Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.302
    Допаѓања:
    39.925
    Пол:
    Женски
    Немам време уште да те цитирам.
    Не ве жалам бре ич.
     
    На JasBee11, Amellie13, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    И те молам немој ниту да ме цитираш ниту да ме жалиш.

    Не не мислам дека е океј однос. Само 2-3 членки ми ја разбраа маката и реално ме советуваа. Сето тоа се само коментари. Не реков дека ми се дере или дека е насилен туку дека коментира како не сум била со бебето пошто сум чистела. Најреален коментар тука беше да осети тој на своја кожа па ќе знае а не да ме разведувате.
     
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Машки
    Прво кажувате едно, а после кога ќе ви се дадат совети што не ви се допаѓаат "пу пу не важи".
    Може очекуваше дека сите ќе останат со подзината уста затоа што знаел да смени пелена и ќе ти кажат "ќути бар за нешто помага, може и тоа да не сака, не го лути што ти каже тоа, ако те навреди сви глава и трпи..".
    Во секоја шала пола вистина има, и на што личат тие шали, ајде еднаш па кога ќе кажеш дека те повредува тоа треба да престане, а не на секое да ти префрла..
    Трпи го ти слободно само немој да мислиш дека тоа е нормално и така сите мажи...
     
    На BellaBibi, JasBee11, Panda00 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    4.642
    Пол:
    Женски
    Јас не ни ти земав опција да се разведуваш, сепак се може да се реши со разговор нели?!
    Прво како можеш да поминеш преку тоа да ти коментира за тоа што го причувува детето и пак да кажуваш дека е добар татко?
    Знаеш што е добар татко?
    Човек што колку и да е изморен ќе ти помага во обврските со детето пошто тоа е и негово дете, не е само твое, а не да глуми родилка.
     
    На BellaBibi, JasBee11, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.436
    Допаѓања:
    11.984
    Еден pattern што често го гледам онлајн, а неколку пати и во живо, е:

    Ќе се искаже некоја девојка/жена како и е во врската или бракот, бидејќи очигледно и тежи и не станува збор за еден изолиран лош момент, туку секојдневие.

    И кога ќе добие објективно мислење дека тоа е не е баш мала работа и не е во ред,

    Следната нејзина реакција е автоматско gasligt-нување на самата себе, одма започнува да го брани, правел и многу други добри работи, само се шали и не е сè така лошо :drunk:

    I mean, нам ништо не ни прави разлика. Важно е само да не се лажете самите себе :*:
     
    На _Vera_, CareTee, AlmaOculta и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Emberlynn

    Emberlynn Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2024
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Тоа не се совети туку се навреди, мочко, прдле… не, не очекував да ми зборат сите дека така треба пошто знам дека така не треба ама се оди во крајност буквално за секоја тема не само за оваа. Се согласувам со тоа дека ако кажам дека ме повредува нешто не треба да го прави тоа повеќе.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.302
    Допаѓања:
    39.925
    Пол:
    Женски
    Па ете за тебе може е крал, за мене е прдле.
     
    На JasBee11, Nausicaa, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Машки
    Ова ти го имаш кажано, ако не помага разговор, не знам што би помогнало..
    Ако ти е некој битен битно ти е и како се чувствува..
    Е вака како што го браниш него, брани се себеси пред него..
     
    На JasBee11, nextredstyle и Polyincognito им се допаѓа ова.
  9. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    4.642
    Пол:
    Женски
    На крај краеви сама ќе си застанеш против тебе, само да не се навредува мажот ти.
    На крајот од денот ти си трпиш, сега едно ќе кажува, утре/задутре ќе ти прекоментира за друго, па за трето.
     
    На JasBee11, nextredstyle и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Машки
    Ама на крајот она е жена, тој е маж..
    Нас егото ни се билда кога си ја вреѓаме жената, тука сега прочитав од некој не сум знаел до сега.
    А таа на него не смее да му пререче затоа што круната ќе му падне.
    Не само ручек треба и кога ќе дојде да му ги соблече патиките, да му облече папучи, да му се поклони 3 пати, да му баци нозе, да земе со златна лажичка која служи само за него да го нахрани, за рака (по можност и на раце може) да го однесе до кревет да му пушти тв и да среди тивко се да не смета и да излезат надвор додека тој одмара да не прават врева.. Сабајле исто станува пред него, алишта исперени, испеглани, доручек на маса го буди и го носи до работа тој да не се мачи да вози. Така се чува маж, а не да му мрчите ова не ми одг, она не ми одг, седи ќути, треба страв малку од мажите и почит.. На што личат советите. |(
    Се надевам сега на членката ќе и се допадне советот:D
     
    На JasBee11, eliesaab и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  11. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    4.642
    Пол:
    Женски
    Да си ми жив и здрав :rofl::rofl::rofl:
    Зошто викам јас, ако бараш слугинка остани си кај мајка ти да го имаш принцесс третманот, веќе кога ствараш фамилија треба да си ја гледаш, а не да прекоментираш зошто го држиш твоето бебе.
    Ми се стемнува од такви мочковци, дефинитивно.:puke:
     
    На JasBee11, Adidas888 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    42.004
    Пол:
    Женски
    @Emberlynn Не сакам да ме сфатиш лошо, но џабе се сите убави моменти кога тој те потценува и речиси со молење ти помага.
    Тоа што мајка му го оставила, не треба да биде изговор за неговото потценување кон тебе.
    Си родила бебе, сите обврски на тебе па и уште очекува јадење на маса после работа да има, ко да е тешко 2 - 3 јајца да пржи сам.
    Наместо тој да готви и помага, денес тој утре ти, маани наоѓа.
    Не ти велам развод, бидејќи сама кажа не сакаш ама треба да поставиш граници до каде ќе толерираш негово однесување.
    Мисли на бебето, на себе па после на се друго.
     
    На JasBee11, Mr.Limonko и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.036
    Допаѓања:
    136.524
    Пол:
    Женски
    Леле, ГреФче... :D
    Некои од нас познаваат мажи напуштени од родителите веднаш по раѓањето, ама немаат вакви ставови ко твојов. |(
    Земи одвој се малце од себе.
    Почни да размислуваш како да не си ти, туку некоја друга. И фати да си ги читаш мислењата како да си другава, а не ти.
    Дали како друга личност би го оправдувала мажот или не?
    Дали би го правела тоа ако некоја од членкиве го пише истото за нејзиниот маж или ќе ѝ речеш „сестро, направи нешто, не дозволувај да те гази и потценува“?
    Не треба да се лутиш за реакциите на членките. Затоа што не е нормално маж да ти вели „никој не те форсирал да родиш“ и да го минимизира твојот труд.
    Никој не ти вика одма развод. Прво пробај со промена на твоето однесување, да преземеш контрола и плус да појдете на терапија.
    Ако бива, арно. Ако не бива, да, само развод ти останува.
    Затоа што ти не си предмет, туку живо суштество од крв и месо. Цени се себеси повеќе.
    Ако не ти е толку гајле за себе, барем мисли на детето и ради детето направи промена.
     
    На JasBee11, Amellie13, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.339
    Допаѓања:
    27.873
    Пол:
    Женски
    Има разлика од проблеми од типот - нерасположен е ради проблеми вакви и такви, како да му помогнам?
    Или - финансиски лошо стоиме, почна да работи и друга работа, изморен е и ретко се гледаме, помалку сме блиски, како да поправиме?

    До проблеми од типот - ме пцуе, ми вади низ нос, очекува ручек на маса, не сака да го чува детето.

    Ако проблемот е против вас двајца кај што вие сте сојузници, ондак е едно.
    Ако проблемот е он против вас - ондак е друго.
     
    На LiquidLuna, Annath, FlirtBerry и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.103
    Допаѓања:
    203.919
    5 саати пишував и ми падна батеријата и оваа Поли напишала се што напишав:D
    Значи

    Значи, жено, се обидуваме да ти дадеме поддршка, дека не си луда, дека чувствата ти се легитимни, и ти одбираш да го браниш. Ок.
    Јас не мислам дека си одбрала мочко. Си одбрала човек со кој сте си одговарале на некое ниво, и се било во ред, дури не се сменила динамиката на односот, со доаѓањето на дете. Класичен чек-поинт на една врска, за која никој не знае како ќе се одвива, дури не дојде таму. Класична реакција на балкански маж (да, ова морам да го нагласам, мислам дека некои други мажи поинаку реагираат) е неприфаќање на напуштење на комфор зоната. Уште полоша е, стандардната невалидација на работата околу домот како небитна, пошто неплатена, а грижата за детето ,,нормално,, тебе ти е вродена, за маж е тоа напор еднаков на докторски студии по физика.
    Нормално е двајцата да сте фрустрирани ради промената на таа динамика, ама не е нормално од тебе да се очекува и да не спиеш ноќе, и да се грижиш за дом и дете дење, и низ нос да ти вади, се што ќе му речеш да направи, пошто него не му текнува што треба да се направи.
    Значи, ако сте двајцата во ред луѓе, ќе седнете и ќе се договорите, ако треба и со список активности кои треба да се завршат. Без ескалации, без глумење принцези, и без газење по јајца околу него. Денес е детето мало, утре ќе тргне во градинка, па болно, вакво, онакво, па училиште, пубертет, до 1001 може да си ги вадите очите (низ нос) оти ти вака, а он мислел онака. Или ќе се усогласите сега на почеток дека сте еден тим и имате заеднички цели, или не оди на долги стази работава.
     
    На Nausicaa, An-na, Mr.Limonko и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Не ги прочитав сите претходни коментари, така што може ќе се повторам со некои.
    Од искуство сакам да ти кажам дека луѓето се менуваат после дете. Всушност се се менува. Од врска во брак се е исто, но детето е пресвртот. Претпоставувам дека таткото бара валидација за тоа што помага (тој на тебе и ти на него) и за работите што ги прави. Не треба да бара валидација, но тоа е многу честа човечка особина. Ако досега не си му, можеш некогаш да го пофалиш, наутро да кажеш леле супер што ме остави да поспијам многу ми значи. Кога ќе направи нешто добро со детето пофали го, кажи му дека е прекрасен татко како што ни кажуваш нас. Најбитно од се разговарај со него, кажи му како се чувствуваш од неговите коментари. Можеби и ти многу време поминуваш во чистење и средување по дома. Куќата не треба да е средена кога дома имаш бебе. Само основното минимално, бидејќи детето еднаш е бебе и треба да бодеш што повеќе со него. Искрено и мене би ме нерворало ако маж ми троши пола ден (не знам колку трошиш ти) на работи околу куќата додека дома имаме бебе. Би сакала да биде фокусиран на детето.
    Ненаспани, уморни, целиот комфор одземен, прави многу лесно да се нервираме, па најверојатно затоа и зајадливите коментари од сопругот. Најчесто се се менува и се враќа во нормала кога детето ќе потпорасне. Ова го знае некој што тазе имал бебе, тие што немаат поима немаат за оваа ситуација како е да си ненаспан, уморен, со постојана грижа за тоа ново мало суштество што го сакаме најмногу на свет. Од искуство, дури и луѓето што имале бебе пред неколку години како да позаборавиле за најчестите проблеми.

    Tldr; Мојот совет до тебе е искрен разговор. Спремај се за разговорот запиши се што сакаш да му го кажеш и кажи му го. Не го напаѓај само кажи му како ти се чувствуваш. Ако можеш да си дозволиш партнерска терапија уште подобро. И повеќе време со бебето помалку со чистењето - најдобро сценарио е: ако не чистиш он ќе сфати колку работи правиш низ дома, второ најдобро сценарио е нема да забележи ништо ама ќе сфатите дека можеби само си недостасувате и се изгубивте во обврските па ќе го занемерете чистењето, ќе јадете мачканици секој ден ама ќе бидете посреќни.
     
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.436
    Допаѓања:
    11.984
    Да, еве и пример туторијал за елегантна шминка за тие специјални пригоди :drunk:
    [​IMG]

    I mean, 2026-та сме.

    Мислам дека е редно да престанеме да мислиме дека мирот во домот ќе се одржи само по цена кога пак целиот емотивниот товар ќе е на жената, покрај сè друго.

    Или да се водиме по тоа како нам сè ни е вродено и можеме, а ним сложено и им е потребна дополнителна емотивна поддршка, особено пак во такви ситуации кога искажуваат основна непочит спрема партнерката.

    Само ќе речам: :*:
    Screenshot_20260331-231133_Instagram.jpg
     
    На AlmaOculta, Panda00, Dodo1 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Машки
    Членката кажа дека 300 пати е разговарано и џабе...
    Не верувам дека се сменил и одеднаш престанал да си ги завршува работите дома, само ништо не работел и сега му е тешко детето да си го чува па гледа и тоа да и го подметне..

    Нема потреба од пофалби за нешто што треба да се направи, еве што тој не ја пофали што уклучила два пати машина?

    Ако на него не му е гајле за жената негова и ако има жена за да му слугува и раѓа деца, џабе е се... Треба секогаш да му црта како да се однесува? Куче е па треба да се тренира со награди?
     
    На Panda00, FlirtBerry, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    42.004
    Пол:
    Женски

    Така де, уште толку нека му го дигне егото па да се дува како паун.|(
    Навистина не ми се јасни муабетите на некои овде.
     
    На Polyincognito, FlirtBerry и JasBee11 им се допаѓа ова.