Тешко мене ако ме бара само за секс. Не е љубов ако те присилува на нешто што не сакаш. И јас сакам некои работи што тој не ги сака, па не го терам, нема убавина да правиш нешто со сила колку да му удоволиш на другиот. Сексот, па особено во брак, е нешто во што треба и двајцата да уживате, не само ради реда да изигрувате желботека и да извршувате брачни обврски оти морате. Треба да сакате, обострано.
Во право си колку и бара нешто во кое таа не ужива толку и ја сака @1Dani1 (во овој случај 0 сакање).
Леле бе за аналниот се фатиле Само да ви го посочам слонот во собата! Ене го се крие во првата реченица: Маж ми е зависник од секс... На страна љубовта и емоциите, зависноста од секс е проблемот. Има нарушување за кое треба стручна помош и кое треба да го лечи. И тоа треба да го решавате како пар. Додека не го адресира и решава овој проблем, редовно ќе имаш барања од него коишто нема да можеш да му ги удоволиш. Да не бидам Касандра некоја, ама замисли што ќе биде утре со вашата врска кога тебе веќе ќе ти биде проблем честото барање, кога ќе снеможиш, ќе си болна, бремена, ќе имаш свои физички и психички проблеми, кога ќе сте физички одвоени од одредени причини...
Луѓе како да му објаснам на сопругот дека не е се во парите? Моментално работам скратено време, бремена сум со 2ро, после пораѓај имам само 3 месеца боловање, а да оставам бебе на 3 месеца и да се вратам на работа нема шанси. Мојот сопруг не го разбира тоа, постојано се расправаме за истата тема, се чувствувам виновна што не можам многу финансиски да придонесувам за семејството, но сакам да бидам МАЈКА, сакам да си ги чувам и растам децата. Не знам како да му објаснам за да го сфати тоа, нему муабетот му е постојано дека немаме доволно финансии за јас да седам дома и да си ги чувам децата.
Цица? И не се 9м само за бебето, и за мајката се важни, за 3м тешко дека ќе се опоравиш асално. Мислам дека е прерано. Во Америките се враќаат и за 40 дена на работа ама свесни сме за америчките стандарди за нормалност нели. Според мене минимум 6м и треба и на една мајка и на бебе за да излезе од тој newborn ефект да го наречам. Татково може да работи 2 работи некое време за да заработи, ќе пркне ќе работиш.
Разговаравте ли за ова пред 2рата бременост? Ако го мислел истото и тогаш, греота е да се рече можеби, ама не си требала да се нафаќаш на второ. Ако не, сега прашај го, зошто правел деца ако мисли дека 9 мес не може да заработи доволно за да ги покрива трошоците дома. Мајка му не може да му биде мајка на тоа уште асално непрогледано новороденче. Ами ај ако не е бременост, туку болест... а веќе имате 2 деца... Ќе те остави оти си болна и не можеш да работиш?
@Ladybag мислам дека мора да седнете со маж ти да направите муабет за различни начини и можни решенија. Факт е дека е исплашен дека нема да имате доволно финансии со една плата да си ги подмирувате трошоците, што не е и тоа мало гајле со денешниве цени. Меѓутоа треба да се разгледаат сите аспекти добри и лоши последици од твоето рано враќање на работа. На пр. Ако се вратиш на работа тогаш, ќе имаш полна плата но ќе мораш да најдеш бебиситерка и тоа е трошок (баба може да се нафати но зборувајте реално колку може да очекувате помош од неа, што кога таа нема да може? Ќе имате такви ситуации). Дури тогаш кога ќе ставите се на кантар ќе можете да донесете некоја одлука со која и двајцата ќе сте ок. Имам една познаничка која беше порано во слична ситуација. Таа беше вработена во некоја НВО и имаше од нив платено здраствено во текот на бременоста. Можеше во која сака приватна болница да се контролира и да се пораѓа, но истотака мораше порано да се врати на работа. Знам дека остана на таа работата и се врати на работа. Имаа бебиситерка, веројатно имале и помош од нивните. Искрено, не знам детали (како што правеле за доење и сл), некако низ годините изгубив контакт со неа. Само знам дека детето сега е големо, а таа напредуваше во кариерата понатаму во животот. Не оправдувам или критикувам, дали вредело или не само таа би можела да каже. Но, секако секоја одлука си носела последици и нешто сигурно било жртвувано.
Никако не можеш да му објасниш бидејќи твојот ај кадешто имате и ти и тој искуство со првото дете па не укапирал како е изгледа е од калапот на луѓе кои ги интересираат пари дури и по сметка на нечија благосостојба и здравје. Не сакам да те осудувам но зошто воопшто се реши со ваков на второ дете? Не разговаравте што му се него неерите дека не сака да користиш породилно, мислам го немаш проценето дека е изгорен за пари?
Истово ја прашувам и според мене проблемот и лежи тука што не се договориле и што досега не го проценила и оценила што тип на маж е. Инаку тој можеби и заработува колку толку за таа да земе породилно за 9 месеци ама неговото е поттикнато од алчност, потера по пари, да не ти влезе само тоа во глава се газат пред себе за пусти пари.
Ви благодарам на сите за советите. Не е проблемот што тој сака јас порано да се вратам на работа. Проблемот е тоа што овде породилното е само 3 месеца, после тоа остануваме без никакви финансии. Во првата бременост почнав со работа кога бебчето беше 8 месеци. Живеам со свекрва, чувањето не е проблем, но не е тоа што го сакам јас. Не сакам свекрва да ми ги расте децата, сакам сама да си ги растам. И не, не е тој парољубец или било што, туку едноставно ситацијата е таква, што со една плата ќе биде многу тешко, но не е неизводливо. Има илјада семејства што живеат со една плата, па преживуваат некако. Тоа не можам да му го објаснам, таму е проблемот.
Вистинското прашање е дали навистина немате доволно финансии? Не е тешко да се направи математика, макар груба, кирија, сметки, кредит, основни трошоци за децата и за вас (храна, пелени, кола, бензин, градинка и слично). Ако математиката не лаже, тогаш јасно е дека од нешто мора да се откажете и да се "стиснете" некој период. Парите не се сѐ во животот, ама ако се чека само на мажот да донесе, а него чергата му е толку колку што е, не е фер. А и работа тешко се наоѓа, не знаеш уште, ама што поголеми деца, поголеми трошоци. Мора да се договорите убаво без лутења и глупости, со конкретен план како ќе постапите, убаво е што не сакаш да оставаш дете, ама за дете требаат пари.
Бидејќи сум била во ситуација да сум со бебе и без работа, со една просечна плата од маж ми, знам како сме преживувале. Родителите ни помагаа финансиски, а маж ми работеше две работи. Јас барав работа активно ама не се вработив одма, некако немаше тој период многу нови работни места што беа соодветни. Сепак за среќа не траеше долго едвам врзувавме крај со крај. Кратевме на се што сметавме дека не ни беше неопходно, секако најмногу кратевме на своите потреби. Јас тогаш постепено направив долг на кредитна картичка што со години потоа не можев да ја затворам. Сега мислам дека е уште полоша ситуацијата зошто тогаш барем беше поефтино. Со сегашните цени на храната, не знам дали би издржале сега во таква ситуација. Тогаш за 3000 денари се полнеше количката. Сега за тие пари само за неколку дена ќе купиме храна...
Да, тоа ме плаши и мене. Знам дека ќе биде тешко, напнато, а не сакам да биде така. Сакам да го уживам периодот кога ќе дојде бебето, а не да бидам вознемирена поради тие проблеми. Пробувам уште од сега да ставам на страна колку што можам, но не можам којзнае колку. И не сакам и целиот товар да биде на сопругот.