Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Е ова !! Јас можев да бидам до него а децата да останеа со “старите”.. сепак имаше некои здравствени раб што само јас ги знаев а он после им се исповедал на нив..
    Се прашувам како би било кога обратна би била ситуацијата како он би реагирал и дали би се осеќал исто ко и јас сега.
    И уште еден проблем ми беше што он не го гледа ова како проблем!
    Мене ако ми се деси нешо треба мајка ми да ја барам а он нишо да не знае, па да му каже вујко ми дека сум во болница? не знам јас прв што би истрчала ако ми е нешто е маж ми па после сите останати.. ама изгледа не е обострано тоа :)
     
    На flower30, Gosh и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    2.893
    Пол:
    Женски
    Мислам дека постапил правилно и дека претеруваш. Трезвено постапиле и отишле во болница без да ги потресуваат децата и тебе. Периодов кога не е добар треба да си му подршка. Во овој случај кога не е добар зошто си го сменила односот и ти си лута? Стави се 1 мин.на негово место, тебе да ти се слошеше, што ќе правеше? Ќе кукаше и плачеше пред децата или ќе му речеше легни ги и ќе отидеше на лекар со родител/свекор? Среди си ги мислите за да не се каеш колку си била неправедна.
    Тој не можел да ти пише ама си во право дека требало да ти пишат неговите, но постои можност дека биле испаничени.
     
    На Ladyme, JasBee11, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.981
    Допаѓања:
    13.752
    Za se prvo bracnite partneri treba da si kazat, za shto i da e. Poddrshka eden na drug, a ne skrishno da se raboti.
    Decata moze drug da gi pocuva za da otide soprugata so nego, ne preteruvajte .
     
    На eliesaab, Gosh, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    6.743
    Пол:
    Женски
    Членката побара мислење и од друга страна и јас го дадов моето, реков МОЖЕБИ во моментот таква била ситуацијата што не значи дека оправдувам што не ја известиле одма. Само кажав дека во такви моменти приоритетот им бил друг и дека не треба толку да се оптеретува со тоа.

    Поздрав
     
    На eliesaab и Iva:) им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.956
    Се согласувам со тебе, ама пилешки мозоци, знаеш...
    Јас па од еден крај на Мкд на друг сум омажена, не знам како би ги викнала. Ама затоа они сакаат до мама и тате, сигурно тука при рака да им се.
     
    На SummerGirl, DragonFly22 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    А мојата паника додека чекам 5 саати и не знам што се случува?
    А да чекај и друг едит..
    Другите две (не мои деца) знаат зошто и они се тука присутни и утредента им кажуваат на моите деца дека тато бил во болница.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.799
    Допаѓања:
    109.701
    Пол:
    Женски
    Не знам, еве размислувам гласно, ако јас сум отишла да успивам деца веројатно децата имаат навика да заспиваат со мене нели. Пример малото мое нема да заспие со друг ни во идеални ситуации, а камоли па да го оставам со вознемирена баба. Не велам дека треба да си мериме која повеќе ја боли, ама мајка сигурно нема да легне до децата и мирно да си лежи додека детето и е во болница нели? Јас пре би да не ми кажат одма за моите деца да не осетат, а потоа да му ја мислам. Потоа веројатно би и рекла на свекрва ми, ок помина првата криза, дојди ти со такси ќе одам јас, замени ме, не можам да издржам да седам дома. Да не зборам што човеков веројатно и не сакал жената да ја вознемири во моментот, што исто така го почитувам како постапка.

    Не можеш да вреѓаш некого само зошто има различно мислење од тебе.
     
    На Ladyme, JasBee11, rainbowec и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    2.893
    Пол:
    Женски
    Знам за што ти е криво ама сепак тоа се брзи моменти кога сите се успаничени и нема време да се размислува на долго и широко. Се постапува за 1 секунда. Намерата не му била лоша тоа сум сигурна, само сакал да те заштити и тебе и децата. Тоа што сме трачарска нација и пред децата збореле тоа што не треба не е ваша кривица. Деца не треба да знаат.
    Сепак требало и во таа паника да ти јават кога веќе отишле или да ти пишат за да знаеш. Тоа требало да го направат.
     
    На DragonFly22, Skyler и NNK19 им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.956
    Не беше за тебе, ниту за било која друга членка, за мажите си беше коментарот.
     
  10. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    ЗАЕДНО отидовме да успиеме деца, да не навлегувам нејкам да ме препознае некој, он влегува со мене и искача после 3секунди јас одам до вц а дете оди во соба (јас мислам оди да земе нешто од надвор) и тука почнува се :)


    И ќе ве молам без вреѓање
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.799
    Допаѓања:
    109.701
    Пол:
    Женски
    Види јас те разбирам, скроз, и би постапила исто како што ти пишав, ќе се јавам да се смениме по некое време ама ништо нема да се деси да остане мајка му и да се нервира исто како и ти а ти да отидеш, баш напротив.
     
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Како некоја што во 7 ми месец бременост замина од работа со болки сама до гинеколог да возам без да кажам туку се јавив земи ја малата од градинка јас треба до гинеколог да отидам бидејќи ми беше важно и другото дете да ми биде безбедно сакам да кажам дека го разбирам. Требало да седнете да прашаш зошто така постапил за да го разбереш и да објасниш зошто се осеќаш така ама без лутење. Те разбирам и тебе јас имав ситуација кај што му беше лошо и не призна ама го осетив па да не речам сосила го носев. И сериозно испадна да биде.
    Е сеа не е ок последниот што ти кажале ама може и тие се плашеле од твојата реакција. А за тоа деца шо замешале ич не е во ред.

    @AngelOfArh има секакви еве јас на свекрва ми и се јавив во 1 пополноќ да ја известам за состојбата сериозно беше и вика ете така ако му е пуши вака праи така праи немарлив дибек ... фатив и исклучив.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Па несозреани за брак, фамилија и се што носи тоа се.
    @NNK19 јас тотално те разбирам што сакаш да предочиш, дека тој наместо тебе да те смета за примарно семејство и дел од неговата најприоритетна заедница тој си ги смета своите за тоа.
    Ај добро пишаа членки можеби не сакал да те вознемири, ама можел изричито да побара или нареди- роднини жена ми веднаш да ја известите, сигурно не бил до толку неконтактибилен, него на сите толку си им била значајна ти.
    Нека се опорави и разговарајте на оваа тема, сега џабе ти е лутење, предочи му како си се почувствувала, небитна и последна известена за најбитното што вас како заедница ве тангира.
    Истово го пишувам, е ова требало, ама ете толку им значела да го сторат.
     
    На Puffy2019 и NNK19 им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.940
    Допаѓања:
    12.898
    Пол:
    Женски
    @NNK19 Ако не се лажам има три деца, замисли три мали деца да ги кренеш на нозе и да ги испаничиш во време за спиење? Воопшто не гледам дека мажот е несозреан, баш напротив.
    Членката може да си седне сега со мажот да си разговара како се осеќа и како би сакала да постапи следен пат во ваква ситуација зашто претпоставувам ретко која од нас има смислена стратегија однапред за итни случаи. Човекот имал една секунда да одлучи како ќе постапи, може мислел дека ќе му се случи нешто, па да не се случи пред децата. Не знаеме какви мисли му прелетале низ глава. Тоа дали требало да и се јават го искоментирав веќе, да не се повторувам.

    @NNK19 Побара мислења, сите кажавме што мислиме тргајќи од себе. Јас како и Ангел на пример, знам дека мои деца нема шанси со друг да останат дома, а плус големиот знам дека ќе се утепа од плачење и грижи. Не гледам зошто би му правела таков стрес на детето.
    Сега можеш мирно да разговараш со маж ти или да се испокарате без решение.
    Крајно, бидете среќни што се добро се завршило. Веројатно си тажна зашто не си била до него во таков момент.
     
    На Ladyme, Katie90, JasBee11 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Несозреани од аспект како што спомна и членката погоре дури и погрубо објаснувајќи дека се со пилешки мозок, дека вечито се до мама-тато, ај да замислиме се во странство па нема ли прво на сопругата да и кажеш?
    Или еве сите заклучивме во ситуацијата дека барем можел/можеле блиските понавреме да ја известат, не децата на другиве да кажат пред нејзините деца па тие на мама, тато беше во болница.
    А и јас и пишав не вреди сега да му се лути, туку поубаво е да се среди се и да разговараат отворено, за се.
     
    На Puffy2019 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Значи не е работата за лутење, јас не се лутам, туку сум повредена и се чуствувам како што кажав ко од улица да сум најдена и ја не треба да знам одма. Не дека се лутам и не праам муабет, едноставно станав ладна према сите и не ме интересира никој.

    ( Иначе да 3 ги имам и само последното остана будно другите веќе спиеја и не не ни кажаа децата, туку друг :) )

    Се ми јасно и кој како се осеќал и сите паники и све ама се осетив безвредна, повредена и разочарана (и уште ми е тоа чувство… не знам вака срце за ништо не ме болело буквално вакво емоџи опишува :u: )

    Пак ќе кажам благодарна сум и среќна што се се заврши добро ама… :|
     
    На Skyler, Puffy2019 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Машки
    Во ред, повредена си и имаш право да бидеш. Но, кој би ти бил следен чекор, да не сакаш да се разведеш?!
     
    На JasBee11 и NNK19 им се допаѓа ова.
  18. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    5.686
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да размислиш дали и во други ситуации се имаш почувствувано вака. Мене ова ми изгледа само на кулминација на проблем што се провлекува подолго време.
     
    На Lavender4, DragonFly22, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. your-girl.-.friend

    your-girl.-.friend Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    1.498
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Јас после неколку години пак да пишам. Доколку некој се сеќава бев мажена па се разделивме Август 2022ра. Имам пишувано во темиве за проблемите. Малку ми беше шо трпев и по некој месец пак продолжив со истиот- сега сопруг официјално веќе. Малку го*на изедов претходниот пат пак со истиот. На почеток беше се во најдобар ред. Останав трудна јуни-јули 2023та. Се си беше океј. Пишував и во другите теми имав тешка бременост со крварење, гадење повраќање, ама издржав некако. Имавме некој ситни расправии нормално како секој пар ама ништо страшно. Првиот проблем почна декември кога му најдов пораки со колешка кај шо се договараат за на предновогодишна забава и ред други работи. Попуштив некако ајде реков кај ќе одам трудна 7ми месец. Во меѓувреме почна онлајн да се коцка. Терминот ми беше во март, се породив на 02.03. Две недели пред пораѓај си дојде сестраму со се дете. Дур бев на болница си се договориле да не се враќа да си остани така. Детето да е здраво живо, невоспитано шо да ви раскажувам . Онакво дете во животот немам видено. Си дојдов од болница почнаа проблемите на најјако. Секој ден кавги. Сестраму се опуште дека си е кај мајка ни по детето оди и ден денеска ни па работи дома. Мм ништо не превземаше ни тогаш ни сега. Ни да си одиме ние под кирија, ни таа ни па да се делиме на горниот спрат. Свекрвами фала богу дека ќе си биди на страна од ќеркае. Сите се испозатресени за нејзе за детето, а таа секоја втора вечер излезена како тинејџерка а детето остаено јас да го вардам. Во меѓувреме почнаа да стигаат писма од брзи кредити, мм се заборчил со коцкањето дури оди и не оди. Првото писмо беше во износ од 550,000ден. Башка што стасаа уште којзнај колку. Ме заглаве и мене во тие води. Ко ќе го начекал тел се коцкал и од кај мене и си стојат трансакции и не можам да земам кр од банка а не можам да ги доплатам кредитеве премногу терет ми иди . Џабе плата за ништо не ми стасува. Со 300 жиранти зедоја кредит на мајкаму за да се одглави во прашање се 1.100,000денари. Не се малку пари. Претерано е. Демек прекинал во декември 2024та со коцкања и од тогаш е премногу нервозен. За се се кара со мене се му смета. Ако задоцнам 2 мин од на работа проблем е. Ако седам на телефон проблем. Ако не стасам нешто да сработам урла по мене. Мајкаму сестраму се ујдисани двете против мене. Начекав пораки шо му имаат пишувано. Женати толку и се смаче шо не можеше да замети алишта да пушти. Без разлика шо и да е. Одам на нива, одам на работа, одам по двете деца, дома средувам. Епа денот и мене ми трај 24саати а не 48. Праевме свадба во мај. Му кажав дека не сакам. Свекрвами за се се лутеше оти бурми сами сме одбрале, оти украси сами, оти фустанот сами абе скрос за банални работи. Последна кавга и најголема и од тогаш шо не зборуваме е дека ми извај муабет мм дека имам швалер. Детето шо работеше на моето место ми имаше пишано за некој лек дали го има, ме праша шо прај малиот и попрајвме муабет за чупето шо иди на пракса бидејќи му е школска а детево е помало 5 години. Дете е за мене никогаш не сум имала такво мислење за него. Во фабриката кај шо работи изнакажал 300 работи дека јас на работно место збирам мажи. Со сиот ум сам за женаму си вади муабети. Па и да испадни тој часна сестра раскажувал дека јас се коцкам, дека сум заглавена. А ко прво за детето од ко е родено нема едно млеко купено. И еве три недели не зборуваме ко шо треба. Сакам да си одам, сите од дома молат колат да не заминувам да не сум кревала срамој. Мајкаму на мајками и изнапишала 300 работи шо врска немаат. Ми забрани да сум одела кај мојте. Ми го зеде телефонот да не можам да се јавам да ме земат мојте ко се каравме. Мајкаму ми го прекараше и јадењето. Таа не седнувала да јади за мене да имало и од тогаш еве немам седнато да јадам дома, јадам само на работа и гладна одам на нива дур не паднам некаде.
    Овде има жени шо поминале низ развод па сакам да знам дали има шанса да ми го земи детето бидејќи сеуште имам од брзите кредити на мое име шо се. Вработена сум, имам кај да се вратам. Таткоми е исто така вработен и имаат сопствен имот, немам брат сестра за да делам нешто од имотот.
    Извинете на долгиот пост. Се надевам ќе може некој да ми пообјасни.
    Благодарам:l::hug:
     
    На Cka и Nuny им се допаѓа ова.
  20. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Прво со лесно.... Нема да те осудувам напротив ќе ти речам зошто не си заминала побрзо... Јас пишав исто бев осудувана меѓутоа едно да знаеш кога имаш каде да се вратиш слободно оди.... Тоа со кредитите ќе се среди па и на крај краева цела плата неможе да се запира... Јас кога се разведив од првиот сопруг поминав добро со спогодбен развод јас се си поднесов... Кај мене беше проблемот што тој имаше проблем со плодноста и оп мами не прифаќа синчето криво а ни работа ни работа ни сабота јас работев и на крај ми пукна филмот заминав татко ми е починат се вратив кај мајка ми... Е така сега сум еве веќе 5та година омажена моментално трудна 6месец .... И едно да ти кажам не е лесно.. Мојот сегашниот сопруг исто така одеше во казино ама бидејќи не работеше еднаш заборчи се двапати виде не оди се срами со луѓето прекина ( тоа се дешаваше најмногу периодот 2020-2023 кога за жал останував бремена и го губев плодот. Го разбирав и него дека му е тешко... Јас имам поддршка од свекор и свекрва многу и јас сум заглавена (тоа е долга приказна и не е од коцкање)... Исто така мојот е наивен верува и сите и го шетаат како сакаат а тој на секој да му помогни а воедно и пие. ( не е агресивен меѓутоа ако почне не застанува цел ден) До сега Немам искусено траума ( за разлика од животот што го поминав мачејќи се со татко алкохоличар) тоа му е кажано и знае... Вистина е не работи моментално ни тој ни јас ама кривицата е во тие што му верува и што го лажат... Му зборуваме дома меѓутоа не сака со никој да се скара да се замери нема лоша душа.... Знам пари требаат се Здравје Боже ќе се среди ... Среди се побрзо детето е твое тој ќе ти плаќа издршка кога си ти вработена уживај не де замарај ти си мајка ти ќе си бидеш со детето... Нив мани ги запусти ги не ти требаат
     
    На your-girl.-.friend му/ѝ се допаѓа ова.