Сето ова последователно од вооспоставен интернет сообраќај на фиксна мрежа кон друга странка, при што се искористени 41.60 бесплатни гигабајти од претплатничкиот број во времетраење од 6 часа дневно, односно 42 часа неделно (при оваа константа е земен периодот од 16:00 часот односно при завршување на работното време, до 22:00 часот односно време за исполнување на интимните брачни обврски.)
Не зборувам за опсесија ниту љубомора. Туку под дифолт да ви се случува. Ама добро, секој/а избира дали ќе се помири, дали ќе глуми среќа и сл.
Некој брише зошто едноставно несака да се кара со партнерот.Има и претерано љубоморни.Замисли на маж ми колешките му пратија поклон за мене така малку еротски,интересен.Дали јас одма требаше да се надурлам и да помислам дека они мислат за нас дека имаме досаден сексуален живот или па премногу бурен.Ако навлегуваш во детали ќе си помислиш еве го овој зборува на колешките како ни е се жали или фали.Јас го сфатив како шала и баш им се заблагодарив.А чим му пратиле поклон значи се осеќаат блиски со него да можат да си тераат шала итн..
Јас мислам ако е отворена дружба во смисол и партнерот да знае за дел од заебанците и начинот на кој се одвива таа дружба тоа е сосем океј. И заебанции и поклони и слично јасно е дека постои взаемна интеракција и нема никави знаци за да се сомнева и да се љути партнерот, супер. Ама како шо напиша членката да крие и одма да брише ств е грдо чувство. Нека се дружи тој ама ако ств е пријателство зашо би криела од партнер и одма би бришела. Па нека прочита и он, нека види де нека се насмее. Ама бришење одма не е за занемарување, не е за опседнатост или навлагање во детали, туку е црвено знаменце ако првпат го прашала,а тој така изреагирал.
Може јас лошо сфатив,јас разбрав она се налутила зошто он се смее и тогаш избришал.А ако на еден од партнерите му пречи седнува и разговара.Од друга страна па и неможе се да ни пречи.
Се сомневам во две работи, а тоа е дека немаат комуникација во врската и мисли со бришење помалку ќе го замара жена му, а овој си се шали со секакви мрсни шеги шо нема никаква граница. Второ веројатно е во обид или ја изневерува. Се надевам првото е. @SummerGirl прееска ме праша зошто би бришел... еве по некоја логика. Не сум бришел и слично ама сум имал љубоморна девојка и само со отворена комуникација би се разбрале..
Можеби таа му се доверила за нешто, а тој не сака жена му да знае. А може е и тоа второто, ти што го пиша. Има љубоморни и љубоморни
Јас мислам дека да бил толку добар зборџија итн, ќе и ја објаснел колку толку ситуацијата на жена си и малце че си прибери опавчето.
Во право си. Членката треба да разговара со него. А на оној што сака да изневери не му треба допишување со друга. Како што вика маж ми Ако сакам да те изневерам ќе излезам од работа и ќе најдам некоја.
Како по дифолт да ми се случува? Сериозно прашувам.. или па јас сум во фаза на животот кога многу пострашни работи ме загрижуваат и ова ми е на 100 место на листата..
Уф колку не си во право. Налет таков брак ако се сеќирам маж ми 1 недела што беше на пат со колешка, ќе го оставам. Што има он да работи во Полска па и 1 недела, па да не збориме дека со колешка беше, страшно. Јас па овде што пијам кафе секој ден со колега, кај и да е очекувам да почне со аморови стрели да ме мава, да не бидам безобразна дел од овие што дискутираат овде имаат нежни уши. Ако не па да се затвориме дома сите и да чекаме да падне од небо плата за да немаме допир со колеги и колешки, што да не. Не би да го бранам, ама да не го напињаш многу па да брише за да не го напињаш уште толку? Мислам не е тоа одговор, ама може брише зошто не сака расправии, а може и да ти го каже тоа едноставно ама... Јас му покажувам често на мм пораки што сме коментирале, ама има детали кои не мора да ги знае, пример во групен чат кога се зезаме или колешка се жали од свекрва и и слично. Имаше скоро некој муабет и кога ќе го погледнеш надвор од контекстот искачаше ептен безобразно, а се работеше за обичен чај ама се зезавме и за тоа и сеа да покажам на маж и он ќе се насмее, ама зошто, што мора да си знаеме кој што муабет праи. Ако не па ај да се залепиме еден за друг. Многу поквалитетен живот ќе имаш и ти и он и повеќе ќе си кажувате ако не напињаш.
А бе на GPS да му пратиш движење.. и ако скрене од рута му пушташ струја преку чипот да се врати на правиот пат.