Затоа што тоа е премногу лична работа и само таа може да одлучи. Никој не може да реши наместо друг како со својот живот. А плус ова е многу чувствителна тема. Само може да разговара дали ќе има подршка од нив а баш дали ќе роди е нејзино лично право.
Добар дел од несреќните семејства се склопиле вака, трудна, па ај среќни еден краток период, ќе изгледа се сè сменило и е супер, ќе се роди бебето (некогаш и пред да се роди) и пак ќе дојде на старо, само покомплицирано. Оди си, не му кажувај. Јас генерално по темиве гласам да се роди бебе, а тој кој го врти.
Здраво, Кратка порака од мене. Фала ви многу. Се решив од тежок карактер, ги собрав сите работи и се вратив кај моите. Чудно некако, не ми е баш многу тешко на моменти ме фаќаат само по кратко кризи. Фала ви што ме извадивте од оваква ситуација , затоа што многу работи ми беа преречени. (Посебно за пари) . За бебето се одлучив нажалост за абортус кој ќе биде следната недела. Дегенот рачунаше колку пари кошта бебе во еден месец!!!!! Среќно на сите вас, јас од сега отварам очи, изберете се секогаш себеси и бидете себични! Поздрав
Браво ,паметна одлука. Да останеш врзана со таков човек ќе биде страшно. Сигурно нешто поубаво те чека во иднина а сега и повеќе ќе внимаваш
Здраво, не знам повеќе што да правам. Живееме во странство, имам мало дете 2 г, оди во градинка јас одам на работа, сопругот исто. Многу често се расправаме со сопругот, и кога е нервозен ме навредува, а во последно време е агресивен ми се заканува дека ке ме остави на место и како јас сум го излудувала со моето понашање. Многу сум билс нервозна, устата не сум ја затварала итн. Кога се караме се живо ми префрлува како мојата плата е ништо. Кога ќе де смириме се е ок. Ама јас неможам да ги заборавам некои зборови. Кога останав бремена единствена желба ми беше само детето да расте во среќен дом и ние да му бидеме пример. Многу сум тажна и нервозна, одам секој ден на раб и неможам се да постигнам. Немам никој тука и немам каде да одам и знам доколку се разделиме дека ќе сака да го одвои детето од мене.
Во лоша ситуација си. Дали те удрил некогаш? Ова понашање води до развод. Е сега ако сте жители на Германија, таму постојат други закони. Исто така има закони каде што ќе можеш да го пријавиш за вознемирување и насилство. Прашај некој адвокат за совети. Кај нас мислам дека ако е женско кај таткото, а ако е машко кај мајката. Разговарај со него зошто е таков и дали има намера да се промени, бидејќи сакаш добра иднина за детето, без да слуша ваши расправии. Ако видиш дека не сака да се промени и нешто му пречи кај тебе, тогаш се знае на каде оди работата. Не е на одмет и да разговараш со некој од овде од Македонија, на пр. родители, роднини, пријателки, блиски, но само кај што ќе имаш доверба и ќе мислиш дека ќе можат да ти помогнат со совет.
Не ме удрил, ама неговото понашање искрено ме плаши. Имам милион пати разговарано и бил таков затоа што јас сум реагирала на се бурно, многу сум зборела итн.
Можеби стапувањето во брак го сменило, а можеби и доаѓањето во Германија или кај и да си. Многу работи можат да влијаат на ваквото однесување. Причините можат да бидат: финансиски или љубовни (за останатите не е толку често). Лоцирај го тајмингот од прилика од кога почна вака да се однесува, за ако не ти кажува, да сфатиш самата до што е. Очигледно е дека има некој проблем што не го искажува. Разводот во ваква ситуација е најлесното нешто што може да се направи. Проблемите и нервозите настапуваат после. Ова би било најлошо за детето.
Лошо е за секое дете да се караат пред него. Подобро развод отколку лош брак. Не знам што ми се пушти како хиена на антилопа, кога истото мислење е.