Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    13.203
    @Sss26 Што е конкретно проблемот? :?:

    Неисполнетите очекувања и општо насобрано незадоволство по станувањето родители, отколку самиот проблем да е свекорот? (heidy)
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.329
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама каранициве ви се за глупост! Татко му не ви помогнал?! Колку години имаш?!
     
    На Iamstorm, mira.mira и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. Sss26

    Sss26 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не е важно колку години имам.
    Имаме семеен проблем со неговиот татко, не се замара со децата, за една година дали 4-5 пати го видел внучето. И од претходно си имаме проблеми, не е важно. Сум била во болница не се јавил да праша дали треба да се причува детето и ред други работи.
    Зашто незадоволство? Пресреќни сме и двајцата што сме родители. Друго е проблемот тука
     
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    13.203
    @Sss26 И јас пак не сфаќам што е проблемот.

    Ако сте во супер однос со сопругот, организирајте си се подобро и тоа е тоа.

    Не знам зошто толкав фокус на свекорот и толкави расправии :*:
     
    На Трагедијаупмм, Medea., BlackNight и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    9.446
    Пол:
    Женски
    Колку што сфаќам твои очекувања се дека свекорот треба да ви помага и да причувува дете по потреба и сето тоа?

    Не знам за колкава возраст на свекорот се работи, дали и тој е во можност воопшто да чува дете, дали се чувствува способен за истото, дали воопшто знае да менува памперси, храни толку мало дете и слично.

    Да, негова загуба е што не поминува дете со внучето, што детето нема да има спомени на време со дедото поминато ама нели тука не можеш многу да направиш.
    Негов избор си е тоа, ако тоа е главниот проблем.
     
    На Трагедијаупмм, Buttermilk, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Машки
    А кои се родители на тоа дете вие двајца или бабите и дедовците?
    Никој не е должен ваше дете да чува, а уште помалку да ви биде тема за да се карате..
    Разбирам дека не секогаш е лесно да чуваш дете, дека сигурно ќе ти потреба помош од некој, ама што е твојот сопруг виновен што некој не сака да му помогне кога бара помош?
    Мислам дека без потреба се карате и си барате причина за расправија.
     
    На Трагедијаупмм, Buttermilk, Katie90 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.329
    Допаѓања:
    38.886
    Пол:
    Женски
    Твоите очекувања се проблем, не е проблем свекорот. Однесувањето ти е детско и не доликува на возрасна личност која има сопствено семејство за кое заедно со сопругот е одговорна. Никој друг не е должен, ниту пак одговорен деца да ви чува или да се прилагодува на вашите желби. Симпл. Колку побрзо го сфатиш ова, подобро за тебе ;)
     
    На Buttermilk, Medea., Bettina23 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Sss26

    Sss26 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно преку една порака да се сфати вака. Но не е воопшто така, не барам апсолутно никој да ми го чува детето. Како што кажав, имаме семеен проблем (нит за празници сме заедно не не вика, детето воопшто не го ни препознава човекот, ни правеше проблем кога сакавме свадба да правиме, едвај здраво ми кажуваше кога бевме дечко и девојка итн итн).
    Мене ме боли тоа што повеќе љубов добива незнам кучето негово од внучето. За тоа се свесни сите, и сопругот.

    Да не навлагам на темава друго ми беше фокусот, благодарам на другите совети.
     
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.345
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    На страна што твоите очекувања се безврска, и што чекаш било кој дете да ти чува, премногу детски, никој не можеш со сила да го натераш да гледа и чува внуче, и џабе правиш проблеми. Маж ти е важно да го чува детето, свекор ти или било кој друг нема потреба.
    А и неговоро дерење и викање, на ништо не личат, пoсебно пред детето, нападот како најдобра одбрана.
     
    Последна измена: 23 мај 2026 во 23:07
    На Трагедијаупмм, eliesaab, DragonFly22 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.240
    Допаѓања:
    27.464
    Пол:
    Женски
    Ако семејниот проблем, е што свекорот го видел детето 4-5 пати, ептен ти е тешко.
    Под мене живеар свекрва и свекор, па свекор ми не се качил откако е родена да види дете. Ако не ја однесеме или случајно низ двор , не ја гледа.
    Сме седеле кај моите, ниту еднаш свекрва во 2-3 недели се нема јавено да праша како е. За да ја гледа исто ретко. Од продавачките во маркет, дознава ако е болно дете.
    Си правиш расправии, кај што реално немаш причина. Освеееен, што имаш некои очекувања, па големи разочарувања.
     
    На Трагедијаупмм, merriel0, st-el и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Машки
    Како твојот сопруг да го смени свекорот?
    Што може да смени маж ти ?

    Него мислиш се едно му е постојано да му префрлаш за нешто што мислиш дека некој друг прави погрешно, а тој не може да смени друг човек..
    Не знам што треба со ланец да го врзе кај вас дома, не може..
     
    На JasBee11, mira.mira, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.150
    Допаѓања:
    19.101
    Пол:
    Женски
    Освен ако трета личност, конкретно свекорот, не се меша директно во вашиот брак, не гледам причина за кавга.

    Родител стануваш, ако и само ако си сремен.

    Кон твоето дете имаш должност ти и таткото.

    Дедото губи, но нема обврска.
     
    На Трагедијаупмм, Medea., JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    9.819
    Пол:
    Женски
    Може да те боли колку сакаш, за жал, ние не одлучуваме како ќе се однесуваат другите со нас/нашите деца. Не знам каков проблем имате со свекорот ако сте буквално на едно здраво, а ни толку. Немаш потреба да го притискаш сопругот да креира однос со сопствениот татко, ако досега (како дечко и девојка, а и како брачен пар, па еве и како родители) не успеал. Едноставно, прифати го/прифатете го тоа и готово.
     
    На JasBee11 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    13.203
    @Sss26 Но, не можеш да натераш возрасен човек на ништо.

    Велиш дека и сопругот сфаќа, па најверојатно свекорот ниту како татко не бил толку близок со својот син.

    Па оттука, не знам што постигнуваш со тоа што нон стоп ќе го спомнуваш ова и ќе го напаѓаш и сопругот :?:

    Ако како татко и сопруг е супер, навистина непотребно се карате за трета возрасна личност која не ја интересирате :*:
     
    На Трагедијаупмм, DragonFly22, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    9.819
    Пол:
    Женски
    Тоа викање секако ич не чини, но може човекот да го доживеал и како напад, ако е јасно дека односот син-татко е непостоечки, да му го набиваш цело време и да инсистираш да смени нешто што не може да се смени, може и јас би изгубила контрола. За човекот може е болна тема тоа, претпоставувам сите сакаат да имаат добри односи со сопствените родители, ама ако не го бива, налет.
     
    На Buttermilk, JasBee11, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.583
    Допаѓања:
    9.446
    Пол:
    Женски
    Маж ми си има увртено во глава којзнае колку е битно дете да врви време со бабата и дедото. И можеби е битно се додека тоа време е квалитетно поминато и не се коси со принципите на родителите.
    За споредба јас пример велам не чоколадо/сладолед било што, затоа што веќе јадело детето, зад мој грб баба/дедо викаат, дојди кај нас, ние ќе ти дадеме.
    Или јас викам не телефон, цртани, бабите, дедовците уште не влезено детето, телефонот е истопорен на маса и пред очи пуштени видеа, цртани.
    И 100 пати поубаво ќе ми беше ако посетите се ретки, посебно со овој калибар на родители. Или друг тип на родители де, ама тоа нема менување.

    Само да ти доловам ситуации ова.
     
    На Трагедијаупмм, merriel0, Buttermilk и 2 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.407
    Допаѓања:
    42.843
    Пол:
    Женски
    А зошто ти му набиваш грижа на совест на мт оти неговиот татко не ви помага? Мислам, што е он крив тука, стварно не разбирам зошто го брецаш.
     
    На Трагедијаупмм и JasBee11 им се допаѓа ова.
  18. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    7.727
    Членката многу добро ја разбирам. Некогаш кавгите произлегуваат од премногу замор. Убиен си од работа и од се а нема кој еден час да те одмени дете да ти причува. Со мм често сме се раправавале за тоа. И двајцата сменска работа работиме. Сме се нашле во ситуација за пола саат да нема на кој деца да оставам за да појдам на работа. Па се снаоѓаш како умееш. Свекрва ми кога сакала чувала. Повеќе не сакала. И се тоа си е ок.
     
    На azelea, ArabellaStarfall и riba79 им се допаѓа ова.
  19. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    717
    Пол:
    Женски
    Така е! Мајка нема потреба да се нервираш. Како прво не се сите баби и дедовци исти. И мене ми го чуваат нон стоп рака на срце да ставам два месеци после операција бебето ми го чуваа (свекор ми мажот ми кога бил бебе и девер ми буквално со рака не ги фатил сега со моето се прави) и верувај колку што е убаво и толку лесно понекогаш не е сјајно ( понекогаш ако имаат работа и ако сум со малата дома префрлаат како била гладна како не сум ја чувала во раце како слабо била облечена)... Така да во заедница со помош ќе поќутиш. Да те прашам твоите неможат да го чуваат мислам твоите мајка и татко не ги спомена ниеднаш... Чисто за да не се нервираш со глупости.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    4.281
    Мене ми забоде очи делот кај што ти вика пред детето. Гледај тоа да го поправите оти иако е мало не е во ред да гледа викотници кавги и сл., сега е како сунѓер, се впива се памти. Делот со свекорот ќе го прескокнам, немаш ич никаков проблем со него, колку те почитува толку и ти "почитувај" го, или само добар ден или ни толку. Со мажот си створила фамилија, не со него, батали го.
     
    На Buttermilk, Mumoftwo30, Mr.Limonko и 4 други им се допаѓа ова.