1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    9.819
    Пол:
    Женски
    Токму тоа и го кажав, енергијата да се канализира во решавање на проблемите кои се случуваат во реално време, а не во исправање криви дрини кој каков е, луѓе не се менуваат, тоа е изгубена и битка и војна.

    За викањето се сложувам, но исто така сум на идејата дека човекот е свесен каков му е таткото и дека можеби не го метаболизирал тоа, комплексни се тие чувства, сите сме нечии деца и тргнувајќи од себе, знам колку би ме повредувало татко ми така индиферентен да биде со мене, и со моите деца, и не е баш едноставно да се избориш со тоа. Но, членката е свесна дека односите им се практично непостоечки, и јас да сум на нејзино место, нема да го силувам маж ми да збори со татко му само за да имам на кого да оставам дете во зорт. Уствари не сум ни сигурна дека сакам да му оставам дете на човек кој знам дека има аверзија кон сопственото дете, кон мене и кон нашето дете/неговото внуче. Мислам дека не би, по ниедна цена, колку и да ми е тешко. Може грешам, сепак полесно е да се зборува кога не е твој проблемот.
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30 и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Мажот на членката очигледно има голема болка што татко му така се однесува, па има потиснати чувства кои незнае како да ги искаже освен со дерење.
     
    На Алек*** и BellaBibi им се допаѓа ова.
  3. Iamstorm

    Iamstorm Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    И на кој начин ова е одговорност на сопругот? Вика затоа што сигурно го боли и него, но не може со сила да направи татко му да се интересира за внучето. Нека го чуваат твоите и не барај нешто од некој што не сака да ти го даде. Сама си ги правиш кавгите
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    246
    Луѓе зошто вакви коментари?
    И те како е од помош ако некој ти го причува детето.
    Збориме за "причувување од саат време,па макар и два!
    Никој нема да ви го порасне детето,тоа е неизбежен факт,ама причувување дете за мене е нормална работа,а не правење фама и галама
     
    На Mimmi39 и merriel0 им се допаѓа ова.
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    5.350
    Пол:
    Машки
    Да, ама што е виновен сопругот ако дедото не сака да го причува?
     
    На Mumoftwo30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Нормална работа ама да оставиш дете на некој што има желба да ти причува. На крај памет нема да ми падне мало дете да оставам на некој што не сака да го погледне.
     
    На Mumoftwo30, H.VAGA, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    246
    Не е виновен за татко му, ама е одговорен за своите реакции!
     
    На KiT и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  8. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    246
    Апсолутно се согласувам.
    Со сила не се остава дете....Само не ми е јасно зошто веднаш правите фама како "некој друг да ти го расте детето"ако побараш мала помош... стварно не разбирам!
     
    На Sss26 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    13.203
    Се прашувам кој е вистинскиот проблем, бидејќи ain't no way толкава нервоза за возрасен човек кој не се јавува, не се меша, практично не им е во животот и не е ни заинтересиран да биде дел од истиот :drunk:

    А ова успат се провлече:
    Нам не ни прави разлика. Но, важно е да си бидете искрени со себе што е навистина подлабокиот проблем, за да дојдете до решение :*:
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм, Tasha masha и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.428
    Допаѓања:
    33.334
    Пол:
    Женски
    Ова не сум ни го прочитала. :D

    Е сега веќе се знае дека има друг проблем, не е проблем стариот шо не сака да го чува детето. Да беше само за чувањето, членката нејзините ќе си ги викнеше.
     
    На Mumoftwo30, Polyincognito и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  11. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Кои реакции,треба да се тепа со татко му,зашто не му чувал деца.Што ке му прави ?НЕ САКА И НЕ САКА,инаку не го оправдувам дедово ,ама има и стари што стварно немаат време ни нерви со деца на одредени години,некои пак БАШ ИМ Е ГАЈЛЕ.И едните и другите треба да се прифатат дека се такви,и крај или пак баби има вакви.Само стресови ке си направи,или ова членкава сака синот и таткото да се караат и мразат ?
     
  12. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    246
    Оф бре
    Никој не рече дека треба да се тепа или кара со татко му. Муабетот е дека може нормално да се разговара без викање и тензии дома. И да точно е,некои баби и дедовци сакаат да помагаат, некои не, и тоа треба да се прифати!!
    Ама очигледно членкава повеќе ја боли атмосферата и расправиите што настануваат околу тоа, отколку самото нечување.
     
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    13.203
    @Adidas888 Баш е во нејзиниот најпрв пост, последниот пасус.

    Затоа и ми беше чудно како од еден незаинтересиран свекор стасува до кафез и развод :tmi:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.240
    Допаѓања:
    27.462
    Пол:
    Женски
    Ради еден дедо, што не го заболе за никој очигледно, ќе си прави проблеми со мажот? Кој патем е одличен татко и сопруг.
    И јас сум била гневна. Сум чекала да дојде мм од работа, за да имам леб да јадам. Зошто надвор било минус, загадено, неможев со дете да идам до маркет. А она одеше по 3-4 пати во денот. Неможев да одам до тоалет, да третирам рана, зошто бебе мало, само во раце сакаше.
    Ама ниту еднаш, не се расправав со мм за тоа. Не е он крив, што неговите не сакаат, да дојдат, да видат дете, да ме сменат 5 мин, за основни работи, не пак за друго. А помош, мислам на кого не му требало.
    Најбитниот човек си го имам до мене за се. Другите може да одјебат комотно.
     
    На Трагедијаупмм, H.VAGA и Tasha masha им се допаѓа ова.
  15. Tasha masha

    Tasha masha Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не знам, не ги прочитав сите коментари, тотално разбирам немоќ да се справиш со сите обврски, поддржувам барање помош ама од друга страна ако не сакаат блиските да помагаат тоа е тоа. И ние немаме помош, буквално преживуваме со маж ми, секоја вечер правиме организација за утрешниот ден со аларми, notes.
    И не се лутам на никој, они се лутат што немам време за нив. ʼНе ви текнува децата да ги донесете да ги видимеʼ оваа реченица ме полудуваше порано, сега толку отрпнав што телефон не кревам веќе. Си одат на активности, си играат во паркче, пријателите што сакаат да не видат имаат разбирање да се гледаме во игротеки и искрено претепани сме навечер ама мирна глава. Кој сака да ги види децата, знае каде да не најде.
    Никогаш не било опција да се караме меѓу себе заради нашите, боже сачувај. Сме имале кавги и ќе имаме, се тоа е од умор, кој успеал да се истушира, кој повеќе спиел, кој јадел на раат без да стане од маса 36 пати ама со тек на време и тие ʼпроблемиʼ ги снемува. Кога има поддршка и разбирање, се наоѓа решение.
     
    На Moon&me и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    5.843
    Пол:
    Женски
    Е ова е the right attitude.


    Мене ич не ми беше чудно, затоа и пишав за кои теми да си се потпраша себеси и ќе добие точни одг.
    Очигледно имаат огромен проблем со/во комуникацијата, башка др. преочигледно не се долго во брак и таа е сеуште во фазата сопругот - витез на бел коњ, семоќен до степен да си го превоспита сопствениот татко кој можда не само за внучево, најверојатно и за синот бил помини- замини во процесот и периодот на растење, затоа е и тој estranged однос.
    Убаво пишав луѓето никако не можеме да ги промениме, ако самите не сакаат и го сторат тоа самостојно.
    Можеме само културно да укажеме што е проблемот без константно притискање и со можеби понудено решение, ако го има.
    Јас во овој случај не го гледам тоа.
    И затоа се др. што прават двајцата е залудно губење време, енергија и нерви.
    Фокусот треба да им е на др. нешта.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    4.986
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали размислуваат стариве што ќе прават кога утре ќе треба да одат по доктори, кога ќе снеможат, кога ќе треба некој да им даде парче храна, кога ќе не можат сами до лекар и продавница да отидат? Дали мислат на тоа?
    Тогаш синот/ќерката имаат право да не им помогнат?

    Извини, се надоврзав на твојот пост, но прашањава ми се општи и ме мачат, за сите баби и дедовци кои не сакаат да чуваат внучиња, а се однесува и на свекорот на членката.
    Не ми е јасно како овие луѓе (кои ете немаат должност да чуваат внуци) имаат срце да не си видат внуче, да не го подржат, да не си поиграат со него, да не му се порадуваат. Не мислам на чување по цел ден, туку 1-2 часа на 2-3 дена.
     
    На KiT, Sss26 и Moon&me им се допаѓа ова.
  18. Sss26

    Sss26 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Аууу какви коментари луѓе. Искрено воопшто не се надевав на ова, разбирам различни перспективи и се али ова е сулудо. Никогаш повеќе не би споделила вака личен проблем тука.
    Проблемот е реакцијата на сопругот, кавгите нормално дека не ни се само за ова, два пати се има случено заради оваа тема па затоа така реков во постот кавгата тргна од таа тема (муабетот беше ама е подобро неговото маало од моето, реков да но таму немаме помош тука имаме - моите се целосно посветени баба и дедо.)
    Проблемот не е помошта луѓе. Јас си одам на работа малото во градинка сега не ми е ни напорно воопшто, едноставно сум растена во многу функционално семејство и ми е пречудно некој да не си го сака внучето.
    Како и да, зборрувавме и ке сопругот се извини за реакцијата и рече ке внимава во иднина.
     
    Последна измена: 24 мај 2026 во 23:44
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    246
    Веројатно "кучето ќе ги однесе таму кај што треба" пошто така прочитав во постот на членката. Дека кучето му е поважно од внучето.
    Штета,ште та!
    Забегал светот на скроз
     
    На BellaBibi и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  20. Sss26

    Sss26 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски


    Е ова! Замисли јас во болница со страшен вирус, сопругот со мене човеков нигде го нема да праша дали треба помош со малото. Што ако беше обратно? Од кого се очекува помош ако не од сопствените деца/родители?
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.