Wait what??? Тебе ќе те средел на прав пат??? Ај жити детето пакувај се и иди си. Те молам Прочитав дека имаш кај да идеш. Зошто би седела таму? Отворено ти кажува дека еден ден ќе те претепа
Му реков одма да се разведеме ќе си идеме со детето не сакам повеќе тука фа седам ми реле детето не смееш да го земеш не дозволувам да се разведеме дете веќе имаме готово, ќе те тепам додека не те освестам додека мне се промениш
Ќе те тепа додека не се промениш? И уште си таму? Додека е на работа спаковај се и бегај. Ќе разговарате преку адвокат. Со сила не може да те држи во брак, а детето не може да ти го земе во никој случај. Многу мажи така се парталат, а уствари 5 мин не знаат со детето, не потпаѓај на такви провокации.
и јас би го направила истото.. Многу е тешко али ќе видиш дека после извесно време ти ќе се осеќаш подобро.
Ти си за ќотек сма сериозно. Извини вака ама глупа си? Дозволуваш на детето да му прават трауми баба му и дедо му со лепење шамари и кубење, дали се слушаш жено? Каков совет сакаш да ти дадеме, дека ќе се смени? Дека така треба, да ќутиш? Стварно сериозно не знам како може да не се преиспитате, толку не се почитувате мајка му стара, толку ли сте бедни па да дозволите маж кој само што ве побарал за жена да ве вреѓа, па и дете да му родите? Сериозно сакам да знам во тој момент што помислувате, дека ве сака, дека ќе биде најдобар татко или што? Никој не ви е крив, апсолутно сама си си крива за се. Ако сакаш да не пораснеш насилник или дете со трауми, исели се од таму и разведи се. Тоа е единствен совет кој треба да го послушаш. А детето нема да ти го земе сигурно, никој не дава дете на татко кај нас освен ако мајката е сериозно неспособна. Снимај го со заканите за ќотек и ова ќе биде доказ на суд дека не е способен да чува дете, биди попаметна од него. Сите мажи како него се силат така ама со дете не знаат ни 5м да се справат.
Те молам оди си од таму, заради детето. Психопат во животот не ти треба, оди си веднаш, дај му шанса на детенцето да расте во нормална и здрава средина. Манијакот не ти може ништо, не може да го земе детето од тебе. Спакувај најнеопходното и јави се на некој близок да те земе.
@mama11 Ти си крива што си останала таму, а и се уште си таму, твоето дете трпи последици, па дури и физичко насилствп, зошто ова го трпиш не знам, ама совет е што поскоро да си одиш од таму.
Nemoj da osuduvate nekogo vo momenti koga treba da mu se daj pomos. Onoj so se davi, ne e moment togas da go ucis da pliva.
Се согласувам, секој постапува во одреден период од животот онака како тогаш знае. Животот не прави искусни, а во дадени ситуации кои се непредвидливи не секогаш човек знае како требало да постапи за да не дојде до тоа. Али сеа тоа е, обвинувања тука не помагаат само може да одмогнат.
Точно, ние не можеме да знаеме зошто и покрај се' што и' направил сопругот останала во брак со него, не дај Боже да се најдеме во ваква ситуација. И јас би ја советувала да бега што подалеку од него, ама сепак таа си знае што е најдобро за неа и за децата.
Чекајте малку, не е ова ситуација каде што ставил лајк на некоја девојка на инстаграм или погледнал лево десно, за кое пола форум рипа со коментар "разведи се", збориме за ситуација каде има психичко малтретирање кое полека преоѓа и во физичко. Спомнува тепање на дете од страна на баба и дедо и директни закани кон неа од маж и. Не е осудување, точно дека никој не знае каква и е ситуацијата и дали може тек така да се собере и да си отиде, но дали е подобра опција да остане во ваква средина Девојче зборувај со твоите, побарај правна помош и гледај да си најдеш излез што побргу.
Далеку од осудување, само не постои нешто што ќе ме задржи во нечии прегратки, а притоа да ми малтретира дете, посебно па физички! НЕ ПОСТОИ! Ако детето не го сакаат и почитуваат, не е добредојдено во нивната куќа, тогаш ниту јас немам што да барам таму.
драги жени, се надевам се сеќавате дека пишав за дечко ми погоре. Се спакував, спремна да ги ставам работите во колата да одам кај моите. Во меѓувреме од цел стрес не ми ни падна на памет дека ми касни. Трудна сум од него. Бебето не е планирано, зошто ми треба сега ова искушение? Ве молам за совет и без осудувања.
Не застанувај, пакувај се и замини. Абортирај, не му кажувај на него ништо. И да му кажеш, џабе, пак истиот ќе си остане он. Абортирај, не си го уништувај животот. Шо ќе биде ако не го оставиш? Ќе те земе на сила дека си трудна, он ќе си тера со неговите а ти само безгласна буква ќе бидеш. Ќе си запознаеш понатаму човек шо те заслужува, и шо сака со тебе да гради иднина а не со неговите.
Оди си од него и не му кажувај дека си трудна. За тоа дали да абортираш или не, зборувај со твоите и заедно одлучете.