Велат, ако немаш нешто добро да кажеш – молчи. Не знам што толку се згнавте, жената е ТРУДНА и последно што ѝ треба е груб третман – ни дома, ни од општеството. Искрено жалам што воопшто треба да го пишувам ова, особено кога зборуваме за поддршка од жени за жена. Жалосно е, ама вистина – мизерија сме како општество.
Те разбирам навистина, јас последна би осудила верувај, ама таков трерман дома не и треба на трудна жена, подобро е да е сама отколку со него во таква ситуација, сето ова го зборам од искуство, и знам како е.
Душо, јас во секунда би и рекла да си фати парталите и детето и да си оди, веќе одма и да не се врти назад. Но нажалост знам многу случаеви каде жената не ја сакаат дома назад од причина селски блам; нема услови; се плаши; може мисли ајде бе ќе биде добро и слично. Друго, Македонија не нуди никаква подршка во вакви моменти, додека странство одма би била заштитена во секој поглед дури и со дом. Значи сепак е темата нејзин спас со наши предлози а не да ја дополнително обвинуваме за нејзината одлука, која и не знаеме колку е погрешна. Тоа не е наше да судиме.
Накратко, твојот сопруг би постапил многу попаметно доколку уште на времето сте се отселиле, не би дошло до овие ситуации и најверојатно би се гледале одверема навреме на одредени настани, кои не велам дека не би довеле до некои ескалации, но ако се во присуство на други лица, секако би биле попристојни и потивки. Друго, и тоа може да се ограничи, а сопругот би се гледал со нив, кај нив, а ти би била на мир. Колку подолго сте таму, толку полошо. По сево ова, таму не можеш да живееш без ризик за своето здравје, бременост и здравје на твоето дете. Не ти сугерирам, ама прво и без нивниот насилен однос, тој куп од луѓе е нездрава средина за подигање на дете. Таму и само за нив има резон за престој, свекорот, снаата и золвата која се разведува. Во интерес на бременоста и веќе роденото дете, јас на твое место би се дислоцирала, ни минута не би седела повеќе таму, ваше е како ќе постапите понатаму, но не си само ти веќе во прашање, туку и постоечкото дете и детето во твојата утроба. Друго, сопругот твој се плашел да не ескалира. Што побогу повеќе да ескалира, веќе има претходен, според твоите кажувања сериозен физички напад врз дете, кој очигледно останал да се решава помеѓу затворени врати во еден дом.
Aj sto sovet bi i dala ti, pa i poddrshka? Dibekot ne se dvoi od zaednica, zena mu dozivuva nerven slom tamu, a kje imaat i vtoro dete. A takvi roditeli sto vikaat deka e sram da se vratis se najgolemi oloshi spored mene.
И затоа никогаш ама никогаш не се прифаќа живот во заедница од старт. Поарно на 35 да се омажам и да живеам раат во една гарсоњера него на 25 ама следните 10 години да ми бидат пекол. Мада тука проблемот е мУжот што неќе воопшто да се оддели, ни сега ни покасно
Ај да не бидам безобразна (извини мама11 ) ама можеби ја силувал од кај ти знаеш ? Како вака тврдите дека се ,,нафатила " ? Даден е проблем и постоечка ситуација и околу нив треба да се коментира а не за нештото што биднало и не може да се смени ( освен ако е на почеток па да реши да абортира, немам прочитано до кој месец е со бременост) Искрено мене да ми се сили татко на мм а тој да си лежи не знам дали би ме видел пак...
Јас пак не сум ја прочитала приказната на мама11, навистина ми е криво што одамна има проблеми во таа средина. Е сега ние овде вообичаено носиме заклучоци само врз она што е напишано - а најчесто се напишани само лошите особини на сопругот. Лично таа си ги знае најубаво причините зошто останала, зошто се нафатила на второ дете - можеби според неа има нешто добро во човекот што си го гледа. Ние отстрана што ја согледуваме ситуацијата ниту една добра особина не би не обманала после "ќе те тепам не знам колку пати" ама сосема е поинаков видикот на жена што живее во таква средина. Како што и погоре напишав, за жал жените се навикнуваат да трпат, за доброто на фамилијата, најмногу за децата и сл. Сите знаеме дека не треба така, ама ете некои ситуации се такви. Да може сопругот да се убеди да замине оттаму би бил најдобар исход.
Ако тебе некој ти рече дека те мрази, а после тоа те изнесе на ручек, ќе го сакаш ради ручекот или неќеш ради зборовите дека те мрази? Секој има маани, ама кога тие маани доволно кажуваат дека некој не те есапи за човек, јасно е сѐ и нема потреба да го переме со наводно добри особини.
Ова е точно и се согласувам, затоа подолу напишав лично таа си ги знае причините зошто, можеби гледа нешто друго и нешто добро, и напишав дека нам отстрана ниту една добра особина не би не обманала. Јас не го перам, прочитај ми ги мислењата. Она се однесуваше на нејзините лични причини оти правите муабет зошто останува упорно со него.
Ти од силувач би родила ли дете??? И маж и свети маж, да ми направи дете 'несакајќи', а притоа ме малтретирал, тепал, не застанува на моја страна во конфликтите предизвикани од неговите и уште свашта нешто, ќе се прашам дали ќе родам.
Епа тука пробуваме да ѝ ги отвориме очите дека тоа добро што го гледа е само илузија, дека мажот не ја есапи, дека не ја сака. Оти тапшање по рамо дека само свекрвата е проблемот не помага. Да, трудна е и све тоа разбирам. Ама чекај, на мажот нејзин не му е гајле што негова бремена жена трпи, па ние треба сега да бираме зборови за мажето за да она не се вознемири?
Не знам зошто во моите мислења виде дека тапшам по рамо или бирам зборови. Од вчера и пишувам дека мажот е примарен проблем.
Abe ajde. Da me siluva i da sedam so takov? Ako e taka, vednash treba da si zamine, a ne bara soveti ovde.
Жената е во исклучително незавидна ситуација. Не пишував од причина што веќе сите ја советуваат да се разведе, замине, да ги остави сите комплет, од маж комплет со фамилијата од која не може да се оддели. Дај Боже да има услови жената за се ова. Јас и дополнително би го пријавила случајот во полиција или адвокат. Само трудна жена со дете не е исто та тргне и се ова сама да го истера. Убаво би било да има некој свој ближен да и се најде во помош.
Па не е секој психички спремен на абортуси ! А јас што би направила во случајов не смеам да напишам...