Како тоа да те отсака? Јас под тоа подразбирам да не се грижи за тебе, да не го интересира ништо поврзано со тебе, да не сака да поминувате време заедно…
Секогаш беше нај нај, последниве два месеци некако почнавме често да се караме, за едно нешто многу ми се налути, уште држи лутина и поради тоа се испомешаа работиве
Ако држи лутина, нема ни до секс да му биде. Уствари ако те отсакал де. Прашањево ко средношколско троа
Епа зборувајте отворено. Ако држи лутина не значи дека не те сака. Секој пар се соочува со такви периоди ама не значи тоа дека нема љубов
Односот му е сменет...ама за секс пак сака, вика остај ме ќе зборуваме , да ми помине лутината, баш 2/3 дена пред да се налути јас заминав во моето родно место веќе имав авионски карти, се надевам ќе се среди кога ќе дојде и тој, засега чекам
Отвори му го муабетот пак, со смирен тон. И кажи му дека ти така мислиш и тоа е твое однесување или зборување не знам за што е лутењето. Речи му не мора да значи дека ние исто ќе се понашаме, размислуваме или зборуваме. По потреба и извини се. Па пиши чекаме новости. Немај гајле не се отсакува, работите се само малку менуваат се запознавате, се прифаќате,си ги согледувате мааните.
Да...можеш да отсакаш некого многу брзо. Доволно е да те повреди на некој начин и да скрши се во тебе .. А сепак си му достапна за секс оти си му жена...зошто да бара на друго место, да симнува ѕвезди на некоја кога има дома на кого да се испразни... Ако те отсакал порано или подоцна развод е неминовен... Преиспитај се што е
И јас се чудам години заедно секогаш ме сакал се грижел го чувствував тоа, сигурно неможе туку така да го снема сето тоа....
Ако има друга нема ни до секс да му е со жена му Обично ако он упорно избегнува секс тоа е прв red flag дека има друга
Јас се карав поради грешки негови во доцните часови(секако и двата се каравме), неговите слушнале ни дојдоа на врата...и тоа е тоа, после ова тој крајно се налути
Сигурно ти има кажано за што толку се налутил. Чудно ми е да не ти каже, обично ние сме тие кои што не кажуваме за што сме лути, машките веднаш си кажуваат. Извини му се, не знаеме за што сте се скарале и што му имаш кажано за да го повредиш.. Мислам дека знаеш во што е проблемот. И тој има чувства, извини се, покажи му дека ти е важен, дека ти значи и тој и тоа како се чувствува.