За што да ми е Алал не си ми јасна, за што споделив мое мислење, што тебе не требаше да те тангира, туку го дадов за членката.Важно има решение, јас и давам кураж, таа си знае понатака. Ти па адидас последна да си, па макар си се истресла само.
Како да ти нацртам и да ти обојам дека полицијата н е с е з а м а р а. Таа упорно си тера по свое. Не дај боже насилство да трпиш друга песна ќе пееш.
Затоа викам фала бого шо некои не дошле до чекање заштита од полиција, се да им биде така добро во животот како и до сега, оти ако тропнат на тие врати ќе сфатат колку всушност незаштитени сме.
od site ovde samo ovaa vo beloto (edna ubava zena, so partner, veceraa na sosedna masa) bi ja pokanil da tancuva so mene” Во ваква ситуација, си ја земам јакната, чантата и низ врата да ме нема, нека дреми сам и нека танцува со која сака. И ова го имам направено во слична ситуација, среќа сега е само бивши. Таму каде што се служи понижување и омаловажување, присуството не е потребно.
Причината е тоа што маж ти е нездрав, а ти не си крива за тоа. Он не е ни добар сопруг, ни добар татко. Не е добро децата да растат покрај ваков. Баш ради нив треба да се разведеш.
Значи, ваквото однесување се смета за психичко насилство, особено кога има деца во домот. Може да се јави на 15-315 – бесплатна СОС линија, работи 24/7. Може и анонимно, само за совет, без веднаш да поднесува пријава. Ако ситуацијата е итна, секако 192 полиција. Паметно е да почне да собира докази: – да запишува датум и час кога се случило; – што точно направил; – да слика или снима видео; – да чува пораки или закани ако има. Ова е важно ако подоцна одлучи да пријави или да бара заштита преку Центар за социјални работи.
Не е работата за креатива, нека проба да најде ете некоја друга работа со поголеми примања, не може она да трпи насилство само заради тоа што работи за минималец. Плус ова дома не ја примат... уште не ми е и нема да ми биде јасно каков тип на родители се тие да гледат дека детето е жртва на насилство и да не мрдат со прст?!
Веројатно од истиот тип што на син и ќерка, све му оставаат на синот а ќерката чим се омажи не постои за нив. Јад и беда.
Се срамам од самата помисла, значи и тоа и тоа ти е дете... И после бараме Европа, со такви мизерии од размислување само за во Европа сме, не може да се управиме од простаталукот и родовата нееднаквост. Светот отиде 1000 години напред ние уште правиме разлика помеѓу женско и машко дете.
Има цела психологија позади тие шегите. Ај да не претерам, ама добри 70% од мажите преку „сочни“ шали си ги вреѓаат жените само зашто поинаку не ни можат (инаку им страда машкоста што и така ја немаат). Тие комплекси се од многубројни причини (од кои една од дома гледајќи како таткото си ја малтретирал мајката или..нив самите), ама проблемот е продлабочен кога се прифатливи од нивните другари т.е сепак си ги нормализираат и протнуваат како класифицирање на..прифатливи (само) ако се во блага форма. Така да, ако навистина му е најдобар другар нема ни да го дружи како прво (што навредата од горе е далеку од блага форма). Латентен социопат е човекот?
Креативно он гаси таа пали и ќе си играат Том и Џери... Секое разболување на децата му префрла ова е од премрзнати. Без интернет ќе преживеат...за греење