Е алал да ти е, ама тие си мислат Мама и Тато златни се. Овие со вакво мислење и треба со нив и да си остарат не жени и деца да лажат и малтретираат.
Точно, ама знаеш што кажуваат мама и тато? Од 2 кила месо ги изгледале и сега редот им бил на синовите и снаите, пази, не на ќерките и зетовците. Е од вакви размислувања си патиме, да ги уценуваат синовите дека ги изгледале од 2 кила месо, нас снаите не не' изгледале, од небо паднавме.
Нееее, ние на улица сме најдени. Патем и јас гледам две деца, и мене ми е ОБВРСКА да ги изгледам и извадам на пат децата. Потоа на нив ќе им биде тоа за нивните. Кругот е таков. А не раѓаме деца за да не чуваат. Раѓаме за да си имаме поколение, а не за изживување. Ама ете секакви има, и разбрани и неразбрани и себични. Само нека им е на нив добро. А од стариве кој што прави за себе си прави.
Здраво на сите. Јас сум нова на форумот. Со проблемов се соочувам долги години. Не сум се обратила никаде за помош досега. Не знам како вие се соочувате со ваков проблем. Имено.. со сопругот сме заедно веќе 14 години од кои 6 во брак. Комуникацијава ни оди само кога разговараме за општи теми. Никако да почни да се однесува како што јас очекувам. Кога ќе се налутам за нешто едноставно како да му е сеедно и не превзема ништо, остава да пројде само од себе. А тоа не проаѓа, секој пат е се поинтензивно. По природа не е некој комунилативен но може да покаже интерес према моите чувства. Мене секој пат ми е битно како тој се чувствува. Кога има некој проблем правам се за да откријам што го мачи. Очекувам и тој така да се однесува со мене. Ама ете до сега не е така. Каде грешам и што да направам? Ве молам за совет оти ќе побудалам ми се чини
Дали имаш разговарано со него? Кажи му како се чувствуваш. Има некои луѓе едноставно тешки на искажување емоции. Една од нив сум и јас. Освен со дете со другите многу тешко ми оди ама ме знаат каква сум, грижата ја искажувам на друг начин и љубовта и тоа го знаат, знаат дека ги сакам многу. Разговарај со него смирено, без чување лутина во себе. Така си штетиш највеќе себе собирајќи нервоза, бес, тага.. Кажи му отворено дека те повредува тоа што не покажува емоции, ама може таков си е човекот, не значи дека не му значиш. Или те остава да се смириш сама кога си налутена. Јас не се често лутам, освен во ПМС кога ме фатат бубачките, ама и мм ретко трча по мене во такви денови, ме остава да се смирам и да разговараме на раат. И кога сум налутена јас прва почнувам да разговарам без тензии. Многу мразам кавги а и не сакам да ги има. Мојата кавга е обично за зошто не ја свитка тренерката и такви банални работи на кои ни тој ни јас не придаваме значење во безвеза денови,ниту пак прераснува во нешто големо. Знае лош ден, тој ќе премолчи како што велиш ме остава, ми поминува лошата минута и тоа е. Можеби си мисли кога си лута ако почне ќе направите кавга поголема. И мм е ист кога нешто го мачи не кажува, позатворен е, и го оставам сам кога ќе сака да си каже. Обично во такви денови ќе го гушнам ако не сака да зборува. Верувам дека ти е тешко, со позатворени луѓе и комуникацијата оди потешко, обиди се да му се приближиш. Ама зарем во врска не беше ваков? Не го примети? И ние бевме долго во врска, освен првата година со тензиите околу дете за кои взаемно бевме изненадени еден од друг , се друго во врска со нас ни беше познато. Можеби и тебе ти било само сега после толку години повеќе ти смета. Разговарај смирено без кавги можеби ќе те сфати.
Ти благодарам на исцрпниот совет. Да, таков е одсекогаш, но јас се надевав дека ќе се поправи. Му имам повеќе пати посочено. И баш заради тоа ми е највеќе мака. Доаѓа како сама да си барам внимание, како да барам да бидам сакана. И после таков разговор, како жена се чувствувам уште подеградирано.. најмногу заради тоа што ништо не се менува. Можеби премногу очекувам, што знам ♀️
Тоа се такви карактери, тешки и непроменливи. Мислам дека напорот треба да си го насочиш кон себе и да се сакаш самата малку повеќе.
Напиши му се на лист хартија, и дај му го да го прочита, само без да го навредуваш, со точни предлози за промена и како тоа би влијаело на подобро, внеси и работи што ги сакаш кај него, што прави добро, фали го малку, мислам дека ќе те разбере
Тоа е реалноста, ако и покажуваш премногу емотивност на мажите, мислат дека си слаба и се понашаат како сакаат, кога жената ќе стане ладна, мажот автоматски станува свесен дека може да ја изгуби и не е пасивен. Од искуство
И јас бев таква во една врска, но решив еден ден да не му враќам на пораки и повици, си ставав сториња како си шетам, си читам, и одеднаш почна да ме гуши со внимание, или те некој сака или не, нема што да молиш..
Ова ми забоде очи! Како бе некој да се однесува како ти што очекуваш? Си се запрашала ли ти дали се однесува според неговите очекувања? На страна од проблемите, ако навистина е повлечен ќе си го средите тоа, ама да очекуваш он да ти е играчка, кукла, малце е нереално. Не можеш да очекуваш да игра како ти што свириш, мораш да бидеш пореална малку. Разбирам се, ама ова не е брачен проблем за кој треба да направиш нешто, треба да му речеш дека сметаш дека ти заслужуваш повеќе внимание, но не да очекуваш дека ќе трча како кученце по тебе. Мм кај мене очекува да сум спортист прва класа, да трчам маратони, да одам во теретана, да бидам активна 24/7 ама не сум, он ме земал со книгите во торба, не со 250 пара патики за различни спортови. Предолго сте заедно за да ти смета сега ова некако.
14 години сте заедно и не сфати дека човекот е таков? Што е он твој проект па да го менуваш. Или прифати го како таков или разлаз.