омаловажувачки, сепак личности што пример мене лично не ми значат ич не ми е битно дали ме испоштувале надвор или не, ама па таквите не ги сакам и примам ниту дома. Проблемот е што таа ги прима јер ради маж и- родители и детето- баба и дедо. И те како битно е да се сакаш и цениш себеси, поставуваш граници и сакаш почитување на истите од личности кои се трудат да ти бидат или останат дел од животот, некое си секојдневие, ама па со сила не бива убавина. Убаво пишала @jelo и oдговорила погоре.
Не е се така лесно како што изгледа, станува збор за негови родители, треба да му згрешат многу за да тој реши да не му доаѓаат дома. Овој проблем преку ноќ не се решава. Треба да се најде соодветна стратегија за настап. Да се излезе поголем. Но пак ќе речам, тој тип на балкански менталитет кој е се смрзнал во 80тите не се менува. А мајка, жена за мир и благосостојба во куќа каде што расте деца, треба да се подзамисли. Нема никаде совршено, има прилагодено.
Да има прилагодено, ама врз основа на разумен компромис, а не само таа- жената да трпи, конкретно да голта кога надвор ќе ги видат со детето и им вртат глава, а дома да ги поздравуваат и се друго, а родителите дека нели со замрзнат менталитет па ај ќе им се прогледува низ прсти. Не е лесно навистина како што изгледа, бидејќи го комплицираат(ме) со низа изговори и оправдувања. За тоа тој да не ги прима дома не го спомнав како решение. Има многу други решенија кои ќе бидат разумен компромис за двете страни во кои нешто едната ќе изгуби, другата страна добие во одредена ситуација во друга ситуација обратно. Сепак какви им се најточно ситуациите во кои може да се направи компромисот @jelo најдобро си знае, а како што ја читам не ми делува дека не е свесна што се случува и како може да се реши за доброто и во интерес на сите засегнати страни.
Здраво девојки, Барам совет од вас како да постапам што да ја советувам една блиска личност што има проблеми во бракот со сопругот. Еве два дена ме прашува што да прави а јас незнам што да ја советувам. Се работи за брачен пар со две дечиња(4 и 1 годинка). Пред да се роди малото работеа двајцата свекрвата им помагаше околу чување(живеат заедно со мајка му на сопругот во стан), но поради некои здраствени причини и пкус меѓусебни несогласувања таа рече дека повеќе нема да може да им ги чува децата да се снаогаат сами. Жената поради тоа после боледување не се врати на работа остана дома додека малку пркне малото. Е сега пред неколку месеци без работа остана и мажот и што е најтрагично не бара друга работа си седи буквално дома ко паразит некој. Останаа без денар со две мали деца, жената е очајна згора на се два месеци нонстоп и се болни децата, едното беше хоспитализирано една недела. Нејзините и помагаат колку можат но и префрлааат, мајка и е со епилепсија татко и има проблем со алкохолот. Стопати има разгоарано со мажот да работи било што или барем да ги чува децата таа да работи но безуспешно. Сега веке сака да го остави но нма каде да оди, нема подршка од нејзините плус и таму не е здрава средина за растење деца. Плус живееме во мал град и за работа е проблем и тоа што се нуди по конфекции е во смени.
Е тоа и ја се чудам, свекрвата плаќа сметки и купува основни работи за дома а за потреби за децата најверојатно пишуваат во локалното дуќанче и нејзините што и дадат Страшно
Цело време одложува де не била работата за него де у странство ке идел, искрено никој неможе да свати што му се мота по главата. Едно е сигурно дека човекот не е во ред штом несака да се грижи за неговите деца. И реков сега на жената да прифати било каква работа и да му ги остави, па ке видиме што ке биде.
Нема опција за дечињава да одат во градинка? Кога се малечки може да побара ако и се излезе во пресрет барем некое време да оди прва смена или има по фирмиве жени што чистат по раб. време. Ќе знае фиксно ќе и е раб. време попладнињата, па во меѓувреме тие ќе поседат дома со татко им или тој воопшто не се грижи за децата?
Е така и јас да се пожалам од мојот и да ве прашам дали го делите истото мислење како и јас. Еве вака: на работа мажот ми има колешки со кои се допишува и зафркава ништо посебно но мене ми смета го сметам за превара Вие што мислите за тоа? А и кога го прашав дали има нешто да ми каже и дали ме изневерува ме убедуваше дека нема ништо за да одма после моето прашање ги избриша пораките..
Па не знам баш дали е превара ама е тотално несоодветно. На кој начин се зафркава? Мемиња си праќаат или интерни муабети си прават? Секојдневно си е ова? И ако се зафрканција, зошто брише разговори? Плус со колешки, по 8 саати што се заедно. Не сфаќам која е потребата и вон работно време да се комуницира освен ако не се ептен блиски. Да ми седи маж ми до мене, и да ми се смешка на мобилниот со колешките, да и мене би ми сметало. Истото и јас, да седам дома и да се кикотам со колегите на мсн, вибер стварно несоодветно.
Јас имам колега што се допишуваме со него, група имаме од неколку колеги. Ама не брише пораки. Ниту па јас. Што знам, мислам дека не е ок, ама и твојата љубомора не е во ред. Мислам да му забрани жена му веројатно ќе со повлечам, ама и она е фина, се имаме запознаено, сме оделе по свадби заедно и скроз ок однос имаме.
Ако е така јас треба да раскинам со партнерот, како се зезаме во групни пораки од работа, со друштво, интерни шали си имаме.. и он исто.. малку смири љубомора. Мене така да ми рече ќе си годобие убаво. Ама па не ни дал повод да се сомневам во него. Не знам кај вас како е.
Зашто јас како да разбрав дека си прави индивидуално муабети, а не во група. Мислам и така го формулирав мислењево погоре. Ако е тема на муабетот, заебанции по вибер групи, ќе си го поплукам претходното мислење.