Си прави членката когнитивна дисонанца, мислејќи дека ако си преземе дел од вината врз себе ќе и звучи пофер, дека не е само мажот ѝ крив за насилството, туку и таа... Си ги интернализира работиве, верува дека и таа е виновна, ваљда и олеснува... Има некоја научена беспомошност, некои стекнати верувања дека ако таа е тивка и мирна, тој арен ќе си биде, ама вака ко го провоцира, демек, па маж е, ќе збесне...ко го нервирам што ќе прави...
Многу поретко ама за жал ги има. Братучедка, високо образована, вработена со високи примања, не живеат во Мк., упорно верува дека мажот е таков оти му ја нарушува машкоста со тоа што работела таа и била убава средена, па овој го фаќало љубомора и така се светел со насилство оти многу ја сакал, наоѓа преглупи причини (милион) да го оправда место да каже и да си признае сама на себе, ок психопат е човеков.
Класичен муабет на жена која трпи насилство. Јас сум крива, јас не смеев да погледнам на лево, јас кажав што не требаше, уморен е работи, не е до него. Јас не измив садови... Живееш со психопат!!! @BubamaraM најчесто се тие жени ратсени во семејство каде што имало: 1. Татко ти/ Дедо ти е уморен, спие ќути оти ако стане тешко нас. 2. Дај да напаравам за јадење додека не дојде татко ти/дедо ти зашто кој ќе го слуша... И слично.. Тие суптилни навидум безболни реченици парават девојчето да расте во жена која мисли дека треба да е невидлива за да биде мир во дома, да е се по мерак на мажот во куќа.
Па да, мада што за жал на такво поднебје сме, претежно така растеле и баби и мајки , па несвесно трансгенерациски се пренесува.