Не би сакал пред некој што ретко го гледам или не ми е фамилија да се расправам и размислувам гласно кој што како. Би издржал да поќутам тогаш, а после тоа насамо би зборнале дали е или не е во право.
Јас колку што разбрав типот бил другата страна на приказната и тој бил во право а тате бил крив. Така да не е расправање пред друг, туку слепо следење на тоа дека за тате ме смее лошо пред никој макар не бил во право. Ако човекот бил во право не знам што толку трагично е мажот ми да му го признае тоа.
Добро еве да пробам на друг начин. Кој qр се меша и дели правда и зазема страна настрана од фамилијата? Не можи да почути или тоа ни е во сржта во генот да делиме правда и осудуваме сегде?
Можеби имаме други гледишта на работите ама лично мене не би ми сметало вакво нешто. Ако е татко ми во право а мојов ми правда друг е ќе виде големата ама да знам дека кај мои е грешката не би се лутела баш.. може човеков само му рекол : Во право си, и невестава одма скокнала зашто Тате е во игра. А бе ајде.. за ова ќе се карам со маж.. немам друга работа. Од тоа моите - твоите најмногу бракови се распаѓаат.
А јас па би рекол и постапил да сум и таа ситуација зашто зетот не си ќути и не се меша во нивни приватни семејни работи
Кога мажи седат на маса и тераат разговор (небитно дали е лаф муабет или за нешто поозбилно) ама баш не ситничарат како кога жените прават муабет или во случајов, слуша отстрана. Она си направила цел филм седејќи, па кој ќе е крив ако не мажот. А башка што нема потреба некој да се кани на семејни поводи ако веќе го сметаат за непожелен. Така да, семејни работи се едно и семејни покани на тој што треба и не треба е друго. Ама битно мажот да го окрка.
У секој случај мажот го крка пак ке кажам од машко аспект не се мешам у таа работа зашто раздор и нервози да праам
Ама како така за тате лошо да се кажи, а ако тате крив, битно мажот има да ќути оти ете шо го чека заканите се тука, толку има да биди од него ќе добие клоца у гз.
И тебе ти одговара да си како фикусче вака на страна.. јас не дозволувам така да се однесуваат кон мојот партнер.
да ми одговара бидејки сум странец во нивни фамилијарни работи доколку жена ми е уклучена партнерот тогаш на друг начин ке пристапам на темата
Штом си запознаен со ситуацијата твое легитимно ораво е да имаш твој став, особено ако си на правилната страна. Крај. И за снаи и за зетовци станува збор. И не, не сте странци во фамилијата.
Јас лично не би се пикала во такви муабети, посебно не пред други, небитни особи да се правам паметна. Свеки да е скарана со некоја и да е во најкриво она, не би се вмешувала да ја бранам другата пред рандом тетки. Не добивам ништо, не е моја работа. Многу сакав да исправам криви дрини порано, сега ми е битен раатот. Со маж ми се можам да си кажам мислење, но не мора и сите други да го знаат.
Да така е ама за жал ( се отепав од плачење во моментов) најмногу мразам ... Ете маката да си ја споделам и јас можеби ќе слушнам некое мислење од страна... Оној мојот од маж му имам речено не сакам дс ме споредува со никоја кокона ни па со блиски... Сега јас можам да ќјутам господинот цел ден да пие дома не припран а ваму неможиме крај до крај да врзиме и сега мајчиниот ми вели не било чисто не знам што а самиот ако го оставам без сменат чаршав од што нема навика за два дена од бел црн ќе го направи.. На работа не оди кур го боли јас трудна терапија треба пари се нема другарчињата паметни неженети си го собираат ко ке му текни и јас како денес нервирај се ко будала .... Значи колку и да бришиш прашина имало и ќе има неможи секој ден не сум јас слугинка на сите да му угодувам да не се навредел оној овој сега гледам мајка му и татко без приговор што и да ми речат прават и пак не чиниш .. Те племе ѓупско те незнам што... Не сум скрила ништо се му е кажано буквално ќјути цело време за некој будала да те прави... Со тие таквите што ме споредува мажите нивни по 2000евра месечно во куќи му влегуваат и се му е погодено па се лути ко ке му речам оди бе и ти работи земај 80 000 плата се ќе ми биди погодено па да те видам дали ќе можиш да акаш со ергени .... Стварно веќе ни о лошо ни со арно а ваму малку други проблеми имам па уште да се нервирам оти нема мозок во главата да ди речи чекај ќе се помачам малку е од вкафана дремење и акање нема аир... Јас додека работев неможеше ништо да речи ама газот што му сакаше се имаше... Не знам веќе ама од утре ни циле ни миле нити муабет му правам... Зависна сум што треба да ме носи на контроли (не возам мидлам бев на автошкола ама сеуште немам возачка а и да имам кола неможам да купам )и за терапијата та инаку ... Незнам дали ќе му дојди мозок или не ама најмногу домашните негови се криви што не го научиле дека кафаната и ергените не крепат фамилија..
Е паметните еднаш еден другиот ден друг се запишуваат по кафани мало место сите се знаат и после ако најдат од некаде ако поработи дрва нешто оди враќај после и така во круг се вртат и му е гајле....а речи му оди ваму работи оди таму работи не чини ајде да одиме на друго место и то нечини оти ги курле мадле и после кај до гуша заглавени па уште дозаглавени ќе ти солат памет..Јас без разлика каде да разберев за работа одев не делев и не се правев паметна ... Еве сега ако бремена сакам нешто свое да започнам си аплицирав за проектот за Самовработување и само нерви имам дали ќе ме прифатат посекако сум дома и учам и барам и се трудам .... А ако му речиш очи ќе истера оти само тие се во право се знаат ние не... Па не сум била како оваа како онаа за да бидам како некоја треба и тој до мене мозок да има.. Не сум ли во право?
И што оти ќе ти каже некој дека си во право, ќе те потапша по рамо и ќе ти рече леле колку ти е тешко, твојот ропак врска нема. Што ќе ти смени? И што магично треба да ти направат свекорите, кога на маж ти не му текнува? Да не он случајно е дете, па треба некој друг да му каже, да го подучи? Тебе уште толку ќе ти се искомплицира ситуацијата откако ќе се породиш. Направи си услуга и размисли што ќе правиш и најдобро делувај уште сега. Ако имаш кај да се вратиш и помош од твоите арно, ако не, кои ти се опции? Проблемите никој од страна нема да ти ги реши, сама мораш.
Да се вратам нема каде мајка ми неможи ну да ми поможи ни ништо ... Опции освен сама некако да успеам нема... Не барам никој да ме потапша јас 23години се расправам со такви будали ... Во моментов опција ми е да ми е раат мозокот после ќе видам