Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.620
    Допаѓања:
    107.042
    Пол:
    Женски
    Кажа дека е многу заљубена во тој што се допишуваат.
    А и да е проблем мажот постојат други решенија никој не и суди а и не може ниту да и суди ниту да ја натера да остане во брак со него.
    Сите го осудија планот без знаење на мажот да го однесе детето во странсво за да живеат со човекот со кој се допишува.
     
    На RESANKA, WildMk и zalosna им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    И јас не оправдувам заминување кај непознат. Не би живеела со цимерка, која не ја познавам од претходно, во ист град, не пак со непознат маж во странство. Ама тоа не го менува фактот, дека не и' ја знаеме ситуацијата во која се наоѓа. Дојде, напиша 2-3 реда, со минимум информации и прашање и не се изјаснила од тогаш.

    Иначе, и јас истото и' го реков, дека мора законски да го изоди процесот.

     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.651
    Како бе ви текнуваат вакви идеи ???

    Не знам зошто, ама многу често наидувам на мислења кои татковците онака ги фрлаат некаде у позадина ко небитни, у стил мајка го раѓа и праи шо сака, таткото кој го :swear:!!
    Значи женче, колку имаш ти право врз детево, толку има и маж ти.
    Дали си ти свесна што ќе направиш ако прво си заминеш и после пробуваш да се разведеш, си размислила ?
    Прво земи реши си ги проблемите тука, земи разведи се, реши си проблем со старателство и после ти бркај си љубовни авантури по светов ...

    btw. Каков сака нека и е сегашниот сопруг, секако она нема право да му го зема онака детето и да го макне по странство, тој му е татко и заслужува да знае каде и во каква средина ќе му живее детето.
     
    На RESANKA и Milobebence им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Нема право. Тоа никој не го спори.
    Ама мене сеуште ме интересира, од која причина и дошла ваква идеја? Дали од узур (убав збор), или од мака.
     
    На RESANKA, Monella, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Nolitatu

    Nolitatu Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    46
    Ве молам за совет. Чувствувам дека мојот сопруг е загреан за колешката од работа. Не знам како да се искажам, но ете тоа едноставно го знам. Не верувам дека би извршил прељуба,што во моментов е небитно, емоционалното неверство повеќе ме загрижува. Како да постапам во оваа ситуација? Би сакала да ја задржиме нашата врска,имаме и дете. Колешката минимум уште година/две ќе работи со него, тој и е шеф/ментор на некој начин...
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Гадна ситуација... ептен..

    Имам еден совет, ама не знам колку би бил ефективен...
    Кажи му: Знам дека имаш чувства за нејзе. Размисли што сакаш? Семејството, или тинејџерски задоволства? Јас го одбирам семејството, за себе, мораш сам да кажеш и да ме известиш што си одлучил.

    Не му давај простор да се објаснува и не навлегувај во дебати. И да има чувства, нема да ти признае, само ќе те исфрустрира... не сум паметна повеќе од ова...

    Се надевам дека се' ќе биде во ред :hug:
     
    На cresa-jagoda, 1209, Monella и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Nolitatu

    Nolitatu Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    46
    Благодарам за советот,му кажав што претчувствувам.. Секако негираше..
    Сега за сега знам само дека со огромен елан иде на работа,по цел ден е таму, дома е нервозен, за секаква ситница му пречам и избувнува.. Се трудам да не му давам поттик за да се оддалечиме, но знам ако лета во облаци по друга жена - нашето нема да го бидне ама баш ич... [/QUOTE]
     
    На RESANKA, eli25 и WildMk им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не мора да значи дека е крај.. Се трипа, го маваат хормони.
     
    На mira.mira, RESANKA, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    [/QUOTE]
    Гадно..
    Ако е вистина а може и да не е
    Наместо да одбегнуваш разговори за да го нервираш напротив ова треба да го решиш, и да зборуваш нормално нека ти каже што е работава оти ако отишло уопште до таму како што кажуваш нр е фер према тебе и детето..
    Пробај да разговарате и да се зближите
    Ќе видиш како ќе оди со тек на време ама ако е вистина и нема од негова страна обострана љубов и желба за напредок....
     
    На Nolitatu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Нема да и' признае. Нема шанси. Освен ако нема доказ некаков.. А и тогаш ќе наоѓа изговори и чудни оправдувања. Тие што лажат, не престануваат туку-така со лажење.
     
    На Konfetka, cresa-jagoda, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Не биди наметливива но држи го на око. Можеш и да го испровоцираш со однесувањето за да сфати. Ако на пример не одвојува време за тебе и детето значи не сте му на прво место. Ако постојано е зафатен со работата тоа не оди на добро. Затоа биди тактична за да не го оддалечиш дополнително и ти.
     
    На Nolitatu му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nolitatu

    Nolitatu Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    46
    Ајде малку поопширно...
    Како да не го оддалечам? Во хаотичен период од животот со мало дете хиперактивно, трчам на работа,трчам да испазарам,да зготвам.. немам време да се погледнам во огледало, да имав негова поддршка и барем 2 часа дневно поинаку ќе беше се.. тој слободното време го минува на работа,буквално по цел ден е таму (има приватна фирма и клиенти нон стоп и знам дека многу работи,но... )
    Моментите на заедничко дружење ако воопшто ги имаме поминуваат така да кажам - официјално, секој мој обид да допрам до него не успева, не ме сослушува и се оправдува со тоа дека многу работи, ми вели имај разбирање, преморен сум, не ми додавај уште обврски, не знам главата кај ми е..
    Цело време е нервозен и нетрпелив спрема мене (и јас не сум многу сталожена, признавам) но откако приметив дека он повеќе сака да е на работа, оди со страст и се од моментот кога дојде новата колешка... Таа е почетник,тој нејзе и е тн.ментор, го почитува,уважува, го храни неговото его, не му се спротивставува за ништо и така склопени коцките си ги поврзав.. Во меѓувреме престанав да барам ништо од него, ниту внимание, ниту да причува дете ништо.. да видам дали ќе има позитивна промена демек да не му додавам обврски = не постигнав ништо, се си е по старо, он си тера негов живот само како цимери навечер ќе се сретнеме, а некогаш и не...

    И што да кажам на ова, што да направам? Таа минимум 1 година ќе е таму, нема начин да се тргне од сликата. Јас не сум лудо заљубена во него, но сакам да опстане нашиот брак ама не гледам како... сигурно нема да облечам подвезици и секоја вечер да му рипкам во постела (инаку веќе 6 месеци спиеме во различни соби затоа што неможам да спијам од неговото хрчење)

    Овој пост всушност испадна како исповед не знам може ли некој некаков совет да даде,свесна сум дека нема излез
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Конфронтирај го и постави му услови: До толку саат да си дома. Детето е и твоја обврска и за негов нормален развој не треба да бидеш absent father. Третирај ме како брачен партнер, а не како цимер... итн...

    Се' што ти лежи на срце, кажи му. Ова со колешкава испаѓа најмал проблем во приказната. Баш поради тоа што не му противречи и што му го билда егото тој се занесува. Треба да знае дека во врска не е така. Не е едниот потчинет, па само да му удоволува на другиот партнер, а првиов да се прави 'газда' и да ја монополизира врската. Незрело размислување.

    Тоа што не спиете во иста соба, не е пречка да се дружите и да бидете интимни. И ние не спиеме во иста соба, веќе 11 години, па никому-ништо.
     
    На cresa-jagoda, RESANKA, Abc07 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.561
    Пол:
    Женски
    Поканете ја колешката на дружба и најубаво ќе видиш дали има место за паника по тоа како он ја гледа или како се однесува во нејзина близина а и она со него..
    Ти најдобро го познаваш својот сопруг и можеш да приметиш што како..
    А ако испадне да навистина има нешто треба посериозно да поразговарате за вашата иднина. Дај му до знаење дека детето е на двајцата да го чува и он а не само ти.. на крај краева закажи си некаде масажа, некој третман и кажи му дека ти треба време за себе ... и со тек на време оставај ги сами да се навикне на идејата дека е татко..
     
    На RESANKA, korisnichka и Nolitatu им се допаѓа ова.
  15. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    Може и да и рече измислуваш, нема такво нешто...филмови си правиш. Ама поубаво да рече него ли да преќути...вака барем тој знае дека се сомнева и дека ако направи нешто може лесно да дознае.
    Како што кажа, најубаво со вниманието спрема детето што треба да го посвети,а не го посветува...да го освести малку.....не го тера некој да копа после работа, чисто да биде присутен и да разговара со детето.
     
    На RESANKA и Nolitatu им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Затоа и во првиот мој пост за нејзе и' реков да му каже дека знае и да не му дозволува да се објаснува и да филозофира.

    И нејзе и' треба маж, не му треба само на детето татко и не треба да го придобива преку детето. Тој треба нејзе да ја третира како сопружник, а не да биде со нејзе само поради детето.
     
    На Konfetka, cresa-jagoda, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Мора баланс во домашните обврски. Затоа и забегала работава. Тешко ќе ти биде да го вратиш во нормала. Освен можеби да го направиш љубоморен. Само во таква ситуација може да се приземји. Сега тој лета. Сѐ што му е домашна обврска, на пример пазарење, шетање дете друг му го завршува, во случајов тоа си ти. И тоа тебе ти ја одзема силата потребна да му се посветиш нему како на сопруг. А нему му е супер, му оди бизнисот, детето му расте и му се гледа. Тешко, тешко да го оттргнеш. Ти велам, едино да го тестираш на љубомора. Но никако немој да си груба со него, уште толку ќе го оддалечиш. Биди итра. Побарај помош од постара поискусна блиска жена.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Како да го тестира на љубомора?
    Никако!
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Може, со помош на технологијата. Ќе договори со другарка да ѝ се јави во даден момент и ќе биде мистериозна при разговорот.. А тој да чуе, па ќе се види до каде е, дали му е сеедно, и тоа
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Извини, ама ова не е препорачливо во никој случај!

    И на што ќе им се базира бракот? На одмазди, инаетења, повредувања и војувања?

    Апсолутно сум против ова.
     
    На mira.mira, ArmaniCode, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.