Вежбај, оди на кафе со другарките, работи нешто, вози точак, шетај со децата, читај, готви, сади зеленчук.
Што мислите за маж кој не е среќен во бракот но не излегува од него? Има едно дете,долги години врска претходно со таа жена, не е среќен и бара други ( за интимност и се ) и негови зборови ,, јас ќе си јадам што си надробив никој не ме присили,,
Зошто не е среќен? Што му направила таа? Ако нема причина проблемот е во него, само си наоѓа изговори за да ја изневерува, што не е добро. Разведи се од неа па после што сакаш прави.. А и решение во никој случај не е додека си со една, да одиш и да спиеш со друга.
јас не мислам дека нешто таа му направила туку мислам дека него веќе му е досадно.долги години се заедно и имаат едно дете.денот му е едноличен а најверојатно и интимноста.едноставно му е здосадено но по никоја цена не би се развел,ќе седел во тоа што си постелил никој не го присилил.јас не му сум ништо, веројатно разви некои чувства према мене и ова ми го кажа ( проследено со флерт). Ништо не се случи меѓу нас, се изнакажа сево ова и кога јас му реков најдобро да прекиниме комуникација во секундата ме избриша.сега сум ????
Па и ти си развила чувства штом си ????. Во спротивно би ти олеснило штом те избришал, што е и ИСПРАВНО.
најверојатно сум...искрено ич не ми олесна ми напрај конфузија иако беше само флерт наеднаш се пресече се и останав ?
Ок се, сакал секс на страна, видел не бива кај тебе, не му се молело, те избришал па и пишал на следната на листа ништо чудно.
Штета за жената и детето... Како ќе ти здосади? Како прв ќе ја разбие досадата со жена му, ќе си најде решение... Мислам дека си згрешила ти, не го повторувајте ова! Ако не си знаела на почетокот дека е женет океј, ама ако си знела зошто си била со него? Зарем не ти е жал за таа жена и тоа дете? Стави се на местото на таа жена, со маж си, тој секој ден со друга е, внимание на тебе не посветува... Тој наместо да си го спаси бракот, трча кај други..
истиот кој сакал да му расти детето во ,,среќа,,.ова е среќа за детето, да бараш од страна без страв оти ќе се дознае? јас не ни бев со него, воопшто, и јас не сум веќе во брак
Овој малку нејасен кутриот, ако веќе вели дека ќе јаде што си надробил. Нека јаде! Што, сега ќе почне со нова чорба, првата не му стига, па ајде нека се две, па може и три?! Овој може бре многу жени на грбот да носи. Треба да е како што вели, ќе срка што надробил.
значи спонтано се сретнавме, а тој некако ме најде ( значи барал) и додаде.пишувавме и таму каде што се сретнавме првпат сме секој ден во истото време ( не дека тој неможе да смени, јас неможам). и почна флерт и се нонстоп 24/7. по неколку дена разбрав дека има жена и дете.кога почна посериозно да се развива муабетот ме пресече ти имаш други очекувања, јас си имам причина оти вака прам а сум во брак ама нема да се разведам, никој не ме присили, што сум надробил ќе сркам. и ми рече ќе ме избриши и да прекиниме контакт.јас реков ОК и останав ????/ Од тогаш сеуште се гледаме секој ден на истото место ( ете упорно тој нејќе да смени термин ) и вчера уште дојде и до мене.ништо не рече ама дојде и се гледа. а јас си заминав. се нервирам
Овој е уште со тинејџерски хормони. Се прави демек жртва (дури и на самиот себе), а далеку е од тоа. Жена му му здосадила, ама не толку многу и уште си ја смета за негова и не сака развод, сака само да клецне на страна. Сигурно ти не си единствената на која вака и се понаша. Нема многу интересен живот па вака си надокнадува. Веројатно тоа му прави возбуда. Што мислам за вакви луѓе - тие се на дното на човештвото, тинејџер во возрасно тело. Ќе го уништи животот на жената и на детето, а по пат и на некоја жена што ќе ја прелаже. Подалеку од такви луѓе. Ако он мисли дека ќе срка што си надробил, тогаш или ќе се разведе и ќе помине низ сите тешкотии што разводот ги носи или со наведната глава ќе и биде верен на жената. Подалеку од вакви мажиња.
Зошто се мачиш и воопшто размислуваш за неговиот однос и постапки. Како постојано да бараш оправдување на неговото однесување. Ако е вистински МАЖ треба да брка жени од кога ќе се разведе и ќе расчисти со својата жена и притоа ќе снесе одговорност за детето. А вака само трчи лажи. Истото ќе го направи на секоја следна. Односно тебе. Нему сите ќе му се здосадат.
„ @JasBee11 незнам зошто се мачам толку и се опседнав и анализирам. се ми е јасно и пак нешто ми тежи во душата, од машкиот род мислам сум преразочарана