Понекогаш нема позадини едноставно таков си е човекот. Мисли дека он е таков и со такви очи гледа други и она е таква. Човек најмногу се плаши да не му го направат истото што тој го прави..
Исто би советувала и јас, исто би постапила ама во случајот мислам дека членката има намалена самодоверба, го слуша маж и, тоа што нема свои финансии уште толку ја прави нестабилна, и нема сила да се спротистави и затоа со години трпи, место да се подобри таа тони се подолу. Претпоставувам немаат и деца, замисли во иднина што би било со ваков човек до себе. Манипулатор е и мисли дека му е жена па ја поседува како предмет... како ме нервираат вакви луѓе што се прават многу паметни а уствати се многу глупи и неизживеани
А зошто чекате од мажот? Океј секој има причина зошто не работи, не сакам да навлагам во тоа, но зар не ви пречи што зависите од друг? за едни улошки да барате пари? Или бетер, ми се јаде благо да молам пари да ми даде… Никогаш не сум го терала маж ми да седи со мои другарки.. зошто би седел?? Прво, не ни можеме да си збориме пред него за сите теми, второ сакам да си поправиме муабет со другарките.. што бара он?? И да се дојдени со нивните мажи, негово право е дали сака да дојде или не. И да не дојде, што е битно?? Зар ќе смени толку неговото присуство? Истото е и за неговите другари. Мора да има он приватност, морам да имам и јас… не знам како функционирате луѓе јас би пукнала на ваше место.. Си го сакам маж ми премногу но мора да разграничиме мој, негов и наш простор.
Не одам на работа бидејќи не ми дозволува. Имаме разговарано за тоа повеќе пати и секогаш истото оди кој ти Бране. И после 5мин на работа оделе само оние жени што дома не им било погодено, што сакале да си најдат швалери и ред други глупости. Сум се инаетела да докажам дека не е тоа така ама узалуд кога нема кој да разбере.. Демек сме имале доволно не требало да работам само по дома и така.... И не верувам дека ќе го смени некогаш неговото одвратно мислење и понашање.
Да во право си ама не се сите мажи исти. Имаш среќа голема што не ти префрла за ништо. И јас би сакала сама да сум со другарки на кафе ама како што реков ем нема да ме пуштен и ај некако може ќе одат со сите приговори после ќе следат тон прашања па мрштења лутење итн ...
A da te prasam zasto ja trpis ovaa budala od maz? Ti vo zatvor da si ke imas pogolema sloboda. Najdobro e da si se vratis ili kaj tvoite ili da si najdes rabota i da go ostavis ovoj ljubomoren bolesnik. Sega e 21 vek ,a ne 16 kade sto zenite bile tretirani kako stoka. Tolku li ne se cenis i sakas sebesi?
Мислам извини ама кој е тој да ти дозволи и зошто ти треба дозвола од него не ми е јасно?Тој ти е сопруг не ти е господар на твојот живот.Значи ти живееш како што сака твојот маж.Значи и тој оди на работа за да си најде швалерка,според неговото размислување.Класичен манипулатор.Секоја чест како си во брак со таков човек
Според мене најди си работа, дозволи му да те носе и зема од работа (додека увиде дека све е ок , па потоа самата оди и иди си од работа), за време на паузите пишувај му или јави му се накратко, од почетокото ќе му биде тешко да се навикне али верувај ми дека ќе прифате. Комуникацијата и искреноста е најбитна од све. Доколку е љубоморен подобро барај работа во некоја фабрика, конфекција каде што жените се најзастапени. Така ем подолго време ќе бидете одделени и ќе сфатете дека си се сакате. Остај ги овие погоре што ти викаат да го оставеш сигурно нивните мажи ги имаат изневерувано со други и сеа целиот машки род му е крив на светов. Секоја личност може да се смене доколку е правилен пристапот. И како да се пристапе до тоа. Патем тој те сака спорема неговото поашање и страв му е да те изгубе а воедно сигурно имал некоја траума со некоја негова поранешна бивша.
@Buttermilk , дефинитивно не го слушај овој шо ти пише. Ќе го изгубиш разумот со тој човек, остави го додека е време.
За тебе е дифиниција за сакање е манипулација и ограничување на движење.Довербата е најважна,сакање не е некој да го држиш како роб.Ти изгледа имаш траума па исто размислуваш како мажот на членкава
Овој погоре ист како мажот и. Знаев дека не и дозволува да работи уште кога пиша. @Buttermilk бегај жено, ако немаш деца, а не ги спомна, уште подобро. Ќе завршеш во лудница, верувај.
Редовно ве читам во сите теми, на скоро секоја тема давате совети да се разведаат членките, да се оддалечаат од нивните брачни партнери. Никаде не сум ве прочитал да дадете солуција или некое решение. Туку морате да ги напишете вашите искомплескирани фрустрации врз напатени членки што побарале помош од ваша страна.
Жените не се рехабилитациони центри за токсични мажи. Не е наша должност да ве оправаме. Можеме само клоцата да ви ја дадеме и да си најдеме некој подобар.
Ете ти како неископлексиран дај и совет.Ископлекисран е мажот на членката што не и дозволува ништо.За тебе нормално е да не ти дозволува некој да одиш на работа,и да не се гледаш со другарки?
Какво размислување да ја носи и да ја зема од работа? Зошто? Од вакви како тебе со вакви размислувања подалеку…
Никаде не реков да не оде на работа, туку да си седнаат обајцата и да си продискутираат во врска со таа тема и привремено да иде на работа да ја зема и носе. Се додека се привикнаат на тоа што некое време се одделени. Ниту таа е робинка ниту тој да контролира. Нека си дадат шанса и нека комуницираат редовно. Нека му се искаже со добри намери, секако како што кажав има за све компромиси. Ако ја сака барем ќе и дозволе да го направе тој чекор која што го намислила. Па доколку нема решени и за тоа и се продолже по старо, не ќе е лошо вие да и обезбедите стан и доволно финансии за колку да почне од почеток самостојно
Ако прочита што напиша членката,ќе прочиташе дека неколку пати разговарала на таа тема.А зошто да ја носи и да ја зема од работа,за да се осигура дека сигурно е таму?А зошто тој да и дозволи,таа 5 години има па треба да го праша дали смее да работи.
Зашто да ми е криво? Јас само дадов свое мислење, вие ме нападнавте како да сум на негова страна. За вас жените сите ние мажи сме манипулатори,манијаци и што уште ли не. Овоа е форум, секој има право да споделе свое мислење, а не да се осудуваме и напаѓаме. Патем членката сигурно не е малолетна и самата ќе си одлуче што понатаму.