Немаме дете, работам, завршив факултет,зимам предобра плата, моментално на постдипломски. Имам каде да одам, имам стан кај моите додека да најдам свое нешто. Планирам деновиве само да си ги спакувам работите и да си заминам без да му кажам нешто, зошто манипулира со мене. Нажалост многу касно ми се отворија очите. Така е како е. Искрено добар човек е, и се али ова овака понатаму не иде.
Ти си моментално на добра основа да почнеш сама , одново. Додека немате дете имаш време. После , се е покомплицирано.
Неможе да се деси. Мене најважно ми е мажот каков однос има со мајкаму и татко му ако сеуште живее со нив и за се со нив се консултира ја не би била со него. Од љубов не се живее затоа се гледа уште од старт работата и не се почнува ништо со таков човек што уште не се одделил од цицката.
Искрено фала ви многу. Заборавив која сум откако сум со него. Мислев дека цело време со мене нешто не е во ред.
Ич не е касно, сега е на време со добра основа да си изградиш добар живот. Касно ќе биде за неколку години со деца, со кредити и тогаш нормално постои опција развод и почнување од почеток ама е многу покомплицирано.
Нашата ситуација беше од почеток комплицирана, он има дете од прв брак, кое живее со нас двајцата во негова куќа. Али не преставуваше тоа никаков проблем. Јас планирам исто некоја инвестиција, он не зошто веќе ја има таа куќа и ја исплаќа. Во многу погледи сме различни.
Ако нема шанси да се поправи нештово, барај човек што знае да постави граници со своите и како се однесува со тебе. Не треба и не смееш да бидеш второ свирало за носење било какви одлуки, макар и за валидација за излегување.
Можеби сум грешка, не знам ама моето мислење е дека никој од дома не не учел да се цениме себе и да не дозволуваме непочит. Барем во моја околина и тоа што го гледам. Некои се со реални погледи како тебе ама многу не се зошто од кај знаат кога прво мајките не си ги учат керките, а и мајките трпат се и сешто за мир во куќа. Нас не учат дека треба нели да завршиме школо/факултет, да работиме, да се ожениме/омажиме ама за развод е срамота што ќе кажат комшиите.
Se zavisi od karakterot, jas mnogu si se cenam i vo start kazav deka nejkam da ziveam so niv i se sto mi smeta. So jatrva ne ni zboram. Maz mi zivee vo moj stan i top ni e . Sva sreka nemam ni brat ni sestra pa imam uslovi. @dead.flower23 , izvini ama spored mene si mn kontradiktorna, te citam vo razlicni temi i za ista rabota dvapati razlicno pisuvas @izgubena:) , ne si oteznuvaj uste poveke, dodeka nemate bebe fakaj strafta od toj privrzaniot za dade ili uslovi go vednas da se iselite i kontakt so sestra mu na minimum. Jas ne bi go trpela ni dve min ali ti si znaes , duri i da se iselite ima moznost decata na sestra mu da se kvaknati kaj vas 24/7 , i toa ne bi trpela. Jasni granici treba da se potavat uste od start.
Спакувај се и оди си. И не му се враќај и да те моли. Нема да се смене, верувај. Ме потсети на еден бивши мој психопат, со сестра му се слушаа по 20 пати на ден. Таа па со мајка им, мајката на него, круг од глупаци. И тој беше опседнат со неа, одеше спиеше кај неа оти и било страв сама со детето. Абе ненормални. Се отарасив некако. Ти со такви услови можеш да живееш како што сакаш и да си одбереш некој како што треба. Оти како и да е, па и туѓо дете... Батали, не се упропастувај. Еве, тој, детето, сестра, мајка, внуци нека си одат на одмор.
Верувај таков нема да се смени.Спакувај си ги работите и оди си.Немаш дете ништо не те врзува за него .Кај си ти во целата приказна тебе да ти удоволи.Таксист на сестра му и неговоте ,а за тебе нема време.Таков беше мм и на другарка.Трчаше по брат му и неговоте,му се роди дете истиот си остана.На крај се разведоа.До денес се кае ,како не го оставила порано.
Луѓето не се менуваат, тешко. Тој шо е створен да трча по други да им погодва таков ке си остани засекогаш
Бегај со време што побрзо реши ја ситуацијата. Колку и да е добар човек џабе, се повеќе ќе ти смета неговиот однос во иднина, а ако се мислиш ќе забремениш и толку ќе биде ќе си отежниш дополнително. Цени се себеси затоа што вредиш, имаш каде да се вратиш, не зависиш затоа што заработуваш, па што повеќе од оваа
Многу е важно да имаш кај да се вратиш. За жал, многу жени ја немаат таа шанса. И седат и трпат. Кај членката предност е што немаат деца. Нека бега што подалеку.
Еве денес се искаравме зошто ме прави мене мрза за се, а околу се се грижам и домот и на него му помагам за се и околу детето он од кога е родено детево ни памперс нема сменето, нити го успал нити го почувал значи никаква обврска, ама а седне со неговите му ја полнат главата и на мене ми се истура. Па уште и се дрзна да ме стиска од нервоза он бил за се во право ако требало и со тепање мене ќе ме средел на прав пат. Му викам не иде вака да се разведеме готово ми вика ќе ти го земам детето нема да го научиш да биде како тебе мрза