Зошто имаш потреба свекорот да те сака? Татко ти те сакал ли? Треба мажот ти да те сака, запрашај се што е причината што сакаш свекорот да се грижи како си ти. Детето ти и маж ти сте го правеле, ваша обврска е да го гледате, свекорот си изгледал деца.
Разбирам и да си изморен и се, но не ни се должни трети лица за чување на сопствените деца. Има околина, фамилија, свесна која помага едноставно со полно срце без надоместок. Но сите ја немаме таа среќа. Па прифаќање на реалноста како возрасен притоа и родител е најумно. Пред да се троши енергија за расправање околу свекорот, треба да збори со сопругот за реорганизација, патем некогаш може пријатели да излезат у пресрет, другите баба и дедо, комшии, ама пак велам некогаш, како џокер во неизбежни ситуации.
Јас во твоево мислење забележав повторување на зборовите кавги и срам. Со какви зборови му се обраќаш пред муабетот да премине во кавга и ескалира со викање и со кој тон се обраќаш? Дали е тоа напад? Дали се обраќаш културно да му укажеш на нешто и при тоа нудиш решение? Иако ако кавгите се само заради индиферентноста на свекорот кон внучето и да муабетиш со сопругот најнормално за ова немаш какво решение да понудиш. Едноставно луѓето не можеш да ги промениш ако тие самите не сакаат. Размисли на овие теми во одговорите се крие поголемата слика од тоа што те мачи.
Сите сме биле и сме преуморни. Сме немале ни јадење , па ниту еднаш во скоро две години како е родено дете, не сме добиле прашање од свеки дали ви треба нешто, да причувам дете легнете малце. А со грчеви, не сме спиеле два месеци. Кај членката проблемот е што има очекувања од свекорот. А и маж и го разбирам. И мене некој да ми збори едно исто цело време, па камен да сум, ќе пукнам.
Колку ви се сурови коментарите, или сте заборавиле како е со мало дете, или глумите лудило кога нема кој да го причува детето кога ви е најпотребно. Можеби проблемот не е голем, но кога си преморен и прегорен секој проблем во своите мисли изгледа енормен. Јас па никогаш нема да сфатам баба и дедо да не се најдат да причуваат внуче. Тргнувам од себе, утре, да сме живи и здрави, нема сигурно ќерка/син да оставам да се мачат. Ќе помагам колку можам. Детево иде на активности, има баби и дедовци таму, рипаат, скокаат со внуците. Сите на форум се силни, не знам што потреба има за лажење кога и самите сте свесни што значи некој да ви помогне. Овие па што немаат деца, не знам како до сега не сфатија дека појма немаат како е, уште помалку совет да делат.
Види, јас поинаку ја сфатив, не бара да и го чува детето не е тоа главниот проблем, туку што е ладен со детето и општо со нејзе како снаа... Осеќа како да не е прифатена, барем јас така ја разбрав. Инаку фала богу да, секако дека е од голема помош да има кому да го остави некој саат да земе воздух душа да одмори, нормално си е тоа...
Точно знам колку може да бидат од помош баби и дедовци, пошо јас ги неам. Кога останав трудна до првото, моите не ми ни честитаа, не па да прашат дали ми треба нешто. Ги немаше. Ајде, татко ми почина, мајка ми уште е жива. Ниеднаш не прашала како се децата, дали ми треба МЕНЕ нешто, дали сум изморена, итн итн.... Еднаш само кажа да дојде тука во странство кај мене, и да и најдам работа за да работи и као децата ќе ми ги чувала. Не оти ги сака децата, туку од шо е исплашена оти остана сама, во пензија е и не и стигаат парите. Ама никогаш нема да и заборавам кога требаше да се разведам од бившиот, отидов и ја прашав дали може да си го зеам синот и да дојдам кај неа додека си ги средам работите и си најдам место за живеење, она тогаш ме одби. Ми рече шо сакам да си праам, да се снаоѓам како знам и умеам, и оти она не сакала да чува деца. Но, ова нема зошто да биде проблем помеѓу мене и маж ми, едноставно ја избришав неа од мојот живот, исто како да ми се умрени и двајцата родители, и така тераме. Неможам некој да сила да терам да ми ги сака децата, кога не сака. Треба да прифатите дека не сите луѓе ве сакаат вас и вашите деца, макар тоа било и фамилија. Не сите луѓе имаат родителски инстинкт во нив. И тоа не треба да ви биде проблем во бракот. Едноставно ја бришеш таа личност од вашиот живот и толку.
Конечно мислење со кое се сложувам Сите напаѓаат, еден не се најде да ја разбере членкава. И не само тука, и по другите теми одма се почнува со напаѓање. Па дајте бре луѓе
И покрај се тоа, ти остана храбра, позитивна, се смееш се шегуваш и кога не ти е до шеги, наоѓаш време за се. Најискрено, капа доле, секоја чест
И? Која ти е поентава на муабетов? Да ја жалиме? Да и викаме карај се со маж ти додека не го превоспита стариот? М?
Иако немам деца не сметам дека бабите и дедовците се должни да ми ги чуваат иако сите ние сме израснати со баби и дедовци, ако сака некој да помогне некогаш би бил благодарен, ако не немам намера да се расправам со жена ми ако некој не сака да ни помогне околу децата.. На крајот од денот наши деца се, а ние како возрасни луѓе ќе седнеме и ќе се договориме дали дадилка, дали има можност некој да се преоргамизира со работа.. Не можам јас да да превоспитувам возрасен човек како да ми го чува детето, а уште помалку тој треба да ми е тема за караница..
@Sss26 Не сфатив, ти треба помош и нема кој да ти помага? Во градинка си размислила да го запишеш детето и да одиш на работа малку да ја луфтираш главата? Така не би имала време за банални причини за кавга.
Ама што е мажот виновен што татко му не сака да го чува детето? Што треба тој да прави, да го моли татко му? Не разбирам. Помош е ок, ама ако не сака некој да ти чува дете што можеш да направиш? Со сила ли да го натераш? Да се понижуваш? Да се караш со друг?
Абе какви совети и давате да си поќутела, за што да ќути? Никој не треба да ќути и трпи ако нешто не му одговара. Маж ти не е крив што свекорот не го чува детето, не може ништо против тоа, патем е едно дете, имате друго на пат, уште потешко ќе е, не треба да се чека ништо од никого, ти и маж ти ќе си чувате деца, вие сте ги створиле, вие ќе му ја мислите. Луѓево што живеат сами во странство нема кој да им помогне околу ништо, сами се за се, и што?
Коментарите не се сурови, туку реални. Членката де факто нема кој да ѝ помага, значи наместо да се јадат еден со друг партнерите и да трошат енергија во кавги, треба малку да се поработи на решавање на проблемите, не може да очекува дека наеднаш свекорот ќе се смилува/разбуди/смени и ќе посака да чува внуче. Немаат ниту здраво, како е реално да се очекува во ситуацијава помош, еве стварно не знам. Не мораш да сфаќаш како баби и дедовци не сакаат да чуваат внуци, исто како што и татковци/мајки не сакаат да чуваат деца, сешто има, не е за сфаќање, едноставно си постојат такви луѓе. Ама ако се такви, не е реално да не убиваат очекувањата за однесувањето на другите луѓе. Кога немаш на кого да се потпреш, тоа е, уморен си и исцрпен, ама мораш да имаш план Б и план Ц, децата се твои.
Не сфатив што има татко му да ви помага на вас? Тоа е на негова добра волја, нит е обврзан, нит па му е должност, детето е ваше, ако неќе да ви помага, не мора, сега добро би било ако сака, ама ако неќе тоа е тоа. Плус, тоа што не ти вика ни здраво, можеби не те поднесува органски, можеби си е повлечен човекот, пак негово е. Ми боде очи кај што викаш дека неќеш да ги срамиш твојте и да се вратиш кај нив.. Не знам колку години имаш, ама пред да правиш деца требало малку да созрееш а не сега да тераш муабет со мажот ми се карам дека свекорот не доаѓа децата да ни ги чува, здраво не ми вика, ќе се разведеме поради тоа.. Јас ова би го запишала како најбаналната причина за развод која некогаш некој некаде ја има споделено.
Точно е. Сите сме биле исти. И преуморни. Ама сите сме различни. Сум доаѓала од ноќни смени. И продолжувањето дома со деца додека не оделе во градинка ми било пренапорно. На подолг рок тоа ме уништи. Истата ситуација е и со мм. И не можам да му најдам маана за тоа што и тој исто се чувствува како мене. Ниту пак можам да му замерам што неговите се еден спрат под нас а не сакале да помогнат. Може не им е должност да помагаат ама пред се себично е да можеш а да не сакаш.
Која е поентата па да се напаѓа? Не мора да се кара со маж и, ама па и тој треба да разговара со татко му, кој му е проблемот. Сепак кога веќе дедово не се замара со внучево, не знам дали јас би сакала на нејзино место да оставам свое дете кај него. Дете се остава кај тој што едвај чека да го види. Муабетот ми беше, сосема и се во ред очекувањата, само треба да си ги намали за нејзино добро. Нека се запраша дали би се дружела со некој кој воопшто не се ни јавува, ниту пак сака да се гледа и ќе си го најде мирот во одговорот. На децата покрај родителите, многу значи и присутни баби и дедовци. Не само поради однос и градење на карактер туку баш дека се работи за родители, да не си ги оставаат децата на цедило, кога највеќе им е потребна помош. Не може да го натера, но и не може, верувам и гневот да си го совлада, што е сосема оправдан. Баш дека сме во странство без помош, кажувам колку е потребна помош. За жал, многу ретко ја имам. Кога ми е најпотребна, ја немам. Дали се живее така? Се живее. Како се живее? Претешко. Затоа и ја разбирам лутината и јас сум ја имала кога сум била на работ на нервен слом. Факт е дека нема што да прави и едноставно треба да се помири со реалноста. Јас би и кажала, наместо енергијата да ја троши во гнев, да си направат свои тактики на преживување. Како што растат, помалку сме им потребни за се нешто. Тешко е, но се преживува. Сепак, јас таквиот дедо, како што сака он да прави, така и ќе го есапам. Не сака здраво, чао ќе му кажам. Друга работа што сакав да кажам, не знам она како постапува со маж и, но и тој не треба да и вика, туку да сфати дека татко му е ропак. Не затоа што не сака да чува, туку што не сака да си го гледа внучето. Тука е најголемиот проблем, кога всушност тој треба да сфати дека татко му е навистина проблем.