Сериозно ?! Дали сериозно ? Што е со маживе станато, демонизирани ли се или опседнати ? Па греота се на ова ладно да седат без греење, ако има родители или блиски роднини нека се засолни кај нив нека бара подршка, и во меѓувреме нека си го бара чарето да се исели од живеењето со таков СТВОР извитоперен... Господии.. колку и да си нервозен и лут , зар треба да си дотолку бездушен за сопствените деца да ги оставиш да се мрзнат без струја ...
Е вака, многу се прашуваат што е со мажите. Маж не те прави само тоа меѓу нозете, но голем дел од жените не го гледаат тоа додека не е предоцна. Како млади ги тепа тој холивудскиот филм, како да биде бед бој, со фантазија дека тие ќе го скротат, и ќе биде добар само за нив, ама како што пишав вчера: старо куче не учи нови финти. И овде доаѓаме до тоа како тој бил супер додека биле во врска, ама после се сменил. Не срце, пред тоа мајка му трчала по него, а сега ти си таа што ја преземала палката. Да бидеш во врска и во брак се две различни работи. И уште една што доста ја користат постарите: очи гледале, очи плакале. Така да ум во глава, не бирате само сопруг за вас, бирате и татко на вашите деца.
Да сериозно ,најсериозно,ова е да ја казни жената на децата им е топло ,тие се машки,плус живеат во стан каде околу секаде се грее градско парно,они се на сопствено парно ,на жената и е најладно ,.Ми има кажувано некогаш и исклучува сијалица во нејзина работна соба,а интернет мрежа вифи многу почето.
Децата не знаат како изгледа да се живее со разделени родители, се плашат од непознатото затоа така изреагирало детето, а осеќа штом имало потреба тоа да го каже.. Она што ти е познато ти делува по сигурно, не значи дека е така.. Познавам дете (веќе не е дете) што живеело со родители кои што требало да се разделат не се поднесувале еден со друг живееле дома заедно само за децата, при секоја караница истово си мислело "само да не се разделат". Последните неколку години од брак мајката живеела во една соба таткото во друга не комуницирале ама заедно живееле поради децата. И веќе кога децата биле доволно зрели одлучиле да се разделат и сега коментар на тоа дете е "многу по добро ќе беше да се разделеле многу по рано, многу по убаво се живее на две места во мир отколку секој ден да мислиш дали ќе се скараат или не". И да додека децата биле мали се карале вечер додека спијат, поточно додека тие мислеле дека спијат а се буделе ноќ и слушале се што се случува без разлика што не било многу гласно.. Колкави се децата? Не живее мајката со децата?
Какви игри играат луѓето... Да, ако прифаќаш дека тој ќе гасне, ти ќе седиш без струја а си способен возрасен, му ја играш неговата игра. Би му ја скршила главата така да ми прави, ама добро, може некој и со разговор ќе ја среди работата. Не ми е верно какви примитивци сеуште постојат...
@nana7 Ако сега не пресечеш, цел живот ќе бидеш газена од страна на мажот ти. Прво цени се себе си, а со такви болни умови немаш иднина. Среди си ги работите дур децата се мали, имаш и психолози кои можат да ти помогнат околу децата. Не е срамота, при разводи многу родители се консултираат со психолози. И да, напоменав развод, најпаметно ти е тоа. Зборот 'курва' многу често го употребуваат, а не знаат што значи. Греота е да наречеш жена која ти родила две деца така! Инаку ако мислиш дека ќе се смени, не, не го очекувај тоа. Човекот без грам мозок го изговорил тоа еднаш и да знаеш дека нема да е последен пат. Со ова само лош пример им дава на децата. Добар татко не може да е добар доколку жената си ја нарекува 'курва'. @ani23 случајно да не ја малтертира и физички кога него не му е по ќеиф?
Како да не. Шо ќе им каже? Дојдете, маж ми ги исклучува сијалиците и парното во неговиот стан? Можат само слатко да и се изнасмеат. Ни на полицијата ни на социјалното не им е гајле. Они не се замарат ни кога има насилство а не па за сијалиците дома.
Кај си бе Адидас, почна со контрање! Знам случај, каде беше решен со полиција, типот ако не се освести се знае што следува. И не знам што има да се смеат службите зошто вака да се коментира, човекот прави насилство врз фамилијата, што е овде смешно, ако не полиција има повисоки установи.
Не се контрам уопште туку очигледно ти не знаеш како функционираат нашиве полиции и фала бого шо не знаеш. На тој човек не му е гајле за неговите деца и мислиш дека полиција ќе го смени тоа? Он нема свест да размисли дека тие деца треба на топло да седат и мислиш дека може со разговор со полиција да се реши ова?
Колку разбрав за тој тип имал врски (што не се оправдува ИЧ) ама има и повисоки институции од Полицијата!
Би сакал и јас да ја имам таа доверба во институциите која ја имаш ти. Искрено кај нас институциите се само машинерија за пари, да не дојде ред човек да почне да иде по тие врати, го одраа.
Не велам не, жален ни е системот, но нешто сепак работи. На почетокот исто, без одговор, но се наоѓа начин, упорност и истрајност мора.
Не мора да има врски, полицијата воопшто не се замара со насилство, кражби и слично, всушност со ништо не се замара. Имаше и слично убиство во Белград кај што жртвата беше убиена од насилникот а пријавувала безброј пати. Другарка моја пред 3 години од бившиот сопруг беше малтретирана, полицијата ништо не превзема. Можам многу примери да кажувам. Со таков човек нема што да средуваш туку да бегаш понастрана од него. Тој да сакал мирен и хармоничен и среќен брак немало да прави пиздарии, да навредува или во другиов случај да гаси интернет, греење, сијалици. Тоа е психопат, сака да се изживува. Со такви, кревет нема веќе да делам, леб, не пак да се трудам да средувам одамна завршен брак.
Прво 15 минути си на холд од страна на полицијата кога ќе се јавиш да пријавиш, пошто дур кренат на телефон процедура е. Ќе дојдат ќе направат записник и ќе си одат и толку, делото никој не го погледнува. Во оваа држава освен казни да пишуваат на народот кој е без врски друго и не знаат, а тие што се на мама и тато мазите, на тие им се прегледува низ прсти. Овде ни полиција не вреди, само разводот и е најпаметно решение. Еднаш кажал така, ќе каже уште еднаш. Подобро да им се објасни на децата зошто се разделени отколку да гледаат таков пример од татко им.
Се е џабе кога он пак ќе продолжи по истото. И како ќе му даат парична казна и притвор затоа шо ги гаси ламбите по дома, жити се?
А греењето прочита или си читате што ви одговара само да се исмејувате и да матите вода да не е бистра! @bicycle моето искуство е поинакво, пишав веќе еднаш, не навлагам па не особено за Белград