Не ми се случило! Искрено, мене ова не ми е пријатно. Има дневна, кујна, купатило – секогаш може да се најде решение без детето да е присутно. Или детето да заспие во дневна, па заврши работа во спална, па префрли дете. Децата впиваат многу повеќе отколку што мислиме и се оформуваат од сè што гледаат.
Имате и други соби, не е само спалната. Првите три часа после заспивање е најцврст сонот, тогаш може да се забавувате без да се разбуди. Не сме практикувале секс во иста соба со дете, ама се случило да се разбудат и да дојдат кај нас додека беа помали, но тоа обично било покасно во текот на ноќта. Како што растат полесно е. Ќе си има своја соба, ќе биде подобро.
Немора да е спална, за набрзина може и во кујна, а во дневна е идеално за со деца кои спијат во спална. Инаку лошата страна ако ве видат децата е дека тие не знаат да чуваат тајни па може да кажат во градинка и пред луѓе како ги виделе мама и тато, онака без никој да ги праша .
Фала ви на сите за одговорите, немаме баш услови затоа што сите други соби ни се заеднички Ќе темпираме момент или ќе се воздржиме до преселба, тоа е. Претпоставував дека повеќемина се соочиле со истото затоа што, реално, кое дете под 2 години спие во различна соба, но изгледа интимата на родителите се носи во дневен престој
Па снајдете се надвор, оставете дете бар на 2 саати на причување и идете негде, стан, апартман, кола, шо знам нешто измислете креативно.. не мора секогаш во ист кревет и иста соба и само преку ноќ да си водите љубов
Можете да пробате во вц или додека не е дома. Не мора да е навечер сексот. Може и преку ден. Посекси е така.