Да ама детето пак ќе расте со него. Ич без ич секоја втора сабота у месецот ќе биде со него. Паќ ќе има влијание. Дека лажел многу. Лажел
Дека судот ќе му одреди со дијагнозава гледање,тешко. Он и сам ќе одбива. Ќе најде друга, која ќе ја мота.
За патолошки лажго средби со детето само во просториите на центарот, за почеток под надзор. Решен проблем.
И најлош да е, пак ќе му дадат да го гледа детето, за жал. Такво е судството и социјалното кај нас. Ама шо викаш, он ќе си најде друга жртва и ќе си се накоти кај неа.
Уште не пораснало и не разбира. Нека порасне, па ќе видиш што е мотање и розов свет. Имам таков во близина, гледам.
@splendor што си наебала со овој си наебала. Мој совет е да си најмиш приватен детектив, да гомисчепка убаво, и со сите докази да си идеш кај адвокат и да бегаш од него. За детето е лесно, мало е. Не се секирај он нема да се тепа за него зашто нема да има со што да го гледа. Бегај жено ова не е за трпење. Не чепкај како приватно лице најми си стручњак. Многу поверодостојно ќе биде.
Зар постои такво нешто кај нас, првпат слушам. Каде да барам, да куцам на Гугл ? Инаку, ми побара спогодбен развод, што и да значи тоа.
Не се согласувај на ништо без адвокат. Спогодбен значи да се договорите, мислам дека е и поефтино или бар поедноставно. Но, можеби во твој прилог е ти да тужиш за развод, и да наведеш зошто... Вака неговата патологија нема никаде да фигурира и ќе испадне онака сте се развеле. Обавезно се консултирај, не сум правник, ама мора да видиш, и спогодбено да е, мора да може да се наведе во договор некако тебе што ти одговара. Инаку тој ќе има полно право и со дете и со се ама нема сигурно алиментација да плаќа на време (за жал, знам многу такви бедници) . Не можам доволно да нагласам, адвокат! Не му попуштај, оди исправно до крај, немој да го жалиш. Мораш да си го заштитиш детето.
Спогодбен развод на брак - каде брачните другари потпишуваат спогодба за развод на брак и постапката почнува со предлог за спогодбен развод на брак, брачните другари потпишуваат спогодба во која се уредуваат начинот на вршење на родителските права и чувањето и воспитувањето на малолетните деца, доколку имаат. Оваа постапка е најзастапена и најекономична поради тоа што судот само испитува дали брачните другари таа согласност за развод на бракот ја дале слободно, сериозно и непоколебливо. Оваа постапка обично завршува за едно рочиште во кое мора да бидат присутни двајцата брачни другари лично и пред судот да ја изразат вољата за развод на бракот Искрено си се спасила, некој ќе каже касно, некој рано, но воопшто не е битно тоа повеќе.Со она што го прочитав за личната карта негова, ми беше одма нешто дека смрди тука, но за жал некогаш учиме на потешките начини, биди здрава и жива ти и детенцето, отараси се од џукелата, посвети си се на себе и детето. Ти посакувам само среќа во понатамошниот живот.
Не мислам дека патологијата е битна, не гледам какво значење има да биде позната причината за развод. Со вакви матни луѓе, тоа што е страшно е дали можеби направени долгови, може да и останат нејзе, па создравје да си ги носи, стекнати во брак. Затоа можеби ништовен брак е подобра варијанта, појма немам. Адвокат да се консултира итно.
Не мислев стриктно да е битна патологијата, туку некако да е јасно дека таа сака развод заради тоа што ја мамел, ова сигурно не оди дотаму да спаѓа во лажно претставување, ама малтене така испаѓа, поима немаш со кој си во брак... Да е тоа познато, за да не глуми утре он жртва. Од друга страна можеби е подобро побрзо да се спаси, нека се дефне "господинот", ама пошто не очекувам дека ќе се грижи финансиски за детето, треба убаво да се смисли договорот, да не бара после он преку леб погача. Оти ќе испадне златен, па детето нему го дава, па жртва на крај тој да биде. Ние овде само погаѓаме, членката најдобро си знае што сорта е и како да се справи. Баш ми е жал но верувам дека ќе се справи. А за долгот стекнат, коса ми се крева- да, тоа е валидна причина добро да се истражи и состојбата негова и опциите при развод. Уште фали да плаќа за него
Прашај адвокат. Често соработуваат. Не знам каде живееш во Скопје има повеќе. Според мене спогодбен може ама да се наведат причините со докази зашто се разведуваш. По мене овој не си му прва вака што ја заглавил.
Извини, како тоа веќе било касно, си била бремена? Намерно си затварала очи? Очи отварање во врска четри треба. Оние кои не дошле до брак нека размислат за ова. Бракот не е нешто за кое се одлучува поради бременост.
За евентуален долг, појма немаме кај можел да заглави и колку (не дека е сигурно заглавен, ама кој да му верува сега)..дури истражува, може никогаш да не доистражи, затоа брак склучен во заблуда. https://www.facebook.com/100063557341972/posts/поништување-на-браксогласно-член-36-од-законот-за-семејствотопоништување-на-брак/990706539724582/
И уште нешто @Splendor. https://www.facebook.com/advokatbogova/posts/поништување-на-брак-во-случај-на-измама-или-прикривање-на-брачни-пречки-и-надоме/2796925220601573/ Барај адвокат за насока, кој е правилниот пат.