По прочитаното, не живеете во Мк. Дали кога ќе ги направиш вистинските пресметки излегува навистина дека нема да имате за живот во тие месеци додека си ти дома или само маж ти те напнува?
Нема да биде воопшто лесно, но мислам дека за неколку месеци ќе преживееме. Истото ни се случи минатиот пат, и сега тој не сака да биде повторно исто, бидејќи не беше лесно, но преживеавме некако. Плус сега е на многу поголема плата.
Веројатно тој не сака, бидејќи товарот бил најмногу на него, човекот може сака и он малце од малце да ужива во татковството без стресови околу пари.
Пола година да ти излезе пресрет свекрва ти е скроз доволно. Велиш не сакаш она да ти го расте, ама буквално ти треба една краток период помош дури се вратиш во нормала и после посекако ти ќе си преземеш. Може е подобро со нејзе да се договориш и видиш како ќе тече разговорот. Мислам дека ќе те сфати и услужи. За последното, болдирано: со една плата има луѓе што живеат, но секако се кратат на други места зашто сепак најмногу влечи исхраната и сметките. Може не знае и тој како да ти пренесе, не верувам дека и тој сака да си скратувате од тоа по дома.
Ако е на поголема плата не би му биле проблем тие 3 месеци, можете подобро да ги распределите финансиите бидејќи убаво ти пишаа деца се трошок и како растат се повеќе финансии си бараат. Мене ме зачудува и други членки истото го прашаа не ли се договоривте пред да се нафатите на второ дете како планирате да раководите со финансиите? Проблем околу финансии и различно гледиште како да се стекнат и пред брак, а уште повеќе во брак особено со деца мене лично ми е големо црвено знаменце.
Мн незавидна ситуација, а како и што е најчесто, жената крива. Кога знае веќе колку е кратко породилното, кога еднаш имале криза со првото дете (иако сега има мн повисока плата), кога не сака да си скратува задоволства неколку месеци, решението се знае - едно дете. А не сега, на 3м уште неасално закрепната жената, нека оди на работа, па после дома со бебето оти сепак е мајка и сака да си го гледа, небитно колку и е на располагање свекрвата, па додај хормони, стрес, умор, ненаспаност... А да, да не го заборавиме и тодлерот на се ова... Секако таа ќе го крка. Ама пак ќе кажам, се мисли и дискутира на време, да се расчисти што по доаѓањето на второто дете. Не е само - ЕПА НЕ САКАМЕ НИЕ СО ЕДНО ДЕТЕ. Епа, желбата е желба, а можностите па и тоа со каков човек ги правиш децата, се друга реалност.
Да не си изгубиш работа после, тешко се најдува и ќе имате за бебенцето повеќе зошто да се стегате, знам тешко ќе биде неколку месеци без бебчето оставено со друг, но пресметај шо 3 шо 9 овде шо ги добиваме и ти ќе си се олабајш на работа кога има кој да го гледа, зошто да се стегате финансиски за неколку месеци плус, вие си знаете најубаво колку ќе имате буџет, со бебе и те како брзо летаат парите плус и поголемо детенце, барем имаш кој да ти помогне, свекрвата е тука ами еве јас шо сум немала никој а сум сакала барем некој сат да излезам од дома, да се опуштам, се било само на нас.
И луѓе што се финансиски стабилни не значи дека секогаш ќе се, па така и ова. Се случуваат промени, пресврти итн. Може делеле исти ставови, може немале такви проблеми и ете сега имаат. Скроз непотребно е тоа што било претходно, треба да се прилагодат на ситуацијата.
Точно дека треба да се прилагодат сега на ситуацијата, ама јас ептен се согласувам со погорново мислење на членкава @Emy867 , едно се желби, друго се можности. Кога и ако им се променила финансиската ситуација, гледиштата на животот од аспект на фамилија и одговорности на пример треба многу потрезвено да мислеле околу и те како озбилно прашање- проширување на семејство. Да бидам поконкретна пред правење второ дете требале да седнат и да се договорат како гледаат околу финансиите и породилното, тој да се сложел со нејзините гледишта и сега да се премислил е друго.
Никаде не напишав дека жената е крива и не го мислам тоа, одам по логиката дека возрасни луѓе на тема дете се договараат, не навлегувам. Ама го забележувам многу многу често балканскиот менталитет каде таткото е само една пролазна фигура, како да донира само, како да не е човек и нема потреба и тој да си ги гледа децата подеднакво, да се грижи за нив, само рмбачење (генерална забелешка, не е лично упатена кон тебе, кон членката која прашува за совет или било која друга). И таткото преживува големи промени, и тој е ненаспан, неизвесни се многу работи и за него, нервозен, ем стрес цел ден на работа, ем сака и децата да ги види, значи "човекот со кој ги прави децата е супер" не значи дека не е супер, само што и тој е човек со доблести, маани, право на време со децата и право на одмор. Таткото не е единствениот должен да заработува, мајката не е единствената задолжена за грижата за децата, дури и кога се мали. Постојат сираци, самохрани татковци кои си ги дојат децата со вештачка града и апсолутно ништо не им фали на тие деца. Плус, постои опција (зависи од земјата) и таткото да земе породилно отсуство. Значи, опции има, само треба да убав договор, за доброто на сите. И паметно да се изигра.
@Ladybag размисли дали имаш опција некоја да работиш од дома.. или скратено работно нешто да ги имаш двете во едно...
Не беше лесно, но преживеавме. Замисли тогаш сте имале едно дете, сега ќе имате две. 2х потешко. Бидејќи ќе требаат пелени, храна, цуцли.. да не набројувам сигурно сама си свесна. Не сум на негова страна дека мора да се вратиш на работа, но не знам како ќе опстанете и сега ако минатиот пат било тешко. Не дај боже да дојде нешто посериозно каде ќе бидат потребни повеќе финансии (доктор, апчиња…) Можеби и маж ти само размислува на тие опции. Верувам дека и првото е поголемко каде веќе му се потребни повеќе работи и бара сигурно. Убаво е да ја размислиш таа перспектива . Обиди се да најдеш и нешто од дома да работиш
Па во оваа инфлација каде ништо не се знае утре најдобро е двајцата да имате работа. Знам дека не е воопшто фер кога 3мес е платено ама тоа е. И мене не ми се свиѓа што во МК е 9мес, а пример во Унгарија е до 2 години и јас сакав да седам до 2 3 год со детето да не оди во градинка, ама нема. Морав на работа. Среќа па имаш кој да го чува и не мораш од 3мес да го носиш во дневни центри и градинки. Пак ќе кажам системот таму е прежалосен ама тоа е . Е сега јас тука би размислила искрено и за возраст на свекрвата, штом е слободна веројатно е над 60години. Искрена да бидам не би оставила 3месечно бебе на стара жена зависи колку е она способна, веројатно сте процениле добро.
@Ladybag и јас би прашала дали зборувавте на оваа тема пред да се решите за второ ? Дали имате тргано на страна пари за да можете да си дозволите 6 место 3 месеци да останеш дома ? Те разбирам и тебе но го разбирам и маж ти. Можно ли е како компромис да се вратиш на пола работно време ? Може ќе немате за луксузи ама ќе се најдете двајцата на пола пат ако работиш пример 3 место 5 дена или пак 4 место 8 часа дневно? Дали има некоја социјална помош ако останеш без работа ? Седнете направете математика ама треба и двајцата да бидете спремни на компромиси.
@Ladybag немате ли нешто помош од државата доколку останеш дома,мислам дека маж ти повеќе е опуштен на тема да си се вратиш на работа дека мајка му е таму,да не е сигурно ќе бараше решение.Знам дека е тешко со една плата,но еве ме со сопругот 5 години тераме така и тоа со 2 деца,некогаш има и по 2 работи но некогаш останува само со часови од една.Искрено ќе се стегнете малку ,само најосновните работи па ќе си се вратиш да подпорасне бебенцето .Тоа е период кој треба да го уживаш.Еве кај сум јас ниту пелени се скапи ниту креми,ниту шампони и други препарати се со огромни цени како во МК.Многу работи што ти се потребни за бебе барај каде што подаруваат ,така може да заштедите.На бебе од 3 месеци му си потребна ти.
Многу ми е жал. Сте требале овие муабети пред брак/деца да ги направите. Ова се важни работи, не носите одлуки само за вас туку и за трета душа. Ти како прво и прво не можеш да се опоравиш за 3 месеца. Мажите не разбираат низ каква траума поминува телото на жената. А и не станува збор само за тебе туку и за детето. 3 месечно бебе оставено на кој стигне без мајка е жално прежално.
Во Швајцарија ли сте? Сосема ви ја разбирам маката и ние поминавме низ истото, а веројатно и со второ здравје ќе миниме. Само што кај нас беше плус проблем што имавме баба сервис само како краткотрајно решение па уште повеќе се искомплицираа плановите. Ако си во Швајцарија имаш опција РАВ, пиши ми лп ако ти требат повеќе информации
14 недели е Швајцарија е ужасна земја за стварање семејство. Да не набројувам колку дупки во законот има на оваа тема. Затоа и тука е пракса жените да не работат, назад се многу во овие прашање, застанати векови.
Швајцарија е една од најатрактивните земји во Европа за живот. Висок стандард, веројатно најквалитетен живот во Европа, ама за жал воопшто не е фемили френдли.