Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.443
    Допаѓања:
    68.679
    Пол:
    Женски
    Почни и ти така со него пред пријатели, хехехех и мојов маж, две секунди и готов е, јас уште не сум се ни соблекла, хахахахаха. И после речи му е шега де. што се лутиш.:smirk: И заебавај го цело време, да види колку е забавно така кога некој се шегува.
    Само што веројатно ептен ќе се налути, зашто знаеме дека не е забавно, знае и он, па може да видиш и друга страна од него. И да, не е добар татко. Ти не заслужуваш така да го тераш животот. Децата ќе пораснат и нема да ти речат фала што си останала, туку ќе ти речат ние не баравме од тебе да останеш. Јас не познавам дете кое рекло супер што бевте заедно, туку викаат требаше да се разведете одамна, сите ќе бевме помирни. Еден емоционално стабилен родител да имаат е подобро, отколку двајца кои не се поднесуваат.
     
    На tambelina, Dentina, Polyincognito и 8 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    9.221
    Пол:
    Женски
    Затоа што ниту едно од тие деца не го искусило разделувањето од родител. Поточно, не знаат како би им било да живеат со еден родител. Можеби ќе продолжат родителите да се гледаат со други, можеби децата тие други никогаш нема да ги прифатат. Разводот ги менува луѓето, некои на подобро, некои на полошо. Воопшто, не е таа реченица релевантна за тоа како би било. Јас пак, не лично, туку блиско искуство имам со разделени родители. Животот хорор им го направија на децата. Можеби пак, ако биле возрасни и седнеле да разговараат, ги надминеле препреките, децата би имале уште поубав живот. Па кога ќе биле малку посамостојни и позрели да се разделат. Никако не си. Но, разводот никогаш и не треба да се гледа како лесно решение. Туку кога веќе сте се нафатиле да стапите во брак, пробајте да го зачувате.

    Конкретно за ситуацијава, тој збор е доста тежок, но да спакуваш цел живот поради тој збор, не знам, јас не би го направила тоа. Но, би му дала шанса да се оправи. Ако и тоа не вроди со плод и продолжи да ме понижува, тогаш ќе се размислам што ќе правам.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.310
    Допаѓања:
    11.029
    @nana7 Единственото најздраво решение е да се разделиш.

    Останувањето е само пролонгирање на мачењето и лажна надеж.

    И не, лош сопруг како него не може да биде добар татко :*:

    @ArabellaStarfall "Да спакуваш цел живот поради тој збор" - каков е тој живот, па и цел? :drunk:
     
    Последна измена: 17 февруари 2026 во 14:45
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.155
    Допаѓања:
    42.767
    Повеќето деца психолошки имаат страв /несигурност од развод на родители. Едноставно им се руши нивниот познат терен и несигурноста ги прави вознемирени.
    Лош брак е секогаш погаден и за децата и за родителите од добар развод.
    Децата ке пораснат и она што им било страшно, ќе знаат дека е секојдневие низ светот. А карање тепање, вреѓање и едноставно нељубов дома не е безопасно оти со години психата им ја руши.
    Јас за себе и за свое дете можам да кажам што би одбрала, за други не би советувала, макар и за нивните деца да се работи. Сигурно не ми е гајле повеќе од мајката на тоа дете за психата негова. А дека има стоки и мажи и жени, и тешко им на децата, тоа 100%
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    9.221
    Пол:
    Женски
    Врз база на мал пост не можеш ни ти да знаеш каков е нејзиниот маж. Туку дека рекол дека е курва. Јас не го намалувам значењето на зборот. Ужасен е. Но, не се дечко и девојка, туку имаат години брак и деца. Тој треба да се извини, најмалку и ако сака и тој бракот да му опстои да не се осмели повторно да ја навреди.

    Никогаш не ти се случило во афект да навредиш некој? Дали тоа значи дека треба да те отпишат од живите?

    Можеби грешам, можеби маж и сепак не е добар маж. Сама нека си размисли.
     
    На tambelina и JasBee11 им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.155
    Допаѓања:
    42.767
    Очигледно не е само до еден збор ако прочитс меѓу редови. Плус рече дека ја понижувал и гаслајтинг има.
     
    На tambelina и Polyincognito им се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.310
    Допаѓања:
    11.029
    @ArabellaStarfall Како е кажано во афект кога седеле пред пријатели и потоа се вадел дека е шала? :^)

    И да било во афект, не го оправдува ни минимизира ни 1%.

    А па тоа што не се дечко и девојка, туку во брак и деца, ја прави ситуацијата дополнително сериозна, а не - ништо страшно.

    Особено што не е само во прашање еден лош збор, туку постојано омаловажување и понижување.

    Мислам, дури друг маж согледал колку е ова лошо и развод-worthy:*: