Во брак сум 3 години. Со сопругот живееме посебно од неговите родители.Моите родители сакаат да се дружат со нив,одаткај нив на гости, ако дома нешто произведат им даваат.Свекрва ми правеше операција во ноември,мајка ми секој ден и се јавуваше.Кога се врати дома,беше два пати да ја види.Моите мене ми викаа да одам да и помагам,ако треба јадење,садови да измијам,било што да не ја оставам,има кога да одам кај нив и да и помагам кога и е најпотребно.Сега свекрва ми е дома,уште на боледување но се движи нормално.Денес бевме кај моите на ручек и мајка ми ми вика па мислев ќе дојдат свекрва ти на гости да се видиме да поседиме и така се слободни,јас и кажав дека мене не ми рекла ништо.После отидовме кај свекрва ми на гости и таа само кажа дека ќе одела до кај мајка и толку. Само сакам некаде да напишам дека се осеќам бедно и во средина. Џабе моите се потценуваат,се ставаат на последно место кога тие од другаата страна не го ценат тоа
Извини за коментаров, ама не гледам потреба твоите да се дружат со сватовите. Доволно е само за повод. Важно е ти и маж ти да се согласувате.
Апсолутно се согласувам со коментаров, ти и сопругот сте најбитни. Сватовите меѓусебе за поголеми настани, и тоа ако сакаат. А и тоа е сепак меѓу нив. Колку се дружат или не нивно е.
Кажи на мајка ти да се договара она со свекрва ти, а не ти. Тие две се на исто рамниште, ако им оди муабетот ќе се видат, ако не - не. Чувај си го раатот.
Не значи дека не го ценат, можеби периодов повеќе се фокусирани да заздрави побрзо свекрвата. Во комуникацијата меѓу нив две ти не се мешај. Тие две нека си се слушаат и договараат не преку тебе да не испадне на крај расипан телефон од типот реков, не реков, ти погрешно разбра или погрешно си пренела некој муабет.
А да прашам, зошто ти да и помагаш? Маж ти кај е? Маж ти шо и е син не и помага, ти ќе и помагаш. Ајде бе.
И јас бев фина и културна (така ме советуваше татко ми) и на крај стапот го јадев. Не ме интересира свекрва. Исто како да ја немам.
Здраво тазе сум во брак 6 месеци и сум бремена со сопругот предходно одевме 2 години и беше убаво со неколку несогласувања што се средуваа за брзо Откако стапивме во брак живееме сами блиску до неговите но он се промени почесто знае да ги навредува моите родители без причина зошто биле стари болни сакал млади да се нз што а и неговите не се млади иста генерација се со моите му пречи јас да комуницирам со нив итоа е едно јавување дневно често ме провоцира да се изнервирам дури и да плачам со тоа што тој се смее како да му е мило дека се нервирам утредента како да не е ништо те сакам највише на свет бла бла и вака секогаш барем еднаш неделно почна како на шала и да ме удира шамарчиња и ме стиска на рацете силно што ме излудува и му враќам буквално се тепаме а ја сум бремена и си велам ако он го прави ова додека сум бремена кога нема да бидам ќе биде полошо има некоја агресија и без конкретна причина ја истура врз мене и после како ништо да не е нескам да им кажувам на мојте болни се само дополнителна нервоза почнав да размислувам за развод а чекам дете и несакам да го осудам да биде само со еден родител Често и коментира од типот како сама си кој ќе ти помогне Твојте се за никаде демек е многу моќен а јас сум борец и сум способна и сама но некако се мислам ајде може не сме навикнати еден на др ама љубовта од моја страна спрема него се гаси некој совет ако може би било супер
Седни го и разговарајте отворено и сериозно. Шо е тоа шо реално му смета кај твоите родители(и кај тебе)? Нека си кажи јасно. Потсети го дека си бремена, дека неговото однесување ти смета и дека сега најповеќе од било кога ти е потребен за поддршка. Се чудам, какво е ова детско, недораснато однесување…? Недозволиво е, според мене, еден возрасен човек(било мажи или жена) да има вакви power trips, особено со блиски личности.
Па повеќе пати сум разговарала и ај добро нема више извини ова она тр сакам јас тебе знаеш не сакам да се нерираш и толку недела дена максимум две повторно нешто се зајадува и као ете ми смета што се тие твои родители а луѓево буквално само што се стари и немоќни ама способни уште сами да се гледаат не бараат ништо од нас ...
Делува како да има некоја потисната агресија ? А ако предходно во врска не го искажувал ова значи му се јавила откако стапил во брак. Не е во ред неговото однесување, незнам со што е предизвикано ако во врска сте биле 2 години значи сте сакале брак. Разговарај со него кажи му дека го приметуваш дека станува агресивен, ти си бремена, зар дотолку не е обзирлив за твојата состојба... Што и да е тоа што го променило и шо му предизвикува таква реакција, разговарај отворено, дозволи му и на него да се отвори ако сака. Се надевам ќе сфати, и ќе го смени однесувањето.
@Vedraaa те читам и најмногу од се, ме загрижуваат тие шамарчиња од шала и стискања. Замисли кога ке се роди бебуш, дополнителни нервози од неспиени ноќи и сите обврски што ги бара родителството, во почетокот нормално, дур се навикнете на новипт член во фамилија. Дали си ти сигурна дека тој зрело ке ги прифати обврските и ке ти биде потпора на тебе и бебето ? Јас мислам не. Дај Боже да грешам. Твоите дали ги сака или не, тоа е најмал проблем. Девојче, будно следи ја секоја негова реакција, ако не го бива, бегај со време. Нека не те загрижува детето, животот и така се живее и убав е. Родителите сакај си ги, неможе тој да забранува да контакт со нив, што и да се случи тие ти го посакуваат најдоброто, тоа секогаш имај си го на ум. Со среќа мила, се надевам дека само сум добила погрешна слика на насилник.
Извини вака ама твојот сопруг како да има некој психички проблем. Ако не ви прават проблем твоите родители како така да ги навредува? И 150 години да се, секој кога видеме постар човек со милост му пристапуваме без разлика дали го познаваме. Греота за лугето. Ти колку сакаш можеш да им се јавуваш. А уште поголем проблем е што те вреѓа и удара. Ти си знаеш ама ако и со разговор не се средува ова во иднина за детето не дава никаква иднина. Јас не сум за секој проблем одма развод ама ако е поголем проблем и насилство не би трпела ич. Твоите секако те сакаат најмногу, ако имаш каде, подобро со еден нормален родител отколку нервите да ти ги изеде за 2 години.
Маж ти си носи некои свои лични несигурности. Можеби има некои недоволно освестени чуства, како инфериорност можеби. Стари, немоќни лица, бремени жени и сите категории луѓе кои се ранливи, се малтретирани, исмевани и жртви на луѓето кои имаат свој личен проблем (нарцисоидност, страв од болест, смрт, старост, чуство на инфериорност, несигурност во себе, слаба самодоверба, низа психолошки растројства,итн..) Луѓе што немаат проблем со себе, кон ранливите луѓе реагираат заштитнички и повнимателно (па дури и со емпатија). Може и да е наметнато нешто низ неговото растење од родителите, може бил учен да трпи, да не покажува слабост, во смисла дека болеста, староста се слабости, непожелни нешта.. посебно зошто си пишала дека за неговите не зборува така. Можеби не смее/л?
Не знам више кој пат да го фатам. Живееме со свекор и свекрва, но ептен се лоши и во се сакаат да се мешаат. Јас обично не се карам но за детето нешто ако ми преречат( во смисла не си добра мајка или незнам што ) се карам. Последниве месеци не ќутам на ништо и маж ми се лути. Што да направам за да го придобијам на моја страна или нема шанси тоа да се случи.... Во караница ми вика дека јас сум најлоша од сите и дека сум била за лечење.. Со неговите и 5 минути да поседам се сум им како трн во око се нешто ќе најдат само да се испокараат.. Пред некој ден наслушнав како со комшии свекрвата ме вреѓа мене и маж ми му пренесов на маж ми ама не се замара со ништо пак мене ме прави болна...